IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Трифун градскиот шериф!!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Трифун градскиот шериф!!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
Автор
Порака
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2006 во 11:41
Искрено да правиме муабет, мито, корупција и злоупотреба на службената должност во сопствени цели, насекаде низ светот постои!!! Така каде и да одиш низ светов, ќе наидеш на такви работи!!! Нема ниту еден човек на планетава што бил или е на должност а да не земал нешто во своја полза!!! И една Швајцарија има проблеми од овој тип, а камоли Македонија, каде што сеуште нема добро дефиниран правен систем!!! Затоа барем засега, потребни се какви такви резултати, а јас од досегашниве градоначалници начело со Трифун, немам видено!!! 
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2006 во 13:40
Дали можеме повторно да ја активираме темава!!!

Во последно време е актуелна урбаната мафија, некои неразбирливи случувања помеѓу АЛАРОВА; ТРИФУН; МИЛЕ ЈАНАКИЕВСКИ!!! Некои многу чудни работи се случуваат!!! Кинескиот ѕид на кејот и Кермес се со " разнишани" столбови!!! Миле Јанакиевски (довчерашниот пулен на Трифун) се намерачил да му ги бутне зградите на неговиот "ИДОЛ"!!! Овој па ќе му стега тужби, за недомаќинско работење во Водовод, демек го задолжил за 500 000 евра (а не ја кажува вистинската бројка од 10 милиони евра). Градските фирми некако многу брзо од рентабилни одат во нерентабилни т.е стечај!!! Многу чудни работи се десија!!! Кермес на пример!!! Еуростандард банка покровител на Кермес!!! Урбана мафија царува!!!

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
natalija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Министерка за гушкање

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13319
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај natalija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2006 во 13:46
Нели се слушаат гласини за тоа дека Кермес прекинува со градење???
И нели типов изјави дека дава оставка на Нова година??

Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2006 во 14:08
Какво заминување, какви оставки бреее!!! Ќе си оди после 30 месеци!!! Кермес треба да се стопира, ама тешко таа работа!!! Се се врти околу рекет!!!

За подетални информации :


http://antitrifun.blog.com.mk
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
natalija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Министерка за гушкање

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13319
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај natalija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2006 во 14:16
Таква фина шарена LOLLOLLOL денес таблоидите се полни со наслови Новододишна оставка на Костовски LOLLOLLOL
Кон врв
sensei Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 2005
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sensei Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2006 во 15:06
Mnogu raboti mu zameram na Trifun zosto ne e nisto podobar od Riki, no najmnogu sto cela sezona stazata za vozenje rolerki beshe neosvetlena. I taa Alarova ispadna za nikade.
Inaku za Trifun se potvrdi tocna teorijata deka se kandidirase za garonacalnik za da si gi turka biznisite vo Makedonija, bidejki nadvor mu splasna rabotata. Ne veruvav vo ova, ama poslednive dve godini za zal go dokazaa.
Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it
Кон врв
Калпазан Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Јуни.2006
Локација: Slovenia
Статус: Офлајн
Поени: 466
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Калпазан Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2006 во 05:33
Ако анализираш малку подлабоко, ќе пронајдеш многу повеќе..
Што подлабоко копаш-тоа повеќе кал ќе ископаш!
Старо правило на Мао Це Тунг!
 
Македонија - Моја Дежела
Кон врв
natalija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Министерка за гушкање

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13319
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај natalija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2006 во 12:41
Кај ме потсети за стазата сега AngryAngryAngryAngry
како ја направија само цела испука да скокаш како будала.. башка и жива темница полна со камења арно глава не искршив во една прилика во темницата AngryAngryAngryAngry

Море сите оставка да си дадат AngryAngryAngry
Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2006 во 14:30
Што е онаа работа со семафорите кај америчката амбасада? Два семафора на размак од 20 метра?!
Сега Илинденска има повеќе семафори од Партизанска
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2006 во 00:59
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Искрено да правиме муабет, мито, корупција и злоупотреба на службената должност во сопствени цели, насекаде низ светот постои!!! Така каде и да одиш низ светов, ќе наидеш на такви работи!!! Нема ниту еден човек на планетава што бил или е на должност а да не земал нешто во своја полза!!! И една Швајцарија има проблеми од овој тип, а камоли Македонија, каде што сеуште нема добро дефиниран правен систем!!! Затоа барем засега, потребни се какви такви резултати, а јас од досегашниве градоначалници начело со Трифун, немам видено!!! 
    tochno!!sosema si vo pravo,....i vo HYDE park i vo CENTRAL park i vo parkovite vo vashington i nasekade vo svetot po parkovite "rastat", stanbeni zgradi,....sosema si vo pravo,.........................
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2006 во 01:24
mameto negovo,....ako saka da ne go plukam,treba da ja srushi onaa zgradata vo park,...i toa od temel?.......samo togash moze ovoj narod da kaze deka ima red i poredok vo negovata zemja!Angry
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2006 во 10:44
Програма за управување со главниот град
21.02.2005
 pdf верзија (251KB)


1. За учество на граѓаните во управувањето со градот

Власта извира од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Градоначалникот ги претставува нив и мора да ја има нивната доверба и подршка. Како? Со познавање, разбирање и решавање на нивните проблеми. Само заедно, граѓаните и градоначалноикот може успешно да управуваат со Градот и од него да направат пристојно место за живеење. Затоа, здружено да се соочиме со проблемите, заедно да ги славиме успесите и празниците, заедно да им се радуваме на победите и да се гордееме со Скопје.

Во функција на добро управување:

  • ќе свикувам собири на граѓани за прашања што ги засегааат и ќе ги земам во предвид заклучоците од собирите при донесувањето на одлуките;
  • ќе организирам јавни дебати за најважните акти за Градот;
  • ќе воспоставам Форум за соработка со невладиниот сектор и ќе склучам Меморандум за соработка;
  • ќе иницирам формирање на Градски бизнис форум заради градење јавно - приватно партнерство во локалниот економски развој;
  • ќе предложам вклучување на квалификувани граѓани во работата на комисиите на Советот на Градот како надворешни членови;
  • ќе ја развијам активноста на Граѓанскиот сервис центар и праксата на отворена телефонска линија;
  • ќе ги подобрам условите за доставување претставки и предлози на граѓаните и ќе се погрижам за образложен одговор на истите;
  • ќе организирам печатење и дистрибуирање на годишен извештај за мојата работа и за работата на градската администрација;
  • ќе се заложам за директно пренесување на седниците на Советот во електронските медиуми;
  • ќе организирам издавање на Градски весник и редовни тематски информатори за работата на градската власт;
  • ќе одредам ден за директни средби со граѓаните;
  • ќе му предложам на Советот на Градот со Статут да пропише формирање на Комисија за полова рамноправност;
  • ќе воведам современа информатичко-комуникациска технологија (ИКТ) во функција на вклучување на граѓаните во процесот на одлучувањето и обезбедување транспарентност во работата на градските органи и ќе ја стимулирам праксата на Е-меил комуницирање, на електронски конференции и форуми;
  • ќе им овозможам на медиумите слободен пристап до информациите врзани за мојата работа и за работата на администрацијата;
  • ќе овозможам непречено функционирање на едношалтерскиот систем убеден дека е многу подобро "наместо странките - нивните документи да шетаат од шалтер до шалтер";
  • ќе работам на воведување електронски потпис при подмирувањето на обврските на граѓаните за градските услуги;
  • ќе им делегирам на претседателите на Советите на урбаните, односно на Месните заедници вршење работи од непосреден интерес за жителите, согласно Статутот на Градот.


2. За обновата на духот на Скопје и неговиот лик

Кога граѓаните се вклучени во решавањето на проблемите и планирањето на развојот, тие повеќе придонесуваат, повеќе го сакаат, се грижат и го чуваат својот град. Со заедничкото управување ќе внесеме повеќе содржини во градот и ќе го збогатиме духот на Скопје и Скопјани. Задоволните, активни и одговорни граѓани се најубавото лице на еден град и основната компонента на секоја европска метропола. Така ќе го изградиме новиот лик на нашиот Град.

Во соработка со граѓаните и повеќе организации:

  • ќе настојувам да го ревитализирам урбаниот идентитет на градот Скопје, како чувство дека сте некој кој живее некаде. Посебно ќе поддржам реанимирање на духот на старите скопски маала и маалскиот начин на живот и обичаи. Идентитетот и карактерот на градот најмногу е изразен преку карактеристиките на староградските јадра;
  • ќе го поттикнам заживувањето на централното градско подрачје во делот од Музејот на Град Скопје, преку плоштадот Македонија и Камениот Мост, Старата чаршија и Скопското Кале, како средиште кое континуирано во текот на годината ќе нуди богати и квалитетни културни и забавни содржини за граѓаните и посетителите на Скопје;  
  • ќе ја промовирам заштитата и одржувањето на спомениците на културата, како и археолошките локалитети Скупи и Давина Кула, кои се значајни белези за историјата и развојот на градот;
  • ќе иницирам обновување и заедничко одбележување на традиционалните и верските обичаи и празници на Скопјани, затоа што културното наследство е производ и сведоштво на различни традиции и интелектуални остварувања од минатото;
  • ќе го вратам чувството на безбедност во Градот, особено во скопските вечери, чиј сјај и класичен стил веќе и го подзабораваме;
  • ќе го промовирам активниот став на граѓаните против девијантните појави во општественото живеење на Градот;
  • ќе понудам поголема поддршка за етаблираните културни манифестации со подолга традиција во Скопје, по кои Градот е веќе препознатлив, како: Скопскиот филмски фестивал, Мајските оперски вечери, Фестивалот на забавна музика - Скопје, Фестивалот 'Скопско лето', Младиот отворен театар, Скопскиот џез фестивал и фестивалот Златно Славејче;
  • ќе придонесам Скопје да биде домаќин на повеќе културни и спортски настани, саемски манифестации, како и на научни собири организирани во соработка со Универзитетот Св. Кирил и Методиј и други високообразовни институции, од национален и меѓународен карактер, со што ќе се засили неговата промоција и ќе се збогати неговата понуда;
  • ќе поддржам позначајно меѓународно туристичко претставување на Скопје, со наменски осмислена кампања и извонредно квалитетно подготвен и сеопфатен Интернет портал. Секој посетител, исто така, ќе може и лесно да се ориентира во Скопје и да ги добие сите потребни информации на неколку јазици, како и желба наскоро повторно да биде гостин на нашиот Град;
  • ќе поставам интернет киосци на повеќе локации, каде бесплатно ќе може да се добијат различни практични информации и да се користи електронска пошта;
  • ќе подготвам план за ревитализација на Зоолошката градина и Луна паркот, како хуман и облагороден простор за посета на најмладите Скопјанчиња, но и препознатлива атракција за гостите на Скопје;
  • ќе го промовирам враќањето на заборавениот сјај и убавина на Градскиот парк, кој важеше за еден од најубавите паркови на овие простори, како место во кое при секоја средба, во секоја прошетка, во почетоците на секоја нова љубов, дише духот на Скопје.


3. За нова урбана политика

Просторното и урбанистичко планирање на град Скопје треба да го подржи урбаниот развој на градот создавајќи просторни услови за правилно насочување на инвестициите онаму каде би можеле да имаат најсилен ефект, притоа водејќи сметка за влијанијата од социјална и еколошка природа.

  • ќе предвидам рамномерен урбан развој на обете страни на Вардар;
  • ќе развијам нова урбана политика која ќе цели кон интегрирање на просторното и урбанистичко планирање со економското програмирање;
  • ќе го ангажирам сиот свој капацитет во изработката на просторниот план за скопскиот регион и ќе го усогласам генералниот урбанистички план на Градот Скопје со препораките на просториот план на скопскиот регион; 
  • ќе вклучам во мојата визија за Скопје организирање на периферни центри во соработка со општините во Градот, а на подолг рок замена на механичкиот растеж на Градот со микро урбанизам;
  • ќе ги вложам сите сили за праведно регулирање на постојните нелегални градби и решително ќе се спротиставам на секој нов обид за недозволена градба.

Убаво уредениот простор не ја облагородува само нашата околина, туку не облагородува и одвнатре, внесувајќи хуманост во нас и нашите животи наспроти хулиганството, сивилото и грдотијата кои не отуѓуваат и оттргнуваат еден од друг. За убаво уредениот простор се грижиме повеќе, затоа што тука сакаме да престојуваме, тука се сретнуваме, тука се здружуваме. Тоа не прави граѓани, во вистинското значење на зборот.

За повеќе наши средби:

  • ќе го интензивирам партерното уредување и осветлувањето, пред се на пофреквентните улици и во пешачките зони и паркови, каде Скопјани сакаат да прошетаат и да се состануваат;
  • ќе поттикнам зачувување на историските целини, системот од маалски центри како доследно осмислени хумани простори, но и идентификувањето и уредувањето на алтернативни простори за оддржување културни настани, собири и рекреација на граѓаните;
  • ќе ги претворам неискористените локации за градба од диви депонии и импровизирани паркиралишта кои ни го гнасат Градот, во урбани 'оази' со зелени површини и времени содржини како шеталишта, детски и спортски игралишта, скејт паркови и простори за креативно изразување, се до конечното уредување на секоја локација согласно урбанистичкиот план;
  • во управувањето на рекреативните зони: Парк шума Водно; Парк шума Гази Баба; Градскиот парк; кањонот Матка; Спортско рекреативниот центар Сарај,  ќе вклучиме здруженија на граѓани и на тој начин ќе имплементираме добра пракса присутна во европските метрополи. 


4. За вложувањата насочени кон човеков и економски развој

Скопје поседува исклучителни природни, човечки, инфраструктурни (капитални) и други ресурси за локален економски развој (ЛЕР). На локалниот економски развој гледам како на процес во кој градот Скопје, стопанскиот и невладиниот сектор на градот работат заедно. Мојата улога ќе се однесува на воспоставување и одржување динамична претприемничка култура која ќе цели кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и зголемување на нивниот избор.

Евидентната економска стагнација на Градот налага итна потреба од активно партнерство меѓу градската власт, општинските власти, деловниот и невладиниот сектор, а особено на асоцијациите на претприемачите и синдикатите во создавањето услови за економски растеж и нови работни места.

За оваа цел:

  • ќе иницирам формирање Градски бизнис форум (тим) за локален економски развој, кој во соработка со  Советот на Градот ќе подготви стратегија за економскиот развој. Форумот ќе биде ангажиран и во засилувањето на потенцијалот на градот да ги мобилизира сите ресурси, вклучувајќи ги домашните и странските кредити како и алтернативните програми за финансирање на капиталните инвестиции. Стратегијата ќе цели кон создавање  одржливост на буџетот на градот, создавање заштеди на среден рок и нивно пренасочување кон приоритетните активности. Имплементацијата на Стратегијата ќе биде следена со листа од индикатори на успех;
  • ќе го стимулирам јавно-приватното партнерство во функција на имплементација на Стратегијата за економски развој;
  • ќе го стимулирам формирањето на т.н технолошки паркови (истражување&развој) подржувајќи ја на активен начин соработката помеѓу водечките научни институции во Градот и приватниот сектор
  • ќе го зајакнам капацитетот на  локалната администрација со менаџерски кадар
  • ќе реализирам програма со фонд за поддршка на основање и поттикнување на развојот на постојните мали и средни претпријатија од подрачјето на Градот Скопје. Програмата ќе нуди поповолни кредити, директна финансиска поддршка преку обезбедување на соодветна инфраструктура (т.н екстерналии, преистапни патишта и сл.), покривање на дел од развојните трошоци преку директна помош во изготвувањето на инвестициони програми и други видови финансиска помош во развојот на малите и средни претпријатија, според строго дефинирани критериуми. Предност во ползувањето на  помош од програмата ќе имаат проекти за зголемување на вработеноста, за промоција на младите претприемачи, за примена и развој на иновации и современи технологии и проекти кои го поттикнуваат производството и извозот. Фондот ќе се основа со средства од буџетот на градот Скопје, а ќе се надополнува со донации од разни извори;
  • ќе прифатам секаква иницијатива, програма или проект од различни субјекти (стопански комори, здруженија на граѓани, фондации, образовни институции), кои преку консултатски услуги, трансфер на меѓународно искуство и техничка помош, усвојување на стандарди на квалитет, поефикасно искористување на енергијата и заштита на животната средина ќе го унапредат работењето и ќе ја подигнат ефикасноста на економските субјекти во Градот;
  • ќе го промовирам Скопје како регионален центар за отворање претставништва на странски, транснационални и мултинационални компании, во интерес на општиот економски и човеков развој на Градот, а особено на инфраструктурата и услужните дејности. За оваа цел ќе се промовира поволноста од природната локација на Скопје како крстопат на регионот и споредбено подобрите транспортни и комуникациски врски со соседните земји. Притоа, во понудата ќе биде земено предвид искористувањето на бројните недоградени или нецелосно искоритени деловни објекти, кои со години го нагрдуваат градот и полека се распаѓаат поради неодржување. Присуството на поголеми компании дополнително ќе придонесе за промоција на Градот како бизнис локација, но ќе го стимулира и бизнис туризмот. Присуството на поголеми компании ќе овозможи и стекнување позитивно искуство преку размена на добра деловна пракса , како и потенцијални директни вложувања.

Еден град расте и се развива преку вложување во најважниот ресурс - граѓаните. Највредниот капитал на нашиот Град се младите. Младите се иднината. Да вложуваме во младите, значи да вложуваме во иднината на Скопје.

За одржлив човеков развој на Скопје:

  • ќе ги унапредам просторните услови во средните училишта во Скопје со порационално искористување на расположивите и инвестиции во нови средства, како и со поголема грижа за заедничкиот имот, но пред се со поактивна вклученост на родителите во училишните совети;
  • ќе ги збогатам содржините вон наставата, преку искористување на просторот во средните училишта и во соработка со различни здруженија на граѓани и волонтерски групи кои работат со млади;
  • ќе иницирам поблиска соработка меѓу средните училишта и претпријатијата во Градот, посебно преку редовна спонзорска соработка;
  • ќе поттикнам и ќе поддржам секаква иницијатива за основање приватни средни училишта на подрачјето на Градот Скопје;
  • ќе ги подобрам условите, Ќе го оплеменам просторот и ќе обезбедам подобра опрема И воспитен кадар за ученичкиот дом во кој престојуваат ученици кои се со место на живеење надвор од Скопје;
  • ќе ги охрабрам приватните иницијативи за основање ученички домови;
  • ќе иницирам проекти за обука и преквалификација во креативните професии и занаети, кој ќе се реализира во соработка со здруженија на граѓани и установи, а со поддршка на Градот и повеќе донатори. Целта на овој проект е зголемување на вработеноста и самовработувањето, пришто се поддржува креативноста и се одржуваат традиционалните занаети.


5. За солидарноста меѓу граѓаните и социјалната грижа

Скопје е град на солидарноста. Секогаш ќе биде тоа. Пред се човечки, но и граѓански е да им помогнеме на оние Скопјани кои не можат без нашата помош.
 
За солидарноста да не остане празен збор без дело:

  • во соработка со невладините и особено хуманитарните организации, ќе организирам кампања за подигање на свеста на граѓаните за потребата од обезбедување социјална заштита;
  • ќе иницирам формирање фондација од страна на меѓуопштинскиот Центар за социјална работа - Скопје, чијшто имот ќе се користи за остварување на социјалната заштита во градот Скопје;
  • ќе се залагам за унапредување и зајакнување на стандардите на работењето во детските градинки, каде што се поставуваат темелите на интелектуалниот развој на нашата најсветла иднина - најмладите;
  • ќе ги подобрам условите, ќе го оплеменам просторот и ќе обезбедам подобра опрема и воспитен кадар во детските одмаралишта;
  • ќе обезбедам совесно, ефикасно и домаќинско управување, финансирање и одржување на домовите за згрижување на стари лица, со што ќе ја покажеме нашата грижа и ќе обезбедиме достоинствени услови за живот на Скопјани на кои им го должиме тоа што сме; 
  • ќе иницирам отварање на пензионерски клубови, во што е можно поголем број месни заедници, во соработка со општините во Градот Скопје; 
  • ќе се залагам за остварување ефективна социјална грижа на лицата со физичка попреченост и лицата со посебни потреби, кои во нашиот град се сосема маргинализирани, односно заборавени. Моја непосредна цел ќе биде подобрувањето на квалитетот на нивниот живот, а ќе ја остварувам преку блиска соработка со невладините, особено хуманитарните организации со волонтери, преку основање фонд за реализирање на нивни проекти, селектирани врз основа на конк*рси. 
  • посебно внимание ќе посветам на изградбата на пристапни рампи до сите јавни установи и институции, како и до институциите од културен карактер; ќе промовирам проекти за организирани посети на овие лица на културни, забавни и спортски настани и ќе се залагам за изнаоѓање решение за редовен транспорт на лицата во колички до нивните најчесто посетувани места во Градот. 
  • ќе промовирам и ќе организирам добротворни настани, концерти и приредби со кои средства ќе може да се подобри квалитетот на социјалната грижа за децата без родители и родителска грижа, децата од еднородителски семејства, децата со посебни потреби, децата на улица и децата со воспитно-социјални проблеми;
  • ќе соработувам со надлежните институции во државата, претставници на деловниот сектор и невладините организации, за промоција на заеднички програми за вработување и обезбедување услови за домување на децата без родители по наполнети 18 години; 
  • ќе основам центар за дневно и привремено згрижување на бездомници и на лицата изложени на социјален ризик во кој овие лица ќе имаат можност да добијат храна, дневен престој, основна хигиена, културно забавни активности и совети;
  • ќе основам дневен центар за помош и згрижување на лицата зависници и на лицата засегнати од злоупотреба на дроги и алкохол. Сметам на соработка од сите надлежни институции, но уште повеќе и на помош од сограѓаните, особено НВО специјализирани во оваа сфера, за развој на програми и проекти за надминување на овој проблем на човештвото со веќе масовни размери во нашиот Град.
  • ќе иницирам создавање дневни центри за улични деца - деца на улица.


6. За унапредување на животната средина и чистотата на главниот град

Чистотата е дел од нашиот карактер, од нашето воспитување. Тоа го определува нашиот однос кон средината околу нас. Чистотата на нашиот Град и заштитата на животната средина се дел од нашата култура. Како ќе се претставиме пред светот зависи од тоа како размислуваме. Да делуваме локално, но да размислуваме и да се однесуваме светски. Да го направиме Скопје главен град.

Затоа што за здрав живот ни треба чист и уреден главен град:

  • ќе спроведувам постојана кампања за подигање на свеста за чистотата на нашиот Град. Се обрзувам да ја одржувам кампањата се додека Скопје не ја заслужи титулата "Најчиста метропола" во поширокиот регион;
  • ќе развијам специјална повеќегодишна програма за хортикултурното уредување на улици и урбани целини, која постепено ќе го опфати целиот Град. Програмата ќе биде усогласена со планот за микро урбан развој на градот Скопје. Посебно внимание ќе биде посветено на заштитата и одржувањето на зеленилото, за која цел тековно ќе се формираат и специјализирани екипи;
  • ќе продолжам со активен пристап кон заштитување на карстниот извор Рашче, негова доследна конзервација и воспоставување на унапреден мониторинг. Истото се однесува и на бунарите Лепенец. Во рамки на постоечките можности ќе се искористува технолошката вода, наместо водата за пиење за извршување на комунални активности (одржување на чистота на улиците, наводнување на градското зеленило);
  • ќе направам највисок приоритет на Градот да биде намалувањето на аерозагадувањето, пред се преку зголемување на пропусната моќ на сообраќајниот систем; за следење на состојбата со аерозагадувањето ќе покренам постапка за преземање на постојните мониторинг станици (од Министерството за животна средина и просторно планирање) и нивно континуирано одржување;
  • ќе ја комплетирам првата фаза од изградбата на регионалната санитарна депонија Дрисла, а ќе почнам проектирање, односно изградба на втората фаза, со програма на стимулации за внес на технологија за сепарирање и рециклирање на комуналниот отпад. Паралелно ќе биде определена локација за депонија за градежен отпад и ќе почне нејзиното проектирање;
  • ќе го почнам долгорочниот проект во повеќе фази за третман на отпадните води, како стратешки проблем и предизвик не само за Градот, туку и како обврска за РМ од идното членство во Европската унија. Притоа, проектно и плански ќе биде опфатена доизградбата и реконструкцијата на постојната водоводна и канализациона мрежа;
  • ќе се заложам за ефикасна имплементација на Локалниот акционен еколошки план за град Скопје;
  • ќе ја поддржам гасификацијата на постоечкиот систем на централно греење, како и изградбата на повеќе мали комбинирани централи за топлинска и електрична енергија, на територијата на Градот. 
  • ќе се погрижам за животните-скитници на улиците во Скопје. Ќе воспоставам систем за масовна стерилизација на бездомните кучиња, како метод кој е поддржан од Светската здравствена организација и применуван со помош на Светското здружение за заштита на животните. Ова решение е хумано, ефикасно и трајно. 


7. За подобрувањето на сообраќајот и јавниот превоз

Сообраќајот е крвоток на градот. Застојот во сообраќајот значи инфаркт за Градот, но и загадување на воздухот и фрустрирани граѓани. Ефикасниот и непречен сообраќај и јавен превоз ги зближуваат граѓаните. Да бидеме поблиски.

Затоа што во сообраќајот учествуваме сите:

  • ќе ја поставам зголемената безбедност како основна задача на Градот во сферата на сообраќајот во Скопје. За остварување на оваа задача ќе инсистирам на тесна соработка со секторот за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи, од каде ќе барам и редовни извештаи за преземените мерки за поголема безбедност;
  • ќе ја зголемам безбедноста на пешаците во сообраќајот во Скопје, како проблем со посебна димензија и важност. Покрај зголемувањето на општата безбедност во сообраќајот, ова ќе го постигнам со изградба на подземни пешачки премини и со систем за посебно означување и осветлување на ризичните точки и поставување на физички заштитни средства (прегради на тротоари и 'легнат полицаец');
  • ќе испланирам и ќе спроведам етапно комплетирање на кружен тек (ринг) во сообраќајот околу централното градско подрачје, со изградба на подземни автомобилски премини на постојните тесни грла;
  • ќе се залагам за решавање на проблемот со паркирање во главниот град, преку изградба на катни гаражи и определување зони за паркирање;
  • ќе воведам ефективна забрана со физичка блокада за пристап на тешки возила во Градот, вон за таа цел предвидените улици, според посебно определен режим;
  • ќе побарам изработка на проект и ќе спроведам експриментална фаза на истиот за искористување на постојната железничка мрежа, за поефикасно и поквалитетно поврзување на приградските населби со центарот на Градот. Покрај повеќекратниот ефект за Градот, реализацијата на овој проект ќе има значаен позитивен ефект и за Македонски Железници;
  • ќе ја фаворизирам употребата на велосипеди во Скопје. За оваа намена предвидувам етапна изградба на велосипедски патеки и прилагодување на постојните сообраќајници за употреба на велосипед.


8. За администрација во служба на граѓаните

Градските власти не можат да функционираат без компетентна и професионална администрација, која ефикасно ќе ги спроведува нивните одлуки и планови, ќе им дава квалитетни и навремени услуги на граѓаните и правните лица и ќе обезбеди нивни еднаков и достоинствен третман. Затоа:

  • ќе обезбедам исполнување на повеќе од две години одлаганата законска обврска за реформа на општинската администрација и нејзин влез во системот на државна служба, кој гарантира деполитизација, управување засновано на способностите, соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во администрацијата, систем на одговорност на службениците и е клучен предуслов за ефективен трансфер на надлежностите, односно за децентрализација на власта;
  • ќе барам редовен отчет од администрацијата на јавните служби на Градот и ќе спроведувам контрола и надзор над квалитетот на услугите што им ги пружаат на граѓаните и ефективноста на трошењето на средствата со кои располагаат;
  • ќе применувам “нула” толеранција за корупцијата во администрацијата на Градот Скопје, а граѓаните ќе можат да го пријават секој случај на корупција,  неетичко и непрофесионално однесување на администрацијата на бесплатната телефонска линија воведена за таа цел. Секоја пријава ќе биде највнимателно истражена и ќе се преземат сите законски мерки што стојат на располагање;
  • ќе барам најригорозно почитување на принципите на слободен пристап до информациите, транспарентност и законитост на јавните набавки и одговорност во работата на администрацијата и ќе воведам полугодишни и годишни извештаи за работењето на градските власти до граѓаните, затоа што тие имаат право и треба да знаат како работи администрацијата што е во нивна служба и за кои цели и како се трошат нивните пари од градскиот буџет. Тоа е обврска на Градот;
  • ќе ги поттикнам и промовирам инвестициите во човечките ресурси во администрацијата, преку програми за стручно оспособување и обука и проекти за осовременување на нејзината организациона структура и ефикасност во работењето. Ефектот од ваквите инвестиции што ќе го очекуваме со граѓаните на Скопје ќе биде првенствено преобразената административна култура и новите вредности на администрација кои на прво место ќе го стават граѓанинот и неговото достоинство и фактот дека сме во негова служба;
  • ќе инсистирам на воведување и развој на конпецтот на електронска влада во работата на Градот Скопје, заради побрз и полесен пристап на граѓаните до административните услуги.


9. За рационално управување со имотот и приходите на Градот

Сите желби, напори и ветувања за унапредување и подобрување на функционирањето и изгледот на Градот и услугите кои треба да им ги нуди на граѓаните ќе останат празни без домаќинско, односно рационално управување со имотот и средствата, како и вложување на сите ресурси за прибирање на приходите кои треба да овозможат инвестирање во неговата иднина.

За чиста сметка:

  • ќе инсистирам на квалитетен менаџмент со јавните претпријатија со кои управува Градот, со цел за ефикасно, ефективно и економично искористување на средствата за задоволување на потребите на граѓаните од страна на јавните сервиси;
  • одговорноста е клучен елемент на секоја демократија, а тоа значи дека само одговорен граѓанин кој се грижи за своите обрски подеднакво како што се бори за исполнување на своите права ќе овозможи благосостојба на општеството и подигнување на животниот стандард на Скопјани. Затоа ќе се погрижам сите корисници на услугите под еднакви услови да ги добиваат услугите, но и да плаќаат за истите.
  • стриктно ќе се придржувам до законските прописи во сферата на јавните набавки. Граѓаните и заинтересираните деловни субјекти редовно и тековно ќе бидат информирани за јавните набавки на Градот, како преку печатените медиуми, така и преку интернет, каде во секој момент ќе може да се проверат тековните тендери и да се најде информација за сите фази од постапката.


10. За развој на спортот и постигнување подобри резултати

Спортските активности не се само предуслов за здрави и среќни поколенија. Спортот и спортските настани не зближуваат, не обединуваат, создаваат чувство на взаемна припадност. Врвниот спорт е назамислив без мноштво на спортски активности на аматерска основа.

Токму од тие причини:

  • ќе го поддржам Сојузот на спортови на градот Скопје преку реализација на неговите програми, финансирани од буџетот на Град Скопје, спонзорства и донации;
  • ќе се залагам за развој на масовниот спорт и рекреативните активности на граѓаните, спортот за сите и особено спортско-рекреативните активности на лицата со посебни потреби;
  • ќе ги поддржувам традиционалните спортски натпревари и манифестации и организирањето на спортски приредби и манифестации, како и натпревари на ниво на градот Скопје, системот на манифестации и форми на натпревари за лица со посебни потреби;
  • ќе се заложам за најсоодветно инвестиционо и финансиско решение за продолжување на изградбата на спортската сала и определување на локалитетот Сарај за рекреативна зона за масовно спортување;
  • ќе обезбедам изградба на планинска велосипедска патека на падините на Водно, како една форма за промоција на домашниот и меѓународниот спорт.


11. За соработка на внатрешен и надворешен план

Скопје е жив организам, географска, економска, еколошка, културна и политичка целина (заедница) во која граѓаните треба да имаат рамноправен пристап до сите добра и услуги. Интензивната и плодна соработка меѓу градските општини и креирањето услогласена градска политика, операционализирана преку здружување на средства и формирање заеднички установи, од Скопје ќе направи хармонична, градска заедница во која сите ќе се чувствуваат Скопјани.

За таа цел:

  • ќе ја поттикнувам соработката меѓу општините во Градот; 
  • координативното тело на градоначалниците под мое раководство нема да биде демократски декор, туку оперативен и делотворен орган за решавање на прашањата од заеднички интерес на градските општини и анулирање на општинските паралелизми и конфликти и за усогласување на  стратегиите и плановите;
  • ќе иницирам формирање Здружение на Градот Скопје и општините на Град Скопје;
  • ќе се ангажирам во соработката на Скопје со другите општини во рамките на Здружението на општините зад кое ќе застанат две третини од општините во Р.Македонија, препознавајќи во него моќен бранител и координатор на локалните интереси, рамноправен партнер на централната власт и респектиран репрезент на македонските општини во меѓународните организации на локалните власти.

Модерна Европа е незамислива без локална демократија. Соработката меѓу единиците на локалната самоуправа од различни држави врз билатерален и мултилатерален принцип е европски тренд. Скопје, само и преку Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) или преку Здружението на општините на Република Македонија што треба да се формира во најблиска иднина, мора да има активен однос кон меѓународната соработка.

Во оваа насока:

  • ќе ја стимулирам еврорегионалната соработка во триаголникот Скопје-Ниш-Софија како и засилено учество  на Градот во проектот за развој и поврзување на метрополите: Скопје, Солун , Софија и Тирана, преку заеднички проекти од областа на инфраструктурата, екологијата, спортот и културата.
  • ќе склучам нови договори за збратимување на Скопје со општини од други земји и ќе ја проширам и продлабочам соработката со досега збратимените
  • ќе се ангажирам за креативен и проактивен однос на македонската партиципација во Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа наместо досегашниот набљудувачки и пасивен однос.
  • ќе придонесам за наше промовирање како модел на успешно локално управување во НАЛАС (Мрежа на национални асоцијации на локалните власти во Југоисточна Европа)


12. За владеење на правото

Власта не е над Уставот и Законот. Локалната власт мора да функционира во границите на Правото. Заради тоа:

  • ќе обезбедам правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на Градот;
  • ќе го информирам Советот на Градот за конфликтот на интереси доколку се работи за одлучување за прашање во кое јас или мојот брачен другар, деца или роднини до втор степен странична линија има финансиски или друг личен интерес;
  • ќе го запирам објавувањето на прописи на Советот на Градот за кои ќе сметам дека се незаконити, а ако Советот не ги прифати моите забелешки ќе покренувам иницијативи за поведување постапки за оценка на уставноста и законитоста на истите пред Уставниот суд, за што ќе го информирам Министерството за локална самоуправа;
  • при одлучувањето за вработувањата во градската администрација, како и при изборот на директорите на јавните служби ќе се раководам од начелата на стручност и компетентност, како и правична и соодветна застапеност на заедниците;
  • ќе соработувам со надлежните државни органи во вршењето надзор над актите и активностите на градските органи;
  • ќе се раководам од етички норми во вршењето на градоначалничката функција и ќе предложам донесување Етички кодекс за локалните функционери и вработените во градската администрација;
  • во донесувањето решенија за поединечни права на граѓаните ќе се држам до законот и актите на Градот;
  • до максимум ќе се воздржувам од употреба на дискреционите овластувања и за нив ќе го информирам Советот на Градот

 

Повелете читајте!!! Многу е ама интересна е!!!


Превземено е од неговата веб страна која остана да стои од локалните избори!!!! 
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2006 во 00:22
aman,be,...jas sum dial-up i koga bi zemal se da chitam mise ispraznil djebot,....ova e ubedlivo naj"kratko" napishano dosega,..................sepak ,ke go fermam samo koga ke ja srushi zgrada
ta vo park,...iako on ne e kriv shto niknala tamu!
....ama ke bide kriv k"o kulata vo PIZZA,ako ostane tamu!

Изменето од brza - 03.Декември.2006 во 00:24
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2006 во 10:52
sto vredi sega da se cita, covekot imase nekoj avtoritet kaj narodot, dobro, ne politicki, ama sega ....ic ne mu trebase ova , 10 pati donese odluka za rusenje na tendite na kej za da moze podobro da raboti lokalot na sin mu, a vamu zgradata....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.