![]() |
|
САД го нападнаа Иран |
Внеси реплика ![]() |
Автор | |
pajser ![]() Сениор ![]() ![]() kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13970 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: од вчера во 18:52 |
Американските сили ги нападнале трите главни нуклеарни постројки на Иран: Натанц, Исфахан и Фордо
Американските сили ги нападнале трите главни нуклеарни постројки на Иран: Натанц, Исфахан и Фордо Американските стелт бомбардери Б-2 исфрлија шест „уништувачи на бункери“ – единствените бомби кои можат да пробијат во длабочините на постројката „Фордо“, т.н. крунски бисер на нуклеарната програма Техеран. Нападите беа спектакуларен успех, кажа Трамп, кој не ја исклучи можноста да има нови... -Нашата цел беше уништување на иранските капацитети за нуклеарно збогатување и запирањето на нуклеарната закана од држвата која е најголемиот светски спонзор на тероризмот. Иран, силеџијата на Блискиот Исток, сега мора да склучи мир. Доколку не го направат тоа, идните напади ќе бидат далеку поголеми и многу полесни. - Доналд Трамп – Претседател на САД Како, „Прекрасен и праведнички напад, кој ќе ја промени историјата“ го оцени американското бомбардирање израелскиот премиер Нетанјаху. Според него, ниту една држава нема капацитет да изведе ваков напад. -Историјата ќе забележи дека претседателот Трамп делуваше да му се спротивстави на најопасниот светски режим, на најопасните светски оружја. Неговото водство денеска создаде историска пресвртница која ќе го води Блискиот Исток и пошироко во иднина на просперитет и мир. Претседателот Трамп и јас често велиме „ до мир преку сила, прво доаѓа силата, а потоа мирот“. Според Техеран, американското бомбардирање порачаа ќе создаде трајни последици, а од таму веднаш возвратија со Балистички ракети Корамшар – 4 кон Тел Авив, силно оружје кое за прв пат се користи од почетокот на конфликтот, а кое според иранските власти успешно ја пробила израелската одбрана. Иранската револуционерна гарда испрати предупредување до американските воени бази Иранската револуционерна гарда испрати предупредување до американските воени бази Иранскиот министер за надворешни работи – Абас Арагчи побара реакција од ОН. Тој од Истанбул порача дека Трамп го предал Иран, но и американските граѓани влегувајќи во конфликтот.. Дипломатската врата вели не е затворена, а за евентуален ирански одговор кон САД не сакаше да говори... -Претседателот Трамп беше избран врз платформа дека ќе стави крај на скапите американски бескрајни војни во нашиот дел од светот, тој не го предаде само Иран, злоупотребувајќи ја нашата посветеност кон дипломатија, но исто така ги измами неговите гласачи приклучувајќи се на мисијата на баран воен криминалец, кој се навикнал да ги експлоатира животите и богатството на американските граѓани за да ги унапреди целите на израелскиот режим. - Абас Арагчи – Министер за надворешни работи на Иран Нападот на САД создаде нова глобална загриженост.. Европските високи претставници, кои за утре најавија министерски состанок, повикаа на воздржаност, прекин на огнот и враќање на преговарачката маса. По бомбардирањето се огласи и екс-рускиот претеседател и премиер Медведев, кој оцени дека по нападот на САД, постои расположение кај многу земји директно да го снабдат Иран со нуклеарно оружје, но не откри кои.. Според него, бомбардирњето на нуклеарните постојки направило штети, но не големи. |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
|
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |