IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Брускети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Брускети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Брускети
    Испратена: 07.Март.2020 во 21:34
Слатки брускети со путер од кикирики и маскарпоне

Состојки
1 мал багет
2 лажици маскарпоне
1 полна лажица путер од кикирики
1 лажица мед

Исечете го лебот на парчиња и тостирајте го.

Измешајте го путерот од кикирики со маскарпонето и медот.
Со овој крем премачкајте го тостираните лебчиња.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2020 во 21:35
Брускети со маскарпоне и сончоглед


Состојки
1 мал багет
2 полни лажици маскарпоне
2 лажици пармезан
1-2 лажици тостиран и толчен сончоглед
малку лук во гранули
по вкус никулци

Лебчето исечете го на половина во должина.
Ставете го на тостер да се тостира.

Во сад измешајте ги маскарпонето, пармезанот, тостираниот и истолчен сончоглед и лукот во гранули.
Посолете по вкус.
Измешајте убаво и премачкајте ги тостираните лебчиња.
Одозгора нанесете по желба никулци.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2020 во 21:37
Брускети со домат и кајмак
Состојки
половина багет
1 чешне лук
2 лажици путер или маргарин
1-2 домат
3 - 4 лажици цврст кајмак
грст ситно сечкан магдонос

Багетот исечете го на косо на парчиња и потпечете го во рерна, на рингла или во тостер.

Лукот истолчете го или поминете го низ алатка и измешајте го со путерот/маргаринот. Додедете и малку сол.

Уште топли премачкајте ги лепчињата со тенок слој.

Доматот исечкајте го на коцкички и распоредете врз секое лепче.

Изрендајте или издробете од кајмакот.

Одозгора наросете ситно сечкан магдонос.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2020 во 21:39
Брускети со тиква

Состојки
350 гр. тиква Хокаидо
1 чешне лук
на вкус рузмарин
5-6 сушени домати во маслиново масло
на вкус рукола
2 лажици вода
4 лажици маслиново масло
1 лажица бело Балсамико оцет
на вкус сол, биберм сецкани чили пиперчиња
8 тенко исечени парчиња леб или багет (30 гр. леб)
по ваша оцена рендан или тенко исечен пармезан

ПРИПРЕМА
- Излупете тиква, исчистете од семките и исечете на коцки во приближна големина од 0,5 см. Излупете го лукот и ситно исецкајте. Измијте го рузмаринот, потсушете и ситно исецкајте го. Измијте и руколата и доколку средишниот раб е подебел - тргнете го (ова бидејки тој дел е доста тврд), грубо исечете доколку се поголеми листовите- спротивно нека останат цели.

- Во нелеплива тава загревајте 2,5 лажици масло, додадете во неа тиквата и половина од лукот - пржете 3-4 мин. Додадете го рузмаринот, оцетот, водата, осолете и залинете со биберот на вкус, додадете ги ситно сецканите чили пиперчиња (доколку немате ставете слободно лут буковец)- сето ова пржете заедно околу 1 мин. Тргнете тавата од огнот, додадете го сувиот мариниран домат оставете да олади малку.
- Остатокот од лукот и маслиновото масло измешајте ги и премачкајте ги сите лепчиња, ставете да се потпечат во веке загреана рерна на 220 степени.Печете околу 5 мин., извадете и распределете на топлите лепчиња од веке спреманата мешавина со тиквата, а врз неа ставете од руколата. Посипете со рендан или тенко исечен пармезан.
На здравје!




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2020 во 21:41
Македонски брускети
800гр. урда
15пар. зелени пиперки
10-12 кришки леб
сол, бибер и масло на вкус
2-3 јајца по желба
За декорација неколку суви домати

Денеска всушност планирав да готвам пиперки полнети со урда, оние обичните традиционалните, нив ги јадеме со многу леб... па се сетив со мали измени можам и јас да постирам нешто кон предизвикот за брускети и клуб сендвичи. Дома ми ја пребендисаа оваа варијанта, а се надевам и вас ќе ви се допадне.... И за крај си имаме и ние јадења со 5 ѕвезди, само сме многу скромни, па ете како обичните полнети зелени пиперки со урда кај мене дома станаа фенси брускети- мезе.

1. Пиперките ги чистиме од дршките и семките и крупно ги сечеме. Така исечени се пржат во тава на јак оган, доколку е со нелепливо дно нема потреба да додавате масло, а ни зачини.
2. Пред да ја додадете урдата турете една кафена лажица масло во пиперките, па додадете се заедно да се запржи 1-2 минути, колку урдата да стане кремаста. Ако сакате да ставите и јајца сега е моментот и нив да ги додадете и готово топингот за брускетите е зготвен... Се на се со се сечење 10-15минути.
3. Лебчињата печете ги во апарат или наредете ги во плех обложен со хартија, лесно попрскајте ги со маслиново масло и запачете 2-3 минути во рерна. Премачкајте со топингот и по желба декорирајте со насецкани суви домати во масло или маслинки. Јас користев суви домати.

Супер се за забави како предјадење, најдобро е доколку ги послужите топли.

п.с Јас користев Тонус леб, вие користете си каков сакате, сепак топло препорачувам некој интегрален леб или домашен уште поубаво !


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2020 во 21:43
Брускети со лук и крем сирење

Состојки
Состојки
1 багет
100 гр крем сирење
3 лажици маслинов зејтин
2 чешниња лук
4 гранчиња магдонос
1 младо лукче

Ароматични и вкусни брускети. За мезе, појадок или вечера.
Багетот исечете го накосо на тенки парчиња околу 1 сантиметар. Наредете ги на хартија за печење.
На маслиновиот зејтин се запржува ситно исеченото лукче, колку да пушти само арома. Откако ќе олади зејтинот со четка се премачкуваат парчињата багет. Останатиот зејтин се меша заедно со крем сирењето. Ситно се сече и магдоносот и младото лукче и половината се додава кон крем сирењето. Секое парче багет се премачкува со добиената смеса. Одозгора се наросува со преостанатиот магдонос и лук. Брускетите се печат 5 минути на 200 степени во загреана рерна.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2020 во 21:45
Брускети со три вида на сирење

Состојки
2 кришки лепчиња или по потреба
2 парчиња путер
50 гр урда или фета сирење
50 гр млечен мешан кашкавал
20-30 гр рендан и сечкан пармезан
лут или благ буковец
зелена слата- марула

Вкусни, превкусни брускети....Количината за подготовка одредете си ја по ваша потреба...
Јас ги подготвив во апаратот за готвење со топол воздух, а инаку можете да си ги подготвите и во рерна.

Подготовка
1. Лепчињата ги премачкуваме или им ставаме парчиња путер.
2. Ги ставаме во апаратот да се потпечат и да се растопи путерот на температура 110 степени околу 2 минути.
2. Ги вадиме и ги премачкуваме со урда или меко сирење, ги наросуваме со буковец.
3. Кашкавалот го сечеме на долги ленти и го ставаме врз кришките.
4. Ставаме рендан пармезан, ама и сечкан на тенки листови.
5. Повторно ги враќаме во апаратот за да се растопат сирењата, на 130 степени околу 3 минути или онолку колку што сакате да ви се растопат сирењата.
6. Ги сервираме во чинија со тенко сечкана салата марула.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2020 во 13:59
Брускети Вортекс

Состојки
2 тост леб
2 лажици путер
2 лажици слатко од трендафил
1 ванила
1/2 банана
50 гр бадеми
50 гр ореви

Хранливи, многу вкусни.. Самиот неверојатен вкус и одбраните состојки кои ви даваат енергија, ве прават да бидете на висока вибрација преку целиот ден, затоа и така ги именував. Вортекс е поим за висока вибрација и позитивна енергија.

Подготовка
Тост лебчињата ги премачкуваме со путер и ги ставаме во рерна. Откако ќе заруменат, ги вадиме од рерна
Одозгора ставаме слатко од трендафил, наросуваме малку ванила, редиме банана, а од страните бадеми и ореви.
На здравје!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2020 во 14:00
Брускети за вљубени

Состојки
10 големи цели маринирани шампињони
10 тенки парчиња ајдамер
10 тенки кругови кулен
1 багет
10 шери домати
10 мали коцки фета сирење
1 путер
10 црни маслинки без семка
1 маслиново масло
1 лук во гранули
1 вегета

Багетот се сече на тенки кругови со дебелина од половина сантиметар.Секое парче се премачкува со путер и се посолува со вегета и лук во гранули.Печурките,маслинките и куленот исецкан на коцкички се пржат на маслиново масло околу 7 мин.Врз секој круг се става од смесата што се пржеше,па потоа се додава фетата во ситни коцки и претходно исецканите на коцки шери домати.На крај врз секоја брускета се ставаат тенки ленти ајдамер.Се печат во тава во загреана рерна на 200 С околу 5 мин.Се сервираат со сос по желба(тартар сос,доматно пире со зачини,слатко-кисел сос).

 

ПС.одлични се во комбинација со бело вино,свеќи и тивка музика....

Добар апетит


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2020 во 14:02
Бургер брускети


Состојки
За бургери
300гр мешано мелено месо
презла по потреба
1 главица кромид
4 кришки леб
За сосот
1 лажица пармезан сирење
1 лажица маслиново масло
неколку шери домати
За премачкување
чешне лук
За подготовка на брускети ни е потребен француски леб, тој е долг и тенок, идеален за брускети. Ќе го исечите на косо и ќе добиете прекрасен ручек.
Намачкајте го со путер и ставете го во рерна околу 12 мин на 160, да порумени, но не и да изгоре.
Може да го подготвите со било каков леб, меѓутоа да го доловиме вистинскиот брускета рецепт ќе го користиме францускиот.
Има повеќе рецепти за брускети, меѓутоа јас се одлучив за бургер.

Во сад измешајте ги шери доматите, ставете пармезан, рендан лук (ваша желба) магдонос, маслиновото масло и тргнете на страна.
Во месото ставете сецкан кромид, презла, зачинете со сол и мешан сув зачин направете помали плескавици и испржете ги. (Или подгответе си ги на начин како вие сакате).
Кога ќе бидат лепчињата готови, уште додека се топли, премачкајте ги со лук, ставете по една од плескавиците и одозгора сосот со домати и послужете.
Нека ви е на здравје!

Забелешка
Може ако сакате да не користите лук, ретко кој го обожава, меѓутоа не правете го тоа, неговиот мирис и вкус наликува на вистински бургер.
Користете каков бил леб, меѓутоа, францускиот леб е баш за иделни брускети.

Дозите се за 4 бургер брускети.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2020 во 14:07
Брускети со тиквичка

Состојки
2-3чешниња лук
100мл маслиново масло
4 тост лепчиња
1 тиквичка
1 сок од лимон
1/4 лажиче хималајска сол

Уште еден убав рецепт за љубителите на брускети.
Ние ги обожаваме и ги приготвуваме во разни варијанти.
Подготовката е следна.
Тост лепчињата ги печеме во тостер за лепчиња. Откако се печенки, ги сечеме на триаголничиња.
Секое триаголниче го попрскуваме со маслиново масло.
Лукчето го чистиме, па го мачкаме врз секое триаголниче,триејќи го по површината да го испушти сокот.
Тиквичката ја миеме и ја сечеме на тркалца. Ја ставаме во апаратот на топол воздух и ја оставаме да се запече.
Откако е готова ја префрламе во длабока чинија па ја посолуваме и попрскуваме со маслиново масло и сок од лимон.
Оставаме така да постојат да впијат.
Потоа врз секое триаголниче ги редиме тиквичките и сервираме на даска.
Овде во овој рецепт оди и козјо сирење кое не го ставив заради гостите кои не го обожаваат.
На здравје со овој убав прилог


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2020 во 22:11
Брускети со намаз од туна

Состојки
За намаз
100гр конзерва туна на парчиња
50гр пченка шеќерац
1/2 сок од лимон (по ваша желба)
4 кришки леб

Да го подготвиме намазот
Пченката поварете ја малу на оган околу 5-6 мин, исцеде ја и заедно со туната и сокот ставете ги во Нутрибулет додека не добиете намаз.

Францускиот леб исечете го на косо намачкајте го со путер, и ставете го во рерна да се пече 12 мин. да порумени, но не и да изгоре.

Сервирајте со намазот и парчиња туна.

Забелешка
Јас кога подготвувам брускети, лебчето кога ќе се испече со путер додека е топло, го премачкувам со свеж лук. Му поминувам само еднаш, колку да фати вкус, меѓутоа тоа е ваша желба.

Користам замрзната пченка од видот шеќерац, бидејки сепак не им е сезона.

Секако сокот од лимон можете да ставите по ваша желба, додека сакате покисели вкусови (како мене) ставете сок од пола лимон, а а ако не, ставете помалце.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
paralelogram Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Мај.2017
Статус: Офлајн
Поени: 787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај paralelogram Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2020 во 22:12
Од брускети само марети поштувам
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2020 во 22:13
Брускети со сос за паста


Состојки
2-3 парчиња стар леб
малку маслиново масло
неколку лажици сос за паста
по желба кашкавал и оригано

ва е само идеја како да го искористите сосот за паста кој ви останал и стариот леб.

Парчињата леб премачкајте ги со малку маслиново масло и ставете ги во нелеплива тава, најдобро грил, да се запечат и станат крцкави.
Сосот за паста ставете го уште малку на оган ако е поредок за да се редуцира течноста. Ако е густ овој чекор прескокнете го. Потоа на секое парче леб ставете од сосот, нарендајте кашкавал и оригано, и уживајте.

Мојот сос беше со мелено месо, црвени пиперки, моркови, домати, кромид...


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,391 секунди.