IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Панакота
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Панакота

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2019 во 12:31
Чоколадна Панакота

Чоколадна панакота

Состојки
300мл млечна слатка павлака
200мл чоколадно млеко
50гр шеќер
150гр чоколадо за готвење
10гр желатин
плус

Се ставаат слатката павлака, чоколадното млеко(може и обично млеко, но додадете плус шеќер), шеќерот(по вкус) и чоколадото на оган да зовријат. На страна во меѓувреме кесичката желатин да се кисне во 50мл вода околу 10мин. Откако убаво ќе се стопи чоколадото се тргаат на страна и му се додава желатинот и се меша додека не се стопи. Веднаш смесата се става во калапи. Прво да стојат на собна температура, а потоа во фрижидер 3-4 саати. Се вадат од калапите и се сервираат со овошен џем.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2019 во 12:30
Чоколадна панакота торта (без печење, без миксер)


Чоколадна панакота торта (без печење, без миксер)

Состојки
За подлога
200 гр пишкоти
За бел крем
300 мл слатка павлака
100 гр бело чоколадо
1 лажичка ванила екстракт
3 полни лажици кисела павлака
10 гр желатин
За кафеав крем
300 мл слатка павлака
100 гр црно чоколадо
3 полни лажици кисела павлака
1 лажичка ванила екстракт
10 гр желатин
За украсување
150 мл слатка павлака
чоколадни топчиња

Лесна, летна, прецизна, чоколадна, торта која не се пече, а за нејзина подготовка не ви треба ниту миксер. Како сме во летниве горештини, а имаме и едно летно дете, односно роденден на средниот син Виктор, тортава беше вистинско роденденско уживање. Уживајте и вие во чоколаднава панакота!

Подготовка
1. Пишкотите ги редиме во тавче со обрач кое сме го премачкале со малку путер колку да се залепат пишкотите. На обрачот местиме најлонска фолија или хартија за печење.
2. Желатинот го прелеваме со 20-30 мл вода и го оставаме да набабри. За белиот крем ја ставаме слатката павлака заедно со белото чоколадо и ванила екстрактот да се топлат на оган ( да не се случи да врие). Кога ќе се растопи чоколадото, и со постојано мешање се изедначи кремот го тргаме на страна и го ставаме желатинот. Со рачната маталка матиме до соединување. На крајот ја додаваме киселата павлака, соединуваме, малку го ладиме кремот (кој е во течна состојба слична на јогурт), сосема кратко и го истураме врз пишкотите, во калапот за торта бр. 22.
3. Го ставаме во фрижидер најмалку 1 час, а може ако сакате побрзо да биде да ја ставите и во замрзнувач.
4. Потоа го правите кафеавиот фил на идентичен начин, па и него го ставате врз белиот крем кој веќе ни е стегнат. Ја оставате во фрижидер за да се стегне неколку часа. Го вадите обрачот и ја отстранувате најлонската фолија.
5. Потоа ја украсувате по желба. Јас изматив слатка павлака и ја премачкав тортата па наредив чоколадни топчиња и чоколадни плочки на неа.

Забелешка
Најдобро е да се прави навечер, за утредента да ви биде подготвена и да ви остане само украсувањето.
Се ставаат по три полни лажици слатка павлака или околу 180-200 гр ако мерите со вага.
Додека го ставате белиот крем во калапот кој е во течна состојба може да ви се случи „раздвижување на пишкотите“, само нежно притиснете ги тие ќе се залепат за тавчето и веднаш во фрижидер.
За да ви биде побрзо ладењето на белиот крем ставете го калапот во замрзнувач.
Ако ја правите во тавче бр. 26 потребно е дупло да ги зголемите состојките.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2019 во 12:26

Чоколадна панакота


Панакота е класичен италијански десерт и слатко кремасто задоволство за вашата уста. За да уживате во неговиот богат вкус и нежна структура, потребно е да си издвоите само 15-ина минути од вашето време. Единствената „лоша“ стана на овој популарен десерт е што за да го вкусите, морате да почекате неколку часа, со цел да се згусне и да го добие примамливиот изглед и свилената текстура.

Чоколадната панакота е одличен завршеток на елегантен оброк и идеален партнер на послуженото кафе за пријателките. Пробајте го и сигурно ќе посакате репете.

Панакота

СОСТОЈКИ

500mlслатка павлака
150gчоколадо за готвење
80gшеќер во прав
10gжелатин (1 пакетче)

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ

  1. Во ѓезве ставете 7-8 лажици од слатката павлака. Распрскувајте го желатинот по површината додека мешате. Оставете го ѓезвето со желатин настрана 5-10 минути за смесата да набабри.
  2. Во сад за варење ставете ја преостанатата слатка павлака и шеќерот во прав. Ставете го садот на тивок оган. Мешајте за да се растопи шеќерот. Кога смесата ќе се загрее, додајте го чоколадото, искршено на мали парчиња. Постојано мешајте за целосно да се растопи чоколадото. Не дозволувајте смесата да зоврие.
  3. Ѓезвето ставете го на оган за да се стопи желатинот. Откако ќе се растопи, додајте го во чоколадната смеса.
  4. Кога ќе забележите дека смесата е пред вриење, тргнете го садот настрана.
  5. Додека смесата е топла, налејте ја во калапи за пудинг или суфле, или пак во шот чаши или чаши за мартини. Ако сакате панакотата да ја служите во чинија, тогаш изберете калап со интересна форма. Доколку сакате да ја служите директно, ставете ја во интересна чаша.
  6. Поставете ги калапите на послужавник и ставете ги во фрижидер. Потребно е да ги оставите да се ладат минимум 3-4 часа.
  7. Сервирајте ја панакотата ладна. Пред служење, можете да ја поросите со шеќер во прав, какао или кокос. Исто така, можете врз неа да ставите шлаг пена, или пак, сос од јагоди, малини, боровинки... Украсете ја чинијата и со мали парчиња овошје.
Панакота



Изменето од Valerija - 05.Октомври.2019 во 12:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.