|
Катица Јанева - прв Специјален обвинител на РМ |
Внеси реплика | страница <1 567 |
Автор | |
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44574 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како и да е она само ќе си одработи...Сценариото веќе е направено.
А за наша жал уште еднаш ќе си ја покажеме несозреаноста. Па и тука темата ќе си сведочи,баш ќе читкам главниот уште збор не кажал. |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
… СО ДОСЛЕДНО СЛЕДЕЊЕ НА УСТАВОТ И ЗАКОНОТ НА Р.МАКЕДОНИЈА. С'е додека се држи според Уставот и Законските одредби на Република Македонија ќе биде во ред. Доколку подлегне на било чии притисоци, слободни интерпретации или желби, ќе биде запомнета како слаба личност или нечиј измеќар. Знaчи ќе биде почитувана единствено ако се држи до оноа што значи закон, ред и поредок. С'е друго ќе биде нејзино лично компромитирање, кaко и компромитирање на државата и општеството. Изменето од Messenger - 16.Септември.2015 во 20:43 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Затоа треба само да си ја врши работата, согласно дадените законски овластувања и подршката од надворешниот фактор....
Историјата ќе сведочи за нејзините дела.... Се разбира, доколку не излезе дека е нечија партиска марионета....за меѓународна марионета веќе не правиме муабет... |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште не седнала на столица а веќе е осудена и таа и процесот на избирањето (решен и примен подеднакво од двете страни) и се имплицира неуспешен краен резултат.… … не бил транспарентен изборот, Катица била анонимус, таа не била кадарна за позицијатa, немала интегритет, екипата на брзина ќе се собрала, не ќе можело да се бори против непријателот, не е во интерес на народот, немаме политички капацитет, разочарување … Почна градењето алиби за евентуалното губење на посакуваните резултати од процесите кои ќе следуваат и убедување на јавноста дека нештата, уште незапочнати, се јалова работа на корумпирани, неспособни и ненародни елементи. Изменето од Messenger - 16.Септември.2015 во 20:46 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Devojcence
Сениор Регистриран: 28.Март.2015 Локација: Skopje Статус: Офлајн Поени: 497 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Cestitki ima mnogu rabota pa ke vidime kako ke se pokaze. Se nadevam dobro. Jas naroden pravobranitel sakav da bidam na vremeto. Ali i advokat ne e loso neli:)
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дека нејзината позиција е противуставна е точно. Уставот на Република Македонија не познава и не признава таква функција. И дека ќе биде под притисок е точно. Таа уште не положила заклетва и не седнала на столицата, а веќе се организираат собири на граѓани со кои на неа се врши притисок. На најпосле, ја жалам… не поради нејзиниот капацитет за извршување на оваа работа бидејќи истиот не ми е непознат, туку за нејзината незавидлива позиција… се плашам дека на крајот ќе излезе извикана и исплукана од барем една страна, онаа чии очекувања нема да бидат исполнети. Нека и е со среќа! Изменето од Messenger - 16.Септември.2015 во 15:40 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу непознати работи и елементи...според некои е противуставен изборот на овој вид на обвинител. Некои ја гледаат како личност која има моќ реално да ги смени работите во Македонија. Според други се работи за класичен американски кадар, или за неискусен обвинител кој нема капацитет за вакви дела..... Јас само би и посакал среќа и јаки нерви во работата, бидејќи во наредниов период ќе биде под притисок од над 1000 000 граѓани, кои ќе плукаат или ќе бараат резултат од нејзината работа. Катица Јанева - биографија и овластувањаСпоред информациите Катица Јанева е гевгеличанка, потекнува од семејство на познатиот судија Делаџаков, кој бил и претседател на основниот суд во Гевгелија. Учествувала на многу меѓународни тренинзи и обуки. За заменик обвинител во Гевгелија е избрана 2003 година, а минатата година е реизбрана на функцијата Обвинител во гевгелиското обвинителство. Нејзиното именување е директен предлог на олеснувачите на преговорите. Јанева кај своите колеги важи за професионален и искусен обвинител. работела на случајот на Спаска Митрова за право на старателство на својата ќерка во која беше вклучена и бугарската амбасада и организацијата ,,Радко“. Денеска оординаторите на четирите најголеми пратенички групи го доставија предлог-законот за Специјалното обвинителство, договорен од работната група со посредство на белгискиот експерт Питер Ванхоуте и амбасадоорите на ЕУ и САД, Орав и Бејли. Од него се гледа дека ќе се формира ново обвинителство, наречено „Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, кое ќе има посебни простории, неограничен буџет, како и број на заменици обвинители и соработници кои ќе ги бира специјалниот обвинител, односно Катица Јанева, за која има согласност од четирите партии. Еве дел од предлог-законот: Нејзиниот мандат ќе биде за неовластеното следење на сите комуникации извршено во периодот помеѓу 2008 и 2015 година, вклучително но не и ограничено на аудио снимки и транскрипти поднесени до јавното обвинителство пред 15 Јули 2015. Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство има целосна надлежност и овластување независно да ги извршува сите истражни и обвинителски функции на Јавното Обвинителство, кои вклучуваат: Учество во судски постапки и започнување каква било судска постапка, вклучувајќи граѓанска и кривична, кои Јавниот Обвинител ги смета за потребни; Изјавување на жалба против која било одлука на суд по кој било предмет или постапка во која Јавниот Обвинител учествува како надлежен; Преглед на сите достапни документарни докази од кој било извор; Добивање на сите безбедносни ослободувања за преглед на доверливи информации и информации кои не се достапни за јавноста; и Поведување и спроведување на обвиненија во кој било надлежен суд, составување и потпишување на обвиненија, поднесување на информации, и водење на сите аспекти на кои било предмет кој произлегува од овој закон, во името на Република Македонија. На колегиумите во проширен состав во Јавното Обвинителство на Република Македонија не се повикува и не присуствува Јавниот Обвинител и јавните обвинители во Обвинителството и не се разгледуваат стручни, како и прашања од надлежност на Јавниот Обвинител. Повисокиот јавен обвинител неможе да поднесе иницијатива ни барање за реферирање на одреден предмет или кривично правен настан до Јавниот Обвинител. Јавниот Обвинител на Република Македонија или друг јавен обвинител не може да презема истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на Јавниот Обвинител без негова/нејзина писмена согласност. Специјалниот Јавен Обвинител ќе бара меѓународна правна помош и соработка по прашања кои се во негова/нејзина надлежност самостојно, согласно закон и ратификуваните меѓународни документи. Владата на Република Македонија е обврзана да обезбеди финансиски средства за непречена работа на Јавното Обвинителство согласно планот од став (2) на овој член, не подоцна од 35 дена од влегување во сила на овој закон. Министерството за Правда ќе обезбеди основни простории за работата на Јавниот Обвинител во рок од 3 дена од стапувањето во сила на овој закон, а комплетни просторни услови за Јавното Обвинителство во рок од 35 дена од стапувањето во сила на овој закон. Просториите од став (5) ќе бидат надвор од објектите на Јавното Обвинителство на Република Македонија со цел да се постигне фактичка и соодветна изтражителска и обвинителска независност. Функцијата Јавен Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство престанува по завршувањето на сите истраги и гонења кои се во негова надлежност. Изменето од Ninja 35 - 16.Септември.2015 во 07:31 |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Внеси реплика | страница <1 567 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |