IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Од темната уметност
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Од темната уметност

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
Автор
Порака Обратен редослед
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:14
Гавран

Еве гавранот над месец лета
во ноќта густа,црна и јалова,
а ти гавранице кој клетва ти фрли,
што не полеташ или крилја немаш.
Во ноќите црни солзи рониш
гавран лек да ти најде,
магии да растури со него да полеташ,
месецот во свои очи повторно да го почувствуваш.
Тажен писок од гавран се слуша,
жали за гавраница своја љубена
што крилја и исекоа ,во стапица ја фатија ,
клетва фрлија ниту жена ,ниту гавраница да е.
Еве го гавранот до неа седи и моли,
на своја љубена коса сака да погали,
клетници во гавран го сторија,магија сторија,
место усни крив клун има и раце од канџи остри.
Месецот над нив се моли магија да растури,
еве ги браќа на гавранот над месецот летаат,
го довикуваат со нив гавранска игра да играат,
летаат високо над месецот жален крик од клунови испуштат.
Гавранице на ноќта што лик на жена имаш
ноќта и месецот вечен чувар е наш,
сонце штом изгрее јас ќе се сокријам
пепел на твоето тело не сакам да бидам.
Сега пушти ме да одлетам кај моите браќа,
а ти штом сонце огрее сокриј се на денот,
ти не си гавран ниту жена со очи на ноќта,
чекај ме магија да растурам,со моја крв да те венчам.
Гавран магија растури,ниту е човек ниту птица
црно сениште се стори,ѕвер што човечки лик има,
со крв негова жена на ноќта попрска,
со своја крв ја усмрти и повторно оживеа.
И подари вечен живот,смртта ја победи,
сега црната ноќ сестра им е во своја прегратка ги крие,
месецот што кум им е,со црна ноќ вечна клетва им дарија,
сега сте едно,само сонцето и светлоста може да ве раздели.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:13
Исчезнати

Исчезнати во зборот,во стихот,
стопени во црно мастило,
скриени во морските длабочини,
таму каде душата сокриено плаче.
Две се, не е една,заедно пловат,
никогаш не се заедно да се тешат,
нивните патишта се раздвоени ,
едната е горе,другата е доле .
Едната се наоѓа во црнило на душата,
другата се наоѓа во лавиринтот од бури,
се бараат да бидат едно,да бидат заедно,
никогаш не се допираат,ги дели темнината.
Додека едната спие другата се буди,
ја бара својата друга половина од душата,
го бара своето заспано тело,својата кожа,
попусто,премногу долго е заспана,од сон не се буди.
Раздвоени,раздвоени од своето тело
едната сонува солзи,другата тагува,
едната од сон се буди,другата умира,
таму каде е смртта ќе се пронајдат,ќе бидат среќни.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:11
Aniculum

Прекривка од небо темно
месецот го проголта црнило,
сега кога исчезна некој се радува,пее,
се радуваат мртвите љубовници.
Плод ќе зачнат помрачен,
да има сила на темнина
со црна јаловна моќ да царува,
пастир на стадо,овци да води.
Љубов водат,моќен вресок,
куп змии водат љубов над небо темно,
на света земја што нив дом е,
парче земја што лелек слуша.
Кутри сте вие смртници
на плодот зачнат робови ќе сте,
сонце никогаш не ќе видите,
по месец ќе тагувате.
Секоја солза казна ќе е,
што плод помрачен зачнавте,
што со темнина го благословивте,
што пастир со црн превез покривте.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:09

Талкач

Искрвавени стапала
земјата навлезе во секоја пора,
лази сениште по црн кал,
омраза во очи шарени како змија.
Проголтана темнина во утроба,
разбеснет ветер во коси ,
распукана кожа под ноктите,
тело од секавици разрането.
Пуста е таа проклетија
талкач да си,сениште да си,
темнина во утроба да те јаде,
по калта црна ти сонуваш.
Талкачот нема сонце,не изгрева,
скриен месец, темнина пуста,
тишина шкрипи во ушите глуви,
празна мисла,камен во грло.
Не пости во сегашноста,во минатото,
постои во тој проклет, замрзнат миг,
во пештерата на ехо што во сон одекнува,
во време на талкање на непостоење.
Разпнат помеѓу денот и ноќта
вечна сенка е,денот не го разденува,
ноќта не го прибира во црнило,
вечна сенка е под своите сенки.
Нема име талкачот,го прекрстуваат,
избришан е од постоење во иднина
минатото го обележува како сениште
сенка што и од сенка ќе исчезне.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:06
Крик

Одамна не го слушнавте рикот страшен,
тој крик што и мртвите ги буди полузаспани,
сега крикнува, окото му е затворено од пепелта,
сега крикнува штом ноќта темна се спушта.
Ги проколнува мртвите што се мртви,
живите што се живи,ги чека по тунели темни,
се крие од светлоста зад црнило на смртта,
крикнува,ги мами колебливите во црнило ги намами.

Даница Петровска
“Готска жена“

Изменето од Дак - 16.Март.2014 во 16:08
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:06
Ѕвонот

Ѕвонат црквени ѕвона,
ечи звукот од куќа Господова,
дали е срцето на светецот осамен
или ѕвонат пораките нечујни.
Секој ѕвон во нејзинo срце одекнува,
душата нејзина храм,мирисен тамјан,
алемот гори,тело босилок мирисен,
молитва за изгубени души патот го пронајдат.
Исчезни зло ,ти црни ѓаволу!
Нека пепел се претворат,
од ѕвонот сеништа изгорат,
својот пат во црнила пронајдат,
светлата патека во космос да одекнува.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:04
Порака

Огледало на живот,
еден лик,многу животи,
залутан талкач во времето,
копиле е, црно семе посеано,од мајка не роден.
Семе посеано утроба пара,
во утроба плод а живот нема,
не чекајте нови знаци,нови гласови,
во утроба е тој ,чека нов живот.
Денес слушнав човечки глас:
„Не чекајте нови знаци,нови гласови
времето одминува,плод е тука а сепак го нема
каков знак времето ни носи во утроба плодна“.
Црни мисли знакот провеа,црн сомнеж душа пара,
што зло ќе се роди штом плодот е тука а сепак го нема,
еден лик многу животи,кој е тој што утроба пара,
кој е тој што животот човечки во црнила сака да претвори.

„Не чекајте нови знаци,нови гласови
времето одминува,плод е тука а сепак го нема
каков знак времето ни носи во утроба плодна„.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:02
Црната дама

Црната Дама сега мирува
ги чека црните соколи да запискаaт,
од клунови нивни семе собере
да нарани гладните соколи.
Кога мислата и протече
модрото море се разбурка,
јато риби сестри и се,
ја носат кон дното и повторно ја враќаaт.
Месецот око нејзино е,
ја пее песната на Wicca
со листови од црна роза спие,
во тајна книга име на месецот го слави.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:01
Incubus

Семе неплодно осеменето од неплодност,
ги пиеш живите,не разбудени од сон ги будиш,
со црни пранги души им стегаш да од ѓаволи не побегнат,
заробени, силувани на сенки им се предават.
Сон во јаве се преобразува а се уште спијат,
очи отворени, сенки магливи гледаат,
немоќен крик во сонот, грло немо не испушта писок,
о,ти душо окована,ти сону јаловен кој демон те излажа.
Проколнати ли сме,во црка носени сме,
света вода,тамјан мирисен по тело прскани ли сме,
крстот наопаку ли бил штом црни сенки во сон не гонат,
дали света книга отворија штом црни сенки живот ни пијат.
Не заспивај млада девојко, сонот сенки ќе го гонат,
ќе те силуваат,не плодно семе во утроба ќе носиш,
со црнила ќе те венчаат ,не родено дете во сон сонуваш,
име по црнило ќе му дадат име крваво ќе му слават.
Очите болат,со сон се борат,и ете ги кон тебе јават ,
сенки замаглени на црнило јаваат, во сон доаѓаат
животен сок исцицаат,душа пепел црна ја сторат,
не,не заспивај вечерва душо моја,еве го слушам тропот нивен.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 16:00
Клуч

И знам,ќе ги отворите портите,
оваа порта ја оставив заклучена,
во неа тајна на скриени мечти,
го оставам клучот во имагинација.
Затворени очи клучот го открива,
нем шепот што порта отклучува,
пранги од слепило ќе исчезне,
пат кон бесконечност открива.
Проколнат е кој клучот го земе,
отвори порта а зад него не затвори,
изгубен е патот кој на цврста подлога стои,
стравот штом во крвта ледена протече.
Магепсан е кој порта отклучи,
самовили песна приспивна ќе пеат,
со сон за лична самовила ќе го намамат,
од сон не ќе се разбуди,самовила ќе го зароби.
Клуч кој тајна вековна крие
порта на душа што повторно ќе се роди,
сокриена зад порта денови одбројува,
не допрена,чиста ново раѓање чека.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:59
Човекот

Еј вие,вие што боси по камења чекорите
не осудувајте се камен да подигнете,
не осмелувајте се камен да фрлите,
грешници сте во овој свет,со прст не покажувајте.
Во ноќ,молњи блескаат,
и вас со прст некој одозгора ве покажува,
ваши гревови прости,во тајна книга име ви забележува,
печат крвав на корица сте ставиле,име носите.
Се тркалаат камењата,каде сега ќе бегате,
каде ќе барате спас од окото,тоа е широко,пространо,
дали под дрво што јаболко во грев ве стави,
дали под коси на Ева каде змија и спие.
Еден поглед во бистра вода одговор ќе најдеш,
Диоген го запали фенерот,
Да!Тоа сум јас грешникот!
Да!Тоа сум јас човекот!

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:58
Волчица

Волчице,што завиваш,
што над младиот месец тагуваш,
дали младунци ти погубија,
дали волкот црн го ранија.
Крвави траги на камен ти остави
распарана утроба од елен заскитан,
ти се уште не си сита,жртва бараш,
крвави очи од бес што мир немаш.
Завивај волчице,волчја песна пеј,
што твои младунци погубија,
што волк црн го ранија,
што крвави траги ти на камен остави.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:57
Храм

Осветли го патот до храмот,
нека исчезнат сите илузии
невидливи конци до срцевина
храмот на плач...
Нека се распарча!
Секавици блеснете!
Нека не заталка некој по патот,
осветли ги солзите по ѕидовите ,
скали од коров под нив празнотија
порта од болка,на неа срце рането.
Нека исчезне!
Секавици блеснете!
Проколнати слики,пајажина околу нив,
на нив духот на изумрена магесничка,
во нив котел,волшебено стапче,троножец,
ружини листови,полна месечина.
Под нозете шкрипат коски,
изобличени погледи,очи ширум отворени,
згрчени раце во нив молитвеник,
изгризани усни од молитва нечујна.
Скрши се од погледот!
Заробена душа во огледало,
затаен плач од уста неми,
вресок од душа изумрен,
плач на немиот молк на ехото.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:56
Клетви

Се изморија усните од клетви ,
што ниту една клетва не го фаќа ,
што ниту една клетва не го стаса,
што ниту една клетва срце не залечи.
Клетви,вие што моја болка кажувате,
дали од моите усни доволни не сте
кога до негово срце не стасавте,
кога во негова душа само празнина диши.
Ветру,проколни ме, моја коса замрси,
црна мирисна руба од копнеж раскини ,
голо тело од болка свиткано на месец подари ,
на ѕвезди сјајни мои солзни очи покажи .
Ако клетви од срце не стасаат
ќе се возвишам во небесна сјајна
до мојата ѕвезда водилка пат најдам,
да осветлам црн ангел кој умира во мене.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.