IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Mодни декорации и козметички  средства
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Mодни декорации и козметички средства

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 13>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2015 во 08:45

Направете си домашен дезодоранс без штетни хемикалии


Разните дезодоранси кои ги купуваме од козметичките салони за да го неутрализираме мирисот на потта, најчесто се полни со хемикалии кои штетно влијаат на кожата и потните жлезди..

napravete-si-domasen-dezodorans-bez-stetni-hemikalii-01.jpg

Иако нудат заштита од 24-часа, природни состојки и нега, сепак, тие се оние кои ви ги затвораат порите и го спречуваат природниот процес на исфрлање штетни материи преку потта.

За вистински да го неутрализирате мирисот, а потта да функционира нормално, потребно е сите состојки да бидат природни и да бидете сигурни дека нема да ви предизвикаат алергии или посериозни болести.

Затоа, најдобро е сами да си направите домашен дезодоранс со одбрани состојки:

  • ½ шолја сода бикарбона
  • ½ шолја пченкарен скроб
  • ½ шолја кокосово масло
  • 20 капки етерично масло по избор

Тегличка за смесата, која е стерилизирана и сува.

Подготовка:

Помешајте ја сода бикарбоната и пченкарниот скроб во мал сад. Полека додавајте го стопеното кокосово масло, мешајќи додека смесата не стане погуста од паста, слична како лепило.

Додајте етерично масло по желба и добро промешајте. Ставете ја смесата во стерилизираната тегличка и оставете ја во фрижидер околу 1 час додека не се стврдне. Чувајте го домашниот дезодоранс на студено и суво место и нанесувајте секојдневно по малку под пазувите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2015 во 21:05

Направете сами: Најдобра природна маска против брчки околу очите


Брчките околу очите често се и најизразени и играат огромна улога врз целиот изглед, а за да ги ублажите погледнете ја оваа маска која можете да ја направите сами.

napravete-sami-najdobra-prirodna-maska-protiv-brcki-okolu-ocite-1

Наместо да трошите огромна сума на пари за разни креми, направете ја оваа маска од три едноставни состојки.

Спротивставете им се на брчките околу очите:

Состојки:

  • 1 белка од јајце
  • 1 супена лажица рендани моркови
  • 1 супена лажица гел од алое вера

maska

Начин на подготовка: 

Во мал сад ставете ги горенаведените состојки и измешајте ги со помош на виљушка со цел да се соединат, а за тоа доволни ви се 2 минути.

Добиената маска нанесете ја со чисти раце на пределот под и околу очите, но избегнувајте да ја нанесувате на очните капаци. Маската можете да ја нанесете и на целото лице.

Држете ја маската минимум 15 минути, но не подолго од половина час, а потоа измијте се со ладна вода. Резултатите ќе ги почувствувате веднаш, со тоа што вашата кожа ќе биде повеќе затегната. Исушете го лицето и нанесете секојдневна крема.

Третманот повторувајте го 3 пати неделно. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2015 во 18:32

Во последно време аксесоарите со украсни камења се мошне популарни, па затоа денес ќе ви покажеме како обичната плик чанта може да се трансформира во ултра модерен свечан аксесоар.

Потребни ви се камчиња во различни бои и форми и лепило. Тоа е се! Дали ќе ја декорирате цела чанта или само некој дел зависи од вашиот вкус. Во случајов целата чанта е облепена со камчиња и изгледа одлично.

Sparkly bag

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2015 во 18:33

Почитувачи на урбаниот стил: Не мора да потрошите ни денар, за да добиете комплетно ново парче гардероба, за кое сите ќе прашуваат…

А, нема ни да знаат дека е направено од Вашите раце, за многу кратко време и тоа, од обична стара маичка…

Девојки, не би било лошо маичката да ја позајмите од Вашето момче, Вашиот другар или брат, бидејќи треба да биде поголема. Бојата на маичката е нормално, по Ваш избор.

Останатото што Ви е потребно се: ножички и трака за врзување, повторно во боја по Ваш избор….

И секако, малку труд, за модерен елек, кој во Вашиот ормар ќе значи многу…

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2015 во 08:21

Домашна крема од 5 состојки за нозе без целулит


Летото наближува и дојде време да се подготвите за деновите кои ќе ги минувате на песочните плажи, без грижата за вашиот изглед. Со оваа домашна крема ќе дојдете до прекрасните нозе кои од секогаш сте ги посакувале.

napravete-sami-do-sovrseni-noze-bez-celulit-so-samo-5-sostojki-1.jpg

Што ви е потребно:

  • 100 g кафе
  • Витамин Е
  • Кокосово масло
  • Бадемово масло 
  • Етерично масло по желба

(количината на етеричните масла зависи од количината на кафето)

За правењето на оваа крема неопходно ќе ви биде подолг период од 2 недели затоа, важно е навреме да го подготвите. Во секој случај не се откажувајте, ќе бидете изненадени од нејзиниот прекрасен мирис и текстура кои ќе ја направат вашата кожа еластична и мека.

100-грамското кафе од кесичката префрлете го во добро измиена и стерилизирана тегла, а потоа со лажичка додека мешате ставајте ги и етеричните масла (со исклучок на кокосовото) сè додека кафето не е целосно покриено со масло. Понатаму еднаш дневно ќе треба малку да ја промешувате смесата.

napravete-sami-do-sovrseni-noze-bez-celulit-so-samo-5-sostojki-2.jpg

Оставете ја смесата да стои на дневна температура цели 14 дена, а потоа откако ќе измине времето, добро процедете го кафето за во новата тегличка да ви остане само маслото. Во него додадете малку витамин Е и кокосовото масло. Смесата измешајте ја со миксер и оставете ја во ладилник за да добие на црвстина и да наликува на речиси секоја готова антицелулитна крема.

napravete-sami-do-sovrseni-noze-bez-celulit-so-samo-5-sostojki-3.jpg

Во текот на 6 месеци користете ја секојдневно. Најефективен начин за отстранување на целулитот е двапати дневно на местата каде забележувате целулит да ја втривате кремата со кружни и темелни движења.

Овој крем колку и да е ефикасен, не може сам целосно да го елиминира целулитот. Неговата редовна употреба во комбинација со здравата исхрана и пиењето на многу течности ќе ви помогне да го отстраните досадниот целулит.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2015 во 08:34

ДОМАШЕН БАЛСАМ ЗА РАЗНИ КОЖНИ БОЛЕСТИ

7

Ако сакате да направите домашен мелем за најразлични рани, изгореници, осип, уртикарија, егзем и многу други кожни болести, ние ќе ви понудиме рецепта која се докажала со текот на годините.

Балсамот е многу лесен, но истовремено и многу лековит, бидејќи содржи чисти природни намирници и во него нема никаква хемија, која може да ви создаде алергиски реакции и други слични проблеми со кожата.

Домашниот балсам може да се применува кај деца и возрасни. А еве ја и рецептата:

Чист пчелин восок – количество колку кутија од кибрит

Маслиново масло, ладно цедено (познато како Екстра Вирџин) – еден филџан

Бебешки сапун – рендан, една супена лажица

Органски мед – еден филџан

Темјан – неколку зрнца

Сите компоненти се мешаат и се загреваат на оган околу 10 минути. Можете да ја загреете смесата и на пареа. После тоа садот се трга од оган и се меша додека сите компоненти не се соединат. Се исипува во суви, стерилни теглички со капак, и се чуваат во фрижидер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2015 во 08:20

ПРИРОДЕН МЕЛЕМ ПРОТИВ СТРИИ – НЕВЕРОЈАТНО УСПЕШЕН!

10

Испробајте го овој природен препарат и ќе бидете изненадени од резултатите.

Изматете 3 жолчки од јајца кои пред тоа не смеат да бидат чувани во фрижидер. Со постојано мешање со пластична лажичка додадете 2 супени лажици масло од кантарион, супена лажица масло од шафран (шафриника), пет капки лимонов сок и три капки тинктура од невен. За цело време мешајте со пластична лажица.

Мелемот за стрии се нанесува во тенок слој, со помош на широка четка на местата зафатени од стрии. По половина час истуширајте се, и потоа во тенок слој нанесете крема за регенерација на кожата.

Третманот преименувајте го 2 пати неделно. Резултатите се видливи по 3 недели.

Победете ги „злобните“ стрии… Бидете победник!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2015 во 14:22
Прекрасна алка со декорации

Алката што денес ќе ја правиме е лесна за изработка, а резултатот е многу ефектен и фенси. И најдобро е што дава креативна слобода. Може да изберете боја по ваш вкус, да се одлучите само за копчиња како декорација или панделки или пак украсни камчиња.

Потребни материјали:

–          Цилиндричен картон

–          Скалпел

–          Платно

–          Игла и конец

–          Копчиња, монистра, панделки и друго по избор за декорација

–          Останува да ги следите овие инструкции…

Направи си сама: Страхотна гривна с декорации

Направи си сама: Страхотна гривна с декорации

Направи си сама: Страхотна гривна с декорации

Направи си сама: Страхотна гривна с декорации

Направи си сама: Страхотна гривна с декорации

Направи си сама: Страхотна гривна с декорации

Направи си сама: Страхотна гривна с декорации

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2015 во 14:50
Органски шампон за нега на коса

Покрај органската храна која ја консумираме за подобрување на нашето здравје, се наметна и потребата за користење на органски производи за нега и убавина.
Со оглед на фактот дека органските производи за нега и убавина се поскапи од обичните, ние ви нудиме совети како да си подготвите органски шампон за нега на вашата коса во домашни услови.

Кожата, како најголем орган на човековото тело е прва одбранбена линија која го штити организмот од отрови. Со користење на органски шампони за коса, косата и кожата ќе бидат многу поздрави, а со тоа и вашиот организам.

Во продолжение следи еден интересен рецепт како сами да направите органски шампон.

Потребни се: две шолји концентриран, топол чај од камилица, три супени лажици рендан сапун од маслинки, една супена лажица глицерин, пет капки есенцијално масло од мандарина или масло по ваш избор.

Ставете ги цветовите од камилица во тенџере со зовриена вода, оставете го да стои покриен 15 минути и потоа исцедете го.

Во друг сад ставете го сапунот и полијте го со жешкиот чај, промешајте и оставете ја смесата неколку минути. Повторно во нов сад измешајте ги со жица за матење глицеринот и есенцијалното масло, префрлете ги во шише, потоа додајте го чајот со сапун, измешајте и оставете да се олади целосно.

Чувајте го шампонот на суво и темно место. За подобри резултати, оставете го шампонот да делува на косата три минути и потоа исплакнете со топла вода.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2015 во 14:53

Направете сами интересна и слатка ташна





Изменето од Valerija - 24.Мај.2015 во 14:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2015 во 08:32

Направи сама: На старите балетанки нацртај лик на слатко маче


Имате еднобојни стари балетанки кои сакате да продолжите и оваа сезона да ги носите? Брзо и едноставно може да бидат во ново руво. Потребно ви е само малку боја и време.

napravi-sama-na-starite-baletanki-nacrtaj-lik-na-staro-mace-01.jpg

Старите балетанки може да добијат нов изглед со брзо нанесување на фабричка боја од која ќе излезе слатко маче.

Потребно ви е:

  • Еден пар стари балетанки
  • Бела и црна фабричка боја
  • Самолеплива трака
  • Мала и голема четка
  • Обична шнола

За почеток на врвот на балетанките залепете парче самолеплива трака. Внимавајте истата добро да биде залепена за да не ви се размачка бојата при нанесувањето.

napravi-sama-na-starite-baletanki-nacrtaj-lik-na-staro-mace-1.jpg

Продолжете со нанесување на трака и на долниот дел од балетанките се со цел гумата да не ја добие бојата која ќе ја нанесувате.

napravi-sama-na-starite-baletanki-nacrtaj-lik-na-staro-mace-2.jpg

Послужете се со големата четка и започнете со боењето. Во зависност од тоа колку сакате да биде силно изразена црната боја, можете да ја нанесете еднаш или два пати. Оставете малку да се исуши бојата.

napravi-sama-na-starite-baletanki-nacrtaj-lik-na-staro-mace-3.jpg

Откако сте сигурни дека бојата е добро впиена и исушена, одлепете ја траката и на горната површина нацртајте две триаголничиња за ушите.

napravi-sama-na-starite-baletanki-nacrtaj-lik-na-staro-mace-4.jpg

Земете ја шнолата.

napravi-sama-na-starite-baletanki-nacrtaj-lik-na-staro-mace-5.jpg

Потопете ја во белата фабричка боја и нежно нацртајте две точки кои ќе ги претставуваат очите на мачето.

napravi-sama-na-starite-baletanki-nacrtaj-lik-na-staro-mace-6.jpg

Со малата четкичка продолжете со исцртувањето на ликот на мачето. Со лесни движења на двете страни направете три кратки линии и готови сте.

napravi-sama-na-starite-baletanki-nacrtaj-lik-na-staro-mace-7.jpg

Сега можете да имате сосема „нови“ балетанки кои можете да ги носите секојдневно и да ги користите во многу дневни комбинации.

napravi-sama-na-starite-baletanki-nacrtaj-lik-na-staro-mace-01.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2015 во 13:42

Направи сама: Маичка со риги


Летото се ближи и време е да ја обновиме летната гардероба. За таа цел не ви се потребни многу пари ниту пак, долгочасовни шетања по продавниците за облека.

napravi-sama-maicka-so-rigi-01.jpg

Се што ви е потребно е една обична маичка во бела боја и малку одвоено слободно време за маичката да ја претворите во интересно дневно парче облека кое можете да го комбинирате со фармерките, шорцевите и здолништата.

Што ви е потребно:

  • Обична бела памучна маица
  • Спреј во боја по желба
  • Самолеплива трака
  • Поголемо парче картон

napravi-sama-maicka-so-rigi-1.jpg

Маицата навлечете ја на картонот. На овој начин ќе се погрижите бојата да не пробие на другата страна од маицата и ќе ви се олесни работата при лепењето на траката.

napravi-sama-maicka-so-rigi-2.jpg

Со помош на самолепливата трака долниот дел од маицата поделете ја на лини. Помеѓу секоја трака оставете простор од 2,5 cm и целата маица залепете ја на картонот за ништо да не се измести.

napravi-sama-maicka-so-rigi-3.jpg

Со кратки и брзи потези испрскајте се што е залепено со траката. Спрејот држете го на далечина од 30-тина cm од маицата за ригите да добијат еднаква боја.

napravi-sama-maicka-so-rigi-4.jpg

Почекајте околу 30 минути и потоа започнете со одлепување на самолепливата трака.

napravi-sama-maicka-so-rigi-5.jpg

Сега можете да уживате во новиот изглед на вашата бела памучна маичка која ќе биде ваш уникатен дел од гардеробата. Не е важно за која боја ќе се одлучите секоја ќе изгледа одлично. Имајте на ум дека неонските бои повторно се во мода.

napravi-sama-maicka-so-rigi-6.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2015 во 07:54

15 направи сам идеи: Подгответе ги маиците за лето


Кога температурите ќе пораснат, секоја девојка очајно бара начини како да се разлади и да покаже малку повеќе кожа.

15-napravi-sam-idei-podgotvete-gi-maicite-za-leto-01.jpg

За да ја разбиете монотонијата на еднобојните маици и кратките ракави кои веќе ви досадија, ви предлагаме да се фатите за работа пред да почне летото.

Земете ги сите стари маици од гардероберот и ставете ги пред вас. Размислете што можете да направите од нив - можеби ќе успеете да ги претворите во краток топ, фустанче со ластик или целосно да ги промените само со едно парче проѕирна тантела.

Ова се само дел од идеите за кои нема да ви треба многу време, ниту пари, а ќе добиете нови омилени маички за летово:

15-napravi-sam-idei-podgotvete-gi-maicite-za-leto-02.jpg

15-napravi-sam-idei-podgotvete-gi-maicite-za-leto-03.jpg

15-napravi-sam-idei-podgotvete-gi-maicite-za-leto-04.jpg

15-napravi-sam-idei-podgotvete-gi-maicite-za-leto-05.jpg

15-napravi-sam-idei-podgotvete-gi-maicite-za-leto-06.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2015 во 07:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,280 секунди.