IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Mодни декорации и козметички  средства
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Mодни декорации и козметички средства

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 13>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2014 во 11:01

НАПРАВЕТЕ САМИ ЕФИКАСНА МАСКА ПРОТИВ БРЧКИ: СОСТОЈКИТЕ ВЕЌЕ ГИ ИМАТЕ ВО СВОЈАТА КУЈНА

9

Не трошете пари за скапа козметика, бидејќи сосема доволна ви е маската од банани, јогурт, мед и сок од лимон.
Ви откриваме како да изгледате доста помладо за само 20 минути.
Измешајте една лажица пасирана банана со една лажица јогурт, половина лажица мед и неколку капки сок од лимон. Лицето измијте го и врз него ставете топла крпа за да се отворат порите и да се подготви кожата за подобра апсорбција на хранливите материи.
Нанесете ја маската и оставете да делува 20 минути, а потоа само исплакнете со млака вода. На крај нанесете хидратантен крем.



Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 09:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2014 во 08:56

Како сами да направите здраво масло за сончање?


Летото пристигна, а со него и желбата за малку потемен тен. А, затоа што средствата во продавниците имаат голем процент на хемикалии, научете како сами да направите масло за заштита од сонцето.

kako-sami-da-napravite-zdravo-maslo-za-soncanje-01.jpg

Имате две можности - класично масло и масло со разладувачки ефект.

За класичното масло потребно ви е:

  • ½ шолја бадемово или маслиново масло
  • ¼ шолја кокосово масло
  • ¼ шолја восок од пчела
  • 2 лажици цинк оксид (се продава во сите аптеки)
  • 2 лажици шеа путер
  • Екстракт од ванила или етерично масло по избор, за мирис

Подготовка:

На тивок оган загрејте ги маслата и стопете го восокот. Додајте го путерот, а кога смесата ќе се олади додајте го цинк оксидот. Избегнувајте директно да вдишете дел од правот. Убаво измешајте и користете пред да се изложите на сонце.

Рок на траење: 6 месеци

kako-sami-da-napravite-zdravo-maslo-za-soncanje-02.jpg

За маслото со алое вера потребно ви е:

  • ½ шолја алое вера гел
  • 20 капки масло од морков
  • 5 лажици масло од пченични никулци
  • 5 капки масло од лаванда

Подготовка:

Помешајте ги сите состојки. Пред употреба примешајте и напрскајте на кожата.

Рок на траење: 6 месеци

Важно: Кога ги купувате маслата, обрнете внимание на тоа да се нерафинирани и ладно цедени. Во спротивно, имаат понизок заштитен фактор.



Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 09:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2014 во 20:16

НАПРАВЕТЕ ДОМАШЕН КРЕМ ЗА СОНЧАЊЕ СО ЗАШТИТЕН ФАКТОР ОД УВ ЗРАЦИ

11

Наместо да купувате разни комерцијални и често токсични продукти, можеме да направиме крем со фактор, кој ја штити кожата од УВ зраците.
Путер за убав тен
100 мл кокосово масло, екстра вирџин – има фактор за заштита од УВ зраците, мисира фантастично и се топи на сонце.
30 гр путер од какао – со негова помош ќе добиете чоколадна боја.
20 мл масло од сусам – за заштита од слободните радикали.
Шишенце од 150 мл.
Во тенџере со топла вода (околу 60 степени) ставете стаклен сад, во кој ќе ги стопите путерот од какао и кокос. Кога ќе станат течни додадете го и маслото од сусам. Измешајте добро и префрлете ја смесата во чисто и суво шише.

 



Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 09:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2014 во 20:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2014 во 21:27

Домашен шампон за прекрасна коса без првут

Една од најголемите причини кој предизвикува сува кожа е секако ладното време. Во текот на ладните денови чувствуваме чешање на главата, а тоа е прв знак дека имате сув скалп. Да биде уште по проблематично, често доаѓа до перутење. За да не трошите пари на скапи шампони против првут (кои ветуваат се и сешто), направете сами шампон кои ефикасно ќе ви помогне да се решите од првутот и секако сувиот скалп.

Состојките кои ви се потребни се само два аспирина и благ шампон. Издробете ги аспирините во ситен прашак и додајте шампон (доволно колку за едно шампонирање). Почекајте 5 минути, промешајте и нашампонирајте ја главата. Измијте се со млака вода и нанесете регенератор како и обично.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2014 во 21:28
Пилинг за тело од домашната кујна



За вашата кожа повторно да “продише”, да биде мека и нежна, треба да и ја вратите енергијата, најдобро да ја третирате со пилинг од сол.

Ако сте се замориле и чувствувате потреба за “препораѓање” и опуштање,вистинско време е да си дозволите еден спа третман во удобноста на вашиот дом. За вашата кожа повторно да “продише”, да биде мека и нежна, би требало да и ја вратите енергијата, најдобро да ја третирате со пилинг од сол. Пилингот од сол совршено ќе ја исчисти вашата кожа и ќе ги отстрани мртвите ќелии кожа, а што е најдобро од се можете да го припремите сами, и тоа без премногу пари.

Состојки: ½ шолја бадемово или некое масло за масажа. 1 шолја морска сол, 5-10 капки квалитетно етерично масло по избор. Немојте да користите обична јодирана сол, бидејки е премногу остра за кожата. Ако имате осетлива кожа, можете да користите и шеќер.

Подготовка: Ставете сол (или шеќер) во мала чинија, додајте масло и не=но мешајте со лажица. Смесата мора да биде хомогена, ное не премногу мрсна, затоа внимавајте колку масло додавате. Добро промешајте, бидејки не би требало да се плива во масло. Потоа, капнете неколку капки етерично масло, ако сакате пилингот да биде со интезивен мирис, тогаш додадете и многу повеќе капки. Сето тоа промешајте го добро и готово. Едноставно, но ефектно! Угодете си на својата кожа и своето тело.

Пилингот нанесувајте го еднаш во неделата, добро истријте, нека одстои неколку минути и потоа влезете под топол туш.

 


11


Изменето од Valerija - 27.Јуни.2014 во 21:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2014 во 08:38

Домашен крем за раце


Ние сме секогаш на страна на природната козметика зошто веруваме дека нема ништо подобро за кожата од домашните препарати кои се без хемикалии. Денес ќе ви покажеме како се прави крем за раце во домашни услови.

Потребни намирници:

-        4 лажици бадемово масло,

-        3 лажици пчелин восок,

-        4 лажици кокосово масло или путер,

-        6 лажици глицерин,

-        6 капки масло од лаванда,

Изрендајте го пчелиниот восок и измешајте го со бадемовото и кокосовото масло. После тоа загрејте ја смесата на пареа до добивање на течна смеса. Мешајте добро и капка по капка додадете го и глицеринот. Тргнете го садот од оган и мешајте додека не ја добие потребната густина за крем. Додадете го маслото од лаванда, измешајте и префрлете ја смесата во стаклена тегличка. Кремот се чува на ладно.



Изменето од Valerija - 28.Јуни.2014 во 08:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2014 во 08:54
БРЗО И ЛЕСНО: НАПРАВЕТЕ САМИ СВОЈ ПРИРОДЕН АНТИПЕРСПИРАНТ

Ако сакате да се ослободите од хемиските производи и козметиката која е преполна со вештачки состојки, најдобро е да ги преземете нештата во свои раце.

Денес ви пренесуваме еден рецепт за природен дезодоранс кој ќе ве воодушеви. Тој ќе ви докаже дека за да мирисате убаво и за да го контролирате потењето во текот на жешките летни денови, не мора да купувате вештачки дезодоранси и стикови. Постои одлична замена за нив, а во прашање е супер рецепт од природни состојки кои подеднакво ја чуваат вашата хигиена и ве штитат од непријатни мириси.

Еве што се' ви е потребно за да направите сопствен природен дезодоранс:

 Половина шолја кокосово масло
 Четвртина шолја сода бикарбона
 Четвртина шолја скробно брашно (густин)
 Од 5 до 10 капки етерично масло по избор


Подготовка:
Промешајте ја содата бикарбона со густинот, а ако имате осетлива кожа ставете помалку сода, а повеќе густин. Додадете го кокосовото масло додека смесата да стане мазна. Внимавајте само да не ви останат грутки и смесата да не биде сува. По потреба додадете уште малку кокосово масло, се' додека не ја добиете посакуваната смеса. На крајот ставете неколку капки етерично масло, колку да го добиете вашиот омилен мирис.



Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 09:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2014 во 18:09
ДЕПИЛАЦИЈА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ: НАПРАВЕТЕ САМИ ВОСОК ЗА САМО НЕКОЛКУ МИНУТИ

Овој вид на отстранување на несаканите влакна се нарекува уште и египетска депилација, а погодна е и за луѓе кои имаат проблеми со кожата бидејќи не предизвикува иритации.

Состојки:

 2 шолји шеќер
 ¼ шолја вода
 ¼ шолја лимонов сок
 1 мала лажичка мед


Подготовка:

Во помало тенџере или лонче ставете го шеќерот и растопете го на оган со средна јачина, но не потполно. Додека смесата е се' уште густа во неа сипете го лимоновиот сок и водата. Сите состојки заедно варете ги на тивок оган околу 5 до 10 минути додека смесата да добие златна боја.


Откако сте ја подготвиле смесата, оставете ја да се олади во потполност. Потоа од смесата извлекувајте топчиња со големина на орев кои ќе ги обликувате самите во своите дланки. Подоцна тоа топче ќе го развлечете се додека не добие потполно светла боја. Така обликуваната шеќерна паста може да ја премачкате на вашата кожа и тоа исклучиво во насока на растот на вашите влакна, а потоа со брзи потези извлечете во спротивна насока.


Пастата не би требало во потполност да се стврдне, па садот во кој сте ја ставиле може да го ставите во чинија со млака вода. Ако течноста се стопи премногу тогаш може да ја префрлите во фрижидер.


Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 09:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 22:53
Mirizliv piling od rozi i kokosovo maslo 03.03

    Направете сами: Миризлив пилинг од рози и кокосово масло

Овој необичен пилинг убаво ќе изгледа во вашата бања и ќе помоге вашата кожа да изгледа мазна и мека и да мириса неодоливо. Исто така, овој пилинг е прекрасен подарок за вашата мајка или пријателка.

Mirizliv piling od rozi i kokosovo maslo 03.03_2

 Што ви е потребно:

  • Бадемово масло
  • Кафеав шеќер
  • Неколку миризливи рози
  • Кокосово масло

Постапка:

Во празна стаклена тегла ставете го кокосовото масло до 1/3 од теглата. Потоа во маслото дададете ги розите и кафеавиот шеќер. Се прелијте со бадемово масло, затворете и оставете да се стопи.

Употреба:

При примената користете лажица, со која лесно ќе ги употребите сите состојки. Оваа мирисна комбинација, нанесте ја на целото тело и по триењето, исплакнете ја.



Изменето од Valerija - 13.Јули.2014 во 22:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2014 во 11:21

ДОМАШЕН КРЕМ ОД РЕН КОЈ ГИ ТОПИ МАСНИТЕ НАСЛАГИ ОД СТОМАКОТ

8
Благодарение на овој рецепт, многу жени намалувале по 1 см од обемот на струкот на ден. Овој мелем ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот и ја подобрува функцијата на мозокот, памтењето, слухот и видот.

Потребни состојки:

125 г. свеж рен 3 непрскани лимони (сосе кора) 3 лажици мед Начин на подготовка:

Во блендер иситнете 125 грама рен. Земете ги лимоните, расечете ги, извадете им ги семките и заедно со кората ставете ги во блендерот и миксирајте заедно со кашата од рен. Потоа додајте уште 3 лажици мед и сето тоа добро измешајте го. Чувајте го мелемот во затворена тегличка во фрижидер. Земајте по една мала лажичка од мелемот, два пати на ден со оброк. Користете го мелемот 3 недели и гледајте како ви се намалува обемот на струкот.

Својства на ренот:

Ренот изобилува со витамин Ц, Б1, Б6, Б2, калиум, железо, калциум, магнезиум, фосфор… Тој освен како вкусен додаток во исхраната, се користи и како лековито средство.

Посебно е добро кога се конзумира со мрсна храна бидејќи ѝ помага полесно да се свари. Ренот го чисти организмот, го забрзува метаболизмот, го отстранува уморот, па затоа најмногу им се препорачува на дијабетичари. Тој исто така го стимулира создавањето и развојот на корисни бактерии во цревата.



Изменето од Valerija - 20.Јули.2014 во 11:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2014 во 11:27

Освежете ја вашата гардероба со чипка

Мошне едноставна декорација за облека но многу ефектна. Денес ќе ви покажеме како да ја освежите гардеробата со аплицирање на чипка. Најдобро тоа да биде околу вратот или пак на долниот крај од блузата или маицата.

Процесот е мошне едноставен, погледнете како изгледа:

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2014 во 19:59

Нaправете сами средство за отстранување на шминка!

Ви недостасува млако или било какво друго средство за отстранување на шминката, сакате да бидете сигурни кои состојки ги содржи или едноставно сакате да заштедите пари…

Ние имаме решение за вас: направете сами “make-up remover”!

Потребно ви е:

-малку вода,

-лажица и половина детски шампон (кој не ги надразнува очите)

-мала лажица кокосово или маслиново масло

Во сад измешајте ја водата, бајби шампонот и избраното масло, добиената смеса префрлете ја во соодветно шише и користете ја за отстранување на шминката.

Пред секоја употреба, растресете го шишето, за состојките повторно да се измешаат. Малку од смесата ставете на памук и со неа отстранете ја шминката.

А доколку користите водоотпорна маскара, пред употреба на ова средство, отстранете ја за почеток со помош на неколку капки маслиново масло.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2014 во 20:00

Направете спреј за коса од морска сол

Сигурни сме дека вам со природно кадрава коса ви недостасува морето само поради летната фризура која сте ја имале бидејќи постојаното сте биле изложени на морската сол. Еве начин да добиете дефинирани локни и пред да одите на одмор. 

Подготовка: Ставете 200мл вода да зоврие, па прелиете ја врз лажица сол, измешајте добро да се истопи. Ставете во боца со пумпа. И вашиот спреј е готов!

Употреба: Нанесете го спрејот на мокра коса. Со прстите добро втриете насекаде. Нанесете и на коренот. Оставете косата природно да се исуши.



Изменето од Valerija - 20.Јули.2014 во 20:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 7,172 секунди.