IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти и колачи што не се печат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти и колачи што не се печат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 16>
Автор
Порака Обратен редослед
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2014 во 22:32

Посни штангли со кикирики без печење


Посни штангли со кикирики без печење

Потребно е:

500 г. посни бисквити

250 г. солени кикирики

1 маргарин (посен)

Подготовка:

Издробените бисквити и кикиритки прелејте ги со претходно растопен маргарин.

Додадете онолку вода, колку што е потребно да се замеси тесто.

Ставете во тепсија, а висината на тестото нека биде околу 2 см.

Оставете го тестото да отстои во ладилник.

Оладеното тесто го сечеме на парчиња.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2014 во 13:35

НЕПЕЧЕНА ТОРТА СО КРЕМ БАНАНИ И РЕСАНИ ГОТОВА ЗА САМО 5 МИНУТИ

5

Потребно:

10 крем бананчиња

1/2 кг ресани

1/2 кг хопла

Ресаните и крем бананчињата се сецкаат.

Хоплата се мати и кога ќе се згусни, поголемиот дел се меша со бананчињата и ресаните.

Се прави форма по желба и се премачкува со остатокот од хоплата.



Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2014 во 11:51

ЗА 10 МИНУТИ ДО ВКУСЕН ДЕСЕРТ: ОРЕО ТОРТА

8

Состојки:
орео кекси
сладолед од ванила
чоколадо за готвење
путер

Подготовка: Ова е непечена торта. Сè што треба да направите е да ги искршите орео-кексите на ситни парчиња или на половинки и да ги измешате со сладоледот од ванила. Оваа смеса ставете ја во калап, додека чоколадото и путерот ќе ги истопите на пареа. Со растопеното чоколадо целосно прекријте ја тортата. Можете одозгора да додадете уште кекси.

oreo

oreo3

oreo4

oreo5

oreo6




Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2014 во 10:31

КРЕМАСТА БАЈАДЕРА ГОТОВА ЗА 10 МИНУТИ

3

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 литар млеко

* 150гр гриз

* 250гр маргарин

* 1-2 лажици какао

* 200гр оцет

* 1 пакетче ванила

* кора од лимон и сок од половина лимон

* бисквити

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Ставете го млекото  да се вари заедно со шеќерот, додадете го маргаринот да се стопи па во тоа додадете го и гризот.

Поделете ја смесата на два дела па во едниот додадете какао, а во другиотшеќерот од ванила и лимонот.

Во плех наредете ги бисквитите па најпрво ставете од црната смеса.

Врз црниот крем ставете бисквити.

Врз бисквитите ставете од белата крема, па повторно бисквити и тоа е тоа. Ставете во фрижидер и почекајте да се излади.



Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2014 во 16:51

ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО ПАВЛАКА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ

5

За денешниот лесен и летен рецепт со кој ќе го разубавите денот на блиските не Ви треба многу. Малку време, кутија кекси, хопла, јајца, млеко и чоколада за готвење – каде што сметаме дека не Ви треба постапка на приготвување бидејќи едноставоста на истата е достапна на фотографијата подолу. Отако ќе завршите со подготовката, оставете да се излади и сместете ја тортата во фрижидер. Послужете ја студена, во комбинација со студено кафе.

.1.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2014 во 11:53

ЛЕДЕН ДЕСЕРТ СО БЕЛО ЧОКОЛАДО

7

Потребни состојки:

-      2 јајца

-      2 кесички ванилин шеќер

-      1 дл млеко

-      1 дл слатка павлака

-      150 гр бела чоколада

Подготовка

Изматете ги жолчките со ванилиниот шеќер и варете ги на пареа неколку минути. Оставете ги да се изладат. Загрејте го млекото, па во него ставете ја чоколадата да се растопи. Изматете ги белките, и во посебен сад изматете ја слатката павлака. Соединете ги сите смеси во една и ставете ги во калапи. Ставете ги во замрзнувач и послужете ги додека се ладни.



Изменето од Valerija - 03.Август.2014 во 11:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2014 во 19:34

БЕЛ ОСТРОВ

4

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 40 парчиња плазма

* 1 пудинг од ванила

* 1 пудинг од чоколадо

* 250гр путер

* млеко колку што е потребно за пудингот + уште 1-2дцл за потопување на плазмата

* шеќер колку што пишува на паковката од пудингот

* 1 пакетче ванила

* 2 поголеми или 3 помали банани

* 2 пакетчиња шлаг

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Путерот извадете го од фрижидер да омекне. Сварете ги пудинзите според упатството од паковката. Осатавете ги да се изладат и од време на време промешувајте ги, да не се создаде кора на површината. Откако ќе се изладат, во секој додадете по 125гр омекнат путер. Треба добро да изматите две креми. Во 2дцл мелко ставете едно пакетче ванила да се стопи. Во тоа млеко топете ги плазмите, но да не бидат премногу меки, па редете ги 4×4 плазми. Нјапрово премачкајте ги со чоколадниот крем, па повторно плазма (3×4). Следен е кремот од ванила, бананите, кремот од ванила и плазма (2×4). Потоа кремот од чоколадо, бананите, кремот од чоколадо и плазма (1×4). Премачкајте ја целата торта со останатиот дел од кремот. Ставете го во фрижидер за да се стегне. По два часа изматете го шлагот и премачкајте ја тортата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 23:01
Монте торта

За совршен десерт не ви се потребни часови поминати во кујната, доволни ви се само неколку состојки и шолја кафе со која ќе биде послужено парчето торта.

Погледнете што се е потребно и како се прави овој рецепт за кој не е потребно да инвестирате премногу труд.

Состојки:

• бисквити
• рум
• малку млеко

Бел крем:
• 1 литар млеко
• 100 гр. пченкарно брашно
• 100 гр. шеќер 
• 1 ванилин шеќер 
• 125 гр. путер

Кафеав крем:
• 500 мл. слатка хопла
• 200 гр. чоколда за готвење


Подготовка:

Најпрво на дното на сад за печење ставете ги бисквитите, потоа премачкајте ги со малку млеко и рум.

Почнете со подготовка на белиот крем. Загрејте го млекото и додадете малку рум во него. Во друг сад измешајте го шеќерот и брашното со малку млеко со цел да добиете мазна смеса, а кога млекото ќе почне да врие, згответе ја смесата и мешајте две минути. Додека смесата е топла додадете го путерот и прелијте ја смесата преку бисквитите.

Додека белиот крем се лади, започнете со подготовка на чоколадниот крем. За овој крем на тивок оган ставете ја хоплата и додадете ја исечканата чоколада за готвење. Кремот ќе биде готов кога чоколадата ќе се стопи целосно. На крај прелијте го овој крем, над белиот, почекајте да се олади и готово!

Уживајте!


Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2014 во 14:09

БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ЧОКОЛАДНИ ПРАЛИНИ СО КЕКСИ

8

Состојки:

  • 250 грама крем сирење (намаз)
  • 500 грама кекси полнети со чоколади (Oreo, Moto…)
  • 250 грама темно чоколадо

Подготовка:

1. Здробете ги кексите во трошки. Најлесен начин да го направите ова е да ги сомелете или пак да ги ставите во вреќичка и да ги поминете со валјак за тесто. Издвојте мал дел со кој ќе ги посипете на крај пралинето.

2. Здробените кекси ставете ги во сад и додадете го кремот од сирење и добро измешајте додека не добиете густа поврзана маса, а со рацете обликувајте бомбици со дијаметар околу 3 сантиметри.

3. Стопете го чоколадото на пареа и една по една бомбица ставете ја во него и потоа ставете ја во чинија. Додека чоколадото сè уште е топло, над бомбиците истурете го остатокот од здробените кекси и ставете ги во фрижидер да отстојат барем еден час.

Совет:

Доколку сакате бомбиците да ги посипете еднакво со чоколадо, тогаш ставете ги во сад и со две лажици внимателно вртете ги додека во целост не ги прелиете со чоколадото.

Истото можете да го направите со тоа што бомбиците ќе ги забодете на виљушка и внимателно потоа ја ставите во чоколадото.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2014 во 16:16

БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ЛЕЊА ПИТА СО ЈАБОЛКО

11

Рецептот се подготвува без печење!

Состав:

  • 1 килограм јаболки
  • 6 децилитри вода
  • 150 грама шеќер
  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 1 кесичка цимет
  • 2 кутии бисквити „Petit Beurre“
  • 250 милилитри слатка павлака

Подготовка

Измијте ги, излупете ги и изрендајте јаболките. Без да се цедат ставете ги да се варат во водата во која претходно сте го додале шеќерот.

Варете 5 до 10 минути.

Разматете ги двете кесички пудинг со 12 лажици ладна вода.

Кога јаболките ќе омекнат, додајте им го изматениот пудинг и малку цимет, па се заедно повторно варете и мешајте без престан се додека смесата не згусне и се соедини.

Во сад за печење наредете ред бисквити па ред фил од јаболки. Па повторно ред бисквити и ред фил.

На крај завршете со последен ред од бисквити.

Оставете да се олади колачот и премачкајте го со шлаг од изматената слатка павлака и украсете со рендано чоколадо.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2014 во 13:45

БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ТОРТА СО ПЛАЗМА И ЈАГОДИ

18

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

*600гр мелена плазма

*250гр маргарин

*200гр шеќер во прав

*2дл сок од портокал или лимон

Фил 1:

*јагоди по желба

*250гр маргарин

*2 чаши кисела павлака

*200мл слатка павлака

*12 лажици шеќер во прав

*рендана кора од лимон

Фил 2:

*200мл слатка павлака

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во сад ставете ја плазмата, маргаринот и шеќерот. Со раце направете смеса, па малку по малку додавајте сок од портокал и месете се додека не добиете изедначена, мазна смеса. Во плех или калап за торта формирајте кора.

Маргаринот изматете го со шеќерот, па додадете кисела павлака, кора од еден лимон и изматена слатка павлака.

На подготвената кора ставете половина бел фил, одозгора наредете јагоди, па повторно прекријте ги со бел фил.

Изматете ја слатката павлака и нанесете ја врз кората. По желба изрендајте чоколадо или додадете сируп од чоколадо.

Оставете ја во фрижидер да се стегне и излади неколку часа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2014 во 22:17

ЛЕТНА БАЈАДЕРА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ

19

Состојки

1л. млеко
200гр. шеќер
250гр. маргарин
150гр. гриз
1/2 лажица какао во прав
1 кесичка ванилин шеќер
сок од 1/2 лимета
300гр. бисквити

Ставете го млекото заедно со шеќерот да се вари во едно тенџере. Откако убаво ќе се загрее, додадете го маргаринот и мешајте повремено додека се растопи и млекото да зоврие. Тргнете кратко на страна, додадете го гризот и вратете повторно да се вари на умерена температура. Мешајте цело време додека се свари гризот и додека да добиете густа каша.
Смесата поделете ја на два еднакви дела. Во едниот дел ставете го какаото и убаво промешајте. Во другиот дел ставете го сокот од лиметата и ванилиниот шеќер и промешајте.
Во правоаголна тава со димензии 30*20 ставете еден ред бисквити. Врз нив нанесете го топлиот какао фил. Повторно наредете еден ред бисквити, па нанесете го светлиот фил. Врз него ставете уште еден ред бисквити и тоа е се.
Оставете на собна температура да се подизлади, па потоа ставете го во фрижидер убаво да се излади и стегне.
Послужете се овошје по желба или со слатка павлака.



Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2014 во 21:17

БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ДОМАШЕН СНИКЕРС

Без печење: Домашен Сникерс

Состојки:

Прв слој

  • 4 лажици агаве сируп (алтернатва – мед или друг засладувач)
  • 4 лажици растопен путер
  • 2 полни лажици путер од кикирики
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2,5 шолји шеќер во прав
  • 400 гр чоколадо

Втор слој

  • 2 шолји карамел
  • 4 лажици пржени кикирики
  • 350 гр темно чоколадо

Подготовка:

Во еден сад помешајте половина од сирупот, растопениот путер, путерот од кикирики и екстрактот од ванила и со миксер мешајте на најмалата брзина додека сите состојки не се поврзат.

Полека додадете го шеќерот и продолжете да мешате додека не добиете изедначена, густа и леплива маса. Доколку таа е премногу тврда, додадете уште малку растопен путер, а доколку е ретка, додадете уште малку шеќер.

Со раце втиснете ја смесата во калап или сад за печење и ставете ја во фрижидер додека не ја подготвите смесата за вториот слој.

Во тенџерче, на средно силен оган растопете го карамелот и остатокот од сирупот, додадете ги кикириките и измешајте сè убаво, па тргнете го тенџерчето од оган.

Извадете го калапот од фрижидерот, прелијте го чоколадниот слој врз првиот и вратете го во фрижидер.

Кога смесата ќе се стврдне, извадете ја од калапот и исечете ја во лентички со средна дебелина.

На умерен оган растопете го чоколадото и во него потопете ги лентите една по една.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2014 во 21:16

КАКАО ШТАНГЛИ


Потребни состјки

250 гр. маргарин
200 гр. шеќер во прав
80 гр. какао
250 гр. плазма бисквити
1 јајце
2 лажици рум

Подготовка:

Со миксер се матат маргаринот и шеќерот. Додадете јајце, рум и какао и продолжете со матење додека смесата не се соедини. Исклучете го миксерот па во кремот ставете ги издробените бисквити, измешајте и истурете во два долгнавести калапи од фолија. Ставете ги во фрижидер и кога ќе се стегнат, пред послужување, извадете ги од калапите и исечете ги на штангли.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,436 секунди.