IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Трансфери и трансфер - шпекулации
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Трансфери и трансфер - шпекулации

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
Автор
Порака
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 13:46
Најголеми трансфери на сите времиња
 
Навистина не се штедат пари на засилувања! Погледнете колку се подготвени да платат клубовите за да добијат квалитетен фудбалер.

Во понеделникот навечер се пишуваше историјата за преминувањето на Andy Carroll од Newcastle во Liverpool за рекордна сума од 35 милиони фунти (41 милион евра).

Но само еден час подоцна рекордот го сруши преминувањето на Fernando Torres од Liverpool во Chelsea, трансфер тежок 50 милиони фунти (58 милиони евра), што е и најголем трансфер внатре во Премиер лигата.
 
Претходно рекордот го држеше Robinho кој премина во Manchester City, летото во 2008 година за 32.5 милиони фунти.

Кога се во прашање зимските трансфери оваа година водат премиерлигашките засилувања: Torres е убедливо прв, Carroll втор, Џеко трет, а Suarez четврт.

Топ 10 фудбалски трансфери на сите времиња (цените се во фунти):

1. Cristiano Ronaldo, Manchester United – Real Madrid, 80 милиони, лето 2009

2. Златан Ибрахимовиќ, Inter – Barcelona, 56.5 милиони, лето 2009

3. Kaka, Milan – Real Madrid, 56 милиони, лето 2009

4. Fernando Torres, Liverpool – Chelsea, 50 милиони, зима 2011

5. Zinedine Zidane, Juventus – Real Madrid, 45 милиони, лето 2001

6. Luis Figo, Barcelona – Real Madrid, 37 милиони, лето 2000

7. Hernan Crespo, Parma – Lazio, 35.5 милиони, лето 2000

8. Andy Carroll, Newcastle – Liverpool, 35 милиони, зима 2011

9. David Villa, Valencia – Barcelona, 34.2 милиони, лето 2010

10. Gianluigi Buffon, Parma – Juventus, 32.6 милиони, лето 2001.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2012 во 06:21
Ја отварам оваа тема за сите фудбалски шпекулации бидејки понекогаш повеќе се шпекулира покрај фудбалерите одколку нешто да биде вистина . 

------------------------------------------------------------------------------- 

„ЖОЗЕ МУРИЊО ВО АРСЕНАЛ, АРСЕН ВЕНГЕР ВО РЕАЛ МАДРИД“







Со тие зборови го започнува својот текст Хауард, новинар во англискиот весник „The Sun“, алудирајќи на фактот дека и покрај седумте бодови предност пред Барселона, најавува заминување на тренерот Мурињо на крајот на сезоната и враќање на островот, додека Венгер се сели од клупата на „топџиите“ поради слабите резултати.


Иако Арсенал во неделата со пресврт по заостанувањето од 0:2 против Астон Вила стигна до победа од 3:2 во 4-тото коло од ФА Купот, тоа значајно не ја промени ситуацијата на менаџерот на „топџиите“ кој последниот трофеј го освои во 2005 година (ФА Купот).


Во Мурињо Арсенал би добил тренер кој ќе донесе наслови, а доколку оваа сезона ја освои и Премиера ќе биде и првиот тренер кој ги освоил првенствата во Англија, Италија и Шпанија.


Во Реал дел од навивачите се незадоволни со Мурињовата тактика и неможноста да ја победи Барселона и покрај бодовната предност на табелата, а не е тајна дека желба на португалецот е враќање во Премиер лигата. Доколку замине Мурињо од Реал, не би имало поидеална замена од Венгер кој веќе од порано во два наврати ја одби поканата од „кралскиот клуб“.


Но има едно прашање, наведува Хауард, дали конзервативната Арсеналова хиерархија е доволно храбра да го вработи Мурињо, конзервативен тренер кој по доаѓањето ќе бара гаранции од клубот да му обезбедат пари за засилувања.


Но не е Арсенал единствениот клуб во кој би можел Мурињо да „слета“ доколку го напушти Мадрид. Тука е и Манчестер Сити кој сигурно ќе го замени Роберто Манчини доколку поропушти да ја освои титулата во Премиер лигата, како и Тотенхем доколку Хари Реднап го наследи Фабио Капело на клупата на англиската репрезентација.


 „Сигурно постојат играчи на Вајт Харт Лејн како Герет Бејл, Лука Модриќ, кои Мурињо би сакал да ги тренира“.


Иако долго време Мурињо се споменува како потенцијален наследник на Алекс Фергусон на Олд Трафорд, Алекс Феругусон ја затвори вратата со најава дека ќе остане уште неколку години, па така Мурињо најголема шанса има да замине во Арсенал.


 „Со неговото доаѓање на „Емирати“ една работа би можела да им биде загарантирата на „топџиите“, веќе никој не би можел да им парира во одбраната“, заклучи Хауард.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2012 во 07:23

АНЧЕЛОТИ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ПАТО







Тренерот на француски Пари Сен Жермен открива дека на лето повторно ќе проба на Паркот на Принцовите да го доведе бразилецот Пато.


Се говореше многу за преоѓањето на пато во Франција, трансферот беше договорен, но самиот играч на крајот одлучи да остане во Милан.


„Негов приоритет беше Милан. Кога преговаравме неговите барања беа исклучително високи, така да на крајот не дојде до договор“, открива Анчелоти.


Италијанскиот стратег истакнува дека нема да се откаже од доведувањето на бразилецот и навестува дека во јуни повторно ќе проба да го доведе на Паркот на Принцовите.


„Пари Сен Жермен во своите планови за иднината има доведување на еден напаѓач, а бразилецот Пато е фантастичен напаѓач“, рече Анчелоти.


Последното засилување на француската екипа беше Тијаго Мота чие доаѓање, по зборовите на Анчелоти, беше од големо значење за екипата која претставува одличен спој на квалитет и искуство

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2012 во 07:20

КАПЕЛО ВО ЧЕЛЗИ?







Поранешниот селектор на Англија Фабио Капело (65) од синоќа е кандидат за клупата на Челзи.


„The Sun“ се повикува на извор близок на клубот од Стемфорд Бриџ кој изјавил дека Капело би можел да го замени Андре Виљаш-Боаш и да стане осмиот тренер во последните осум години.


Оваа недела сопственикот на Челзи, Роман Абрамович бил редовен гостин на тренинзите и често се впуштал во расправии со младиот португалски стратег. Моменталната ситуација во англиското првенство во кое Челзи се бори за место помеѓу првите четири, наместо за титулата, воопшто не му се допаѓа на рускиот тајкун.


На тоа може да се додаде и конфликтот кој Виљаш-Боаш го има со неколку од ѕвездите на клубот како што се Френк Лампард и Флорент Малуда, а неговата тактика која досега не вроди плод, натера и некои од навивачите да му свртат грб.


Абрамович го избрка од клупата Луиз Фелипе Сколари токму во февруари 2009-та година, а по големиот пропуст на дербито со Манчестер Јунајтед, кога прокоцка предност од 3:0, опасно се тресе и тренерската столица и на Андре Виљаш-Боаш

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2012 во 06:18

Како што пренесуваат европските медиуми довчерашниот селектор на Англија веќе се наоѓа во Русија каде води преговори околу преземање на Анжи од Махaчкала.

Fabio-Capello- 

Само неколку дена по оставката на местото селектор на Англија и најавите дека ќе направи пауза и нема да седне на кормилото на ниту еден тим, гласините од Русија го демантираат тоа.

Италијанецот нaводно веќе се наоѓа во Москва каде пристигнал рано утрово на преговори со челниците на Анжи кои бараат замена за тренерот Красножан.

- Ќе дојде до промена во стручниот штаб на нашиот тим. Постојат сериозни причини за промена на клупата, изјави заменик-претседателот на клубот, Герман Чистјаков.

По богатите вложувања на стартот од сезоната, Анжи се наоѓа на разочарувачкото седмо место на табелата во руската лига со 52 бодови од 32 кола, а клубот се надева дека тоа ќе се промени со евентуалното доаѓање на Фабио Капело.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2012 во 10:08

БАРСЕЛОНА ГИ ОТКРИ МОЖНИТЕ НАСЛЕДНИЦИ НА ГВАРДИОЛА







Легендата на Барселона и еден од најблиските соработници на претседателот Сандро Росел, Карлос Рексач, откри за шпанската Марка кој би можел да го наследи тренерот Гвардиола.


Како што наближува денот кога Гвардиола ќе мора да реши дали и понатаму ќе биде тренер на каталонскиот гигант или ќе го напушти клубот, така се повеќе се говори за неговите евентуални замени. Легендарниот играч, тренер и еден од највлијателните луѓе кај актуелниот претседател на Барселона, Карлос Рексач, откри дека размислуваат за три имиња.


“Замената на Гвардиола мора да биде некој кој го познава клубот и работата во него. Кога и ако Пеп оди, верувам дека шанса да ја тренира Барселона ќе добие Роналд Куман, Михаел Лаудруп или Ернесто Валверде“, рече за Марка Рексач

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2012 во 17:02

Хулк доаѓа во Челзи?


Хулк доаѓа во Челзи?Според пишувањето на англиските медиуми раководството на Челзи наскоро и официјално ќе испрати понуда до Порто за комплетирање на трансферот на напаѓачот, Хулк. Неофицијално се дознава дека Роман Абрамович за ангажирање на 25-годишниот фудбалер е подготвен да плати сума од 35 милиони евра.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2012 во 18:32
Мурињо и Гвардиола кандидати за селектор на Англија

 
Лондонски Гардијан пишува, дека челниците на Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА), по ненадејната оставка на селекторот Фабио Капело, се скептици, околу евентуалниот ангажман на Хари Реднап.
 
 
Како што пишува весникот, токму поради тоа од ФА во изборот за нов селектор на „Гордиот Албион“ се решиле да вклучат и други тренери.

Според истиот извор, Реднап, побарал премногу висока плата, иако не преставува големо тренерско има не меѓународен план. Поради тоа од ФА стапиле во контакт со Жозе Мурињо, за кого весникот тврди дека веќе во Лондон бара куќа за себе и своето семејството.

Гардијан тврди дека покрај Мурињо, како сериозна опција за нов селектор на Англија се наметнува и Пеп Гвардиола, кој сеуште го нема продолжено договорот со Барселона.

Како евентуално помошно решение се споменува Стјуарт Пирс, првиот асистент на Капело и селектор на младата репрезентација на Англија. Пирс, како в.д. селектор, во средата, во пријателски меч загуби од Холандија со 2:3.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2012 во 09:35

Луис Суарез прв на листата на желби на ПСЖ


Контроверзниот уругвајски репрезентативен напаѓач Луис Суарез е прв на листата на желби на Пари Сен Жермен и богатите катарски сопственици, кои имаат за цел „светците“ да ги направат на исто рамниште со Манчестер сити, кој слично е воден од арапски инвеститори.

Според најавите од Англија, ПСЖ има 85 милиони фунти на располагање за летни засилувања со кои треба да се надгради тимот, кој речиси сигурно ќе игра во Лигата на шампионите, а сезонава се бори за титулата во француската Лига 1.

„Ние веќе сме насочени кон пазарот за следната сезона. Имаме јасни цели, тоа се Луис Суарез и Гонзало Игуаин. Инаку краткорочните цели се освојување на Лигата на шампионите и пронаоѓање на новиот Лионел Меси“, рекол Насер Ал-Келаифи.

ПСЖ летоска потроши 40 милиони фунти за да го доведе одличниот Хавиер Пасторе, сестран фудбалер од средниот ред, од Палермо, но неуспеа зимава да ангажира ѕвезди како Дејвид Бекам, Карлос Тевез и Алесандре Пато. Инаку Ал-Келаифи најавил дека тренерот Карло Анчелоти во следните пет-шест години ќе добие по сто милиони евра за да изгради „галактички тим“ во Париз.

„Нашата потрошувачка ќе биде нормална за врвен тим. Ние планираме да инвестираме многи и веднаш. Во првите пет-шест месеци инвестициите ќе бидат такви, потоа ќе бидат помали“, вели Ал-Келаифи.

Тоа значи дека околу 700 милиони евра има ПСЖ на располагање за трансфери, за францускиот тим да го надополни елитното мултимилионско друштво во ЛШ



Изменето од емил - 07.Март.2012 во 09:35
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2012 во 07:23

ДЕЛ ПИЕРО ВО НАПОЛИ!?







Како што пишуваат италијанските медиуми, легендата на Јувентус во летниот преоден рок сигурно заминува од Торино.


Алесандро дел Пиеро по завршувањето на сезоната сигурно го напушта Јувентус, пишуваат италијанските медиуми. Ова не е тајна и веќе извесен период се шпекулира околу иднината на „Пинтуричио“.

Самиот Дел Пиеро се уште не одлучил дали ќе стави крај на својата богата кариера, или ќе ги израдува љубителите на фудбалот и ќе заигра за некој друг клуб.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, претседателот на Наполи, Де Лаурентис широко ја отвори вратата за напаѓачот на Јувентус, а самиот играч сериозно размислува за оваа варијанта.

За неговите услуги се заинтересирани многу клубови од Азија, Соединетите Американски Држави, но и францускиот Пари Сен Жермен.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2012 во 16:52





Екипата на Милан цврсто е решена во своите редови за новата сезона да го донесе босанскиот напаѓач Един Џеко.

 

Откако ова лето останаа без Златан Ибрахимовиќ „росонерите“ го посакуваат ангажманот на Џеко, па според пишувањата на италијанските медиуми, деновиве ќе следат и финалните преговори на раководството на Милан со тимот на Манчестер Сити.

 

Олеснителна околност за „миланезите“ да ги добијат услугите на Босанецот е и фактот дека тој немаше соодветна минутажа меѓу „граѓаните“ претходната сезона, па иако Манчини истакна дека го сака неговото останување во клубот сепак Џеко е подготвен да замине.

 

„Јас сакам да играм а не да ја греам клупата. Милан би била одлична средина за мене“ – изјави Џеко.

Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2013 во 18:01
Сити спрема " безобразна " понуда за Ноер

После лошиот старт на сезоната, Џо Харт го изгуби своето местово меѓу првите 11 во Манченстер Сити. 

Сега на големо се шпекулира за негова замена, а последното име кое се поврзува со голманската позиција во Манчестер Сити е голманот на актуелниот шампион на Германија и Европа, Мануел Ноер.

Ноер сеуште не потпишал нов договор со Баерн што го охрабрува Сити да испрати висока понуда за германскиот чувар на мрежата.

Како што тврдат англиските медиуми, Пелегрини ќе понуди 40 милиони фунти, што би било светски рекорд кога во прашање е трансфер на еден голман, во моментов рекордот го држи Буфон со 32 милиони фунти.

Сити исто така би го направил Ноер најплатен голман на светот со фантастични 110 илјади фунти неделно!

Навистина примамлива понуда, но ќе видиме дали Баерн е спремен да се откаже од услугите на еден од најдобрите светски голмани во моментов. 

Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2013 во 18:38
Касиљас во Премиер Лигата, Куртоа се враќа во Челзи,
Чех во Реал

Според англиските медиуми постои план според кој Икер Касиљас веќе во јануари да премине во некој од тимовите од Премиер лигата, додека голманот на Челси, Петр Чех ќе стане нов член на Реал Мадрид во лето. Замена за чешкиот репрезентативец во лондонската екипа ќе биде Тибо Куртоа.

Ваков сплет на случувања се појави во англиските медиуми, а по се изгледа дека никој не би имал ништо против за да се реализира ова.

Заминувањето на легендата на Реал, Касиљас е сосема извесно бидејќи и понатаму е во сенка на Диего Лопез.

Одличниот голман на Атлетико Мадрид, Куртоа ќе биде отповикан од страна на Роман Абрамовиќ бидејќи е на позајмица до крајот на сезоната во тимот на Диего Симеоне.

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2013 во 11:45
Според информациите од „SKY“ иднината на Максимилијано Алегри е во Франција. Наводно ПСЖ и Монако биле заинтересиранди да го ангажираат тренерот на Милан во јуни кога истекува договорот на Алегри. Се шпекулира дека тимот што НЕМА да ја освои титулата во францускиот шампионат ќе го ангажира... замисленост

Галијани од друга страна тврди дека Алегри ќе остане на клупата на Милан, а што мисли новиот потпретседател на Милан - Барбара Берлускони тоа никој не знае (веројатно и таа самата) со оглед на тоа дека последната шпекулација за тренерското место во Милан е дека тоа е веќе резервирано со пред - договор за Кларенс Сидорф....збунетост
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.