IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - Европско првенство во ракомет Србија 2012
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Европско првенство во ракомет Србија 2012

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 10>
Автор
Порака
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Европско првенство во ракомет Србија 2012
    Испратена: 05.Јануари.2012 во 23:51
                                                             



По долги 14 години машката ракометна репрезентација повторно на Европско првенство. Се чини никогаш појаки а богами и јавноста никогаш позагреана за успех. После четвртото место на кошаркарите во Литванија сите посакуваме уште еден успех на наша репрезентација. Првенството трае од 15 - 29 Јануари и ќе се игра во четири града Ниш, Вршац, Нови Сад и Белград.

Еве ги и групите

Група A ( Белград)
Полска
Данска
Србија
Словачка

Група B (Ниш)
Германија
Шведска
Чешка
Македонија

Група C (Нови Сад)
Франција
Унгарија
Шпанија
Русија

Група D (Вршац)
Хрватска
Норвешка
Исланд
Словенија



Натпреварите на нашата репрезентација во првата фаза

15.01.2012 (недела)19.30 ШВЕДСКА – МАКЕДОНИЈА

17.01.2012 (вторник) 18.15 МАКЕДОНИЈА – ГЕРМАНИЈА

19.01.2012 (четврток) 20.15 ЧЕШКА - МАКЕДОНИЈА






Изменето од gonzo - 05.Јануари.2012 во 23:52
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2012 во 10:46
Прогнозирам скор 0-3 ... голема насмевка и враќање дома после првото коло. плазење
 
Евентуално може Чешка да се добие ако се направи атмосфера како на домашен терен... ама ракометарите го немаат Бошко Мекелебовски. тага
 
Требаше барем Лино Червар да го земевме за селектор.


Изменето од LiDivio - 06.Јануари.2012 во 10:51
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2012 во 18:44
Jas prognoziram obratno, Lee - 3:0 i najava za medal.

So Lazarov, Mojsoski i kompanija ne ni treba rakometarski Bosko.

A sekoja cest za Cervar.
Incredible Blue
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2012 во 19:56
јас викам прв круг ќе поминат...понатаму...
ќе чекам да почне па ќе кажам
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2012 во 08:29

МОЈСОСКИ: ПУБЛИКАТА НАШ ОСМИ ИГРАЧ





Најдобриот македонски стрелец во Лигата на шампионите Наумче Мојсоски со интервју за Спорт Арена.




Пред се како течат подготовките за европското првенство, и каква е атмосферата внатре во репрезентацијата ?


Подготовките на македонската репрезентација започнаа одлично со самото собирање во Скопје и продолжување на тренинзите на Златибор. Повеќе внимание посветивме на физичката подготовка, а помалку работевме во технички и тактички аспект. Се подготвивме максимално и мислам дека нема да имаме проблем со издржливоста.

Атмосферата во репрезентацијата е многу добра и позитивна изминативе 2-3 години, тоа е она што ни дава мотив и што не држи заедно, впрочем така се гради и позитивната атмосфера во соблекувалната.




Какви се очекувањата од првата етапа на натпреварувањето?


Очекувањата од првата етапа на натпреварувањето по групи се реални, секоја репрезентација се надева на својот максимум, па така и ние се надеваме да однесеме и некој бод во втората рунда од натпреварувањето. Најважен натпревар за нас е натпреварот со Шведска, кој ако успееме да го добиеме веќе сме во вториот круг и не е лошо да однесеме понекој бод од следните два натпревари во следната фаза од натпреварувањето. Имено со подобро бодовно салдо се надеваме на поголем успех и пласман во полуфиналето.


До каде е реалниот дострел на Македонската репрезентација на ова Европско првенство ?


Реалниот дострел на нашата репрезентација неможам точно да дефинирам до каде е, но и самиот пласман на една завршница на европско или светско првенство е еден своевиден успех и мислам дека реалните шанси ни се од 4-тото па се до 7-то или 8-мото место. Секако наш осми играч е и нашата верна публика која ја очекуваме во огромен број на трибините во Ниш, па зошто да не и во Белград.




Знаеме дека Металург каде што настапувате има најдобра одбрана во Лигата на шампионите, ќе примените ли нешто од таа тактика и во репрезентацијата ?


Да, со Металург имаме најдобра одбрана во Лигата на Шампионите и секако дека ќе примениме тактика со црвста и стабилна одбрана, имено во репрезентацијата во одбраната има најголем број ракометари од Металург.

Нашата тактика е да одиграме квалитетна одбрана а противникот да постигне што помалку голови, во некоја граница од 20 до 25 голови. Знаеме дека Шведска и Германија играат брз ракомет, имаат брзи крила, брз центар  и се навикнати на таков стил на игра така да мислам дека нашата тактика не им одговара на другите репрезентации и тука ја гледаме шансата за успех.

Одиме на сигурен напад со што повеќе голови и малку изгубени топки.


Кој според вас се фаворити за освојување на медал ?


Мој фаворит за медал е Франција, која ќе направи се да го освои ова Европско првенство бидејќи оваа генерација што настапува мислам дека е на залез на кариерата и ќе направат се да стигнат до врвот, а со тоа и да обезбедат пласман на Олимпијадата. Исто така Шпанската репрезентација се враќа на старите патеки. Од балканските екипи секако не смееме да ја изоставиме добрата репрезентација на Хрватска како голем фаворит.




Имате ли желба за настап во некоја европска екипа и која ?


Желба за настап во некоја европска екипа нормално постои, секој би сакал да настапува во екипи како Барселона, Кил, Хамбург, Атлетико Мадрид, секако тука се и одличните Балкански екипи како Загреб, Целје, Нексе, но морам да напоменам дека и Македонија веќе гради успешни ракоменти екипи кои се, се повеќе, рамо до рамо со европските, па многу странски играчи веќе доаѓаат и во Македонија да играат и заработуваат во одличните екипи на Металург и Вардар. Мислам дека ракометот и кошарката се моментално најпопуларни спортови во Македонија и мора да се продолжи со негување, инвестирање и ангажирање во изградбата на младите спортисти за таа традиција да продолжи.


Што најмногу може да ве изнервира кај тебе лично или кај соиграчите?


Кај мене лично, знае да ме изнервира неуспешна акција, кога ќе се загуби сигурна топка , а екипно најмногу знае да ме изнервира кога ќе ни падне концентрацијата и колегите од тимот или репрезентацијата прават несмасни грешки. Но сепак тоа е спорт, такви грешки се случуваат и мораме да размислуваме позитивно во секој случај.


Каде би сакале да ја завршите кариерата, и во кој клуб?


Кариерата сакам да ја завршам во Македонија, но имам желба барем една година да настапувам во Партизан и да го облечам нивниот дрес. Иако моментално Партизан нема екипа за врвни дострели, сепак би сакал да настапувам таму барем на еден натпревар.


До каде е идејата за отварање на кафуле во Скопје?


Да, би сакал да отворам кафуле во Скопје.  Имам искуство во тоа бидејќи поседував кафуле во Струга, но со заминувањето во Шпанија морав да го напуштам тој бизнис. Сепак тие обврски се преголеми сега за сега. Ќе размислувам на таа тема при крај на кариерата, кога ќе имам повеќе време и за други дејности надвор од ракометот.




Порака од Наумче Мојсоски до читателите на Спорт Арена?


Спорт Арена е портал кој почна со работа од неодамна, го пратам од почетокот и можам да кажам дека е сајт со брзи, навремени и објективни информации и сајт кој брзо ќе стигне во врвот на Македонското спортско информирање. Мојата порака до читателите е да го читаат сајтот ако сакаат да бидат во тек со спортските настани во државата и надвор од неа. Исто така би им порачал да спортуваат и своето слободно време што го имаат да го искористат за рекреација со оној спорт што најмногу го сакаат.

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2012 во 14:36
Originally posted by Marko Polo 1 Marko Polo 1 напиша:

Jas prognoziram obratno, Lee - 3:0 i najava za medal.
 
Види Марко, и јас сум човек кој сака хумор, ама ова е премногу и за мене... изненадувањеголема насмевка
Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2012 во 15:22
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Originally posted by Marko Polo 1 Marko Polo 1 напиша:

Jas prognoziram obratno, Lee - 3:0 i najava za medal.

 

Види Марко, и јас сум човек кој сака хумор, ама ова е премногу и за мене... изненадувањеголема насмевка




И јас мислам така. Германија, Шведска?!? Види се дешава еднаш Грција, се дешава еднаш Литванија. Овде е друга приказна... Иако дај Боже да се деси чудо!
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2012 во 15:59
Proadjanje vo slednata faza e minimumot...Se ponatamu e uspeh...мир
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2012 во 17:20
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Originally posted by Marko Polo 1 Marko Polo 1 напиша:

Jas prognoziram obratno, Lee - 3:0 i najava za medal.

 

Види Марко, и јас сум човек кој сака хумор, ама ова е премногу и за мене... изненадувањеголема насмевка


Abe sea...

Ideme da navivame ili seir da fakjame?

NAPRED MAKEDONIJAAAAAA!

i gonzo... daj smeni avatarot, zal mi e za macorov vekje

Изменето од Marko Polo 1 - 07.Јануари.2012 во 17:21
Incredible Blue
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2012 во 13:16

Според обложувалниците, Македонија најголем аутсајдер пред ЕП 2012 во Србија


Македонската ракометна репрезентација, заедно со Словачка, важи за најголем аутсајдер на претстојното Европско првенство во Србија, според обложувалниците ширум Европа. На овие две селекциии им се даваат најмали шанси за освојување на европскиот ракометен самит, а главен фаворит е репрезентацијата на Франција, по што следуваат Данска, Шпанија и Хрватска.

 Обложувалницата „Expekt“ веќе долго време го држи приматот кога е во прашање обложувањето на ракометните натпревари, па затоа и коефициентите што ги одреди се сметаат за највалидни. Според „Expekt“, прв фаворит за освојување на златниот медал на ЕП во Србија е репрезентацијата на Франција, со коефициент 2.50. Тоа значи дека за облог од едно евро на „триколорите“ ќе добиете 2,5 евра, доколку Франција биде европски ракометен шампион. Потоа следуваат Данска (коефициент 5.00), Шпанија (6.00) и Хрватска (6,75), а петти фаворит на шампионатот, според обложувалницата „Expekt“ е домашната репрезентација на Србија.

 Доколку се обложите со едно евро дека Македонија ќе стане европски шампион во ракомет, тогаш Кире Лазаров и останатите македонски репрезентативци би можеле да ви донесат фантастична добивка од 500 евра, доколку се искачат на европскиот трон. Македонија, заедно со Словачка, важи за најголем аутсајдер на ова првенство. Обложувалниците не веруваат дека „црвено-жолтите“ ракометари би можеле да направат сензација на претстојното Европско првенство во Србија. Можеби и не се доволно добро информирани дека огромен број на македонски фанови ќе отпатуваат во Ниш и ќе им дадат максимална поддршка на нашите најдобри ракометари.

Што се однесува до групата Б во Ниш во која ќе настапи Македонија, најголеми шанси според обложувалниците има Германија. За триумф на Германците на шампионатот, коефициентот е 20.00. Потоа следуваат Швеѓаните (25.00), а пред нас е и селекцијата на Чешка со коефициент (125.00).    

Што се вика...Они на нас...Е сега кога ќе се налутиме...бре бре бре...изненадување

 European Championship 2012 - Serbia 

Winner (no refund) 

France2.50Denmark5.00Spain6.00Croatia6.75Serbia10.00Poland12.00Germany20.00Iceland20.00Sweden25.00Russia65.00Slovenia100.00Norway100.00Czech Republic125.00Hungary150.00Slovakia500.00Macedonia500.00
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2012 во 08:57

ЛАЗАРОВ МЕЃУ ЅВЕЗДИТЕ НА ЕП






Новинарите на интернет страницата специјализирана за ракометниот спорт, „Хандбалл-Планет.цом“, објавија листа на десетте најголеми ѕвезди на претстојното Европско првенство, чии домаќин ќе биде Србија.




Место во Топ 10 на европскиот ракомет има и за капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров.


Инаку, на листата доминираат играчите кои играат на бековските позиции, само Германецот Уве Геншхајмер е крилен ракометар. Покрај Македонија и


Германија и останатите две селекции кои ќе се натпреваруваат во Б групата имаат свои репрезенти: Ким Андерсон е првата ѕвезда на Шведска, а Филип Јиха ја предводи Чешка. 

Разбирливо, место во Топ 10 има и за двајцата, според многумина најдобри светски ракометари во последните неколку години, Никола Карабатиќ од Франција и Ивано Балиќ од Хрватска.


Покрај овие шестмина место во Топ 10 има и за Србинот Момир Илиќ, Кшиштов Лијевски од Полска, Данецот Микела Хансен и Александер Петерсон од Исланд.


ЕП во ракомет ќе започне на 15. јануари, Македонија на стартот ќе игра против Шведска.


Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2012 во 15:25
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2012 во 15:42
Кои од форумов ќе одите да навивате за Македонија ? Ајде Ниш ви е близу....
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2012 во 16:30
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.