IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Италијанска кујна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италијанска кујна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 12>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2016 во 09:07

Dave’s Kitchen: Лазањи по вкусен домашен рецепт


Лазањите секогаш се добра идеја за ручек, но ќе станат уште поубави и повкусни, ако корите од кои што ги правите се домашно направени.

Потребни состојки:

За корите:

  • 300 гр брашно
  • 3 јајца
  • Прстофат сол

За филот:

  • 500 гр. мелено месо
  • 500 гр. доматен сос
  • 1 средна главица ситно исечкан кромид
  • Оригано
  • Сол и црн бибер
  • Маслиново масло

Начин на подготовка:

Во длабок сад направете ги корите за лазањата. Ставете го брашното, солта и јајцата и месете додека не добиете тесто. Иако на почеток ова ќе ви изгледа како тешка задача, продолжете да месите додека не добиете хомогена целина. 

Оставете го тестото да одмори околу 20-тина минути на собна температура. Кога повторно ќе го размесите ќе биде помеко и подобро за работа. Расукајте тенка кора од него или пуштете го низ машинка за правење тестенини.

Исечете ги корите во формата на тавчето во кое ќе ја подготвувате лазањата. 

Во тава на оган ставете маслиново масло и пржете го кромидот на средна температура додека не зарумени. Додадете го меленото месо и продолжете со пржење уште неколку минути додека месото не биде убаво зготвено. Додадете го доматниот сос и зачинете. Промешајте и оставете оваа смеса да се готви на средна температура околу 1 час со постојано промешување за да не залепи. По потреба додавајте вода.

Кога ќе испари поголем дел од течноста (не целосно) во тавата за печење нанесете од филот со меленото месо колку да ја покрие површината. Ставете ред од корите за лазања, па повторно од филот, повторно од корите и сè така додека не го потрошите филот. Најгоре треба да завршите со филот од мелено месо. 

По желба можете да додадете рендан кашкавал. Се пече во загреана рерна на температура од 180 степени околу 40-тина минути. 

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна,Dave’s Kitchen.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2016 во 12:49

Шпагети со бел сос


Кој не обожава шпагети? Збогатете го вашиот репертоар на рецепти со шпагети со бел сос кои експресно ќе исчезнат од чиниите откако ќе ги послужите.

Шпагети

Состојки

500 гршпагети

За сосот

250 млпавлака за готвење
100 грсвинска печеница
150 гркашкавал
4 парчињатопено сирење
2 лажицикисела павлака
70 грмаринирани шампињони
1 лажицамаслиново масло
1/2црвена пиперка, капија
сол, бибер, морско оревче, босилек

пОДГОТОВКА

  1. Во малку маслиново масло пропржете ги свинската печеница и ситно исечканата пиперка за да ја ослободат својата арома.
  2. Додајте ја павлаката за готвење и оставете ја смесата на тивок оган да крчка 1-2 минути.
  3. Зачинете по вкус и додајте ги шампињоните, топеното сирење, кашкавалот и киселата павлака. Ставете го на тивок оган околу 3-4 минути и мешајте за да се соедини сосот.
  4. Во меѓувреме сварете ги шпагетите според упатството на кесата. Процедете ги и налејте во нив малку маслиново масло.
  5. Во чинија ставете од шпагетите, прелејте ги со сос и украсете со магдонос.
Шпагети


Изменето од Valerija - 20.Јуни.2016 во 12:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2016 во 08:11

ПОТПЕЧЕНИ ТОРТЕЛИНИ

10

Тортелините се паста во форма на прстен која потекнува од северниот дел на Италија, односно Болоња и Модена, и ако мислевте дека зборот „тортелини“ потекнува од зборот „торта“ целосно сте биле во право.

Овој рецепт ќе ве натера да ги засакате тортелините и тие да станат чест оброк на вашето мени.

Состојки:

  • 2 лажици масло за јадење
  • 1 кромид, исечкан
  • 3 чешниња лук
  • 450g говедско мелено месо
  • 125ml црвено вино
  • 2 лажици доматно пире
  • 30g мелени домати
  • малку оригано
  • сол, буковец
  • 800g тортелини
  • моцарела, пармезан


Начин на подготовка:

1. На загреано масло пропржете го кромидот и лукот и додадете го говедското месо.

2. Откако добро ќе се пропржи додадете ја пастата од домати и црвеното вино.

3. Динстајте некое време па додадете ги мелените домати, ориганото, буковецот и сол.

4. Садот за печење намачкајте го со масло и истурете ги претходно сварените тортелини. Врз тортелините истурете ја готовата смеса и убаво измешајте. Посипете со моцарела и пармезан.

5. Покријте го садот со алуминиумска фолија и печете 25 минути на температура од 350 степени. Декорирајте со босилек.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2016 во 08:47

ШПАГЕТИ СО ПЕСТО ЏЕНОВЕЗЕ

4

Песто џеновезе е еден од најпознатите сосови за тестенини и е типично италијанско јадење.

Состојки:

– 400 гр. шпагети

– 20 гр. путер

– 40 гр. свеж босилек

– 40 гр. пињоли

– 40 гр, пекорино

– 40 гр. рендан пармезан

– 3 чешниња лук

– 100 мл. маслиново масло

– сол по потреба

Подготовка:

Сварете ги шпагетите во претходно посолена вода од која на крај оставете настрана 100 мл.

Во блендер ставете ги босилекот, пињолите, сирењата, лукот и маслото и изблендајте ги. Добиената смеса ставете ја во порцелански сад.

Во поголема тава стопете го путерот, а потоа додадете 2 до 3 лажици од сосот. Убаво измешајте и додадете ги шпагетите и водата.

Шпагетите со песто џеновезе послужете ги со изрендан пармезан.

* Песто џеновезе сосот може да го мачкате и на печени лепчиња и на печена риба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2016 во 20:37

ТЕСТЕНИНИ НА 5 НАЧИНИ

16

Постојат одлични начини на кои можеме да ги вметнеме „малите гревови“ во исхраната и да уживаме и во најомилените оброци.

Еве неколку здрави рецепти со паста:


1. Шпагети со црвен сос

За овој тип на шпагети нема да ви биде потребно многу време. Се што ви е потребно се испечени пиперки кои ќе варите и пасирате за вкусен сос и кој ќе го додадете на шпагетите.

Овој рецепт е одличен за забрзување на метаболизмот.

5-zdravi-i-vkusni-recepti-so-pasta-1

2. Салата од макарони

Варијациите на овој рецепт се огромни. Доволно е да сварите макарони и да ги оставите да се оладат. Потем што се можете да ставите во салатата зависи од вашата креативност, можности и желба.

Еве еден предлог. Испечете тенко сецкана тиквичка, обарете морков и исецкајте го на ситни коцкички, пресечете чери домати и додадете темен грав.

За час сте готови, а што е најважно и ќе добиете здрав оброк.

5-zdravi-i-vkusni-recepti-so-pasta-2

3. Примавера макарони

Ова е уште една идеа од која можете да направите вкусна салата со сварените и оладени макарони.

Во нив потребно е да додадете конзервирана пченка, чери домати исецкани на пола, свежи и исецкани на кругчиња моркови и обарен грашок.

По сето ова зачинете со пармезан по желба.

5-zdravi-i-vkusni-recepti-so-pasta-3

4. Лазања со спанаќ

За овој рецепт нема да ви биде потребно многу време.

Предходно обарете ги парчињата тесто за лазања и започнете со редење на слоевите.

На секој слој лазања ставете свежо исецкан и измиен спанаќ и рендан кашкавал.

Оставете сето тоа да се испече на температура од 220 степени околу 20 минути и готови сте.

5. Шпагети во доматен сос

Потребно ви е токму едно тавче. Да точно така. Нема никаква потреба да се мачите. Едноставно во тавчето ставете ги шпагетите, сецканиот кромид, доматите и босилекот и оставете заедно да се варат.

По 20 минути готови сте.

5-zdravi-i-vkusni-recepti-so-pasta-4



Изменето од Valerija - 07.Мај.2018 во 19:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2016 во 10:38

Паста во сос од вотка и домати


Сакате да направите лесно италијанско јадење со кое ќе ги импресионирате семејството, пријателите и партнерот?

Тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Составено од паста, домати, печурки, зачини и вотка, ова јадење ќе ги задоволи и најпребирливите. 

Потребни состојки:

  • 1 лажичка босилек
  • 4 чешниња лук
  • 1 шолја сечкани печурки
  • ½ шолја сечкан кромид
  • ½ лажичка оригано
  • 1 мала конзерва домати
  • Варени макарони
  • 1 лажица црвен пипер
  • ¾ лажичка сол
  • 1 лажичка маслиново масло
  • ½ шолја хопла
  • 1 шолја пармезан
  • ¾ шолја вотка

Начин на подготовка:

Во тавче запржете ги кромидот и лукот заедно со маслиновото масло додека кромидот убаво не омекне. Додадете ги доматите, вотката, црвената пиперка, босилекот и ориганото.

Откако сосот ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете 10 минути да се динста на тивок оган. Потоа додадете ги печурките и оставете ја тавата уште десетина минути на тивок оган додека печурките не омекнат.

 Во ова додадете ја хоплата и убаво промешајте за сите состојки да направат една целина. Насолете и на крајот ставете ги варените макарони.



Послужете додека е топло, така што од горе ќе ставите од ренданиот пармезан.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2016 во 10:01

Dave’s Kitchen: Рецепт за италијански таралии


За ова италијанско јадење ќе ви бидат потребни следните состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 1 лажичка сол
  • 150 мл маслиново масло
  • 200 мл суво бело вино

Вкус по желба: Најчесто се прави солена верзија со суви ситно сецкани домати, маслинки, ситно сецкан карамелизиран кромид, но може да се направи и блага верзија со лимончело. 

Во длабок сад промешајте го брашното и солта. Додадете го маслиновото масло, виното и мешајте со виљушка додека не се оформи тесто за да може да го доработите со раце. 

Продолжете да го работите тестото околу 5 минути на работна маса додека не биде мазно и глатко.



Доколку сакате да додадете било каков вкус сега е вистинскиот момент. Додадете ги избраните додатоци и продолжете со месење. Оставете го тестото во сад покриено со крпа да одмори од 15-30 минути.

Сечете парчиња од тестото и формирајте долгнавести форми. Краевите спојте ги еден преку друг формирајќи круг. Вака подготвените таралии сварете ги во зовриена вода само 30 секунди. Извадете ги и наредете ги во тавче обложено со хартија. Печете ги околу 25 минути на температура од 200 степени или додека не добијат убава златно кафена боја. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2016 во 16:30

Шпагети со тиквица и шампињони


Со ова јадење ќе сфатите дека и посните оброци знаат да бидат неверојатно вкусни и лесни за приготвување.

Потребно:

500 г шпагети

1 поголема тиквица

500 г свежи шампињони

4 супени лажици сончогледово масло

1 мала главица кромид

4 чешниња лук

1 лимон

соја сос

неколку листови магдонос

Подготовка:

Шпагетите се варат во солена вода, колку што е напишано на пакетчето. Додека се варат, во тавче се загрева маслото и на него најпрво се пржи исечканиот кромид, потоа се додават исечканите шампињони. Печурките се пржат, додека не почне целосно да испарува течноста од нив. Тиквицата се сечка на коцки и се додава во шампињоните. Откако се ќе се испржи, се додаваат толчениот лук, сокот од лимон и се зачинува со соја сосот. Бидејќи во ова јадење не се користи сол, додадете соја сос онолку колку што е потребно за да се посоли јадењето. Се послужува со наросен магдонос.



Изменето од Valerija - 24.Март.2016 во 16:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2016 во 16:19

Dave’s Kitchen: Фокача по италијански рецепт


Уште еден рецепт од регионот Апулија, овој пат за фокача со шери домати, оригано и маслинки

Потребни состојки:

  • 250 гр. брашно
  • 1 лажичка сол
  • 20 мл. ладно цедено маслиново масло
  • 10 гр. свеж квасец
  • 100-150 мл млака вода
  • 50-100гр. шери домати
  • Оригано
  • Маслинки 

Начин на подготовка:

Замесете меко и глатко тесто од брашното, солта, маслиновото масло, квасецот и млаката вода и оставете да стасува околу час до час и половина.

Нараснатото тесто распределете го во подмачкана тава и со прстите направете вдлабнатини. Шери доматите пресечете ги на половина и редете ги во вдлабнатините. Ситно исечкајте ги маслинките и наредете ги низ целото тесто, на крајот наросете оригано и распрскајте маслиново масло.

Печете околу 10-20 минути на загреана рерна на 250 степени.

Во Апулија покрај оваа верзија на фокача најчесто се прави и фокача со маслинки и тенки прстени кромид или пак наједноставна верзија со сол и маслиново масло.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2016 во 15:56
Потпечени макарони со печурки и павлака

Чекор 1: Макароните се варат во посолена вода со малку масло. Додека се варат, може да се спрема филот. Се загрева масло и се запржува прво ситно сецканиот кромид. Потоа се додаваат печурките (претходно сецкани) со постојано месање. Пред да поцне да потемнува кромидот, се посолува, се додава пола лажичка црвен пипер и се трга на страна.

Чекор 2: Сирењето и кашкавалот се рендаат. Јајцето се разматува со пола павлака, се додава малку сос од домати, 5 супени лажици млеко и 5 супени лажици од водата во која се вареа макароните

Тавчето, по желба, може да е округлесто или правоаголно.

Чекор 3: Се премачкува тавчето со масло и одозгора се реди еден ред од сварените макарони (половина од макароните). Се нанесува одозгора половина од филот со печурките, се става одозгора половина од ренданото сирење и малку од ренданиот кашкавал. Одозгора се става малку сос од домати. Повторно се реди останатиот дел од макароните, па останатиот фил со печурки, ренданото сирење и кашкавал. Повторно се става одозгора уште малку сос од домати. Се налеваат неколку супени лажици од водата во која се вареа макароните и спремно е за печење.

Рерната се загрева на 200С, па пред да ги ставиме макароните да се печат, рерната се намалува на 170. Се печат околу 15-20 минути, се вадат од рерна, се полеваат со смесата од матено јајце и павлаката, се наросува одозгора малку босилек за вкус (по желба, вкусно е и со оригано) и се враќа во рерна да се потпече уште 10 до 15 минути.

Вкусно е за јадење и топло и ладно :)))


Потпечени макарони со печурки и павлака



Изменето од Valerija - 16.Февруари.2016 во 15:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2016 во 08:12

Се топат во уста: Потпечени равиоли со топен кашкавал


По првото подготвување на равиолите на овој начин, ќе заборавите на секој останат кој сте го практикувале досега.

se-topat-vo-usta-potpeceni-ravioli-so-topen-kaskaval-02.jpg

Ако пак никогаш досега ги немате пробано полнетите тестенини, после сочниот видео рецепт, ќе ви станат задолжителни на неделното мени.

se-topat-vo-usta-potpeceni-ravioli-so-topen-kaskaval-01.jpg

За подготовка потребни ви се:

  • 2 пакетчиња равиоли
  • 1 кесичка рендана моцарела
  • 200g рендан пармезан
  • 1l доматно пире или сок од домати
  • Зачини по желба
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2016 во 08:31

Dave’s Kitchen: Шпагети во медитерански сос


Ммммм шпагети! Нема кој, не сака шпагети зарем не? 

Но, кога ги приготвуваме секогаш одиме по зацртаната шема, варење на шпагетите на една страна и приготвување на сосот на друга страна.

Давор има одличен рецепт за медитерански шпагети кои можете да ги приготвите во еден сад, а со тоа да си заштедите време и миење садови.

Потребни состојки:

  • 500 грама шпагети
  • 300 мл доматен сос
  • 1 литар пилешки булјон
  • 20-тина сечкани маслинки
  • 1 чешне лук ситно исечкано
  • Оригано и букова сол
  • Сол и црн пипер
  • Маслиново масло

Начин на подготовка: 

Во големо тенџере најпрвин ги ставате шпагетите, потоа ги полевате со доматниот сос и врз нив ги додавате исечканите маслинки.

Откако сте го направиле тоа преминувате кон додавањето на другите состојки почнувајќи од маслиново масло, па потоа лукот со ориганото, буковата сол, солта и биберот. На крајот полевате со пилешкиот булјон.

Сите состојки добро треба да ги промешате и потоа да ја вклучите ринглата на најјако. Кога ќе започне да врие, ја намалувате температурата на половина и промешувате на секои 3 минути за да не се залепат тестените. Кога течноста целосно ќе испари вашето вкусно јадење е подготвено за сервирање.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2016 во 08:38

Најпознатите италијански јадења кои мора да ги пробате


Пастата и пицата се двете најпопуларни јадења низ светот и по некоја случајност и двете доаѓаат од сончевата Италија. Традиционалната кујна на оваа посебна земја е толку разновидна и неверојатна што е невозможно да издвоите само неколку оброци кои ќе го понесат епитетот највкусни.

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-10.jpg

Секој регион има свои традиционални јадења кои се служат низ рестораните и се прават по рецепти кои датираат години и години наназад. Ако на сето тоа додадеме дека највкусната моцарела, пршута и пармезан се токму дел од овие јадења тогаш нема да нè изненади фактот што италијанската кујна е прогласена за една од најубавите кујни во светот.

Panini

„Panini“ се всушност потпечени сендвичи направени од бел леб полнети со шунка, моцарела, домати и песто кои благодарение на својот незаменлив вкус се познати насекаде низ светот.

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-1.jpg


Panna Cotta

Омилениот десерт на Италијанците чие приготвување е навистина лесно и едноставно. Сè што ви е потребно е слатка павлака, желатин, ванила и џем од малини. Името на специјалитетот во буквален превод значи „варена павлака“ а истиот потекнува од северна Италија.

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-2.jpg


Пилешка Parmigiana

Едно од најпознатите јадења во Кампанија и Сицилија, кое низ годините стекнало популарност насекаде низ светот. Тенко пилешко филе, потпечено во сос од домати и пармезан – зарем не е тоа совршен партнер за омилените шпагети?

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-3.jpg


Gelato

Ниту еден сладолед на светот не може да се спореди со вкусот на вистинскиот италијански сладолед.

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-4.jpg


Risotto

Покрај шпагетите, италијанското рижото е едно од најпознатите италијански јадења низ светот. Имајќи го предвид фактот дека оризот е главната состојка, оброкот ви дозволува да си играте со вкусовите, да додадете состојки по ваша желба и вкус без страв дека ќе погрешите.

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-5.jpg


Lasagna

Ова традиционално јадење се прави од слоеви тесто и фил, прекриени со сос (најчесто бешамел). Филот може да биде различен динстано или мелено месо, домати, спанаќ, други зеленчуци и секако пармезан.

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-6.jpg


Tiramisu

Овој неверојатно лесен десерт има арома на кафе и традиционално се прави со маскарпоне сирење и специјални бисквити „Savoiardi“.

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-7.jpg


Tortellini

Овие италијански тестенини во форма на прстен се направени од неферментирано тесто и полнење од месо, сирење или зеленчук. Нивното потекло се поврзува со северот на Италија односно регионот Емилија Ромања.

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-8.jpeg


Minestrone

Поимот „minestrone“ всушност значи супа од многу состојки. Традиционално се подготвува во текот на летните месеци со сезонски свеж зеленчук, паста или ориз. Може да се служи и како ладно, но и како топло предјадење.

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-9.jpg


Frittata

Ова јадење претставува традиционален италијански омлет со зеленчук и сирење (рикота или пармезан). Обично фритатата прво се готви на оган а потоа се префрла во рерна. Уште еден пример за лесен и одличен појадок.  

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-10.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2016 во 21:00

ТЕСТЕНИНИ ВО СОС ОД МАСЛИНКИ

22

Ако сте љубител на тестенините ова е вистинскиот избор за вас. Денес подгответе нешто вкусно, лесно и едноставно…

За ова јадење ви се потребни:

500 грама фусили (макарони, шпагети),

200-300 грама маслинки (исечкани),

1-2 главици кромид,

3-4 чешниња лук,

1-2 лаврови ливчиња,

500 мл доматен сос,

малку свеж магдонос (ситно исечкан),

1/2 кафена лажичка нане,

малку морско оревче,

1/2 супена лажица шеќер,

50-70 мл масло за готвење,

малку сол (по вкус) и

малку црн пипер (по вкус)

Начин на подготовка

Едно пакување шарени, а може и обични макарони се варат според упатството што е дадено на нив и се оставаат уште 10 минути во истата вода за убаво да набабрат. Потоа се цедат. На маслото се пржи сечканиот кромид и се додава лукот. Кога е убаво стаклено испржен, се додаваат сечканите маслинки и пак на умерен оган се пропржува. Се додаваат доматното пире, магдоносот, нането, црниот пипер, морското оревче, лавровите ливчиња и сѐ убаво се запржува. На крајот се додава шеќерот, се промешува и се трга од оган. На исцедените макарони полеваме од сосот и послужуваме. Може над нив да се изренда и сирење.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.