IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Италијанска кујна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италијанска кујна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 101112
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2010 во 05:30
Вегеетаријанска лазања
 
Вегетаријанската лазања е едно од оние јадења кои не само што се добри по вашето здравје, туку се и неверојатно вкусни. Иако се вика лазања, сепак е ослободено од „тежината“ на тестенините. Во комбинација со крцкаво парче леб, бргу ќе стане омилен семеен рецепт.

СОСТОЈКИ
• домати
• кромид или праз
• тиквици
• модар патлиџан
• пиперки
• босилек
• сол и бибер
• маслиново масло
• лук

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на температура од 450℃. Добро измијте ги сите продукти, заедно со зачините ако се свежи. Излупете ги модрите патлиџани, кромидот и лукот.

Исечкајте ги сите продукти на парчиња со големина од 6 мм. Лукот исчекајте го мошне ситно, додека зачините покрупно.

Измешајте го лукот со маслиново масло. Во меѓувреме, садот за печење попрскајте го со чисто маслиново масло.

Започнете да ги редите зеленчуците и на секој слој ставете по малку маслото, сол и бибер. Сѐ додека не ја исполните целата тава за печење. Печете околу 15 минути на 230℃, потоа намалете на 200℃ и продолжете уште 20 минути со печење. Откако ќе биде готово, лазањата оставете ја уште 30-тина минути во изгасена рерна.

Вегетаријанската лазања се сервира или топла, или на собна температура. Одлично оди со топол и крцкав леб или со брускети. На крајот, врз лазањата може да се изренда пармезан

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2010 во 23:57
Лазањи со мелено месо

 

  • 150 грама путер
  • малку   оригано
  • 500 милилитри млеко
  • 100 милилитри масло
  • 1   кромид
  • 200 грама кашкавал
  • 20 милилитри доматен сок
  • 100 грама домат
  • 300 грама мелено месо
  • 1 лажица зачин
  • 30 грама брашно
  • малку   сол
  • малку   црн пипер
  • едно пакување лазањи

 
 
Главицата кромид ситно ја сецкаме и ја пржиме во тава на оган со загреано масло. Откако кромидот ќе омекне, во тавата го додаваме меленото месо и промешуваме. 

Доматот го сечкаме на парчиња и го додаваме во тавата на оган. Зачинуваме со вегета, го додаваме ориганото, посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и промешуваме. 
Бешамелот - Во тенџере на оган со растопен путер го додаваме брашното и мешаме со лажица. Мешајќи со лажица во тенџерето го додаваме млекото. 

Откако бешамелот ќе ја добие потребната густина, го додаваме во тавата со месото на оган и промешуваме. 

Ред лазањи, претходно обарени во зовриена вода (зависно од видот) ги редиме ставаме во намрсена тава. Врз лазањите со лажица ставаме од филот со меленото месо. Врз филот нанесуваме од доматниот сос. 

Врз сосот ги ставаме преостанатите лазањи.  Врз лазањите го нанесуваме преостанатиот фил. Во тавата налеваме 100 мл. вода и ја протресуваме тавата. На ситно го рендаме кашкавалот. Изренданиот кашкавал го нанесуваме врз филот на тавата. 

Тавата ја ставаме во рерна и печеме 60-тина минути на температура од 200 степени. 

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 05:41

Шпа­ге­ти со ло­сос

Пот­реб­но:

400 г шпа­ге­ти
сол, би­бер
500 г фи­ле­ти од ло­сос
2 ла­жи­ци сок од ли­мон
1 лу­то пи­пер­че
2 чеш­ни­ња лук
3 ла­жи­ци мас­ло
150 мл бе­ло ви­но

При­гот­ву­ва­ње: сва­ре­те ги шпа­ге­ти­те во со­ле­на ври­е­на во­да. Ло­со­сот исе­че­те го на ре­зан­ки и пре­лиј­те го со со­кот од ли­мо­нот. Исеч­кај­те ги лу­то­то пи­пер­че и лу­кот. Ис­це­де­те ги шпа­ге­ти­те. Заг­реј­те го мас­ло­то и про­пр­же­те го ло­со­сот со пи­пер­че­то и лу­кот. За­чи­не­те со сол и би­бер и пре­лиј­те со ви­но­то. Се­то тоа ос­та­ве­те го крат­ко да се дин­ста.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2010 во 07:50
Тестенини со прелив и пилешко 
Потребно е: 
- 500 грама тестенини 
- 5 пилешки карабатици 
- 5 пилешки џигери 
- 4 лажици исечкан кромид 
- 4 лажици морков 
- 4 лажици целер 
- 700 грама пулпа од домат 
- Магданос 
- Зејтин 
- Сол 
- Црн бибер 

Подготовка: 
Измијте ги убаво карабатиците и исечете го секој на два дела (заедно со коските). Ставете ги во длабок сад за готвење со малку вода (околу 10-15 децилитри), така што коските ќе бидат на дното на садот и гответе на не толку многу загреана рингла додека целата вода да испари. Потоа додадете го исецканиот зеленчук и пилешкиот џигер и сето тоа дејствувајте го околу 15 минути на 3 лажици зејтин. Следно што треба да направите, е да ја додадете пулпата од доматот, посолете и наизменичко истурете го црниот бибер и додадете го ситно исецканиот магданос. Истурете малку топла вода, затворете го садот и оставете го да се вари околу 40-45 минути.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2010 во 07:53
_Лазања ’’Болонезе____________________________________________________
 
За бешамелот:
1 литар млеко
100 гр. брашно
100 гр. путер
1 лажица вегета
јајце
сол и бибер по вкус
200 гр кашкавал

За лазањите:
Паковка лазањи - 500 гр.
350 гр. мелено месо
0,5 дл. масло
ловор, вегета
1 лист магданос
рузмарин
250 гр. доматно пире
сол и бибер

________________________________________________________-

Бешамел
На растопениот путер додавате брашно, малку го попржувате и го додавате полека млекото и ова се вари. Потоа од кога ќе се олади се додава  изматеното јајце и зачините. Во сетоа тоа додадете пармезан или кашкавал.

Фил: Го пржите месото во маслото и кога ќе омекне го додавате магданосот, ловорот, рузмаринот, доматното пире, вегетата, пола чаша вода и сето тоа го динстате околу 15 до 20 мин.

Во ватростална чинија намачкана со масло ставате ред  лазањи (пред тоа малку сте ги обариле), ред месо и ред бешамел,и се така додека не ги потрошите состојките. Последниот ред треба да е прелиен со бешамел и на крај ставате пармезан.

Лазањите ги печете 30 минути во загреана рерна на 220 степени

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 10:11
Канелони со шпаргли и сусам

Потребни Состојки:

- 1 кг шпаргли
- 1 мал црвен кромид
- 20 гр путер
- 150 гр рикота
- 7 лажици рендан пармезан
- 100 гр павлака за готвење
- 2 лажици сусам
- 200 гр свежо тесто со јајца
- Мускатно оревче
- Маслиново масло
- Сол
- Бибер


Подготовка:

1. Изчистените шпарги измите ги и варете ги на пареа 10-15 мин, па крупно исечете ги. Исечениот кромид динстајте го на путер. Додадете ги шпарглите, сол и бибер и варете околу 3-4 мин. Кога ќе се олади, додајте ја рикотата и 4 лажици пармезан.

2. Помешајте 3 лажици пармезан и павлака, мускатното оревче, сол и бибер. Пропржете го сусамот во тавче без додатоци.

3. Тестото исечете го на 12 квадрати од по 12 цм. Варете ги 3 мин. во зовриена солена вода во која сте ставиле 2 лажици зејтин. Извадете го секое парче посебно и редете на крпа. Во средината на секој квадрат со слаткарски шприц стиснете малку од филот. Свиткајте ги во ролат каналоните и наредете ги во огноотпорна тава намачкана со путер така да спојот го ставите оддолу.

4. Повторете ја предходно опишаната постапка со сите канелони, а од горе ставете павлака помешана со пропржениот сусам. Покријте со фолија и печете 15 мин. на 200 степени. Извадете ја фолијата и оставете неколку минути да се запече и добие румена крцкава коричка.

  



Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2006 во 13:30
Potpeceni tortelini


Potrebno 300 g tortelini
200 gr. vareni patlidzani(salca)
3 pipirki
125 gr ne mnogu solen kashkaval
1 lazica puter
1 lazica origano

Tortelinite podgotvete gi spored upatstvoto na omotot.Piperkite iscistete gi od semki i iseckajtegi na kockicki.Kashkavalot isecete go na tenki livcinja.Stopete go puterot vo tavce, pa vo nego poprzete gi piperkite.Potoa vo piperkite dodadete gi patlidzanite i origanoto, pa seto ova kratko proprzete go.Namastete ja tavata.Tortelinite iscedete gi i rasporedete gi vo tavata,Prelijte gi so sosot od patlidzani a odozgora rasporedetegi parcinjata od kashkaval.
Tortelinite potpcete gi vo zagreana rerna na 200°C , no vnimavajte ne smeete predolgo da gi pecete za da ne se prevarat testeninite.
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
babyy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Јуни.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 8193
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај babyy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2006 во 09:52

 Крем лазањи со спанаќ......хммммммTongue

1Пакување тесто за лазањи
1кг.спанаќ
800мл.густ сос од домати(ТОматино)
250гр.шолто сирење или кашкавал
800мл.млеко
1главица кромид
2-3чешниња лук
сол,црн пипер,црвен пипер
зејтин
маргарин
3-4 лажици брашно
 
Во сад се става млекото,брашното,сол и црн пипер и малку од сирењето или кашкавалот.Се вари на тивок оган(да врие 2 мин)и се трга на страна.
Спанаќот се чисти,се бланшира во солена вода,се цеди и ситно се сецка
ТЕстото за лазањи се обарува во вода со малку зејтин (околу3мин)
Кромидот се сецка,се прши во врел зејтин додека не омекне,се додава лукчето сецкано и спанаќот.Се пржи околу 3 минути.Во оваа смеса се става 1/3 од бешамелот.
Во земјено правоаголно тавче намачкано со маргарин се става од сосот од сомати па површината се покрива со тесто за лазањи,се става од филот со спанаќ,бешамел,рендано сирење(или кашкавал),па пак тесто,сос од домати.....се така додека да се потроши целиот материјал.Се завршува со рендано сирење или кашкавал.Се пече на 220 степени околу 45 мин....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 101112
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.