IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Разно
  Активни теми Активни теми RSS - Дајте една лоша вест
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дајте една лоша вест

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 14151617>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2015 во 08:11

Црн ден во Ф1: Почина Жул Бјанки


Францускиот Ф1 пилот, Жул Бјанки доживеа тешка несреќа за време на ГН на Јапонија кој се возеше пред девет месеци, а за жал, рано утрово семејството на поранешниот возач на Марусија ја извести јавноста дека 25-годишниот Жул починал во болницата во Ница.


Бјанки се здоби со тешки повреди откако при голема брзина се заби во возилото задолжено за извлекување на болидите, но иако се веруваше дека со секојдневните терапии ќе успее да излезе од кома, младиот Французин сепак не ја издржа најголемата битка во неговиот живот.

- Со длабока тага, родителите на Жул Бјанки, Филип и Кристин, неговиот брат Том и сестрата Мелани сакаа да ја споделат веста дека Жул почина изминатава вечер во болницата во Ница, каде тој беше згрижен по големиот инцидент кој се случи на 5 октомври минатата година. Жул се бореше напорно до самиот крај, како што го правеше тоа и во животот, но денеска на неговата борба и дојде крајот. Болката што ја чувствуваме е огромна и неопислива. Сакаме да му заблагодариме на медицинскиот персонал во болницата во Ница кој се грижеше за него со многу љубов и посветеност, - пишува во официјалното соопштение кое го достави семејството Бјанки до медиумите, а кое секако ја потресе светската спортска јавност и сите оние кои редовно ги следат случувањата во мото спортот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2015 во 09:03

По Витни трагичен крај и за Боби Кристина


Боби Кристина, ќерка на познатата пејачка, Витни Хјустон и нејзиниот партнер Боби Браун, почина на само 22-години.

-Боби Кристина Браун почина на 26-ти јули 2015-та година опкружена со најблиското семејство. Нејзината душа конечно е во Божји раце. Им благодариме на сите за љубовта и поддршката во текот на последните неколку месеци, стои во соопштението од семејството. 

Кристина ги помина последните 6 месеци во кома откако мистериозно беше пронајдена онесвестена во својата када, свртена со лицето кон водата. Поради повредите на мозокот, лекарите исклучија секаква можност за закрепнување, па Кристина беше исклучена од апаратите и оставена да почине природно.

Околностите под кои Боби Кристина заврши во несвесна состојба се уште се под истрага, а според порталот TMZ, случајот понатаму ќе се води како убиство во кое главен осомничен е партнерот на Боби, Ник Гордон. Гордон претходно доби кривична пријава за насилство врз Боби Кристина, како и за крадење од неа додека била во кома.

Непосредно пред несреќата Кристина му се доверила на пријател дека Гордон не е човекот кој што таа мисли дека е и се договорила да се сретне со истата личност на 31 јануари. Но, Боби никогаш не стигнала на договорената средба бидејќи имала расправија со своето момче, по што е пронајдена онесвестена, со потечени усни и скршен заб.

Истрагата допрва треба да ги расветли околностите под кои се случи несреќата на Кристина и дали навистина станува збор за убиство или пак за несреќен случај. Боби Кристина беше единствената ќерка на легендарната Витни Хјустон, која во 2012-та беше пронајдена мртва во бањата на својата хотелска соба. 

Родена во свет на интриги и дрога, за многумина Боби Кристина, едноставно беше предодредена да умре и да заврши трагично како и нејзината мајка.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2015 во 15:06
Аца Лукас го откажал концертот во Охрид....
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2015 во 15:09
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

Аца Лукас го откажал концертот во Охрид....


Sega nema tri dena da spies, neli
Lepata go otkaza, sega Aca..
Dali stvarno se plashat za bezbednosta ili nikoj ne kupuva karti
Imal lichni obvrski, kako ne..
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2015 во 15:17
Викаат дека од Владата го откажале...за да не го дупи Грујо со песната " Наочаре црнееее " ....   
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2015 во 16:32
Abe po Lukas mazi drvo se pijanea zeni prskaa od zadovolstvo na 25ti koa bese na Nemo
A poloso od otkazuvanjeto na Lukas kao sl*g bi bilo i Cola da otkaze плазење Pa taka kje si ostane samo Rudimental танцување

P.S odamna mi se odbivni kafanskive i turbo folk pejaci, ali koa bev na Amadeus i Tropico bend ic ne me postedija od takvi pesni, Lukasini, Ceca pa mi se otpi na momenti tad
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2015 во 13:47
И Рудиментал го откажалесмеење
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
svetosparki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Октомври.2013
Статус: Офлајн
Поени: 694
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај svetosparki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2015 во 19:03
sve si mislam deka Grujo ti e BIVSI...inace nema teorija tolku da svrsavas na negovoto ime,
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2015 во 19:23
:)))))))))))))))))))))))))))))
Кон врв
svetosparki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Октомври.2013
Статус: Офлајн
Поени: 694
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај svetosparki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2015 во 19:28
neeeeeeeeeeee...zar i ti,?!
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2015 во 20:09
Za Rudimental mi e stvarno losha vest
postajem depresivan, histerican
predacu se alkoholom, bojim se
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2015 во 13:50

Самоубиство по раскинувањето: Девојката на Џим Кери пронајдена мртва


Поранешната девојка на Џим Кери е пронајдена мртва, само неколку дена откако со актерот, со кој беа во три годишна врска, раскинале по втор пат.



Во понеделникот вечерта, 28-годишната Катриона Вајт ја пронашле нејзини двајца пријатели, откако загрижени отишле во нејзиниот дом во Лос Анџелес за да проверат што се случува со неа. Таа наводно имала оставено порака пред да си го одземе животот, во која открила дека раскинала со Кери на 24-ти септември. Тоа е истиот датум кога напишала и загрижувачка порака на Твитер, велејќи „Се одјавувам од Твитер, се надевам дека бев светлина за моите најблиски и најдраги“.



Иако покрај нејзиното тело биле најдени таблети, заради што се претпоставува дека таа си го одзела животот со предозирање, официјална потврда сè уште не е направена.



По трагичната вест за нејзината смрт, Џим Кери го искажал своето жалење.



- Таа беше вистински и деликатен цвет, премногу чувствителен за ова валкано тло, за кој љубовта беше единственото нешто скапоцено. Моето срце е со нејзиното семејство, пријатели и со сите оние кои ја сакаа и се грижеа за неа. Сите ние сме во шок, како да сме удрени од силен гром, рекол тој.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2016 во 13:14

Легендарниот Дејвид Боуви почина од рак на 69 години


Дејвид Боуви почина од рак. Популарниот пејач пред три дена го прослави својот 69. роденден.

Веста за смртта беше потврдена од синот на Боуви, Данкан Џонс. Во кратка порака на социјалните мрежи, беше објавено дека Дејвид починал од рак.

Дејвид Боуви

„Дејвид Боуви почина мирно денес, опкружен од неговото семејство, по смела 18-месечна битка со рак“ – пишува на официјалниот профил на познатиот музичар на Facebook.

Влијателниот Англичанец, кој мајсторски танцуваше меѓу повеќе музички жанрови, на креативен начин успеваше да ги спои музиката, модата и уметноста и да им подарува на своите фанови вонземски доживувања.

Многумина ќе го паметат по неговото алтер-его Зиги Стардаст и по хитовите „Space Oddity“, „Heroes“, „Let’s Dance“, „Changes“, „China Girl“, „Under Pressure“, „Modern Love“, „Rebel, Rebel“, „Starman“ и „Ashes to Ashes“.

Дејвид БоувиДејвид БоувиДејвид БоувиДејвид Боуви

Последниот музички албум на Дејвид, насловен „Blackstar”, беше објавен два дена пред неговата смрт.


Почивај во мир Дејвид!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2016 во 13:34

Почина познатиот диџеј Бабура


По кратко боледување, утринава во Скопје почина познатиот диџеј Бабура, односно Љупчо Петровски (44). Диџеј Бабура беше еден од најзначајните музичари во Македонија кој беше дел од растот на македонската модерна клупска и радиo сцена.

Настапуваше со сите светски диџеи што гостуваа во земјава, а со неговите музички сетови израснаа повеќе генерации во клубовите низ Скопје и низ земјава.

Тој почна уште во деведесеттите години со пуштање музика на радиото „Мега ФМ“, за потоа да продолжи во радио „Антена 5“, а потоа во „Сити радио“.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 14151617>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.