IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Разно
  Активни теми Активни теми RSS - Дајте една лоша вест
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дајте една лоша вест

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 17>
Автор
Порака Обратен редослед
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2015 во 15:06
Аца Лукас го откажал концертот во Охрид....
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2015 во 09:03

По Витни трагичен крај и за Боби Кристина


Боби Кристина, ќерка на познатата пејачка, Витни Хјустон и нејзиниот партнер Боби Браун, почина на само 22-години.

-Боби Кристина Браун почина на 26-ти јули 2015-та година опкружена со најблиското семејство. Нејзината душа конечно е во Божји раце. Им благодариме на сите за љубовта и поддршката во текот на последните неколку месеци, стои во соопштението од семејството. 

Кристина ги помина последните 6 месеци во кома откако мистериозно беше пронајдена онесвестена во својата када, свртена со лицето кон водата. Поради повредите на мозокот, лекарите исклучија секаква можност за закрепнување, па Кристина беше исклучена од апаратите и оставена да почине природно.

Околностите под кои Боби Кристина заврши во несвесна состојба се уште се под истрага, а според порталот TMZ, случајот понатаму ќе се води како убиство во кое главен осомничен е партнерот на Боби, Ник Гордон. Гордон претходно доби кривична пријава за насилство врз Боби Кристина, како и за крадење од неа додека била во кома.

Непосредно пред несреќата Кристина му се доверила на пријател дека Гордон не е човекот кој што таа мисли дека е и се договорила да се сретне со истата личност на 31 јануари. Но, Боби никогаш не стигнала на договорената средба бидејќи имала расправија со своето момче, по што е пронајдена онесвестена, со потечени усни и скршен заб.

Истрагата допрва треба да ги расветли околностите под кои се случи несреќата на Кристина и дали навистина станува збор за убиство или пак за несреќен случај. Боби Кристина беше единствената ќерка на легендарната Витни Хјустон, која во 2012-та беше пронајдена мртва во бањата на својата хотелска соба. 

Родена во свет на интриги и дрога, за многумина Боби Кристина, едноставно беше предодредена да умре и да заврши трагично како и нејзината мајка.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2015 во 08:11

Црн ден во Ф1: Почина Жул Бјанки


Францускиот Ф1 пилот, Жул Бјанки доживеа тешка несреќа за време на ГН на Јапонија кој се возеше пред девет месеци, а за жал, рано утрово семејството на поранешниот возач на Марусија ја извести јавноста дека 25-годишниот Жул починал во болницата во Ница.


Бјанки се здоби со тешки повреди откако при голема брзина се заби во возилото задолжено за извлекување на болидите, но иако се веруваше дека со секојдневните терапии ќе успее да излезе од кома, младиот Французин сепак не ја издржа најголемата битка во неговиот живот.

- Со длабока тага, родителите на Жул Бјанки, Филип и Кристин, неговиот брат Том и сестрата Мелани сакаа да ја споделат веста дека Жул почина изминатава вечер во болницата во Ница, каде тој беше згрижен по големиот инцидент кој се случи на 5 октомври минатата година. Жул се бореше напорно до самиот крај, како што го правеше тоа и во животот, но денеска на неговата борба и дојде крајот. Болката што ја чувствуваме е огромна и неопислива. Сакаме да му заблагодариме на медицинскиот персонал во болницата во Ница кој се грижеше за него со многу љубов и посветеност, - пишува во официјалното соопштение кое го достави семејството Бјанки до медиумите, а кое секако ја потресе светската спортска јавност и сите оние кои редовно ги следат случувањата во мото спортот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2015 во 13:37

Во сообраќајката кај ТЦ „Зебра“ загина новинарката Сузана Тодоровска Павловска


Скопје, 8 јули 2015 (МИА) - Во сообраќајна несреќа синоќа загина Сузана Тодоровска Павловска, новинар во Македонското радио. 

Таа го загуби животот пред ТЦ „Зебра, откако во неа удри патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски таблички, управувано од возач од Скопје (1978). Во несреќата возилото излегло надвор од коловозот, удрило во метална ограда, скали и во излог од еден од локалите на улицата „Народен фронт“. Како последица на несреќата, Тодоровска Павловска им подлегнала на повредите, а возачот и сопатникот на патничкото моторно возило се здобиле со полесни повреди.

Од страна на увидна екипа на СВР Скопје раководена од јавен обвинител извршен е увид на кој присуствуваа и овластено лице од судска медицина и вешто лице по сообраќајни незгоди. Од самото место, покрај увидот, земени се траги, материјали и возилото за вештачење заради утврдување на причините поради кои е дојдено до сообраќајната незгода.



Тодоровска Павловска е родена на 30 март 1965 година во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот факултет, Институт за психологија, а од 1991 година редовно е вработена во вториот програмски сервис на Македонското Радио.

Со нејзиниот професионален новинарски ангажман, посветеност и одговорност, во 1998 година доаѓа на местото уредник во редакција. Десет години подоцна е назначена за главен и одговорен уредник за вториот програмски сервис – Радио 2, функција која успешно ја извршуваше во следните три години.

Во центарот на нејзиниот богат новинарски опус беа културните настани, а главен интерес и беа филмската уметност и подвижните слики на кои им го посвети најголемиот дел од својата кариера.

Погребот ќе биде извршен утре, на гробиштата во Ѓорче Петров.


Почивај во мир,Сузе!

тага

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2015 во 01:18
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2015 во 00:51


Благоја Спиркоски-Џумерко, славниот македонски актер, почина на возраст од 69 години.

dzumerkosl

По долго боледување, великанот на македонската театарска сцена замина во историјата и зад себе остави богато наследство.

Најпознат по улогата на Итар Пејо во „Солунски патрдии“, тој беше член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година се до неговото пензионирање.

Имаше огромен придонес во македонската култура со бројните остварени улоги во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, тв-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“.

Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011-година.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2015 во 14:34

Почина македонската легенда Драган Каранфиловски – Бојс


Драган Каранфиловски – Бојс ја изгуби битката со тешката болест и на 59 годишна возраст почина. Оваа тажна вест ја сподели неговата ќерка Верица Каранфиловска, која на својот профил на Facebook објави:Саканите луѓе не умираат, тие живеат во нас. Почивај во мир голем човеку, душа наша!


Бојс ќе биде запаметен по неговите огромни хитови како што се „Опасно сум вљубен во тебе“, „Валерија“, „Лулај ме нежно“, „Парижанка“, „Афричко лето“ и многу други.

Автор е на многубројни хитови испеани од други пејачи, а исто така стои зад песната „100% те љубам“ со која настапија XXL на Евровизија во 2000 година.


Бојс беше успешен композитор, аранжер, продуцент, гитарист и пејач. Во 2014 година, тој заслужено ја доби награда за животно дело на „Златна бубамара“.



Изменето од Valerija - 27.Јули.2015 во 09:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2015 во 21:14
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2014 во 08:43

Почина легендарниот Џо Кокер


Легендарниот музичар Џо Кокер почина денеска во 70-та година од животот, јави Би-Би-Си, потсетувајќи дека тој веќе подолго време боледува од рак на белите дробови.

Портпаролот на Кокер, Бери Маршал во изјава за Би-Би-Си нагласи дека музичката легенда „едноставно бил негов единствен пријател“.

- Ништо не ќе може да ја пополни празнината што во нашите срца ја остави неговото заминување, истакна Маршал, без притоа да прецизира дали канцерот бил причина за смртта на Кокер.

Џо Роберт Кокер е роден на 20 мај 1944 година во англискиот град Шефилд. За пошироката јавност стана познат со преработката на песната „With A Little Help From My Friends“ на „Битлси“, а неговата популарност порасна по бројните хитови како „You Are So Beautiful“ и „Up Where We Belong“. Неговата музичка кариера траеше повеќе од четири децении.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2014 во 08:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2014 во 08:21

Почина актерот Васил Шишков


Синоќа во Скопје почина актерот Васил Шишков, Тој беше роден 1970 година и беше син на познатиот македонски актер Ристо Шишков.

Васил беше член на ансамблот на Македонскиот народен театар од Скопје.

Се шпекулира дека смртта настанала како последица на срцев удар.



Изменето од Valerija - 22.Декември.2014 во 08:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2014 во 22:26
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2014 во 19:23
Една е Лиса Ен

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2014 во 19:21
Ццццц колега ... трагедија ... газење од смеење
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2014 во 19:15


http://www.idividi.com.mk/showbiz/celebrity/967099/index.html
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.