|
најдоброто од мајсторче62 |
Внеси реплика | страница <1 1920212223> |
Автор | |
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АРЛЕКИНИЈАДА
Да погрешиш, дал е грев, Од кого откуп неоткупен да бараш , Пред кого сметки неплатени да платиш - Кога и обвинет, и кадија Во сопствената судница си? Бранителите и тужителите Се обична публика во куклена претстава Во која Арлекин ќе го убие Арлекина Со бодежот на клетвата на наречницата од предградието на градот Во кој душите на презрените Го бараат пергаментот на заблудата Сам си... Сам со сведокот на оваа Арлекинијада – Кукларот тажен, стар, Што свиснал лице во градите трошни како дете мало, На кое од скинатите џебови Му испаднале новите џамлии. Нникој не се дума повеќе - Кој ли натаму ќе ги влече конците На разиграните марионетки? Публиката ја нема веќе... Сал мрвиот Арлекин крвари во својата жива сенка.... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЦЕР
Во фустан од најчиста светлина Стокми ја тагата, Накинџури ја, истафри ја како мома За мажење, Нека блескаат од неа монистрите На спомените Како очи на млада пуполка Што гушка бара од новиот ден... Од срма и свила извези вез На одразот стивнат Во времето зад, Кај што волчји заби бразди сечат А зборовите не можат да се доречат, Низ мигот сќутучен да се провлечат, Па месишта кинат, ко жарој печат, Ја парталат кожата, По стрништа паламидни ја влечат... Собери бронза од првата зора Дури сонот уште не истинал в черги, Дури мислата трње не пошла да гази, Троа бронза саде нацрпи Со солзата бисер бигоросан На насмевката на последната надеж – Кога стивнуваше плачот на закланите срни... Стокми ја тагата Во фустан од најчиста светлина... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КОРИТО
Кога солзите ќе секнат, ќе замрат, ќе пресушат длапката во душата што до вчера корито и била свето ќе ја спознае сета бесмисла на постоењето свое и смешно ќе зјае во нечие гето како недопеано опело за вистината неродена, зборот, глеј го, забревтано кај ита со стапало да стапне на килимот светол, од лачи златни Аполон што го ткае над могилата на семето клето. што корито – длапка трајна издлаби во душата неспозната со длето на солза сјајна. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАГИЈА
Метастазите на магијата се расчаталиле низ зглобовите низ крвотокот фрчат експресните возови на последна рожба на сопствената прескакулица, на последното себенадминување, последното себенадраснување, очите на чинкифрлачката талкаат по хоризонтите на повампирената надеж таму кадешто оживуваат од здивот на великомачениците мртвите птици на замолчените илуминации Слушај, слушај како набабрува воздухот на пролетното утро од румените мириси на метафорите! |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АБОРТУС НА ПЕСНАТА
и тоа може да се случи: жарче ќе фрлиш, ќе подметнеш среде пластови сено некосено, кај што срца нестоплени чемреат, во срцата извор ќе ископаш далги зариени ќе одриеш вода мевлемлија да потече... а ветрот спокој го најавнал меѓу лисјето, среде тревите в гумно зелено – почивало, жарчето гламја е, енего црно око неопулено. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕДНОЛИЧНО ИСТ
Ист среде милиони лисје во крошната на ова старо стебло исконски води со жилите му длабоки во карпите и глиништата што бара, Ист како милиони капки киселодождни, коритото суво на вековите претежнати што го бараат, за да се слеат со солзите на татковците и крвта на прадедовците, и мислата им света со себеси да ја надојат -сонот недосонет да го иссонат, Ист, како исти букви во зборови со различно значење, како иста надеж, иста желба, иста цел на крајот на истиот пат на кој сите ги препознавам и никој не ме препознава, -освен познатите. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОГЛЕДАЛО
Го сретнав ЧовекоВерникот во мене Погледни во несреќниот! -ми рече. Погледнав... Што виде? -ме праша, Се видов себеси несреќен. Погледни сега во среќниот и, пак, кажи ми што виде! Се видов себеси среќен. -му реков. Ај погледни, за крај во оној таму, што кренал нос кон небото. Погледнав. Долго, долго гледав во него, ама не успеав ништо да видам. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЧУМУ,ПАК,ВОЈНА
На никого и секого дури и на мене Во војна со мене, Во војна со себе, Во војна со сиот свет Со бес во забите Со гнев во очите Со отров во здивот Од кој и самиот се труе Стрелите дури бесни ги остри На острило од мртви зборови А јас само сонце во очите имам Место кула Место оружје Место штит |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЅИДАР
Со уморен поглед купот камења го мерка а во гради огнот на создателот му тлее, камче мало бара плочата да ја потпре: да не се искриви ѕидот да не падне. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПЕСНА ОД ГАРАЖАТА
На една... што честопати доаѓа во мојата гаража за да и ги сменам свекичките Не, јас најмалку сум тој што ќе согори затрчан во карбураторот на твоите осакатени манири на примадона, и, како компримирано машко его под вентилите на твојот гнев, ќе ја нахрани со калории на нискооктанско гориво прегладнета машина на твојата слепа одмазда... О, па јас,веќе, бев инсект во мрежата на една друга примадона од балетот на мртвите илуминации, а кога еднаш ќе побегнеш од таа гушка и тиркизната чипка на летниот воздух ќе ти изгледа пострашна од пајажина |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЈАНЅА 4
Пострашна и од сопствената смрт Јанѕата не ме остава сам со себе И кога сите ќе ме напуштат. Со здив на ала ветришта крева И го кине чаршавот од прав Што го ткаев на разбој од лажни спокојства Дури траеше последниот ден, За да ги покријам фотографиите на ужасот Во албумот на кошмарната изеднина. Јанѕата двоглава, јанѕата троглава, Јанѕата стоглава. Сто меча да имам – дал една ќе и скинам... Јанѕата двоглава, Јанѕата троглава, Јанѕата стоглава Што се јазли по сенките на сеништата Хоризонти светли вчера што ми бе |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЈАНЅА3
Рило нема - во коските ми рие, Уста нема - спокојот го пие, Очи нема – крвта ми ја ѕемне, Сон си нема – сонот мој го демне, Јанѕиштето клето Под кората на мракот што се свило сето, па рика, па вика и под копитата ја пика мислата престарена на душата премалена, што трепри и во грч се грчи ко да встудој некои сета судба и се збрала, судба клета, мисла света - за семето на племето што не `рти, што не цути. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЈАНЅА 2
Ковач, кажи ми, кај да барам, Ковач од мајка нероден Сабја неискована што ќе искове Со солзи неисплачени да ја искали на точило ајманачко да ја источи јанѕата до стопати да ја обезглавам, та штукнат – препукнат, сакалдисан, над сонот сенка да направам, да застојам па да истечам... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТВОИТЕ ОЧИ
Твоите очи - заод во кој истекуваа сите неизгреани сонца од моето срце, кога се учевме да љубиме; мрестилиште во кое се спаструваа немите МРЕНИ на преѕемнатите зборови; глоѓосана постела за сите заобиколени вистини и измислини невистини, за сите кртици на бессонот, на рассонот, недосонот... Ги чуваш ли уште во нив дивите одблесоци на игрите што не ги доигравме, што само ги замислувавме – недоделкани за љубов, преголеми за прескакулица, или сал повтор се раѓаш од болното завивање на штавените времиња, за да ме мачиш ? |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Внеси реплика | страница <1 1920212223> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |