IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Хуманост на дело
  Активни теми Активни теми RSS - Заштити се од предрасуди !
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Заштити се од предрасуди !

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Заштити се од предрасуди !
    Испратена: 08.Декември.2010 во 20:32
Можеби не и е место тука на темава, но се надевам Православие ќе се согласи...
Сепак станува збор за една акција за превенција од HIV/SIDA“.


------------



„Заштити се од предрасуди – донирај за превенција од HIV/SIDA“.
(кампања за превенција од ХИВ и СИДА, 2010 Македонија).

Кога се работи за ХИВ инфекција, не постојат ризични групи, туку само ризично однесување. Секој е таргет и не треба да се имаат предрасуди дека тоа им се случува само на останатите.

Кампањата „Заштити се од предрасуди“ започнува на 1 Декмври, а ке трае еден месец и ке вклучува разни донаторски манифестации.

Целта на кампањата е да се соберат средства за превенција од ХИВ и СИДА, како и да се делува врз свеста на популацијата за ХИВ тестирање и грижа за сопственото здравје.

Ако сакате да бидете дел од кампањата, донирајте и дадете свој придонес во превенцијата од ХИВ-СИДА;


One : 075 143 161
T-mobile: 070 143 403
VIP: 077 143 900


Дали знаевте дека?

Околу 30 милиони лица во светот починаа од СИДА од појавата на болеста на почетокот на 80-тите години.

Во Македонија во 2010 година има 10 нови случаи на заразени со ХИВ и СИДА (4 случаи на СИДА / 6 на ХИВ).

Во последните 4 години во земјата се регистрираат просечно по 10 нови случаи, а вкупно 130 инфицирани лица (99 случаи на СИДА/31 на ХИВ) биле откриени од 1987 година, кога е регистриран првиот случај.

Во Македонија од 2004 година е воспоставено доброволно, доверливо советување и тестирање за ХИВ. При тоа работат советувалишта за ХИВ тестирање во Скопје и тоа на Клиниката за Инфективни болести, Институтот за Јавно здравје, Градски завод за здравствена заштита -Скопје и Поликлиника Бит-Пазар, како и во 10 града во Републиката.

Facebook Profile

Организатори на кампањата:
Хера, Хопс, Црвен Крст на РМ, Y-PEER.

Подржувачи:
Министерство за Здравство на Република Македонија, Глобален фонд, Град Скопје,
Национален Координативен Механизам.

Партнер:
ONE Telecom.

Пријатели:
Акцент Медиа, Никола Булески- Буле, Владо Георгиев, Алкалоид, Др. Пановски, Македонија Лек.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.