IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Стратегијата во македонскиот спорт
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Стратегијата во македонскиот спорт

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Стратегијата во македонскиот спорт
    Испратена: 15.Ноември.2010 во 21:01
Потикнат од последниот случај во кој на еден македонски спортист поради немање на јасна спортска стратегија во македонските спортови би сакал да продискутираме за оваа проблематика.

Имено во скоро сите спортови сведоци сме на натурализирани странци кој даваат одредени резултати,кои се за поздравување.

Прашањето кое се наметнува е зошто македонските спортски власти затајуваат кога треба да проценат кој заслужува да биди дел од македонските репрезентации.

Па да почниме...
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 21:02
Македонија се откажа од него, а тој стана крал на Азија


Поради индолентноста на македонските фудбалски селектори во последните шест години и поради очајната визија на ФФМ и АМС, Саша Огненовски в среда ќе игра за Австралија, иако пред две години беше повикан за македонскиот национален тим, но одбија да му издадат пасош по брза постапка


Саша Огненовски, 31-годишниот дефанзивец од кого Фудбалската федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт (АМС) лесно се откажаа од можноста да го направат репрезентативец, стана првиот капитен Македонец што подигнал континентална фудбалска клупска круна. Огненовски, завчера со корејскиот клуб Сеонгнам стана првак на Азија, се запиша како осми Македонец со пехар од континентално натпреварување, а стана прв капитен и прв најкорисен играч во цела сезона во најпрестижното натпреварување под името Лига на шампиони.

Македонецот во среда по речиси двегодишен притисок на австралиската јавност, еднакво колку што македонската се надеваше дека можеби ќе го види во А-тимот без оглед на неговата возраст, би требало да заигра за „кенгурите“ на пријателскиот меч во Каиро против Египет. Дека заслужува да биде репрезентативец, Огненовски го потврди со своите игри за Сеонгнам, а особено и во финалето, каде што беше и стрелец. Саша даде гол со кој Корејците го отворија резултатот и го трасираа патот кон титулата во победата од 3-1 против иранскиот Зоб Ахан.

Пред 22 месеци Саша беше подготвен да игра за Македонија, но државата го отфрли: насловната страна на „Нова Македонија“ од 16.1.2009 година


Досега прваци на некој континент станале Дарко Панчев, Илија Најдоски (Европа, со Црвена звезда во 1991 година), Стевица Ристиќ (Азија, со Поханг стилерс, лани) и Горан Пандев (Европа, со Интер, годинава), како и Американецот Јован Кировски (Европа, со Борусија Дортмунд, во 1997 година), Австралиецот Сашо Петровски (Океанија, со Волонгонг во 2001 и со Сиднеј во 2005 година) и Чехот Марек Јанкуловски (Европа, со Милан во 2007 година). Огненовски е осми Македонец, а втор по ред кој станува првак на Азија, откако лани Стевица Ристиќ се радуваше на истиот трофеј.

Во мај годинава во Мадрид, Горан Пандев по 19 години донесе пехар од европската Лига на шампиони, а успехот беше со соработка со Жозе Мурињо, популарно наречен „Специјалниот“. И Огненовски сезонава успехот го темели на соработката со „Специјалниот“, како што се нарече Шин Тае Вонг, тренерот на Сеонгнам по победата во Токио.

Јапонскиот град се покажа како таличен за Македонците, затоа што 19 години претходно на исто место, прв и единствен пат досега, Македонци ги подигнаа трофеите во воздух. Двете македонски легенди Панчев и Најдоски во Интерконтиненталниот куп против Коло Коло (3-0, Панчев стрелец) ги примија двата пехари, а Најдоски беше како заменик-капитен откако Дејан Савиќевиќ беше исклучен на тој меч.




Можно македонско полуфинале на клупскиот Мундијал

Огненовски против Пандев е можниот македонски дуел на Светското клупско првенство откако Сеонгнам со азиската круна го обезбеди учеството на Мундијалот во ОАЕ од 8 до 18 декември.

Првпат на едно СП ќе играат двајца Македонци, а лани, Ристиќ ја немаше таа среќа откако се повреди посериозно на 48 часа пред стартот на турнирот во Обединетите Арапски Емирати.

Огненовски со својот корејски тим за дуел со европскиот првак Интер ќе се борат во четврт-финалето против победникот од аматерскиот двобој на домашниот Ал Вахда против Хекари јунајтед, првакот на Океанија, кој доаѓа од Папуа Нова Гвинеја.

Од другата страна, бразилски Интернационал во полуфиналето го чека победникот од дуелот Пачука - ТП Мазембе, кој настапуваше и лани, а завчера ја одбрани африканската континентална круна.



Изменето од mungos80 - 15.Ноември.2010 во 21:02
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 21:04
А како можеше да биди



Кој би одговарал за идни таленти кој на овој начин би се изгубиле?
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 22:14
Covekot ima 31 god ne 21 ...Za kakov talent zboruvate...Igra defanzivec, pozicija kade ima dovolno kvalitetni reprezentativci...Ne znaci deka sekoj koj ima Makedonski koreni mora da igra za Makedonija...Sto pravite drama ...Da bil tolku dobar i talentiran ce go povikale pred 10 god ...
Da bese napadjac ili igrac vo sredinata sigurno ce bil povikan..
 
Mada se sl*gam deka vo Makedonija se nema nikakva strategija za razvoj na bilo koj sport...Treba da pisuvame zosto talentite tuka vo Mkd propadjaat, pa mora da pomakedoncuvame gotovi sportisti od strana...
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 23:12
Значи не е збор само за овој ,тој е пример,а забелешката моја за талентите не е за 31 годишни туку за млади спортисти,на пример како браќата што се дел од школото на ФК Ливерпул и досега не се повикани да играат за Македонија.

Темата е отворена за секакви предлози и мислења ,за сите добри и лоши потези на раководствата во македонскиот спорт.


“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,160 секунди.