IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Италијанска Серија А
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италијанска Серија А

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 9>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2011 во 05:49
Лацио граби кон Лигата на Шампионите

Фудбалерите на Лацио направија голем чекор кон освојување на четвртото место во Сеија А кое води во ЛШ. Со одличната игра во вториот дел тие ја совлада Џенова, која не беше премногу расположена за надигрување и така дојдоа до нови три бода.

Милан пред свои гледачи ја прослави титулата со огномет против Каљари, решавајќи го прашањето на победникот веќе по триесетина минути игра.

Лацио - Џенова 4:2 (1:1)
Биава 7', Роки 52', Ернанес 55', 66' - Паласио 12', Флорес 89'

Милан - Каљари 4:1 (3:1)
Робињо 22', 35', Гатузо 24', Седорф 77' - Косу 38'

Недела, 15. мај:
12.30ч Фиорентина - Болоња
15.00ч Чезена - Бреша
15.00ч Парма - Јувентус
15.00ч Бари - Лече
15.00ч Катанија - Рома
15.00ч Киево - Удинезе
15.00ч Сампдорија - Палермо.

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2011 во 02:05

Mилан со победа на прославата

Екипата на Милан ја прослави 18. титула во Серија "А" со победа на домашен терен против екипата на Каљари

Милан победи со 4:1, а тоа беше доволно само да се потврди трофејот кој и онака беше јасно дека ќе го смени
само клубот од Милано. Титулата не го смени стадионот, ниту, пак, градот бидејќи и лани првакот на Италија беше од Милано. Интер сега го предаде трофејот на својот најголем ривал кој успеа да се врати во ритам и да дојде до титулата.

Сампдорија во Серија "Б"
Екипата на Сампдорија која лани со Касано и Пацини заврши на 4. позиција сезонава се пласираше дури на 18. место, а вчерашниот пораз од Палермо значеше и преселба во Серија "Б". Сампдорија им се придружи на Бреша и Бари кои претходно се знаеше дека ја напуштаат Калчо лигaта, па ова е голем неуспех за екипата од Џенова.

ВЕЧНА ЛИСТА
ВО СЕРИЈА "А"
27 - Јувентус
18 - Милан, Интер
9 - Џенова
7 - Болоња, Торино, Про Верчели
ПОСЛЕДНИ ДЕСЕТ
ШАМПИОНИ
2000/01 Рома
2001/02 Јувентус
2002/03 Јувентус
2003/04 Милан
2005/06 Интер
2006/07 Интер
2007/08 Интер
2008/09 Интер
2009/10 Интер
2010/11 Милан

СЕРИЈА А, 37.КОЛО
ЛАЦИО - ЏЕНОВА 4:2
Биава 7', Роки 52', Хернанес 56', 66' - Паласиос 12', Флоро Флорес 89'
МИЛАН - КАЉАРИ 4:1
Робињо 22', 35', Гатусо 24', Сидорф 77' - Косу 38'
ФИОРЕНТИНА - БОЛОЊА 1:1
Черчи 20' - Рамирез 50'
ЧЕЗЕНА - БРЕША 1:0
Гиачерини 60'
ПАРМА - ЈУВЕНТУС 1:0
Џовинко 65'
БАРИ - ЛЕЧЕ 0:2
Једа 52', Масиљо 80'(аг)
КАТАНИЈА - РОМА 2:1
Бергесио 79', Гомез 90'+4 - Лориа 14'
КИЕВО - УДИНЕЗЕ 0:2
Исла 28', Асамоа 75'
САМПДОРИЈА - ПАЛЕРМО1:2
Биабиани 50' - Миколи 45', Пинила 86'
НАПОЛИ - ИНТЕР 1:1
Зунига 45' - Ето 15'


Од.

Поб.

Нер.

Пор.

гол-р.

поени

1. Милан

37

24

9

4

65:24

81

2. Интер

37

22

7

8

66:41

73

3. Наполи

37

21

6

10

57:37

69

4. Удинезе

37

20

5

12

65:43

65

5. Лацио

37

19

6

12

51:37

63

6. Рома

37

17

9

11

56:51

60

7. Јувентус

37

15

12

10

55:45

57

8. Палермо

37

17

5

15

57:60

56

9. Фиорентина

37

12

14

11

47:42

50

10. Џенова

37

13

9

14

42:45

48

11. Катанија

37

12

10

15

39:49

46

12. Парма

37

11

12

14

38:46

45

13. Каљари

37

12

8

17

43:50

44

14. Чезена

37

11

10

16

36:47

43

15. Киево

37

10

13

14

35:39

43

16. Болоња

37

11

12

14

35:48

42

17. Лече

37

11

8

18

44:62

41

18. Сампдорија

37

8

12

17

32:46

36

19. Бреша

37

7

10

20

32:50

31

20. Бари

37

4

9

24

23:56

21

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2011 во 05:46
Удинезе во Лигата на Шампионите, Лацио и Рома во Лигата на Европа

Фудбалерите на Бари на најдобар начин се простија од Серија А, откако со  0:4 ја совладаа Болоња. Палермо очигледно со мислите веќе беше насочен кон финалето од Купот на Италија, кое се игра следната недела, па загуби од Киево на свој терен, додека Интер беше сигурен против Катанија.

Џенова со 3:2 ја совлада Чезена во особено интересен меч, додека Бреша и Фиорентина односно Каљари и Парма ги поделија бодовите.

По ремито без голови на мечот со Милан, Удинезе обезбеди квалификации за Лигата на Шампионите, што беше и единственото отворено прашање на вечерашните мечеви од последното коло во Серија А. Бод му беше доволен на Удинезе, додека Лацио и покрај победата над Лече ќе мора да се задоволи со настап во Лигата на Европа. И покрај тоа играчите на Лацио славеа на теренот, а во тоа им се придружија и фудбалерите на Лече кои уште од претходно обезбедија опстанок во друштвото на најдобрите. Рома ја совлада Сампдорија која неславно се прости од Серија А, додека "волчицата" исто така оди во Лигата на Европа. Јувентус одигра само нерешено со Наполи, но поради победата на Рома секако повеќе не можеше да се избори за настап на европска сцена следната сезона.

Болоња - Бари 0:4 (0:1)
Грандолфо 28', 47', 54', Хусеклеп 78'

Палермо - Киево 1:3 (1:1)
Ночерино 15' - Пелисије 41', Констант 67', Пулцети 80'

Интер - Катанија 3:1 (1:0)
Пацини 15', 48', Нагатомо 63' - Ледезма 66'

Џенова - Чезена 3:2 (3:0)
Флорес 6', 17', Паласио 45' - Богдани 49'(пен), Хименез 86'

Бреша - Фиорентина 2:2 (1:1)
Едер 19', Акарди 88' - Варгас 2', Черчи 75'

Каљари - Парма 1:1 (0:1)
Флечер 54'(аг) - Божинов 34'

Лече - Лацио 2:4 (2:2)
Копола 33', Пјати 41' - Роки 6', Зарате 35', 54'(пен), Вивес 62'(аг)

Удинезе - Милан 0:0

Рома - Сампдорија 3:1 (1:1)
Тоти 30', Вучиниќ 70', Боријело 86' - Манини 26'

Јувентус - Наполи 2:2 (0:1)
Киелини 47', Матри 84' - Маџо 22', Лукарели 70'.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2011 во 05:11

Пандев со Интер го одбрани трофејот во Купот на Италија

 

Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев со својот тим Интер триумфира во Купот на Италија и ја одбрани титулата во ова натпреварување. Финалето се одигра на Олимпико во Рим пред преполн стадион. Пандев ги одигра последните 35 минути и му асистираше на Милито во 93 минута за постигнување на конечниот резултат. За Македонецот ова е трета титула во Купот, две освои со Интер, една со Лацио.

Првите два гола за Интер за водство од 2:0 ги даде камерунскиот напаѓач Самуел Ето (26 и 76 минута), а стрелец за Палермо беше Муњоз (88 минута). Муњоз веднаш по постигнувањето на голот доби црвен картон.

За Интер ова е седми трофеј во Купот, најмногу имаат Рома и Јувентус - по девет.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 07:24
Роси сега меѓу Јувентус и Интер

На одличната партија на Роси на мечот со Естонија никој не можеше да остане рамнодушен, а посебно не челниците на Јувентус и Интер. Фактот што Барселона сеуште не постигнала договор со Роси, повторно во прв плас се исфрлија тимовите на Јувентус и Интер. По се изгледа Каталонците повеќе се заинтересирани да го доведат помладиот Санчез. Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е подготвен да понуди 20 милиони евра + Горан Пандев во замена за Роси. Масимо Морати имаше од поодамна пофални зборови за напаѓачот на Виљареал. "Тој е многу важен и интересен играч за Интер". На друга страна, повторен интерес има и Јувентус за услугите на напаѓачот на Виљареал. Новото засилување на Јувентус, Андреа Пирло би сакал Роси да биде негов соиграч. "Би било убаво Роси да игра заедно со мене во Јувентус, тоа играч од светска класа, кој секој клуб би го направил многу подобар" изјави иконата на италијанскиот фудбал

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2011 во 06:14
Доменико ди Карло нов тренер на Киево

Една година откако си замина од клубот во Верона, Доменико ди Карло се врати повторно како тренер на италијанскиот фудбалски клуб Киево.

47-годишниот тренер минатото лето го напушти Киево и замина во Сампдорија. Клубот од Џенова, го отпушти во март оваа година по серијата катастрофални резултати, кои на крајот на сезоната резултираше со испаѓање на клубот во Серија Б.

Ди Карло на клупата во Киево ќе го замени Стефан Пиолио, кој замина во Палермо по заминувањето на Делио Роси.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2011 во 06:18
Монтела потпиша двегодишен договор со Катанија

Двегодишен договор со италијанскиот фудбалски клуб Катанија вчера потпиша 37-годишниот италијански тренер Винченцо Монтела.

Минатата сезона, 13-то пласираниот состав од Серија А,Монтела со договор го презеде од Аргентинецот Диего Симоне кој го предводеше тимот од јануари оваа година.

Монтела последните четири месеци ја водеше Рома во своето деби како тренер на сениорите. До тогаш, тој го водеше младиот тим на Рома.

Поголемиот дел од успешната играчка кариера како напаѓач Монтела ја помина во Рома, во чиј дрес се пензионираше во 2008 година.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2011 во 06:55
"Калчото" стартува на 28. август

На состанокот на клубовите во италијанската Серија А потврдено е дека новата сезона ќе започне на 28. август, а ќе заврши на 13. мај. Ждрепката за натпреварувањето дополнително ќе се одржи. Следната сезона зимската пауза ќе биде нешто подолга и ќе трае од 19. декември до 7. јануари.

Натпреварувањето во Купот на Италија ќе започне на 14. август, прволигашите во него ќе се вклучат во ноември, а осумте најдобри екипи од минатата сезона дури во јануари кога натпреварувањето ќе дојде до осмина финалната фаза

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2011 во 05:14
Дејан Стојановиќ во Болоња

Младиот голман Дејан Стојановиќ по успешно минатите лекарски прегледи денеска потпиша договор со италијанска Болоња. За услугите на Стојановиќ, кој има неверојатна градба за неговата позиција -195 сантиметри и 92 килограми, интерес покажаа неколку италијански клуба како Парма, Интер, Болоња и Сампдорија како и германските бундеслигаши Волфзбург и Хановер, но самиот тој одличил дека Болоња е вистинското место да расте и напредува како играч. Стојановиќ се надева дека соработката со првиот чувар на мрежата на Болоња, Емилијано Вивијано ќе допринесе во голема мера тој да созрева како голман.

Стојановиќ измиантата сезона забележа 23 настапи за австрискиот Лустенау. Неодамна, по неколку повици за настап во националната селекција на Македонија за играчи до 21 година одлучи да го облече дресот со македонскиот грб, но информациите од австриските медиуми говорат дека Стојановиќ кога ќе ја заврши постапката за добивање австриски пасош сепак ќе се определи да застане меѓу стативите од голот на австриската селекција.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2011 во 05:30
Малезани нов тренер на Џенова

Нов тренер на фудбалерите на Џенова ќе биде Алберто Малезани, кој доби предност пред Делио Роси.

Малезани на клупата на Џенова ќе го замени Давид Балардини, кој го напушти клубот на почетокот на месецо, а тимот го очекува создавање на нова екипа.

Новиот тренер се обврзал на едногодишна верност, со можност за продолжување на соработката за уште година дена

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 16:33

Палермо го продава Пасторе за 50 милиони евра

Претседателот на Палермо, Маурицио Ѕампарини, потврди дека во наредните десет дена ќе го продаде Хавиер Пасторе за сума од 50 милиони евра. Иднината на 22-годишниот Аргентинец е предмет на шпекулации подолго време, но Ѕампарини не открива во кој клуб ќе замине тој.
- Вчера имав разговори со голем европски клуб и ми рекоа дека ќе го купат Пасторе за сума меѓу 45 и 50 милиони евра. Од оваа гледна точка, се ќе биде готово за десет дена - изјави Ѕампарини

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2011 во 23:43

МИЛАН ЈА ОБЕЗБЕДИ РЕКОРДНАТА ШЕСТА ТИТУЛА ВО СУПЕР КУПОТ

 

По пауза од седум години фудбалерите на Милан станаа најтрофејниот тим во Супер купот на Италија, бидејЌи на 24 издание го обезбедија шестиот рекорден трофеј, откако направија пресврт во триумфот од 2 - 1 против градскиот ривал Интер, бранителот на титулата и победникот на Купот во Италија, на средбата што се одигра во Пекинг, вторпат по 2009 та година.

Во две различни полувремиња, пред 90-илјадната публика на Олимпискиот стадион „Птичје гнездо“, шампионот на Италија го освои првиот трофеј пред стартот на новата сезона во Калчо лигата, оставајќи ги зад себе „нероаѕурите“ на пет титули, по седмиот Супер куп по ред. 

Во првото полувреме Интер беше подобар тим и заслужено дојде до предност со погодокот од слободен удар на Снајдер во 22 минута. Во вториот дел иницијативата ја презеде Милан, на кого му беше потребен еден час игра да го израмни резултатот преку Ибрахимовиќ, по асистенцијата на Сидорф. Конечниот резултат беше поставен по девет минути, кога најпрвин Пато не успеа да го совлада несигурниот Жулио Цезар, бидејќи ја погоди стативата, за одбиената топка Боатенг да ја смести во празната мрежа за 2 - 1.

Ето во последната минута од судиското надоплнување успеа да израмни, но неговиот гол беше поништен поради офсајд.

Пандев не доби шанса од тренерот Гасперини, остана на клупата за резервни играчи и повторно како во 2009 та година, кога како играч на Лацио, поради тогашните проблеми со тимот, исто така во Пекинг, не заигра во Супер купот.

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2011 во 22:31

РОМА ПОРАЗЕНА ВО РИМ ОД КАЉАРИ


slika

Екипата на Рома стартуваше со пораз во новата сезона откако Каљари победи на Олимпико со 2:1 и го направи најголемот изненадување. Вечерва Палермо го пречекува Интер во последниот натпревар од воведното коло во калчото.



Петок:

  • Милан -Лацио 2:2

Сабота:

  • Чезена -Наполи 1:3

Недела:

  • Јувентус - Парма  4:1
  • Рома -Каљари 1:2
  • Киево - Новара 2:2
  • Катанија - Сиена 0:0
  • Фиорентина - Болоња 2:0
  • Џенова -Аталанта 2:2
  • Лече - Удинезе 0:2

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2011 во 06:23

Интер го отпушти Гасперини

 

Конечно се случи она што веќе подолго време се очекуваше, да попушти трпението на сопственикот на Интер Масимо Морати и да му врачи отказ на тренерот Џанпјеро Гасперини. Оваа одлука денеска попладнето е соопштена на официјалниот сајт на Интернационале, исто како и онаа дека клубот до назначувањето на новиoт тренер ќе го водат Даниеле Бернацани и Џузепе Барези.

“Клубот сака да му се заблагодари Џанпјеро Гасперини за неговата работа и изразува жалење за прекинот на соработката”, стои во соопштението на клубот.

Еден од најтрофејните клубови во Италија, заедно со Јувентус и Милан е последниот италијански претставник кој ја освои Лигата на Шампионите под водство на португалецот Жозе Мурињо. Моментално се наоѓа на 17-то место н аиталијанската серија А со катастрофален скор од два порази и едно ремо во три одиграни средби. Интер со пораз на домашен терен од Трабзонспор ги започна и натпреварите од Лигата на Шампионите од оваа натпреварувачка сезона.

Името на наследникот на Гасперини ќе биде сопштено во следните неколку денови, стои во соопштението на ителијанскиот вице-шампион.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.