IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Италијанска Серија А
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италијанска Серија А

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 9>
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2011 во 16:35

Раниери: Наполи беа подобри од нас


Тренерот на италијанскиот вицешампион Рома, Клаудио Раниери сосема логично остана многу разочаран од тешкиот домашен пораз со 0:2 од Наполи.


Двата тима ги одмерија силите едни против други во средбата од 25-тото коло на Серија А и римјаните бараа по секоја цена нови три поени за да се приближат максимално до лидерот на табелата Милан.

На крајот сепак неаполитанците го надиграа својот противник и на тој начин сериозно им ги намалија шансите да се борат за титулата.

„Игравме против многу силен тим кој се бореше со сите сили за победа. Треба да признаеме дека Наполи беше подобриот тим на теренот. Тие стоеја доста подобро од нас и мислам дека заслужено победија.“ - рече на персконференцијата по натпреварот, Клаудио Раниери.

„По таков пораз треба да се пофали противникот и да признаеме дека тој покажал многу поагресивна и поефикасна игра од нас.“
- додаде тренерот.

„Не мислам сепак дека треба да се прават трагедии, до крајот на сезоната останува уште доста време. Имавме доста потешкотии, но успеавме да се справиме со нив. Се фокусираме на претстојните дуели.“
- заврши поранешниот тренер на Јувентус.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2011 во 01:53
Јуве го победи Интер      

Јувентус на домашен терен го совлада Интер со резлутат од 1:0 во рамките на Серија А...

Јувентус поведе во 30. минута преку голот на Алесандро Матри за водство, а воедно и конечен резултат од 1:0 и победа против актуелниот шампион Интер.

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев доби шанса од Леонардо по три натпревари пауза и во 60. минута влезе како измена, но не успеа да ги смени работите на теренот. Ето имаше неколку шанси да израмни, но не успеа да ги реализира.



Изменето од емил - 14.Февруари.2011 во 01:53
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2011 во 15:41

ИНТЕР ПОДОБАР ОД КАЉАРИ, БОЛОЊА ГО ИЗНЕНАДИ ПАЛЕРМО

slika
На првите два натпревари од 26 - то коло во Серија А победи оставрија екипите на Интер и Болоња. Интер на Џузепе Меаца го совлада минимално Каљари со 1:0 со голот на Ранокиа во 7 - та минута постигнат од офсајд. Горан Пандев ги одигра комплетните 90 минути на средбата и беше меѓу најдобро оценетите играчи на официјалниот веб сајт на Интер. Болоња го изненади Палермо го совлада со 1:0 со голот на  Папони во судиското продолжение од второто полувреме.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2011 во 15:43
Јувентус поразен на гостувањето кај Лече

Јувентус%20поразен%20на%20гостувањето%20кај%20Лече
Јувентус доживеа пораз на гостувањето кај Лече, Старата Дама загуби со 2-0.
Јуве влезе како фаворит во натпреварот против Лече, но тимот од Торино со пораз се враќа дома.

Дека Јувентус го очекуваат многу проблеми беше најавено уште во 12та минута кога останаа со фудбалер помалку.

Џиџи Буфон одбрани една топка со рака надвор од својот шеснаесетник и заслужено доби директен црвен картон.

Дел Нери го извади Милош Красиќ и на негово место го стави вториот голман, Сторари.

Лече знаеше како да ја искористи играчката предност, во 32та минута Месбах постигна гол за водство на домаќините од 1-0.

По само три минути игра, по асистенција од Ди Микеле, Бертолачи го поставува конечниот резултат од 2-0.

Во 69та минута и Лече остана со 10 фудбалери откако Вивес набрзина заработи два жолти картони, но Јуве не успеа да го искористи тоа.

 

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 07:58

 

Зампарини денеска го отпушти Делио Роси, по дебаклот на домашен терен против Удинезе и поразот од 0:7. На негово место, шефот на сицилијанците го доведе Серсе Козми.

 

Харизматичниот тренер кој стекна репутација предводејќи ја Перуџа, доби шанса да се докаже во калчолигашот.

- Има карактер кој ќе го однесе Палермо до нови победи, изјави Зампарини.

После Перуџа, Козми работеше во Џенова, Удинезе, Ливорно и Бреша, но не успеа да остави впечаток никаде.

Официјалната презентација на Козми ќе се случи утре попладне.



Изменето од емил - 01.Март.2011 во 07:58
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 11:08
Касано тука малку претеруваа.....смешен 
 
-------------------------------------------------------------
 
Само Меси е подобар од Пато

Засилувањето за нападот на Милан во јануарскиот преоден рок, Антонио Касано, продолжува со навиките да коментира постојано во медиумите за случувањата во клубот, но и за своите колеги. Овој пат на удар се неговите партнери во нападот Пато и Ибрахимовиќ.

"Пато е најдобриот играч. Тоа сум му го кажал. Сепак, има само еден кој е подобар од него. Тоа е Меси. Би било неверојатно доколку можеме да ги видиме во иста екипа", вели Касано.

Прашан за споредба меѓу Ибрахимовиќ и Кавани од Наполи, тој одговара во свој стил.

"Кавани или Ибрахимовиќ? Се шегувате? Какво прашање е ова? Кавани е дефинитивно добар играч, но Ибрахимовиќ е сосема друга категорија. Тие двајца се неспоредливи. Што се однесува до Наполи, нивниот тренер верува дека ќе освојат титула, но тие не знаат дека Милан е поквалитетниот тим".

Што се однесува до неговата игра со Ибрахимовиќ и заедничко функционирање, и за тоа има свој коментар.

"Функционираме одлично. Соработуваме на теренот, а и надвор од него ни оди одлично. Успеавме да најдеме заеднички јазик само поради една работа. И двајцата сме сосема луди", вели Касано.


 



Изменето од емил - 01.Март.2011 во 11:09
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 15:57
Пато: Каква титула, сега размислуваме само на Јувентус

Напаѓачот на Милан, Алесандре Пато беше еден од најзаслужните за победата на неговиот тим над Наполи со 3:0. Тој го 'заработи' пеналот, на вториот гол беше асистент, а третиот беше негово ремек дело. И покрај победата над конк*рентите за титулата, Пато не е многу возбуден. "Не размислуваме за Скудетото. Фокусирани сме на следниот дуел против Јувентус. Сакам да играм во овој клуб, во кој играат големи шампиони. Тоа не се само мој соиграчи, тоа се и мој браќа. Пресреќен сум што одигравме еден одличен натпревар" изјави Бразилецот веднаш по завршувањето на натпреварот на "Сан Сиро".


Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2011 во 05:43
Гатузо му пресуди на Дел Нери

gattusoФудбалерите на Милан го совладаа Јувентус во натпревар од 28-мото коло на италијанската Серија А со 1:0, продлабочувајќи ја кризата на "Старата Дама"...

Новиот пораз на домашен терен во Торино се чини сериозно ја раздрма клупата на Луиџи Дел Нери.

На десет кола пред крајот Јуве останува на седмото место на табелата, надвор од зоната за излез во Европа и далеку зад водечките тимови, додека Милан барем моментално ја зголеми предноста на осум бодови во однос на второпласираниот Интер.

Погледнете го видеото со најинтересните моменти од синоќешниот дуел, како и единствениот погодок дело на Џенаро Гатузо во 68-мата минута.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2011 во 08:38

Јувентус не успеа ни против Чезена


Тимот на старата дама продолжува да ги разочарува своите фанови откако не успеа да слави над скромнито тим на Чезена на гостувањето во 29. коло на Серија А.

Бјанконерите завршија 2-2 и така веќе черити натпревари во низа немаат запишано три поени на своето салдо, натпреварот започна одлично за гостите, со водство од 2-0 со двата погодоци на Александро Матри во 19. и во 35. минута.

Но сепак, за да продолжи традицијата на лоши исходи за Јуве се погрижија Луис Антонио Хименес во 41. минута од пенал и Марко Пароло во 80. минута.

Ништо нема да биде чудно доколку од утра Јуве има нов тренер, откако Луиџи Дел Нери имаше ултиматум за задолжително освојвуање на трите поени, но тој не успеа да се справи со таа задача.

Јувентус доминираше на натпреварот, го имаше поседот на топката и создаваше акции пред противничкиот гол, но сепак проблемот за бјанконерите е неефикасниот напад.

Со поделените по еден поен Чезена останува на 17. позиција со 29 освоени поени додека Јуве го зачува седмото место со 42 поени на своето конто.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 10:31
  

Со двата гола на Уругваецот Наполи со 2:1 го совлада Каљари во последната средба од 30. коло во Серие А и се доближи на минус три во однос на лидерот Милан.

Поразот на Милан на Сицилија во саботата и минималната понеда на Интер дома над Лече ја вратија неизвесноста во борбата за Скудетото. Да биде сликата комплетна, и третиот Наполи успеа да им се доближи на “росонерите“ со триумф на домашен терен од Каљари.

Најзаслужен за триумфот на Наполи над Каљари од 2:1 е нивниот најдобар играч оваа сезона Единсон Кавани, кој беше двоен стрелец во победата со која неговиот тим се доближи на само минус три во однос на Милан и има само еден бод помалку од актуелниот шампион Интер.

Кавани го отвори резултатот во 49. минута од белата точка, но само осум минути гостите изедначија преку Роберто Аквафреска. Сепак, набргу по изедначувањето на сцена повторно стапи Кавани, кој со својот 22. гол оваа сезона ги постави конечните 2:1.  

РЕЗУЛТАТИ ОД 30. КОЛО:

недела:


Наполи - Каљари 2:1 (0:0)
(Кавани 49п, 61 - Аквафреска 56)

Фиорентина - Рома 2:2 (2:1)
(Муту 22, Гамберини 35 - Тоти 27п, 52)

Бари - Киево 1:2 (1:1)
(Гезал 41п - Пелисије 38, Москардели 49)

Болоња - Џенова 1:1 (1:1)
(Ди Вајо 28 - Даинели 43)

Интер - Лече 1:0 (0:0)
(Пацини 52)

Јувентус - Бреша 2:1 (1:1)
(Красиќ 23, Дел Пјеро 68 - Едер 42)

Сампдорија - Парма 0:1 (0:0)
(Закардо 65)

Удинезе - Катанија 2:0 (1:0)
(Инлер 22, Ди Натале 74п)

сабота:

Лацио - Чезена 1:0 (1:0)
(Зарате 2)

Палермо - Милан 1:0 (1:0)
(Гојан 10)

ТАБЕЛА
: Милан 62, Интер 60, Наполи 59, Удинезе 56, Лацио 54, Рома 50, Јувентус 45, Палермо 43, Фиорентина 41, Болоња 40, Каљари 39, Џенова 39, Киево 35, Парма 32, Катанија 32, Сампдорија 31, Чезена 29, Лече 28, Бреша 26, Бари 17 бодови



Изменето од емил - 21.Март.2011 во 10:32
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2011 во 07:33
Милан го понижи Интер        
 

Милан го растури Интер со резултат од 3:0 во рамките на италијанската Серија А...

Милан го победи Интер на градското дерби во Милано и ја зголеми предноста на 5 бода.

Резултатот се отвори веќе во 1. минута со голот на Пато, а само неколку минути Маикон во шеснаесетникот ја скроти топката со рака, но скандалозно судијата не покажа на белата точка. Во понатамошниот тек од натпреварот Интер скоро и да немаше контакт со топката, додека Милан покажа перфектен фудбал. Росоњерите во второто полувреме продолжија со доминацијата, а Интер пак во 54. минута покрај слабата форма остана и со играч помалку откако Киву го фаулираше Пато и заработи црвен картон. Бразилскиот стратег тактички го извади Пандев и на негово место влезе Кордоба. Потоа во 62. минута Милан ја искористи предонста и преку Пато дојде до водство од 2:0 и продолжи да напаѓа, а Интер преку одличните интервенции на Цезар се спаси од уште поголем срам. Во финишот на натпреварот нероазурите повторно агресивни, во 90. минута Занети го фаулираше Касано во шеснаесетникот по што судијата покажа на белата точка. Касано го реализираше пеналот и заокружи на 3:0 што воедно беше и конечен резултат на натпреварот. Антонио Касано потоа за кратко заработи црвен картон.

Со овој пораз Интер многу ги намали шансите за освојување на Скудетото оваа сезона.

Нероазурите ќе пробаат да добијат утеха во следниот натпревар против Шалке во рамките на Лигата на Шампионите.



Изменето од емил - 03.Април.2011 во 07:33
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2011 во 07:55

Тренерот на клубот од Неапол мисли дека се е можно во непредвидливата трка за титулата во Серие А, па дури и тоа неговиот тим да стане шампион.

 

Валтер Мацари смета дека неговиот Наполи има одлична шанса оваа сезона да се закити со Скудетото. Во моментов клубот од Неапол се наоѓа на втората позиција во Серие А со само три бодови помалку од лидерот Милан. Според тренерот, со оглед на непредвидливиот тек на оваа сезона во Италија, се може да се случи до крајот.

Играме над сите очекувања и се може да се случи. Ќе дадеме се од себе и на крајот од сезоната ќе видиме каде тоа ќе не однесе. Ваквата наша позиција не е резултат само на тренерот, туку на сите во клубот“ - изјави Мацари.

Тој се надева дека ќе успее да му ја донесе првата титула на Наполи по пауза од повеќе од 20 години.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2011 во 06:56
Милан цврсто чекори кон титулата; Бари се збогува со Серија А
Милан%20цврсто%20чекори%20кон%20титулата;%20Бари%20се%20збогува%20со%20Серија%20А
Со победата над Бреша, Милан цврсто чекори кон освојување на Скудетото додека пак екипата на Бари по поразот од Сампдорија се збогуваше од Серија А

На четири кола до крајот на сезоната Милан има осум бода во однос на второпласираниот Интер па чудо треба да се случи за Росоњерите да освојат без Скудетото.

Пред почетокот на ова коло, Алегри го посочи дуелот со Бреша како најважен во сезоната на Милан и стратегот сигурно е пресреќен што неговиот тим славеше со 1-0.

Росоњерите имаа голем број шанси но го постигнаа победоносниот погодок дури во 82та минута кога Робињо реализираше еден успешен контра-напад.

И додека разврската за врвот станува се појасна, полека се комплетираат и екипите кои се збогуваат со Серија А откако денес Бари стана првата екипа заминува од елитата.

Сампдорија со 1-0 славеше на гостувањето кај Бари откако Поци во 59та минута прециозно ја реализираше најстрогата казна со што тимот од Сан Паоло ги загуби и теоретските шанси за опстанок во Серија А.

Дерби средбата помеѓу Интер и Лацио заврши со победа на Нероаѕурите од 2-1 а Бјанкочелестите можат да жалат за пропуштената жанса да обезбедат поволен резултат на Џузепе Меаца.

Гостите од Рим го отворија резултатот во 24та минута откако Зарате прецизно ја реализираше најстрогата казна а покрај водството, Лацио имаше и фудбалер повеќе на теренот откако голманот на Интер, Жулио Цесар доби црвен картон.

Сепак на пет минути пред крајот на првото полувреме, Весли Снајдер прекрасно изведе слободен удар од 25 метри и го совлада Муслера за изедначување на резултатот на 1-1.

Иако со фудбалер помалку, Интер преку Самуел Ето во 53та минута стигна до водство од 2-1 откако интернационалецот од Камерун го искористи киксот на Биава и ја затресе мрежата на Лацио.

Со овие три бода, Интер се искачи на втората позиција на табелата откако Наполи доживеа пораз на гостувањето кај Палермо.

Наполитанците имаа одличен старт на средбата и водство уште во втората минута со голот на Кавани од пенал.

Но во 37та минута Балзарети стрелаше прецизно за 1-1 а во финишот на првото полувреме, Бово со удар од белата точка направи комплетен пресврт и донесе водство од 2-1 за Палермо.

Поразот на Лацио во Милано не го искористи Удинезе откако Парма славеше со 2-0 на гостувањето на Фриули.

Двоен стрелец за гостите беше Амаури кој го отвори резултатот во 13та минута а потоа во финишот на средбата го постави и конечниот резултат.

Рома ги задржа шансите за топ-четири пласман благодарејќи на минималната победа и трите бода во дуелот со Киево остварени со погодокот на Симоне Перота.

Џенова и Лече одиграа возбудлив натпревар во кој домакините славеа со 4-2.

Ди Микеле ги донесе гостите во водство во третата минута но седум минути подоцна домакините возвратија преку погодокот на Флоро Флорес.

По половина час игра, Ди Микеле повторно го врати Лече во водство но непосредно пред одморот Родриго Паласио го изедначи резултатот.

Истиот фудбалер во 54та минута ја донесе екипата на Џенова во водство од 3-2 а во 62та минута Флоро Флорес ги постави конечните 4-2.

Чезена си ги зголеми шансите за опстанок откако победи со 2-0 на гостувањето кај Болоња со погодоците во второто полувреме на Цакерини и Малонга.

Во натпревар во кој резултатот не беше од големо значење, Фиорентина славеше со 2-1 на гостувањето кај Каљари.

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2011 во 19:47
Милан е новиот ’владател’ на Италија

Милан%20е%20новиот%20’владател’%20на%20Италија

По ремито без голови на дуелот против Рома, фудбалерите на Милан ја обезбедија шампионската титула во италијанскиот шампионат и тоа е прв трофеј во Серија А по пауза од 2004 година.

„Ова е голем момент за сите фудбалери во тимот. Освојувањето на титулата е од големо значење за сите, но особено за младите во составот, кои направија голем чекор напред во својата кариера. Сега ни останува да го освоиме Купот и да потврдиме дека сме најдобри во Италија“, изјави холандскиот репрезентативец, Кларенс Сидорф.

Милан во овој момент има 78 бода и на две кола до крајот на шампионатот има недостижна предност во однос на досегашниот првак, Интер, кој заостанува девет бода.

„Направивме голема работа, пресреќен сум бидејќи успеавме да се вратиме на тронот во Италија по пауза од седум години, навистина сум презадоволен од постигнатото“, истакна Џенаро Гатузо.

Инаку ова е прв шампионски трофеј и за тренерот Масимилијано Алегри, кој до титулата стигна во првата година откако го презема тимот на Милан.

Со триумфот во Серија А, Милан ја прекина доминацијата на Интер, кој во претходните години пет пати по ред беше шампион на Италија, а со оваа титула се израмни по бројот на пехари со вечниот ривал, додека убедливо напред е Јувентус со 27.

Синоќа плоштадот во Милано беше полн со фанови на ’росонерите’ кои слевеја без своите миленици, бидејќи играчите на Милан отпатуваа за Палермо каде утре ќе го одиграат реванш натпреварот од полуфиналето во италијанскиот Куп.



Овицијалната церемонија и славеје е закажано за 14 мај, кога Милан го игра последниот натпревар на домашен терен против Каљари.



I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.