IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Коктели
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Коктели

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 13>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Коктели
    Испратена: 08.Декември.2020 во 19:37

Мартини со кокос: Рецепт за неодоливо кремаст зимски коктел


Мартини со кокос: Рецепт за неодоливо кремаст зимски коктел


Со текот на времето се појавија бројни рецепти за мартини, а за време на карантинот, креативната страна се разбуди, па така е создаден еден нов рецепт за мартини со вкус на кокос.


  • 30 милилитри вотка
  • 1/4 лажичка екстракт од ванила
  • 45 г крем од кокос
  • 30 милилитри Малибу

Начин на подготовка:

  1. Изладете ги сите состојки.
  2. Измешајте ги сите состојки во шејкер и добро протресете. Истурете во чаши.
  3. Украсете по избор!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2020 во 09:56


Домашно мохито со малини

Консумирањето на засладените газирани напитоци не e најдобриот избор за освежувње, бидејќи истите се штетни за нашето здравје,особено за тежината. Денес ви откриваме една чудесна алтернатива за истите!

Состојки

  • 500 гр малини
  • 20 гр нане
  • 200 гр шеќер
  • 70 гр лимон

Начин на подготовка

  • Добро измијте го лимонот и добро залејте го со врела вода, а потоа добро исечете ги на кругови со ширина од 5 мм. Не заборавајте даги отстраните сите семиња, со цел да го избегнете горчеливиот вкус.
  • Обилно исплакнете ги листовите од нането и малините. Налејте вода во сад и доведете ја до точка на вриење.
  • На дното на стерилизирана тегла поставете ги малините, неколкуте листови на нане и исечениот лимон. Покријте ја теглата со капак и оставете ја да претстои 20 минути.
  • По 20 минути исипете ја водата од теглата во тава и додадете шеќер. Варете го сирупот 5 минути, а потоа вратете го назад во теглата со овошјата. Затворете ја теглата со капак, свртете ја надолу и оставете ја додека да се излади целосно.


Изменето од Valerija - 16.Јули.2020 во 09:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2020 во 10:37

1. Negroni

Овој коктел е многу познат и големи се шансите веќе да сте го пробале. Сѐ што ви е потребно е џин, кампари и сладок вермут, а и парче портокал не е на одмет. А, колку ќе ставите зависи од личниот вкус.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-02.jpg

2. Old Fashioned

Овој коктел е еден од оние пијалоци кои докажуваат дека не мора да биде комплицирано за да биде вкусно. Оригинално, тој се прави со виски, но може и со текила или рум. Покрај алкохол, потребно ви е и мала количина шеќер и некој горчлив безалкохолен пијалак. Сами одлучете што ќе ставите, бидејќи само од вас зависи каков вкус ќе има.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-03.jpg

3. Boulevardier

Во прашање е комбинација од виски, кампари и вермут. Вообичаено ова е женски пијалак, а се прави така што ќе ја наполните чашата со мраз и ќе додадете еднакви количини од трите пијалаци.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-04.jpg

4. The Gold Rush

Дали некогаш сте пробале џин со мед? Ако одговорот е „не“ тогаш препорачуваме задолжително да го направите тоа. Овој коктел е сличен на тоа – се прави од бурбон и мед. Во длабока чаша ставете го алкохолот, додадете ароматичен мед и неколку коцки мраз.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-05.jpg

5. Margarita

Сигурни сме дека барем за него сте чуле. Овој коктел се базира на текила, а ви требаат и свеж лимон и шеќер. Лимонот исцедете го во текилата, а шеќерот ставете го или на врвот од чашата или внатре како дел од пијалакот.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-06.jpg

6. Caipirinha

Пуштете самба музика и заиграјте со овој бразилски пијалак. Сѐ што треба да направите е да изгмечите парче лимон и да го валкате во шеќер, а потоа да го ставите во чаша со рум. Промешајте со мразот и внимателно пијте.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-07.jpg

7. White Russian

Ова е уште еден навистина познат пијалак кој е навистина лесен за подготвување. Бидејќи е руски, секако дека во основата има вотка. За да го направите, измешајте чаша вотка со 2 лажици нес кафе и лажиче млеко или слатка павлака. Резултатот е вкусен коктел кој сигурно ќе ви се допадне.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-08.jpg

8. Great Gatsby

Уште познат како „цветен коктел“ кој во него содржи цеден грејпфрут и вотка, а количината зависи од личниот вкус. 

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-09.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2020 во 10:23

Безалкохолно мохито со малина – освежувачки коктел за жешките летни денови кои доаѓаат


Вкусот на овој пијалак е добитна летна комбинација, за сите. Доколку сте љубители на безалкохолните коктели, тогаш ова ќе биде вистински избор за вас.

Мохито малина, е пијалак во кој што може да ужива целото семејство. Едноставно и брзо се прави, има феноменален вкус и изгледа одлично.

По желба, овој коктел може да го направите и со алкохол, но изборот е ваш.

Состојки:

- 3/4 шолји шеќер
- 3 лимети
- 2 чаши свежи малини
- 12-14 крупно исечкани, свежи лисја од нане и неколку цели лисја за декорација
- 1 литар минерална вода со вкус на лимета 

Подготовка:

Во загреано тенџере додадете го шеќерот со една шолја вода и мешајте додека шеќерот не се растопи.

Потоа смесата оставете да се излади. Исцедете ги лиметите.

Во голем бокал измешајте 1 чаша малини, нане и сок од лимета. Додадете коцки мраз.

Додадете минерална вода, а потоа измешајте. Исечкајте ги останатите лимети и послужете го пијалакот со декорација по ваш избор.

Доколку сакате да пробате алкохолна верзија од пијалакот, додадете бел рум.



Изменето од Valerija - 17.Јуни.2020 во 10:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2018 во 10:52

Dave’s Kitchen: Есенски коктел за секоја пригода


Оваа недела Dave’s Kitchen ни ја презентира својата верзија на есенски коктел. Она што го прави посебен овој коктел е интересната комбинација на состојки и додатокот на карамел кој дава посебен вкус при секоја нова голтка.


Потребни состојки:

  • 300 мл. ферментиран алкохолен пијалак од јаболка
  • 150 мл. бело пенливо вино
  • Карамел за декорација

Начин на подготовка: 

Промешајте го алкохолниот пијалак од јаболка со белото пенливо вино. Чашата декорирајте ја со карамел, па потоа претходно приготвениот пијалак ставете го неа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2018 во 11:19
Ликер смоква коктел


Ликер смоква коктел

Состојки
6 парчињ смоква
40мл сок од вишна
320мл маракуја сок( ставив газиран маракуја сок )
40мл коцки мраз
20 мл темен рум ( 20мл ликер )
20мл вотка

Одлична комбинација на состојки
Смоквата измијте ја добро.
Ако е од зелените смокви излупете ја, аако е од темните и зрела,оставете ја лушпата.
Исечете ја на парчиња и редете во чашата,
Додајте го мразот.Во чаша за коктели или апаратче, додајте ги течните состојки па измешајте добро.
Полијте врз мразот.
Декорирајте со мента,нанеили кое било парче зеленило.
На здравје


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2018 во 08:39

Rosé Aperol Spritz – Новиот омилен летен коктел

ros-aperol-spritz-noviot-omilen-leten-koktel-01.jpg



ros-aperol-spritz-noviot-omilen-leten-koktel-02.jpg

На Инстаграм ќе најдете многу фотки кои делуваат неодоливо вкусно, па затоа ви го пренесуваме рецептот кој може да го направите сами дома:

  • ¾ шолја тоник
  • ¼ шолја Aperol
  • ¼ свежо цедена лимета
  • 750ml розе вино
  • Мраз

Помешајте ги сите состојки заедно во голем бокал и украсете со парчиња грејпфрут или портокал.

Уживајте!



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2018 во 20:37
Авокадо коктел со ликер од нане (мента)


Коктел  од авокадо со ликер од нане

Состојки

    50 мл ликер од мента
    1 авокадо
    5 коцки мраз
    1 сок од лимета
    1 гранче нане
    200мл сода вода

Интересен спој на нане и авокадо, зачинето со убавиот вкус на ликерот од нане. Измијте го нането. Еден дел оставете за декорација, а другиот ставете го во нутрибулетот. Додадете го излупеното и исчистено авокадо и коцките мраз. Измиксајте. Дополенете со сода вода и ликер од нане и зачинете со сок од свежо цедена лимета. Сервирајте во изладена чаша полна со мраз. Декорирајте со нане. На здравје Ако не можете да најдете ликер од нане, подгответе го сами. 500 мл ракија 5 раце свежо нане 150 гр шеќер. Промешајте и оставете да отстои 40 дена. Цедете па конзумирајте. На здравје!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2018 во 07:58

Подгответе „белегзија“ коктел со домашна ракија


По повод Новогодишните и Божиќните празници, изненадете ги вашите гости со необичен коктел во кој главна состојка е ракијата.

Ако не сте љубител на овој алкохолен пијалак, немојте да се грижите, затоа што ракијата воопшто нема ни ја почувствувате.


Потребни состојки:

  • 50мл ракија
  • 50мл сок од слатко од диви смокви
  • 50мл сок од јаболко
  • 2-3 капки арома од ванила
  • мраз

Начин на подготовка:

Најпрво ставете ја ракијата, а потоа додадете го сокот од слатко и аромата од ванила. Измешајте ги состојките, а потоа додадете го сокот од јаболко, мразот и неколку смокви од слаткото. 

Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2017 во 16:09
Коктел со праски на грил и виски

Коктел со праски на грил и виски


Праските на грил му даваат посебен вкус на овој освежителен, летен коктел.

Подготовка
1. Праските и лимонот се сечат на половина и се потпекуваат на грил.
2. Се ставаат во стаклен/керамички сад, се додава мед, нане и се притискаат со толчник да ослободат сок. Убаво се процедуваат со цедалка.
3. Се додава виски и добро се промешува.
4. Се става процедената течност во чаша наполнета со мраз и се дополнува со кисела вода.
5. Се служи украсено со парчиња од праските на грил и нане мента.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Neptun74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Orbiter

Регистриран: 23.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2643
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neptun74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2017 во 00:28



TEQUILA SUNRISE
DeepBlue
Кон врв
Neptun74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Orbiter

Регистриран: 23.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2643
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neptun74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2017 во 23:34
White Russian ...

DeepBlue
Кон врв
Neptun74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Orbiter

Регистриран: 23.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2643
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neptun74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2017 во 22:28

Galaxy coctail

DeepBlue
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2017 во 22:19
Уфф..слабост ми се ,гледајќи по сликиве посакав некој од нив.
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,176 секунди.