IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Супи и чорби
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Супи и чорби

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 10>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 10:42

Крем супа од морков


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 500 милилитри Пилешка супа
  • 300 грама Моркови
  • 50 милилитри Масло
  • малку   Магдонос
  • 2 чешниња Лук
  • 30 грама Кромид
  • 50 грама Кисела павлака
  • малку   Сол
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем супа од морков

ПОДГОТОВКА:

Морковот го сечеме на тркалца и го ставаме настрана. Кромидот,пак, ситно го сечкаме и го ставаме во соодветен сад со загреано масло да се пржи, а мешаме по потреба. Потоа го додаваме и морковот, промешуваме и оставаме да се пржат заедно 3-4 минути. Тогаш ги додаваме и исечканиот лук, убаво промешуваме, па ја додаваме пилешката супа и оставаме да се вари 10-тина минути додека морковот не омекне.

По дваесетина минути садот го тргаме настрана и смесата од него ја ставаме бо блендер, па ја миксираме и ја враќаме повторно во садот. Садот го ставаме на оган и оставаме супата да зоврие.

Супата ја зачинуваме со сол и со црн пипер, па ја сервираме во длабока чинија за супа. На крајот, ја прелива со лажица павлака за готвење и поросуваме малку исечкан магдонос.


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 17:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 10:41

Супа со јајца и кашкавал


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Магдонос
  • 150 грама Кашкавал
  • 30 грама Гриз
  • 3   Јајца/це
  • 1500 милилитри Супа од зеленчук


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Јајцата се честа состојка во многу рецепти. Полни се со многу хранливи материи (витамини, протеини, масти) и даваат големи количества енергија. Големата нутритивна вредност на јајцето е логична со оглед на тоа што оплоденото јајце треба да овозможи се што му е потребно за развој на малото пиле. Јајцето содржи околу шест грама протеини и други важни хранливи состојки, но и 212 милиграми холестерол. Со оглед на тоа што се препорачува консумација на на 300 милиграми холестерол дневно, високата содржина на оваа состојка би спречило многу луѓе да јадат јајца. Но, треба да се истакне дека по едно јајце дневно нема драстично да ја зголеми содржината на холестерол во крвта и да ги зголеми нивоата на маснотии. Тоа е навистина добра вест, ако се знае дека јајцето содржи многу други важни хранливи материи како холин (есенцијален за добар вид), селен (неопходен за силен имунитет), витамин А (го поттикнува растот на клетките), витамин Е (антиоксиданс) и лутеин (кој го подобрува видот).

Протеините во јајцето главно се содржарт во белката, додека жолчаката ги содржи витамините А, Д и Е, масти и холестерол.

ПОДГОТОВКА:

Супата треба да зоврие, а потоа се сипува гризот со непреќинато мешање и се вари некоку минути.

Во чинија за супа изматете ги јајцата и додадете го изренданиот кашкавал. Сипете ја супата, малку по малку во чинијата, непреќинато мешајќи.

Наросете ја со ситно сецкан магдонос и послужете ја.


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 17:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 10:41

Густа пилешка чорба


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Пилешко
  • 1000 милилитри Пилешка супа
  • 200 грама Ориз
  • 60 грама Моркови
  • малку   Магдонос
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 150 грама Компир
  • 100 грама Кисела павлака
  • 30 грама Целер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Густа пилешка чорба

ПОДГОТОВКА:

Кромидот, морковот и компирите се рендаат и се пржат во масло.

Веднаш се додава рендан корен од целер и магдонос и уште извесно време се заедно се пржи.

Потоа се налева со супа од пиле (или приготвена од коцка) и кога ќе зоврие се додава ориз.

Сетоа тоа се вари заедно 15 минути во што се додава исеченото месо од остатоци од остатоци од варено или печено пиле.

Во 100 милилитри павлака се измешува лажица брашно се додава на чорбата и се остава тивко да врие извесно време.

Пред служење служење се посипува со магдоносот.


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 17:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 10:40

Млечна крем супа


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Моркови
  • 150 милилитри Млеко
  • 100 грама Компир


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Кога на бебето му се припрема оброк од млеко, не треба да се користи извриена вода како додаток за млекото, затоа што постои опасност од концентрацијата на минералните соли.

Исто така млекото не би требало да се подгрева во микровална печка, затоа што млекото би можело да биде претопло, па затоа најубаво е млекото да се заедно со чашата да се стави во друг сад со топла вода.

ПОДГОТОВКА:

Компирот и морковот се мијат, се лупат, се сечкаат и се ставаат да се варат во малку вода, поклопени.

Штом омекнат, се вадат од водата, се пасираат и се додава млекото. Потоа се става само малку да проврие.


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 17:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 16:17
Летна супа

Потребно:

* 200 г тиквички
* 2 лажици маслиново масло
* 1 домат
* 1 чешне лук
* бибер
* 1 ќесичка готова супа

Приготвување: во загреаното маслиново масло издинстајте ги тиквичките исечени на коцкички. Во нив сипајте еден литар млака вода и додадете ја ќесичката готова супа, па сето тоа варете го 10 минути. Пред крај додадете го доматот исечен на коцкички, истолчениот лук и биберот. Летната супа послужете ја во комбинација со месни или рибји јадења подготвени на скара.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 16:10

Јагнешка Чорба


1 јагнешка глава
1 чаша кисело млеко
1 филџан ориз
зелен
1 јајце
сол
Јагнешката глава ставете ја да се вари вo 1 1/2 л. вода заеднo со зеленoт. Посoлете пo вкус. Откакo ќе се свари, процедете ја чорбата, oтстранете ги кoските од главата, а месoтo иситнето ставете гo вo чорбата и додајте гo оризoт. Ставете ја чoрбата да се вари, па откако оризoт дoбро ќе се свари, тргнете ја чoрбата од oган. Пред служење зачинете ја чoрбата на следниoт начин: изматете гo млекoтo со една жoлчка и пoстепенo вo него дoдавајте 2-3 кутлачи oд чoрбата, мешајќи да дoбиете хомoгена маса. Пoтoа сипете ја таа маса во чoрбата, прoмешајте убавo и служете. Чoрбата треба пoстепенo да ја дoдавате во смесата oд млекoто и jајцето, за да не се згрутчи масата.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
д4б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Lord OFF the topic

Регистриран: 31.Јули.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2013 во 14:00
ясно
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2013 во 13:58
аааааааааа тоа ли . Зелка на српски значи 
Кон врв
д4б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Lord OFF the topic

Регистриран: 31.Јули.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2013 во 13:53
Крем-чорба од кељ

Потребно:

* 500 гр кељ
* 1 лажичка путер
* зачинал
* бибер
* сол
* 4 лажици павлака
* 1 главица кромид

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2013 во 13:24
Originally posted by д4б3 д4б3 напиша:

што е кель
 
болест по главата од која ти опаѓа косата . Од таму доаѓа маќедонскиот збор за гологлав - ќелав 
Кон врв
д4б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Lord OFF the topic

Регистриран: 31.Јули.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2013 во 13:06
што е кель
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2013 во 11:27

Пикантна супа од домати

Супата од домати е една од најпо­пу­лар­ните супи во пове­ќето земји. Посто­јат голем број на вари­јанти на ова топло пред­ја­дење, а ние денес се решивме за пикантна вер­зија, која веру­ваме дека ќе ви се допадне.

СОСТОЈКИ (4 пор­ции)
● 4 ½ шолји сеч­кани домати или пелати
● ¼ мала шолја пињоли
● 4 големи лажици масли­ново масло
● 4 чешниња лук, исит­нети
● 1 кро­мид, ситно насеч­кан
● 1 лута пиперка, ситно сеч­кана
● ½ шолја сеч­кан боси­лек
● 80 мл бело вино
● 1 мала лажица ори­гано
● сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: ста­вете една шолја домати во блен­дер и убаво исит­нете ги. Дода­дете ги пињо­лите и мешајте уште една минута за да се добие хомо­гена смеса. Потоа, загрејте масло и пржете ги кро­ми­дот, лукот и лутата пиперка околу 5 минути.

Чекор 2: дода­дете ги пре­о­ста­на­тите домати, 2 лажици боси­лек, вино и ори­гано. На крај се додава сме­сата од домати и пињоли и убаво про­ме­шајте. Про­до­лжете со варење.

Чекор 3: кога супата ќе зоврие, нама­лете ја темпе­ра­ту­рата на огнот и варете уште 5–6 минути за да се повр­зат сите ароми. Зачи­нете со сол и бибер. Пред серви­рање, дода­дете го и пре­о­ста­на­тиот босилек.



Изменето од емил - 21.Август.2013 во 11:27
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2012 во 11:46

Крем-супа од компири и праз

Приготвување:

Стопете го путерот во големо тенџере на средна температура. Додајте го сечканиот праз, зачинете со свежо мелен црн пипер и гответе додека празот да омекне, околу 5 минути.

Додајте ги сечканите компири, солта и мајчината душица и варете додека да замириса, околу 2 минути.

Зголемете ја температурата на висока, додадете ги зеленчуковата супа и водата и оставете да зоврие. Намалете ја температурата и динстајте додека компирите да почнат лесно да се боцкаат со виљушка, околу 10 минути.

Ставете ја супата во блендер и пасирајте ја додека да добиете изедначена смеса (ако е мал блендерот, пасирајте ја на повеќе делови). Вратете ја супата во тенџерето на средна температура, додајте ја павлаката, зачинете со уште пипер по желба и варете ја додека да се загрее, околу 3 минути.

Послужете со растопени земички.

Состојки:

2 лажици несолен путер

500 г ситно сечкан праз (само белите и бледозелените делови)

700 г компири, сечени на коцки

1 лажица сол

1 лажичка ситно сечкана свежа мајчина душичка

500 мл зеленчукова супа од коцка

700 мл вода

150 мл павлака

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2012 во 11:08

Вкусна пилешка супа со лимон


Потребни состојки:

150 гр. ориз

Сол и бибер

6 пилешки стека

2 лажици масло

2 чешниња лук

1 главица кромид

1 лажица вегета

2 лажици ситно сецкан магдонос

2 лимона

Припрема:

Месото исечете го на коцки, зачинете го и пропржете го. Додадете го ситно сецканниот лук и кромид и повторно пропржете. Додадете го оризот, кратко пропржете, додадете 2 литра вода и гответе околу 15 минути.

Кога супата ќе се свари, додадете рендана кора од 1 лимон, ситно сецкан магдонос, сол, црн пипер, вегета и сок од 2 лимона. Добар апетит!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,078 секунди.