IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Римската цивилизација
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Римската цивилизација

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Римската цивилизација
    Испратена: 15.Јуни.2010 во 17:11
По предлог на KastuS, сметам дека една ваква тема навистина недостига на историја, во која ќе се говори за римската вивилизација, односно историја, култура, начин на живот, придобивките од сето тоа, а секако и влијанијата кои ги имала врз македонската и другите цивилизации и култури.

-----------------------------------------------------------

Легендата за настанување на градот Рим

По удавениот крал Тиберин тој ги реди останатите кралеви и настани во кралството на Латините. Син на Тиберин е Агрип кој и го наследува, а на Агрип е Ромул Силвиј кој ќе владее откога ќе ја преземе власта од татка си. Ромул Силвиј загинува удрен од гром па кралството преминува во рацете на Авентин по кого подоцна ќе се нарече еден од ридовите кој е сега дел од градот Рим (токму на тој рид е закопан Автентин). По Автентин е Прока а негови потомци се Нумитор и Амулиј. На постариот Нумитор првично му останува старото кралство на родот Силвии, но татковата воља и правото на постариот ги руши помалиот Амулиј кој го изгонува брата си од престолот. На ова злосторство Амулиј додава нови: ќе ја искорени бартовата лоза по машка линија, а на ќерката од братот Реа Силвија, ќе посака да и ја искорени линијата преку привидна почест, правејќи ја весталка.



Весталките биле свештенички на божицата Веста и го чувале светиот оган во нејзиниот храм. За весталки биле одбирани девојчиња од 6 до 10 години и како свештенички се обвразувани на вечна девственост. Ако го прекршеле овој завет следувала смртна казна, живееле тежок манастирски живот, но имале разни почести: во придружба имале ликтор, на свеченостите седеле на почесни места, пред нив и конзулите морале да станат на нозе и единствено тие имале право низ Рим да се возат со коли. Празникот на Веста се славел на 09 јуни.

Што стана со весталката Реа Силвија и планот на чичко и Амулиј за целосна елиминација на братовата лоза? Толкави неправди се свртуваат против него со посилен излив на братово потомство и задоволување на правдата со враќањето на престолот кон истото. Реа Силвија е силувана и раѓа близнаци а на судењето во некаков надеж за спас за причинител на гревот го прикажува богот Марс кому се правеле најголеми почести. Сеедно суровиот чичко Амулиј наредува да се окова и чува под стража до одлуката за погубување, а децата да се фрлат во река.

Но случајно р.Тибар се излева преку бреговите и уште невратена во своето корито а спора со текот, им дала надеж на извршителите дека полесно ќе ги удави децата. Затоа и постапиле како да ја извршиле кралската наредба, па во блиското вирче ги оставиле децата, каде во време пишувањето на делото од Тит Ливиј сеуште се наоѓала смоквата наречена Руминал (пред тоа нарекувана Ромулар). Во време кралската наредба овие простори биле ненаселени та никој не видел кога од коритото во кое биле оставени близнаците, водата лесно ги исфрла на суво. И бидејќи луѓе немало ниту на повидок, од околните планини слободно дошетала една волчица која иако жедна, тргнала по детскиот плач, се наведнала над децата за да ги подои нежно а со јазикот почнала да ги лиже. Во оваа положба ја затекнал Фаустал, кралскиот управник на стадата. Во ова тој изгледа видел некаква божја воља или животинска грижа виза ви нечовечноста, та ги беше зел децата и ги однел кај жена си Ларентија да ги одгледува кај колибите. Но има и подоцнежни извитоперувања дека всушност жена му Ларентија била волчицата зашто така наводно била викана заради блудното тело. Со ова оставен е простор и за чудото и за приказната.



Римската волчица која ги доела Ромул и Рем


Преземено од MACEDONIUM


Легендата е презентирана според пишувањата на Тит Ливиј, односно од неговото дело "Од основањето на градот Рим" (латински: Ab Urbe condita), мошне интересно дело во кое е опишана историјата на градот Рим и Римската Империја, секако, согласно сфаќањата на тогашните Римјани.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2010 во 17:18
Рим и Римската цивилизација според мене е створена дури по Императорот Нерон - градот цел е изграден од корен бидејки бил изгорен целосно и дури тогаш градот добил репрезентативни спомениуци на култура,забава и др. архитектура.
Со таков потфат Римската цивилизација веке добива репрезентативно име низ целиот тогашен свет - ако Цезар морал да се одмара во Александрија а Калигула на Грчките острови по Нерон сите патишта веке водак кон Рим,без разлика дали се културни,воени или др.голема%20насмевка
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2010 во 17:30
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Рим и Римската цивилизација според мене е створена дури по Императорот Нерон - градот цел е изграден од корен бидејки бил изгорен целосно и дури тогаш градот добил репрезентативни спомениуци на култура,забава и др. архитектура.Со таков потфат Римската цивилизација веке добива репрезентативно име низ целиот тогашен свет - ако Цезар морал да се одмара во Александрија а Калигула на Грчките острови по Нерон сите патишта веке водак кон Рим,без разлика дали се културни,воени или др.голема%20насмевка


Мислам дека и другите Имепратори сепак нешто создале, иако секако, најголемиот градежен потфат го направил Нерон, секако, претходно палејќи го градот, за што ги обвинил Христијаните.
Меѓутоа не смее да се заборават и другите. На пример, Веспазијан е оној кој започнал со изградба на најголемиот римски амфитеатар- Колосеумот. Не смее никако да се заборави и Октавијан Август со неговите реформи во севкупниот живот на Рим, особено со формирање на преторијанската гарда.

Изменето од Македон - 22.Август.2010 во 02:38
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2010 во 16:02
Еве една интересна страница посветена на римската војска.

А еве и за римските воени реформи преземани во разни периоди на развој на римската држава


Интересно е што римскиот концепт е преземен и денес од земјите членки на НАТО пактот. Еден од стандардите на НАТО, преземен од римската империја е концептот на доброволна војска, со постоење на резервен состав за итни и непредвидливи ситуации. Римските воени реформи имале за цел токму усовршување на ваквиот систем.

И покрај сите обиди на политичката елита да ја заузда моќта на римската војска, римската војска успевала често да се наметне како главен политички фактор, особено во периодот на Империјата, кога многумина од Императорите имале краток век на владеење, а и немале наследници.

Изменето од Македон - 27.Јуни.2010 во 16:06
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2010 во 22:48
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Рим и Римската цивилизација според мене е створена дури по Императорот Нерон - градот цел е изграден од корен бидејки бил изгорен целосно и дури тогаш градот добил репрезентативни спомениуци на култура,забава и др. архитектура.


Eве една епизода од документарната серија на BBC за Стариот Рим. Оваа се однесува токму на владеењето на Императорот Нерон.Страшно е

Нерон 1/6

Нерон 2/6

Нерон 3/6

Нерон 4/6

Нерон 5/6

Нерон 6/6

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.