IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Сократ Маркилов
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Сократ Маркилов

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Сократ Маркилов
    Испратена: 11.Мај.2010 во 21:50
Сократ Данаилов Маркилов (1924 - 1993) е еден од најистакнатите припадници на македонското национално движење и маченик за македонската национална кауза во комунистичка Бугарија.

Маркилов е роден на 12 април 1921 година во селото Бутково, Демирхисарско, Егејскиот дел на Македонија. Во Втората светска војна дезертирал од бугарската војска и се придружил на антифашистичкото движење. По војната живеел во градот Петрич, каде поради својата македонска национална определба бил прогонуван од бугарските државни органи (по 1956). Неколку пати е фрлан во бугарските затвори, каде одлежал 17 години општо. Првиот пат добил пресуда од 12 години, а во 1974 од 5 години затвор. Неговото семејство било интернирано во градот Ловеч, при што жена му се самоубила.

Маркилов е еден од основачите и најактивни дејци на Независната македонска организација „Илинден“ (во 1968 година), сè до нејзиното откривање во 1973 година, кога е уапсен. Подоцна е и еден од основачите на ОМО „Илинден“ (април 1990). Учествува во организацијата на првиот и воедно најмасовен собир на Македонците кај Роженскиот манастир во 1990 година. Од тоа време во сеќавање ќе останат неговите искажувања:

    „Немам што да изгубам. Ниту деца, ниту жена, ми останува само голиот живот. А него секогаш можам да го дадам за Македонија“.

    „Масовниот собир на Роженскиот манастир претставува голема победа на македонизмот во Бугарија и на организацијата ОМО „Илинден“. За тоа сонував. Во овој собир веќе никој не ќе може да ја сопре борбата на Македонците".

Умира на 4 август 1993 во Бања Банско, Струмица. Погребен е, по негова желба, во Петрич.

Независна македонска организација Илинден
Независната македонска организација „Илинден“ е создадена за борба против денационализацијата и асимилацијата од страна на бугарската држава врз граѓаните, кои по етничко потекло и самоопределба биле Македонци.

Формирање

Создадена е на 15 април 1968 година во Петрич. Основоположници на организацијата се: Сократ Маркилов, Пандо Илиев, Ѓорги Алексов Дунгалов, Илија Кочев, Алексо Иванов, Тодор Цаканделов, Иван Тимчев, Јордан Гошев и Иван Немчев. Нешто подоцна во организацијата влегол Стојан Георгиев Томовичин. На почеток броела 20 членови, а нејзиното зголемување се одвивало бавно, бидејќи било неопходно да се зачува коспирацијата. Според евиденцијата што ја водел Сократ Маркилов, во периодот од 1968 до нејзиното откривање при крајот на 1973 година, во Организацијата членувале меѓу 200 и 300 лица од цела Пиринска Македонија. А пак според нотесот во кој ги запишувал, нивниот број изнесувал 134 души.

Дејствување

Организациските членови вршеле усна пропаганда за будење на македонската национална свест и самосознание кај Македонците во пиринскиот крај, печателе и распространувале материали со најразлична содржина. Печатени биле карти на Македонија во нејзините природни географски и етнички граници, фотографии на македонски револуционери од периодот пред и по Илинденското востание од 1903 година, апели до населението во кои го повикувале на борба за своите национални права и слобода, материјали во кои се опишувала тешката материјална и духовна положба на Македонците во Пиринска Македонија и друго. Материјали биле распространувани низ сите населени места во пиринскиот крај, како и во поголемите градски центри во Бугарија. Истите биле доставувани дури и до Собранието и Владата на НР Бугарија, до Централниот комитет на КП на Бугарија, како и до дипломатските и конзуларните претставништва на државите од Европа, Америка и другиот свет, акредитирани во НР Бугарија.

Откривање

Бугарската полиција успеала да ги најде трагите на организацијата и на 5 ноември 1973 година, во Петрич, Софија и Разлог биле уапсени Сократ Маркилов, Пандо Илиев и Стојан Георгиев - Томовичин. Нешто подоцна биле уапсени и Илија Кочев, Тодор Цаканделов, Ѓорги Дунгалов, Иван Тимчев и многу други. Во истражната постапка тие се жестоко малтретирани, како например во резултат на удири со рачката од револвер по слепочницата на Илија Кочев му истекло левото око. Покренати биле обвиненијата против осум души за ширење на клеветничка пропаганда и за загрозување на безбедноста и териториалниот интегритет на НР Бугарија. Интересно е што ниту на едно место и кај ниту еден од обвинетите не била прибележана неговата национална припадност. Ниту пак во документите од судскиот процес не било забележано дека обвинетите се организирале во организација преку чиј статут и програма се бореле за своите македонски национални и човечки права. Според тогашната политика Бугарија спроведувала едноставно бришење на Македонците на секој начин.

Сократ Маркилов, Пандо Илиев и Иван Тимчев биле осудени на пет години строг затвор, Илија Кочев и Стојан Георгиев на четири, еден бил осуден на три, еден на две и еден на една година. Две години потоа, во 1976 година биле обвинети и осудени Кирил Панчев и Јордан Костадинов Иванов.

Со апсењето и по пресудите на најистакнатите членови на Независната македонска организација „Илинден“ не престанала борбата на Македонците од пиринскиот дел на Македонија. По излегувањето од затвор, без исклучок, сите се приклучиле кон новоформираните македонски организации во Бугарија, кои ја продолжиле борбата за националните права на Македонците во тој дел на Македонија.

Изменето од Македон - 12.Мај.2010 во 13:45
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2010 во 21:59
5 ноември 1973 година, во Петрич, Софија и Разлог биле уапсени Сократ Маркилов, Пандо Илиев и Стојан Георгиев - Томовичин. Нешто подоцна биле уапсени: Илија Кочев, Тодор Цаканделов, Ѓорги Дунгалов, Иван Тимчев и многу други. Во истражната постапка биле покренати обвиненијата против осум души.
Според сите досегашни сознанија, употребата на средновековните инквизициски методи на мачења што биле применувани за време на истражната постапка на полицијата, претставувала најстрашниот период за уапсените. Истражната постапка против Сократ Маркилов се водела во Благоевград, а потоа продолжила во Софија и во затворот кај Белене на островот Персин на Дунав. За него С. Маркилов си споменува:
„Јас не сум ни сонувал каде е Белене. И таму гнасотии што сум гледал не се за споменување, а не за говорење. Жив човек сум гледал како го закопуваат во калта зимно време. Студ, студ. Со лисја да се покриваш и да спиеш надвор. Таму затворениците што се во затворот се привилегирани. Од таму нема каде да се бега. Едно момче се обиде, го убија. Кој што сака може да направи со тебе, дури и самите затвореници меѓу себе се тероризираат.“

По завршувањето на истражната постапка, за 4 јуни 1974 година бил закажан судскиот процес, којшто требало да се одржи во Софија. Меѓутоа, плашејќи се од меѓународната јавност, бугарските судски органи решиле судскиот процес да се одржи во Благоевград. Но не во градот. Процесот бил организиран и се одржал во просториите на една од салите на Трудовокооперативното земјоделско стопанство (ТКЗС), односно во Машинско-тракторската станција (МТС). Самиот судски процес бил затворен за јавноста. Присуство на судењето им било дозволено само на мал број најблиски роднини. Сите членови на Независната македонска организација „Илинден“ биле обвинети по член 109, ал. 1 и по член 108 и член 20, ал. 2 и член 54 од Кривичниот закон, за ширење на клеветничка пропаганда и за загрозување на безбедноста и териториалниот интегритет на НР Бугарија.
На ниту едно место и кај ниту еден од обвинетите не била прибележана неговата национална припадност. Во ниту еден документ од судскиот процес не било забележано дека обвинетите се организирале во организација преку чиј статут и програма се бореле за своите македонски национални и човечки права.


Изменето од mungos80 - 11.Мај.2010 во 22:00
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2010 во 22:17
Стојан Николов Георгиев е македонски национален деец од Пиринскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците под Бугарија.

Стојан Георгиев потекнува од бунтовничко македонско семејство. Неговиот дедо од мајчина страна цели пет години поминал во затворот „Еди куле“ како борец за ослободување на Македонија од Османлиското ропство. И други негови предци се бореле и умирале за слободата на македонскиот народ.

Стојан Георгиев (наречен Томовичин по дедо му Томо) е роден на 18 март 1938 година во градот Петрич, Пиринскиот дел на Македонија. Уште како ученик на 18-годишна возраст доаѓа во судир со бугарската власт поради неговиот јавно искажан став за постоење на Македонците како посебен народ од Бугарите и членство во илегална македонска организација. Покрај бројните полициски испитувања и малтретирања од секаков вид, има одлежано две затворски казни од по четири години. По паѓањето на комунизмот во Бугарија, избран е за прв претседател на ОМО „Илинден“. Наспроти сите закани и притисоци во Бугарија, учествува на разни меѓународни средби на кои го брани правото на Македонците да се стекнат со своите национални права.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2010 во 22:18
Stojan Nikolov

Stojan Nikolov 2

Изменето од Македон - 12.Мај.2010 во 13:49
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2010 во 13:56
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Првиот пат добил пресуда од 12 години, а во 1974 од 5 години затвор. Неговото семејство било интернирано во градот Ловеч, при што жена му се самоубила.


После се ова што е прочитано, се надевам, на сите ќе ни стане јасно дека тие документи кои ги презентираа Бугарија и Грција во делот каде е ставен говорот на Тодор Живков и неговите коментари пред ЦК се само мачкање очи. Јасно е дека имало прогон на тие со македонско национално сознание, Живков очигледно се трудел со истите да се расчисти, брзо и ефикасно...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.