IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Арсенал
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Арсенал

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2010 во 15:53
Арсенал го токми Гвардиола за наследник на Венгер

Челниците на Арсенал би сакале да го ангажираат Пеп Гвардиола за наследник на Арсен Венгер ако францускиот стручњак одлучи да го напушти клубот по истекувањето на договорот во 2011 година. Според Дејли Стар, "топчиите" веруваат дека само Гвардиола би можел да биде идеална замена за Венгер и да го наследи атрактивниот стил на игра што тој го практикуваше во овие 14 години на функцијата. Наводно, веќе биле остварени и разговори меѓу раководството на клубот и Гвардиола, а 39-годишниот стручњак ќе се појави во Лондон и во среда кога се игра првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Арсенал и Барса.

"Гвардиола е името кое редовно се појавува кога во клубот се разговара за тренер на подолги патеки. Управата на Арсенал го цени стилот што Барселона го игра под водство на Гвардиола и исто така им се допаѓа начинот на кој тој работи во Барселона", изјави за Дејли Стар неименуван извор близок до Арсенал.

Гвардиола стана тренер на Барселона во 2008 година по заминувањето на Франк Рајкард и оттогаш освои шест титули, а Барселона добива комплименти за својата игра од целиот фудбалски свет. Неговиот договор истекува во 2011 година, но се шпекулира дека потоа ќе биде дел од клупското раководство.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 09:59
Ван Перси се враќа за најважните мечеви

Напаѓачот на Арсенал, Робин ван Перси е подготвен да се врати на фудбалските терени пред крајот на сезоната по тешката повреда на лигаментите за време на настапот на холандската репрезентација во дуелот со Италија кон средината на ноември. Тогаш ситуацијата изгледаше премногу сериозна, меѓутоа состојба на Ван Перси од ден на ден се подобрува. Холандскиот напаѓач призна дека почнал да тренира со топка и му преостанува уште да ја подобри физичката кондиција, пред да се врати во игра.

"Од медицинска гледна точка целосно сум заздравен, а останува да ја подобрам физичката кондиција. Лошиот период е минато. Пред неколку недели почнав да тренирам со топка и верувам дека ќе бидам подготвен за клучните мечеви во првенството. Арсенал се уште е во игра за титулата и сакам да му помогнам во остварување на целта. Се надевам дека ќе играм и во финалето од Лигата на шампионите, а веќе можам да размислувам и за СП", изјави Ван Перси, кој пред повредата постигна 15 гола настапувајќи за "топчиите".

Кон врв
Jovan.74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Jovan.74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2010 во 17:53
Арсенал со скоро играчи деца се најдобар клуб у европа
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.