|
Мелита Ракичевиќ |
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Автор | |
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мелита си замина и го исплука АБ канал
место не ја фаќа, да видиме која е следната Тв во која ќе се појави |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Ane09
Сениор Регистриран: 18.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 209 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДОДЕКА ИМАМЕ ВАКВИ НИСКИ КРИТЕРИУМИ ЗА УБАВИНА И ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ, ДАЛЕКУ СМЕ ОД ЕВРОПА.
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
на Абе (за мочање) канал убавата и сссссссссекси водителка води Клуб ИН и Пет Шоу
само никако да ја начекам п.с барем мислам дека само тие 2 емисии ги води п.п.с има еден куп водителки кој се секс бомби на Абе ама оваа Ана Стојановска ми е и најлична и има секси глас малку сум оффтопик |
|
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А многу убавава водителка што води сега
И јас немам зборови ....
|
|
zgiber
Нов член Регистриран: 02.Април.2011 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
многу убава водителка немам зборови
Изменето од zgiber - 09.Април.2011 во 22:24 |
|
Tor
Сениор Регистриран: 25.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 628 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ambiciozna, nisto cudno ako stane gazdarica na AB kanal,xaxaaa !!!
|
|
Tor
Сениор Регистриран: 25.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 628 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Na rabota, Samo Strogo - SS !!!
|
|
Tor
Сениор Регистриран: 25.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 628 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Статус со Миа не е веќе на АБ Канал
Емисијата Статус со Миа која се емитуваше на АБ Канал повеќе нема да се етмиува. Оваа емисија која за кратко време стана многу популарна според најавите на профилот на Фејсбук нема да се емитува од причина што Миа се конфронтирала со уредничката на Забавната редакција на телевизијата Мелита Ракичевиќ околу гостувањето на Дамјан Дренковски. Како што е објавено на профилот, уредничката Мелита сметала дека Дамјан е премногу застапен на АБ Канал и ставила вето на неговото гостување што било и причина да дојде до прекин на соработката. На Фејсбук се појавил и нов профил на емисијата Статус кој според Миа е лажен и најверојатно го направила самата уредничка Мелита. Миа на својот профил потенцира и тоа дека емисијата ја заштитила како интелетуална сопственост, па доколку АБ Канал ја организира со нова водителка најверојатно ќе мора да се видат и на суд. Емисијата Статус за кратко време стана препознатлива по својата интерактивност, бидејќи додека емисиајта се емитуваше во живо преку Фејсбук фановите ги прашуваа гостите и конверзираа со нив. |
|
Tor
Сениор Регистриран: 25.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 628 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
FACEBOOK VOJNA 2 - Mia vs Melita,xaxaa...
|
|
Tor
Сениор Регистриран: 25.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 628 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нови лица и проекти за нови победи
АБ канал веќе од утре стартува со новата програмска шема, зад која стои нов тим предводен од Мелита Ракичевиќ, која е на позицијата главен и одговорен уредник на забавната програма. Почнувајќи со Клуб ин и Сцена, таа ќе го наметне новиот стил на современото забавно новинарство, со популаристички емисии за сите таргет-групи, а во најава се уште неколку интересни проекти кои допрва ќе следуваат. Клуб Ин и Сцена - е забавен магазин кој ќе се емитува три пати неделно во ударните термини на АБ канал, под уредничката палка на Мелита Ракичевиќ. Две во едно. Мелита Ракичевиќ и Миа Костова се новата водителска двојка, која низ спонтана конверзација и гости ја презентира дневната доза на домашните и странски приказни, настани, интервјуа и коментари во повеќе од десет рубрики. На два пати во текот на емисијата се прави пресек со десетминутната динамична форма на таблоидната ,,Сцена" во која презентери се Ана Стојановска и Никола Џепароски. Модерните сценографии се издвојуваат од веќе видените кај нас, како и модерниот и провокативен изглед на водителската двојка. Статус @ со Миа - сосема нова и оригинална ТВ-форма на ток-шоу заедно со Миа Костова. Најактуелната тема - Фејсбук - за прв пат во Македонија ја пренесуваме на телевизија. Покрај гостите кои ќе го коментираат својот приватен живот преку нивните веќе напишани статуси на ФБ, во емисијата ќе има и топ листи на најактуелни линкови, групи, најитересни статуси и настани кои треба да се посетат, а се објавени на ФБ. Директна интеракција, преку веќе постоечки профил на ,,Статус со Миа"... затоа подгответе се вашата најголема опсесија и зависност да ја погледнете и на тв-екраните. Пет шоу со Мелита - единствената и веќе докажана бренд емисија за домашни миленици Пет шоу, по подолга пауза повторно со вас. Традицијата од 15 години продолжува на барање на огромната публика. Викенд издание од еден час со многу нови рубрики и содржини. Милениците и нивните сопственици ќе ги видите во шоу издание, промоција на нивно урбано чување, со присутност на хуманитарен карактер и голем број на експерти од своите области, како неизоставен дел од оваа емисија. Како што многумина ја нарекоа, македонската Брижит Бардо, Мелта Ракичевиќ, која е бренд на оваа емисија, е повторно со вас и оваа сезона. Убавина и здравје - со Јасмина Никова, емисија посветена на убавината и здравјето, која преку мали тајни и совети ќе ве одведе до вашиот посакуван изглед и сигурно ќе се погрижи за вашето здравје Одблиску - емисија во која гостуваат познати уметници, пејачи, актери, модни креатори, ТВ-лица... Зборуваат за актуелни настани, хит албуми, претстави, но и за себе, за својата кариера, живот, амбиции... Ни даваат можност публиката да открие многу повеќе за нив и да ги запознае одблиску не само како професионалци во својата работа туку и како личности. По Антонија Шола, Нина Петковиќ, Александар Белов, Хари Варешановиќ, следен на списокот гости е Дражен Жериц-Жера, фронтменот на "Црвена јабукa". Автор и водител на емисијата, која трае околу еден час и се емитува еднаш неделно, е Миланка Рашиќ. Вести - информативна програма по светски стандарди. Четирипати на ден низ информациите ќе ве водат Славица Тодорова и Светлана Црнокрак. Ново студио со досега невидена техника и сценографија. Информативен тим предводен од Наум Стоилковски. (А. Т.) |
|
Tor
Сениор Регистриран: 25.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 628 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МEЛИТА РАКИЌЕВИЌ, ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК НА ЗАБАВНАТА ПРОГРАМА ВО АБ КАНАЛ
Очекувам бомбастичен подем!!! Животот и го посветив на телевизиската работа. Сум поминала и добро и лошо. Се изнагледав се и сешто и сега веќе со сигурност можам да влечам потези. Секаде постои стравот од непознатото, но јас сум упорен тип кој никогаш не се откажува од замисленото. Понудата од АБ канал дојде кога искрено немав воопшто желба повторно да работам на ТВ... За ТВ-лицата е нормално да прават трансфери и најчесто тоа се случува во веќе реномираните телевизии, но ти си можеби една од ретките која премина во куќа која допрва треба да го гради своето име. Колку е предизвик тоа, дали можеби постои доза на страв и дали ризикот значи дека Мелита во себе крие доза на авантуризам? Мелита: За мене само големите предизвици носат и големи задоволства, тоа е моето мото. Јас сум многу сигурна во себе како личност и професионалец во својата професија. Животот и го посветив на телевизиската работа и сум поминала многу, да не кажам премногу. И добро и лошо. Се изнагледав се и сешто по многу телевизии, научив од сите искуства многу корисни животни и работни поуки и сега веќе со сигурност можам да влечам потези. Секаде постои стравот од непознатото, но јас сум упорен тип кој никогаш не се откажува од замисленото. Понудата од АБ канал дојде кога искрено немав воопшто желба повторно да работам на ТВ. Сериозно бев решена да се повлечам, иако се чудеа и константно ме прашуваа каде ќе ме гледаат. Мојата голема публика ми влијаеше да размислувам повторно за моето присуство во ТВ-етерот. Понудата од сопственичката на АБ беше многу издржана, со невидени услови, телевизија со убедливо најдобра техника на нашите простори и со голема слобода во креирањето, што мене ми е многу важно. Сакам промени, сакав да работам во ТВ-куќа со силна перспектива и јака иднина, го почитувам целото семејство Андрески и имав премногу причини за нов почеток. Сакам да поставувам темели, уживам да продуцирам нова програма и ликови и, искрено, иако е напорно, уживам. Немам комплекси од тоа што работам во недоволно гледана телевизија, зашто публиката ми е верна и тој што сака ќе ме гледа каде и да сум... Имам популарност, но одамна таа не ми е битна. Побитно ми е да уживам во работата, добро да сум платена и ценета. Сето тоа го имам овде и среќна сум!!! Ако се вратиме низ годините и на твоите почетоци кои беа најблиску до она што сега го работиш во АБ канал, каде, всушност, најмногу се пронаоѓаш - во формите кои наликуваат на ток-шоу или меѓу милениците? Мелита: Во минатите 15 години имав прилика да се испробам во повеќе типови емисии и како што созревав, така подобро се снаоѓав во некои емисии. Веќе денес сум во ситуација да водам се што има забавен карактер. Емисијата за животни ми е во срцето, ја работам со леснотија и сум најприродна, но ток-шоу емисиите ми лежат, како и сите говорни форми. За некое време откако ќе ги поставам почетните замислени емисии, ќе водам вечерна ток-шоу емисија со многу забава. Ајде да направиме една споредба - Мелита меѓу милениците и Мелита меѓу познатите фаци, интервјуата, трачевите? Мелита: Мелита приватно е едно, а професионално сосема друго, но работно и во однос на водителството си имам свој стил, имам кокетна особеност која допира и до деца и до постарите. Во едната емисија сум пооткачена и на ниво на секој обичен човек од кој било свет и си разговарам пријатно и секогаш насмеано. Во другите емисии сум малку посериозна, секогаш многу подготвена, но исто го наметнувам опуштениот стил на разговор, се разбира, на одредено ниво. Мразам простаклак и некултура и тоа сметам дека е недозволиво на телевизија, а забележувам дека се практикува во некои ТВ-куќи... Страшно!!! Да се вратиме на она што го работиш во моментов и на она што ќе можат да го видат гледачите од тебе и од тимот што стои околу тебе и зад тебе. Дел од екипата се млади имиња кои допрва треба да се градат, а дел зад себе имаат тв-искуство, но морам да забележам дека доминираат имиња кои јавноста веќе добро ги знае, па, ете, какви се твоите прогнози? Мелита: Имам одговорна улога и ова навистина ми е период во кој креативно сум исполнета. Сега сум најпосветена да создадам нов тим на забавната редакција од која ќе се продуцираат многу нови емисии и нови ликови во кои ќе вложуваме како телевизија. Базата ни е Клуб ин и Сцена, со тоа сме најокупирани периодов. Одиме трипати неделно. Ќе ги кажам и терминате - понеделник, среда и петок во 19.30 часот во времетраење од час и 15 минути, со ноќни репризи и викенд-изданија. Вистински бум ќе биде и СтатусЖ со Миа, која ќе оди во вторник во 22 часот, Пет-шоу ќе оди сабота во 17.30 со реприза во недела точно напладне. За кратко ќе понудиме уште неколку нови концепти. Секојдневно доаѓаат познати лица на разговор, што значи дека оваа телевизија е привлечна за многумина. И за крај, што можеме да очекуваме од новиот концепт на АБ канал? Мелита: Верувам дека ќе постигнеме успех. Ќе изградиме силна, квалитетна програма, но, секако, треба време. Квалитетот секогаш се наметнува, така што АБ канал цврсто ќе гази не отстапувајќи од конк*ренцијата, која е во предност само поради навиката на луѓето стекната со години. Очекувам бомбастичен подем!!! А. Тимковска |
|
Tor
Сениор Регистриран: 25.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 628 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ja pojma nemam kako ja dozivuvaat drugive; da mi e zena nikad ne bi ja ostaval da se prci na tv ili da ima fb...sve nekoi manijaci mu se zakacuvaat...
|
|
Tor
Сениор Регистриран: 25.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 628 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kako e mozno nikad da ne go imala vo em Toshe Proeski...Zoki 'faca' taa go napravi tv voditel uste koga bese vo kanal5, a istotaka em 'exklusive' e po nejzin koncept...
|
|
Tor
Сениор Регистриран: 25.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 628 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pa ne e dzabe glaven urednik i 20 casa nedelno ja ima vo mediumi, preku satelit, sta ja znam, ne sum ja gleal odamna...Emisija za zivotni ke ostane zapamtena, ali drugi tv proekti koi gi imala ke bidat zaboraveni...
|
|
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |