IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Хуманост на дело
  Активни теми Активни теми RSS - Потребни се уште 3.000 евра за Ивана Јанева да про
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Потребни се уште 3.000 евра за Ивана Јанева да про

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Потребни се уште 3.000 евра за Ивана Јанева да про
    Испратена: 08.Јануари.2010 во 18:35
Од шансата да прооди по вторпат 18-годишната Ивана Јанева од штипското село Таринци ја делат уште 3.000 евра. Уште толку и се потребни за да може на 17-ти јануари да замине во Истанбул на операција на рбетот.

„Да ги собереме за оваа недела уште трите илјади евра за да можеме на 17-ти да појдеме во Турција и на 18-ти да ја оперираат“, вели Тодорка Јанева, мајка на Ивана.

Откако разбра дека има можност повторно да оди, Ивана сега живее во надеж: „Се надевам дека хуманите луѓе ќе донираат уште за мене, сега само мислите ми се во тоа дали ќе се соберат пари за да можам да се оперирам“, вели Ивана Јанева.

11 штипски рок бендови синоќа свиреа за здравјето на Ивана, а караоке забава организираа и кумановчани.

Операцијата во „Американ хоспитал“ во Истанбул, што чини вкупно 8.000 евра, за Ивана е можност да живее нормално и засега е единствен излез од малата собичка чии четири ѕида веќе две години се целиот нејзин свет.

Сметка за помош на Ивана:

Трансакциска сметка- 200001808025963

Стопанска банка

Ивана Јанева


POMAGAJTE LUGJE.... големо%20гушкање
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.