IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Нема фудбал во Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Нема фудбал во Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2009 во 17:25
Оваа се статии од Македонски спорт а во весниците на Дневник,Спорт(нов весник изгледа на Хари оти само тој им е спонзор) состојбата во фудбалот е идеална.


МИРИСА РАБОТАТА
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2009 во 00:50
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 15:44
МАКЕДОНИЈА ЃП И СЛОГА ЈУГОМАГНАТ ИСКЛУЧЕНИ ОД ПМФЛ

Комесарот за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија, Миле Спиркоски, поради два неоправдано неодиграни натпревари ги исклучи од Првата лига Македонија ЃП и Слога Југомагнат.

Спиркоски денеска донесе одлука неодиграните средби од 15.коло во Првата лига Македонија ЃП - Победа и Тетекс - Слога Југомагнат да ги регистрира со службен резултат 3:0 за Победа односно Тетекс.

Двете исклучени екипи доколку следната сезона сакаат да се натпреваруваат во првенствените натпревари организирани од ФФМ ќе мора да започнат од најнизок степен, односно од општинските лиги.

Натпреварите кои екипите на Македонија ЃП и Слога Југомагнат ги одиграа во првиот круг од сезоната остануваат со постигнатите резултатите, а добиените бодови во натпреварите одиграни во вториот круг (12, 13, 14 и 15 коло) од првенството се одземаат на фудбалските клубови кои ги освоиле, додека во наредните натпревари фудбалските клубови кои треба да играат против исклучените екипи ќе бидат слободни и нема да освојуваат службени бодови


Леле до кај замина работава
ова ги надмина мојте очекувања и прогнозиииии
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 17:33
Originally posted by fiks fiks напиша:

МАКЕДОНИЈА ЃП И СЛОГА ЈУГОМАГНАТ ИСКЛУЧЕНИ ОД ПМФЛ

Комесарот за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија, Миле Спиркоски, поради два неоправдано неодиграни натпревари ги исклучи од Првата лига Македонија ЃП и Слога Југомагнат.

Спиркоски денеска донесе одлука неодиграните средби од 15.коло во Првата лига Македонија ЃП - Победа и Тетекс - Слога Југомагнат да ги регистрира со службен резултат 3:0 за Победа односно Тетекс.

Двете исклучени екипи доколку следната сезона сакаат да се натпреваруваат во првенствените натпревари организирани од ФФМ ќе мора да започнат од најнизок степен, односно од општинските лиги.

Натпреварите кои екипите на Македонија ЃП и Слога Југомагнат ги одиграа во првиот круг од сезоната остануваат со постигнатите резултатите, а добиените бодови во натпреварите одиграни во вториот круг (12, 13, 14 и 15 коло) од првенството се одземаат на фудбалските клубови кои ги освоиле, додека во наредните натпревари фудбалските клубови кои треба да играат против исклучените екипи ќе бидат слободни и нема да освојуваат службени бодови


Леле до кај замина работава
ова ги надмина мојте очекувања и прогнозиииии


Сега се вели извини што не ти верував,дими за три дена ќе се решеше работата.Оваа е страмота за фудбалот а за овие клубови секоја чест.

За Пелистер знам дека Хари им даде пари на навивачите и тие вршеја притисок на фудбалерите за утакмицата со Дрита,а на фудбалерите освен пари им даде и ветување дека со милано ќе се преигра(па нели записник правеа во 14:30 во Куманово)

Страмота за ФФМ а на нејзиниот сајт мудро си молчи како да е мала работа шампионот и некогашниот шампион да го напуштат првенството..


Милано игра нерегуларно со кадети и младинци...

Победа и Тетекс имат ист спонзор УФА-Медија

Силекс е на Ѕинго а се знае кој е на власт..


Затоа во Европа ќе бидиме последни и Андора ќе не победува
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 17:44
Нема фудбал во Македонија и нема да има ко што тргнале работите.
Нека кршат глава сите,не бидуваат ни клубови ни биле овие нашиве, ни раководство на ФФМ исто така.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2009 во 00:18

Реизборот на Харалампие Хаџиристески за претседател на ФСМ не донесоа нешто ново во фудбалот

ОДГОВОРНОСТ Реизборот на „Хари Потер“ или „Господарот на делегатите“ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија („службена победа“ од 82:3), а потоа и бојкотот на лигашките и Куп натпреварите на незадоволните Слога, Македонија ЃП, Турново (подоцна се премисли) не донесоа нешто ново. Напротив, целиот циркус е дел од континуираното фудбалско насилство, за кое никој не понесува одговорност. Затоа на ретките чесни и одговорни луѓе во овој спорт, нормално и на гледачите, не им до смеење како на Германците, туку им доаѓа да се фатат во „колото“ на Никола Тесла и да се дрмаат додека може да се дрмаат, или пак, да почнат да одат на сите четири.

На јавноста уште еднаш и се случи улогата на сведок на победата на примитивните односи во фудбалот, кои не се причина туку последица на целокупниот примитивизам во општеството. Феноменот на групирање на ситните души, кој се постулира како пожелен начин на однесување, го конструира на трагичен начин победникот, но на уште потрагичен и поразениот. И финалето во таа фабричка индустрија на синтетични вредности вели дека не е проблемот во избраниот туку во свеста на оној што избира.

Од времето на Ѕинго и неговите моменти на инспирација во кои грмеше: „Ѕинго може да воде спортове десет“, па преку Ламбе Арнаудов и сега во времето на Хари, технологијата е идентична - инхерентно угнетувачка и мизерна, без оглед на тоа кој со неа управува (зато и не е чудо што сега Хари му даде плакета на Ѕинго). Не дека некој ги тепа делегатите, кои самите себе си се крстат фудбалски работници (знак на препознавање им е бакнување три пати наизменично во образ), туку поизверзираните типови лесно возат по патиштата на нивното размислување. Со ситни пари ги обединуваат во едно крупно тело и внатре во него ги тераат примитивистите со својот активизам да резонираат дека со парцијалните интереси носат општо добро, не сфаќајќи дека го продлабочуваат хаосот. Тоа е гласачка машина (во трло најлесно се бега од одговорност), која не може да ја сруши ниту пролетерот од почетокот на 19. век Нед Луд. А, ниту некој „полуд“!


Гледаме и зборуваме за фудбал, а тој стана штетен за здравјето: противкандидатот Благоја Николовски го напушта изборното собрание на ФСМ

Затоа не треба да се занесуваме дека во брзо време во нашиов фудбалски свет ќе го слушнеме гласот на разумот: „Истерав два мандата, а репрезентацијата тапка во место. Не успеавме да одиме на ЕП или СП и затоа заминувам“. Туку бидете убедени дека во времето кога Србија, Грција и Словенија обезбедија пласман на СП, кога БиХ играше бараж, кога големо изненадување е елиминацијата на Хрватска, и натаму ќе слушате манипулирачки пораки од типот: „На ЕП и СП не се оди преку ноќ. Тоа се долги процеси“. Во таа насока, не треба ни да се сомневаме дека некогаш ќе исчезнат од фудбалскиот хоризонт (како што не исчезна Турново) одредени борци за правдата кои до вчера праќаа „томови“ хартија до медиумите со обвинувања за Хари, а потоа од првите редови во салата во “Алекасандар Палас“ високо го кренаа картонот со големото „ЗА“.

ОМРАЗА Простаклукот, агресивноста, сеењето омраза и неодговорност кон јавниот збор е жалосната слика на општата јавна сцена (меѓу надредениот и подредениот, меѓу соседите, во семејствата) па и во таборот на таканаречените опозиционери. Не беа умешни во војната контра умот во „општинските крчми“ па исфрустрирани тргнаа во бојкот. Гласно преку медиумите бараат формирање Здружение на прволигаши, а кога не така одамна ја имаа шансата за тоа, не можеа да се договорат. Ама, ете, сега тврдат дека ќе се договорат само ако ја добијат целокупната организација на фудбалот. Но, доцна е некој да им поверува, бидејќи и тие, помалку или повеќе, се веќе познати фаци во фудбалот кои ги имаат потрошено сите кредити во општата борба за привилегии.


Од сите четири претставници на европската сцена, само еден го мина првото коло, Работнички

Ѓаволски тешка работа е сега да се направи нешто од ѓубрето кои го имаат оставено нашиве фудбалски сезнајковци со длабоки корења. Особено ако се знае дека во целиот проект на трансформација (без офсајд) на примитивноста како нормалност се вклучени и медиумите. Доволно беше деновиве, како и за многу други работи претходно, да го видите знакчето во аголот на екранот па да знаете кој ќе седи во студиото и за што ќе зборува. Ќе видите таму лево, или десно, „А1“ и веднаш ви е јасно што ќе ви влезе во соба. А, ако ги детектирате логата „АБ“, или „Сител“, работата ќе биде малку „посложена“. Ќе ви треба секунда повеќе па на ум да ви дојде врската без врска „Андревски, Латас, Ѕинго, Силекс“. Иако, „Сител“ до неодамна се дереше против Хари, брзо сфаќате дека „салтото мор(т)але“ (фудбалскиот опозиционер Рамковски е секогаш поопасен од Хари), не дозволува цврст став туку скршнување во обратна насока (навигацискиот ситем е чудна работа!). А, дозволува во студиото на „АБ“ гости да бидат комесарот на ФФМ Спирковски и битниот дел од управувачкиот систем на Хаџи Ристески, Мирсад Јонуз.

Да, тој е селектор на националниот тим, кој нулата против Норвешка ја гледа како победа, бидејќи, како што вели, неговите претходници постојано губеле од Скандинавците, но има и други задачи. Меѓу нив да ја надгледува ситуацијата во Општинскиот сојуз во своето Куманово, ама и да отиде, како што објави еден медиум, на гости кај противникот на Хари, Благоја Николовски, и да му каже пријателски од срце дека ако Македонија ЃП и натаму не игра може да му пропаднат 330.000 евра од УЕФА, како награда за минатогодишниот настап на европската сцена. Таквите провинциски „бубамаро донеси ми гости“ наредби, ќе се согласите, тешко дека ќе ги извршуваше Словенецот Среќко Катанец, кој доби катинар од репрезентативците сосе Хари за своите искрени обиди да го измени менталниот склоп. Тој, едноставно, беше опасен за нашава шема.

Среќа негова што си замина, но несреќата е што, како што тврди претседателот на Работнички, Драган Поповски, не може секој клуб така лесно да си замине од светот во кој аргументите не постојат.

„Се согласувам со ставот на клубовите кои бојкотираат. Јас најмногу имам зборувано против ова раководство и прв сум што би го сменил. Сега сум во ситуација како онаа со змијата и магарето. Од една страна сакам силно да се приклучам на оние што бојкотираат, но од друга не смеам порадо бројните обрвски кои ги имам кон спонзорите“, зборува Поповски обидувајќи се попластично да ја долови реалноста: „Три години е договорот со „Јома“ во вредност до 150.000 евра. Доколку јас предизвикам прекин ќе плаќам пенали. Истото е и со рекламите на стадионот, ТВ правата. Се губат и пари од играњето во Европа. Тука е и академијата од 500 деца. Ќе играме, иако знаеме дека со Хари фудбалот ќе умре“.

ИЗЛЕЗ Овие зборови на Поповски не значат ништо друго освен дека нема излез од овој преплет на црева. За него не постои соодветна медицинска интервенција. Опцијата што преостанува е констатацијата дека ни се случува когнитивна дисонанца или негативна психолошка состојба од спознанијата што се недоследни: „Гледаме и зборуваме за фудбал, а тој е штетен за здравјето“.

За да се промени таа состојба потребни се радикални мерки, комплетна демонтажа на системот. Па дури и прекин на фудбалот, додека не се постават работите онака како што треба, не треба да се исклучи како опција. Вака, само се создава лажна слика дека некој игра фудбал, а дека некој друг ја гледа таа мизерија. Од сите четири претставници на европската сцена, само еден го мина првото коло, Работнички!

Сепак, и покрај сета згрозеност и фактот дека секое одолжување на расплетот носи поголема цена, има вистина и во тоа дека многу полесно ќе се стави клуч проектот за стадионите, вака, на хартија, отколку да се спроведе тоа во дело. Разбирливо, за повеќето, особено за оние кои биле некогаш во фудбалот тоа е непотребен дефетизам. Еден од нив е и бившиот македонски репрезентативец Митко Стојковски, кој пред неколу години го водеше Пелистер заедно со, исто така некогашниот репрезентативец, Мицевски. Тој смета дека нештата може да се сменат поинаку, иако ова што се случува е само нова лопата земја врз македонскиот фудбал.

„Јас како спортист не сум за бојкот или не дај боже за затворање на стадионите. Вистина, со години наназад системот е ист. Но, тоа не е поради Хари. Така било и порано, тоа е системски проблем. Според, мене Федерацијата направила добри работи, но и лоши“, вели некогашниот ас на Црвена звезда, обидувајќи си да го најде „партизанот“ кој ќе ги исече конците во оваа коларичу- паничу ситуација. „Фудбалот не е Федерацијата. Долго време се зборува за носење закон за приватизација на клубовите. Мора да бидат чисти односите, кои се сега крајно испреплетени. Има многи луѓе кои немаат врска со спортот и такви кои се цел живот во него и ништо не направиле. Кога ќе се знае титулатор на сопственоста приказната ќе биде поинаква. Неблагодарно е јас да споменувам имиња. Тука секој те разбира погрешно. Се' се сфаќа како лична атака, а не како нечија желба за подобар фудбал“, резонира некогашниот дефанзивец на Вардар и на Црвена звезда, кој смета дека се' почнува и завршува со парите: „Приватниот капитал е појдовна точка. Се согласувам со незадоволните дека треба да се формира Здружение на прволигаши како во речиси сите земји. Но, и за тоа треба пари. Треба спонзори кои би застане зад него. Тоа не би била работа на Федерацијата. Не знам во моментов ситуацијата е крајно очајна. Погледнете ги и младите категории. Некогаш ги победувавме Белгија, Данска, а сега долг период ништо не правиме“.

Политички притисоци, УЕФА, реизбори, паралелни собранија

Мачната приказна во македонскиот фудбал трае од осамостојувањето па до денес. Прв претседател на ФФМ беше Алексо Кипровски, кој ја извршуваше таа функција од 1988 до 1993 година. На првите демократски избори одржани на 7 февруари 1993 година за нов претседател беше избран Љубисав Иванов Ѕинго, кој по второто прегласување го победи својот против кандидат Трајан Бендевски, професор на Правен факултет.

Ѕинго ја имаше комплетната контрола се' до 1999 година, кога веќе не можеше да го издржи политичкиот притисок (тогаш беше близок со СДСМ). За кусо време се одржаа две Собранија. Првото во Кратово беше спорно за УЕФА, па се одржа второто во Универзална сала. Таму победата ја однесе Ламбе Арнаудов.

Тој не го издржа целиот мандат, во 2002 година поднесе оставка меѓудругото и поради проблемите со судот како директор на Елекростопанство.

На новото Собрание на 14 ноември2002 година имаше двајца кандидати: Дарко Панчев и Хари Хаџи Ристески. Победи вториот, кој беше реизбран и на Собранието во Струга на 1 октомври 2005 година. Опозицијата, која се обиде и со насилни методи да направи пуч, тогаш тврдеше дека на Собранието немало кворум. Дури, се случи и нелегитимно паралелно Собрание на кое за претседател беше избран судијата Емил Божиновски. УЕФА мораше пак да интервенира. Не го призна Божиновски за претседател, а го потврди реизборот на Хаџи Ристески.

На 21 ноември во хотелот "Александар Палас" Хаџиристески го доби третиот манадат со убедлива победа над Благоја Николовски од 82:3.
Неделникот Глобус

Изменето од mungos80 - 02.Декември.2009 во 00:18
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2009 во 14:21
Вардар дефинитивно контра ФФМ!
12.12.2009



„Вардар дефинитивно ќе го бојкотира првенството. Со одлука на двата колективни члена од Собранието на клубот официјално одлучивме да не го играме неделниот натпревар“, ни изјави вчера Бранислав Прелеговски.

Од двата колективни члена на Собранието на ФК Вардар, кои во моментов раководат со најтрофејниот македонски клуб, Иницијативниот одбор за спас и компанијата „Мода и Спорт“ вчера, останувајќи на претходните најави, и дефинитивно ја донесоа одлуката за бојкотирање на домашниот шампионат.

По меѓусебниот состанок, водечките раководни структури на „вардарците“ вчера со официјална одлука за неиграње на неделниот натпревар со Металург и покрај силните обиди од страна на раководството на ФФМ да ги натераат пред се членовите на Иницијативниот одбор да го променат својот став.

„Вардар и дефинитивно ќе го бојкотира првенството, во знак на нестатурното дејствување на органите на ФФМ. Со одлука на двата колективни члена од Собранието на клубот официјално одлучивме да не го играме неделниот натпревар против Металург“, ни изјави вчера во попладневните часови, претседател на Иницијативниот одбор, Бранислав Прелеговски, притоа потврдувајќи и за вчерашната средба со раководството на Фудбалската федерација.

„Да, имавме средба на која уште еднаш го искажавме нашиот револт и ги презентиравме барањата кои се пред се во интерес конечно да се стави крај на извесно самоволие во ФФМ. Сега нема да го одиграме неделниот натпревар против Металург, со тоа што до крајот на годинава ќе очекуваме извесни промени во начинот на функционирање на ФФМ. Доколку нешто се смени, тогаш ќе размислуваме за евентуално наше натамошно продолжување на натпреварувањето во пролетната сезона. Дотогаш останува бојкотот“.

Како што е познато, револтот на ФК Вардар следеше по издавањето на раскин на стипендискиот договор за 17-годишниот Стефан Ристовски, кој доби исписница од страна на ОФС Гази Баба, а потврдена и од Верификациската комисија при ФФМ, со документ потпишан од страна на поранешниот претседател Бојан Захариев на 7 декември 2009 година, и покрај тоа што Захариев на 27 август оваа година поднесе оставка од претседателската функција.

Од ФФМ во четвртокот, откако Вардар го најави бојкотот, експресно ја „замрзнаа“ одлуката за раскин на договорот на Ристовски, а вчера, навлезени веќе дефинитивно длабоко во сопствениот без излез свесни за се поочигледното „тонење“ на нашата Прва лига се обидоа и да ги убедат „вардарците“ да го преиспитаат својот став.

„Ништо не може да не поколеба. Нема да потклекнеме во нашите намери. Очигледно некои работи во нашиот фудбал не функционираат како што треба и време е да се променат. Ние ги кажавме своите барања на состанокот во ФФМ и не отстапуваме од нив“, истакна Прелеговски.

Бојкотот на најтрофејниот македонски клуб е само продолжување на бојкотот на Македонија ЃП и Слога Југомагнат кои претходно беа дисквалификувани од нашата Прва лига. Очигледно е дека и ФК Вардар дефинитивно се впушта во „битката“ со актуелното раководство на ФФМ само како заокружување на апсолутно нерегуларниот шампионат со кој Македонија живее во оваа сезона.

A1




Изменето од mungos80 - 13.Декември.2009 во 14:21
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2009 во 00:13
ПОРАНЕШНИОТ ТРЕНЕР НА МЕТАЛУРГ ВЧЕРА НА ПРЕС ЈА ОБРАЗЛОЖИ ВИСТИНСКАТА ПРИЧИНА ПОРАДИ КОЈА Е РАЗРЕШЕН ОД КЛУПАТА НА "ЖЕЛЕЗАРЦИТЕ"

Џиџи потврди: "Сменет сум поради Лозана"

* "Панов ми рече дека со сведочењето сум го нарушил угледот на Металург, но уште не можам да разберам, со што сум го нарушил угледот кога моето сведочење во Лозана нема врска со работата како тренер", истакна Џиџи.

Она за што пишувавме во изминатите неколку денови вчера на прес-конференција го потврди и најоштетениот во случајов, тренерот Никола Илиевски - Џиџи. И дефинитивно и потврдено, стана јасно дека екс селекторот е сменет од клупата на Металург поради работи кои немаат никакви допирни точки со неговата работа како тренер на овој тим. Присуството во Лозана како заштитен сведок во случајот Победа е главната причина за разрешувањето на Џиџи од клупата на "железарците", нешто што му било соопштено на последниот разговор со претседателот на "металурзите", Александар Панов. Поранешниот стратег на Металург с$ уште не може да разбере каква врска има неговото сведочење во Лозана со неговата работа во таборот на "металурзите".

"Сите медиуми ми се јавија по моето разрешување од Металург и на сите им дадов еден ист одговор, дека немам коментар во моментот и дека ќе дадам изјава за сите медиуми. Одлучив тоа да биде на 21 декември, инаку сум разрешен на 18 декември. Јас ќе се обидам да ви пренесам с$ што се случи и с$ што ми е кажано од Ацо Панов. Инаку, сум повикан преку генералниот секретар на клубот, тогаш Ристе Јосифовски, и беше присутен во текот на целиот разговор", истакна Џиџи, по што потоа го искажа целиот дијалог со претседателот Александар Панов.
"Јас го прашав кои се тие интереси и со што јас сум ги загрозил интересите на Металург кога моето сведочење нема никаква врска со мојата работа како тренер, а на тоа следуваше дополнително прашање дали јас да сум имал договор со клубот ќе сум заминел во Лозана, на што одговорив позитивно. С$ уште не можам да разберам дека Ацо Панов по налог на господинот Минчо ме разреши, иако за многу кратко време мислам дека направив многу за Металург, без оглед на турбуленциите во македонскиот фудбал и неодграните кола. Металург две одигра, и две не ги одигра со што освоивме вкупно 12 бодови, од кои шест ги добивме на 'зелена маса', и тоа против Турново и против Вардар, каде што бев уверен дека ќе победевме и на зелениот терен. Придонесов да се качат од 6-7 место на трето и убеден бев дека да не се случеа сите тие потреси ќе бевме онаму каде што е сега екипата, или во најлош случај на 4. место, пред нас можеби ќе беше само Македонија ЃП во тој момент", истакна Џиџи, кој не побара заштита од тренерската организација, а доколку имал договор со тимот ќе го терал случајов до меѓународните институции.
"Да имав потпишано договор сигурно ќе барав заштита. Имам лоши искуства со македонските клубови и сигурно дека ќе барав директна заштита од УЕФА и ФИФА. И не само мојот, туку и договорите на сите мои соработници, исклучиво преку УЕФА и ФИФА. Требаше токму на тој ден да потпишам договор, и официјално, и сите останати договори позади кои јас стоев. Господинот Минчо е бизнис човек и сигурно дека подолго време е на пат и немаше време, по што дефинитивно беше договорено на 17 или 18 декември да седнеме и да го финишираме мојот и на сите останати договори", рече Илиевски на вчерашната прес-конференција, која ја заврши со зборовите:
"Ете тоа се вистинските причини затоа што навистина бев шокиран во првиот момент и неверојатно изненаден дека Панов може на таков начин да ми пренесе такво нешто.
Според зборовите на тренерот, и дефинитивно е јасно дека Минчо го смени Џиџи по налог од фудбалскиот врв, на чело со прилепскиот 'бос' Харалампие Хаџи - Ристески. Беше јасно дека Харалампие сака да ги "исчисти" сите оние кои ќе сведочат против "неговата" Победа, која е гонета од УЕФА поради скандалот за "местенката" со Пјуник. И не е ништо чудно кога е тој во прашање, се меша и онаму каде што не му е место. Сосема јасно е дека сведочењето на Џиџи нема никаква врска со Металург, но има со ФФМ. А поради "коалиција" на клубот од Железарница и федерацијата, и не зачудува фактот што Џиџи е сменет по "вина" на ФФМ.

Г. Бошев

Ацо Панов - "далечинско" на Минчо!!!

Никола Илиевски, веројатно многу гневен на претседателот Александар Панов, го нарече "далечинско" на "газдата" Минчо Јорданов, кој очигледно и очекувано го има главниот збор во целокупните случувања во Металург.
"Како што реков, бев шокиран од начинот на кој Ацо Панов на таков начин може да ми пренесе такво нешто, но јас во овој момент сум убеден дека Ацо Панов е 'далечинско' на Минчо", истакна Џиџи, кој по само еден месец беше разрешен од функцијата тренер на Металург.

Никогаш повеќе во македонскиот фудбал

Џиџи сосема јасно изнервиран од целокупната ситуација во македонскиот фудбал, особено по неговата последна "авантура", најавува дека никогаш повеќе нема да седне на клупата на некој наш тим или, пак, во институциите поврзани со нашиот далеку мизерен фудбал.
"По ова ми е многу тешко да направам еден пресек во македонскиот фудбал. Старите велат никогаш не вели не, меѓутоа понатаму никогаш повеќе во македонскиот фудбал нема да работам ниту како тренер, ниту како орган или нешто во федерација или што било. Очигледно луѓето во Македонија не сакаат да имаат фудбал", рече Џиџи и се осврна на последните случувања во мак фудбалот.
"И самите гледате каква е ситуацијата, клубови се откажуваат и сигурно дека такво нешто мора да се избегне и мора да се најде решение за доброто на македонскиот фудбал".

ДИЈАЛОГОТ МЕЃУ АЦО ПАНОВ И НИКОЛА ИЛИЕВСКИ - ЏИЏИ

Како Металург дава отказ?

Никола Илиевски на вчерашната прес-конференција го кажа целиот дијалог воден меѓу него и претседателот Александар Панов, кој ви го пренесуваме во целост. Сево ова се случувало и во присуство на тогашниот секретарот Ристе Јосифовски, кој е разрешен по отказот на Џиџи. Јасно се гледа на кој начин еден фудбалски колектив како Металург, му даде отказ на својот тренер.
АЦО ПАНОВ: Џиџи, имам една лоша вест за тебе, и едно прашање за тебе. Џиџи, добив мејл од УЕФА, од Лозана каде надлежните органи на УЕФА ми дадоа информација дека си бил во Лозана да сведочиш за натпреварот меѓу ФК Победа и не знам таму кога играла Победа?
ЏИЏИ: Да, бев во Лозана.
АЦО ПАНОВ: Џиџи, во овој момент престанува нашата соработка со тебе, што значи ти не си повеќе тренер на ФК Металург. Џиџи, ти не си смеел како тренер на Металург да одиш во Лозана и да сведочиш против ФК Победа пред органите на УЕФА и со тоа го наруши угледот и ги загрози интересите на ФК Металург и фудбалската федерација на Македонија. Јас тебе случајно те прашав пред некој ден каде ќе патуваш, и ти ми рече Словенија, Австрија. Значи, ти мене ме излажа и доколку јас и Минчо знаевме дека ќе патуваш, ќе ти забраневме да одиш во Лозана.
ЏИЏИ: Јас сигурно ќе патував во Лозана затоа што не бев поканет од УЕФА туку од арбитражниот спортски суд при Меѓународниот олимписки комитет во Лозана. Ацо, јас с$ уште не сум потпишал договор со тебе, Минчо, односно со ФК Металург, и вие не сте тие кои ќе ме спречат да одам како сведок, каде вие воопшто не сте засегнати.
АЦО ПАНОВ: А, ако го имаше потпишано договорот со мене, односно со ФК Металург и ако јас и Минчо ти забраневме да патуваш во Лозана, дали ќе заминеше?
ЏИЏИ: Да, и да имав потпишано договор, со тебе, со Минчо, односно со ФК Металург јас ќе патував како што и отпатував на покана од арбитражниот спортски суд при Меѓународниот спортски суд во Лозана. Ацо, УЕФА и Меѓународниот олимписки комитет не се општински сојузи ниту членки на ФФМ и на македонскиот олимписки комитет. Туку Македонија, преку ФФМ и МОК се членки на УЕФА, ФИФА и Меѓународниот олимписки комитет.
АЦО ПАНОВ: Добро Џиџи ние со тебе веќе немаме соработка, ти го кажав мојот став и ставот на Минчо. Тебе клубот ќе ти исплати с$ што ти должи (при што веднаш се јави во службата и даде налог да бидам веднаш исплатен).
ЏИЏИ: Сакам писмено да ми врачите отказ, односно да ги наведете причините поради кои сум разрешен со потпис и печат.
АЦО ПАНОВ Таков пишан документ не можам да ти дадам.
ЏИЏИ: Поздрав, и с$ најубаво (при што ја напуштив просторијата
Македонски спорт
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 18:49
По пристигнатите дописи од ФИФА која изрече казна на ФК Победа по потврдувањето на одлуката од Судот за Арбитража во Лозана , изрече казна и на ФК Шкендија поради неподмирени обврски за фудбалерите од Сент Луис Центарот во Сенегал: (Папа Јусу Сол, Папа Бираме Фал и Мустафа Мухамаду Диоп). Комесарот за натпревари при ФФМ , Миле Спиркоски ги имплементираше изречените казни во натпреварувачкиот систем на ФФМ со следните одлуки:



ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Број : 03 – 323

Врз основа на член 10 од Правилникот за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија, Комесарот за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија спроведувајќи ја Одлуката на ФИФА број 090259 ЕЏТ МКД за клубот ФК "Победа" – Прилеп, на ден 03 мај 2010 година донесе:

ОДЛУКА

1. ФК "Победа" – Прилеп се суспендира од натамошното натпреварување во првенствата на Република Македонија под раководство на ФФМ во период од 8 (осум) години почнувајќи од натпреварувачката 2009/2010 година.

2. Натпреварите кои екипата на ФК "Победа" – Прилеп ги одигра во првиот и вториот круг на натпревари од натпреварувачката 2009/2010 година остануваат со постигнатите резултатите, додека во наредните натпревари (29, 30 и 31 коло) фудбалскиот клуб кој треба да одигра натпревар со ФК "Победа" – Прилеп натпреварите ќе ги добива со службен резултат 3 : 0, а согласно член 60 точка 2 став 3 од Правилникот за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија.

3. Добиените опомени и казнени мерки остануваат да важат сe до крајот на првенството за фудбалерите и службените лица кои настапувале за суспендираната екипа и за екипите кои настапувале против суспендираната екипа, а согласно член 25 став 2 од Пропозициите за натпреварување во првата лига во натпреварувачката 2009/2010 година.

4. Одлуката да се достави на знаење и извршување и да се објави во службеното гласило на ФФМ "Макфудбал".

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

По добивањето на Одлуката од Дисциплинскиот комитет на ФИФА број 090259 ЕЏТ МКД што се однесува на клубот ФК "Победа" – Прилеп Комесарот за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија ја разгледа и изврши нејзина имплементација.

Имајки го во предвид погоре наведеното Комесарот за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија со примена на нормативата на Фудбалската Федерација на Македонија донесе одлука како во диспозитивот.

ПОУКА: Против Одлуката не е дозволена жалба.

Доставено :
- ФК "Победа" – Прилеп
- Макфудбал
- Архива на ФФМ


Фудбалска федерација на Македонија
Скопје 03 мај 2010 година
Комесар за натпревари
Спиркоски Милан

Фикс кога јас ти реков дека нема фудбал си играше мајтап.Како сега ќе ја завршат лигата?
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2010 во 02:14

Хаџиристески ќе одговара за криминал тежок повеќе од половина милион евра

Катерина Гетева    
28.05.2010 15:47
Харалампие Хаџиристески
 

Обемната истрага на полицијата дека Харалампие Хаџиристески со уште неколку поранешни челници на ФФМ во изминатиов период правеле разни матни зделки, резултираше со две кривични пријави.

Првиот човек на фудбалската федерација, Хаџиристески кривично ќе треба да одговара за повеќе од половина милион евра. Толку според пресметките на МВР и финансовата полиција тежи криминалот со кој освен буџетот на државата е оштетена касата на федерацијата и на УЕФА.

МВР го сомничи Хаџиристески, дека заедно со Реџеп Беџети, поранешниот потпретседател на ФФМ и бившиот генерален секретар Лазар Митревски во 2004 година платиле столчиња, за фудбалски трибини кои веќе и биле подарени на ФФМ како донација од Нинберг Германија.

МВР овде регистрирала сомнителните трансакции на Хаџи-Ристески и на потпретседателот на ФФМ Реџеп Беџети. Фирмата на синот на Беџети „Артал-Д“, се јавува како набавувач на веќе подарените столчињата.

Иво Котевски
 

„Функционерите на ФФМ преку изготвување на фиктивна документација, со парите добиени од УЕФА практично ги исплатиле овие седишта кои им биле бесплатно донирани и парите ги префрлиле на фирма во која што како ко-сопственик се јавува близок роднина на еден од осомничените, односно од поранешните високи функционери на ФФМ“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

Но малверзациите на Хаџиристески и федерацијата според полицијата не завршуваат овде финансова полиција денеска утврди уште еден криминал на првиот човек на федерацијата. Според финансова Хаџиристески го оштетил буџетот на државата за 252 илјади евра, а на ФФМ за околу 197 илјади евра.

Парите кои УЕФА ги од периодот јануари 2005 до февруари годинава Хаџиристески заедно со Александар Забрчанец првиот човек на ФК Победа, пари од УЕФА префрлале на трета сметка на пионерска фудбалска школа од Прилеп, бидејќи сметката на Победа е блокирана од 1995 година во времето уште кога Хаџиристески бил претседател на клубот.

Хаџиристески и Забрчанец парите ги користеле за свои потреби, и за нив не плаќале обврски кон државата. Штетата според финансова која ја направиле тежи 449 илјади евра.

 
Dali konecno ce padne GROBAROT NA MAKEDONSKIOT FUDBAL????
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2010 во 02:09
Nema ni da ima poveke fudbal vaka ako prodolzat rabotite,
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2010 во 14:08

Македонскиот фудбал тоне побрзо од „Титаник“

Во пресрет на денешниот пријателски натпревар помеѓу Македонија и Албанија, што ќе се игра во Корча, Светската фудбалска федерација ја објави најновата ранг-листа. Изненадување ли е што забележавме пад од шест места и сега сме 76 светска фудбалска сила? Нормално, не. Ранкингот на македонската фудбалска репрезентација е во слободен пад од овој период минатата година. Еве, само за споредба, нашиот денешен противник Албанија во ноември 2009 година се наоѓала на 98-то место во светот, а во моментов е на 58-то. Тоа е неверојатен скок за 40 места за само една година, за разлика од нашата селекција, која, за истиот временски интервал, загуби дури десет места.
 
Со фантастичниот скок на Албанија и Црна Гора на ранг-листата на ФИФА, Македонија моментално е најслабо пласираната балканска земја. Хрватска (9 место), Грција (11), Словенија (15), Србија (25), Црна Гора (26), Бугарија (46), ова само доказ што покажува колку нашиот фудбал заостанува на овие простори. Најдобриот ранкинг на Македонија беше во октомври 2008 година, 46-то место, но две години подоцна, наместо да грабиме напред, ние сме помеѓу најслабите европски земји. Црвената светилка одамна е запалена, но очигледно во нашиот фудбал тоа никој не го забележува. Кога земји како Естонија, Ерменија, Боцвана, Замбија и Уганда се подобро пласирани од нас, тогаш треба да ни е јасно дека сме во неволја и нешто мора да се менува.
 
Слободниот пад на македонскиот фудбал продолжува. Лошиот старт на квалификациите за Европското првенство во 2012 година придонесе за уште поголеми разочарувања кај фудбалските фанови во земјава, па сега нека каже некој дека пријателскиот натпревар со Албанија нема резултатски императив. Победа ни е потребна пред сè за кревање на моралот, а потоа нормално и за подобар ранкинг.


Изменето од емил - 17.Ноември.2010 во 14:08
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2010 во 22:10
Плачат како мали деца: бокс "не", дуел "да"


"Го удрив Нанев затоа што ме провоцираше и беше безобразен. Сакаше да ги казнат само навивачите на Шкендија", изјави Кенан Идризи, потпретседателот на ФФМ, за весникот "Лајм" неколку минути по инцидентот. "Имаше само вербален дуел, а не физичка пресметка...", изјавува Хаџи Ристески со цел да ја спушти топката на веќе раскараниот УО на ФФМ

"Носи си го дома Маријан Ристевски....", се зборовите од Лазар Нанев кон Кенан Идризи, кој ја изгубил контролата и станал да се пресмета со членот на УО од Кавадарци. Го удрил и ја напуштил салата каде се одржал состанокот на УО на ФФМ во Куманово. Двајцата во текот на целиот состанок си префрлале, а капак на сe бил моментот кога Нанев почнал да коментира како Маријан Ристески од Кичево постојано бил во контрола на натпреварите кои ги игра Ренова.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Andrey Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 25.Ноември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andrey Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 13:50
Ова не е фудбал.Ова се се дивјаци,невоспитани луге.Еве пред 1 недела прочитав како еден маќедонски судија беше претепан од страна на играчите на Шкендија.Срамота навистина!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.