IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Стилови на уредување
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Стилови на уредување

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Стилови на уредување
    Испратена: 22.Февруари.2014 во 08:39

Шест грешки кои треба да се избегнуваат во уредувањето на домот

Шест грешки кои треба да се избегнуваат во уредувањето на домот

Ако планирате со преуредување во домот или една просторија, ќе ви помогнат овие неколку корисни совети од реномирани дизајнери.

Натрупување на работи во просторија

Добро уредените простории немаат вишок работи. Повеќето луѓе имаат тенденција со години да купуваат и собираат нови ситници, но не ги поместуваат старите и тоа создава проблеми. Поминете низ дневната соба и приметите колку слики, свеќи, фотографии и слични спомени имате на полиците и ѕидовите. Сличните работи групирајте ги на едно место за собата да делува помалку натрупано и поелегантно.

Мебел кој одговара

31

Луѓето исто така избираат мебел кој не одговара со просторијата. При изборот на мебел важно е гарнитурата и столиците да бидат во приближно иста боја и текстура. Висината е многу важна, па треба да се внимава фотељата и троседот да не отстапуваат една од друга.

Премногу тапети

Тапетите се одличен додаток во скоро секоја просторија, но дизајнерите предупредуваат дека луѓето трошат премногу пари на нив, бидејќи мислат дека треба да ги покријат сите ѕидови во собата. Понекогаш е доволно да се украси само еден ѕид и тоа ќе има поголем ефект отколку да се покрие со тапети целата соба. На пример, во спалната соба тапети можете да ставите позади креветот.

Усогласување со екстериерот

Ако некако можете да го поврзете ентериерот и екстериерот, вие секогаш ќе имате уште поубав и поудобен дом. Просторот никако не смеете да го пренатрупувате со мебел. Кога почнувате со уредување од нула, прво треба да се распрешате за архитетското поднебје во кое живеете, советуваат дизајнерите.

Мешање на текстури и модели

Боите, моделите и текстурите многу лесно се поврзуваат иако многумина мислат дека сѐ треба да биде од ист материјал или нијанса. Да ги решите овие проблеми, имајте ги на ум следниве работи: кога опремувате просторијата размислувајте на начин на кој одбирате облека за искачање и сите ткаенини и бои одговараат совршено едни со други, иако се различни.

Купување сѐ одеднаш

Колку и да сакате, ниедна просторија неможете да ја опремите одеднаш. Прифатете го  фактот дека тоа е подолготраен процес и ќе најдете попатно многу работи, кога најмалку очекувате.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2014 во 22:24

Доколку ги обожавате боите и дезените, направете неколку интересни комбинации во вашиот дом и пренесете ја креативноста во ентериерот. Експериментирајте со хипи стил, стари парчиња мебел и многу бои.

uredete-go-domot-vo-boemski-stil-01

Креативност
Ако сакате да го уредите домот во боемски стил неопходно е да си поиграте со боите, материјалите и стиловите. Доколку имате добро око за деталите комбинирајте старо и ново, дрво и пластика... секоја необична комбинација има боемски шмек.

Осветлување
Лустерите кои висат одлично се вклопуваат во овој стил на уредување. Секогаш одржувајте темна и романтична атмосфера, со пригушено светло и многу свеќи.

Завеси
Тешки или лесни, темни или шарени – на вас останува изборот. Важно е да бидат впечатливи!

Кревет
Секогаш прекривајте ги со тешки и многу шарени прекривки. Додадете и многу перничиња во најразлични бои и материјали. Боемските ниски кревети се совршени ако сакате да ја доловите уникатноста. Дури и едноставниот огромен душек украсен со вистински детали изгледа фантастично.

uredete-go-domot-vo-boemski-stil-02

Без празни места
Ако сакате станот да го уредите во боемски стил, нема многу место за минимализам. Ако имате празен ѕид, пополнете го со многу слики, огледала, полица со книги или голема фотелја – било што што допринесува за поголема топлина и удобност.

Никогаш не го фрлајте стариот мебел
Обичната столица секогаш може да ја префарбате или истапацирате и да изгледа помодерно од било кога. Малите масички обојте ги, украсете ги и користете ги повторно. Ќе бидете зачудени колку модерна целина може да создадат.

Сè е во деталите
Може да си поиграте со било што ќе ви падне на памет. По ѕидовите закачувајте уникатни уметнички фотографии, правете колажи или пак редете уникатни сувенири по сите полици низ станот. Никогаш не заборавајте дека нема мерка кога станува збор за удобното боемско шаренило.

uredete-go-domot-vo-boemski-stil-03

uredete-go-domot-vo-boemski-stil-04

uredete-go-domot-vo-boemski-stil-05

uredete-go-domot-vo-boemski-stil-06

uredete-go-domot-vo-boemski-stil-07

uredete-go-domot-vo-boemski-stil-08

uredete-go-domot-vo-boemski-stil-09

uredete-go-domot-vo-boemski-stil-10

uredete-go-domot-vo-boemski-stil-11

uredete-go-domot-vo-boemski-stil-12

uredete-go-domot-vo-boemski-stil-13

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2013 во 16:32
Абецеда на стилови на уредување

Art deco (Арт деко)

Стил особено популарен во дваесеттите и триесеттите години на дваесеттиот век. Негова карактеристика е елегантната геометрија кај покуќнината и мебелот, заоблените површини, детали кои се пресликуваат симетрично, како и мебел од дрво со кромирани делови и стаклени горни површини.



Art nouveau (Арт нуво)

Стил кој му претходи на Арт деко. Се појавува во Франција помеѓу 1890 и 1910. Го карактеризираат мебел, покуќнина, "тифани" лампи со меки линии и со слободни форми и облици, инспирирани од природата и женското телo.



Arts and crafts (Уметност и претприемништво)

Движењето “уметност и претприемништво” претставувало реакција на индустриската револуција, како и на нагласеното украсување за време на Викторијанската ера. Популарен на самиот почеток на дваесетиот век, овој стил го славел претприемаштвото низ едноставни облици на столаријата, скромно украсени, но со истакнати линии. Материјалите кои се употребувале за естетско усовршување се метали, обоено стакло, плочки и ткаенини насликани со стилизирани цветни мотиви. Најистакнати уметници-претприемачи се: Вилијам Морис, Густав Стикли и Чарлс и Хенри Грин.



Asian (Азиски)

Стил кој е во релација со јапонските и кинеските влијанија. Традиционалните јапонски ентериери се организирани според обликот на човечкото тело, со предмети со димензии 90 x180cm, кои се користат како прекривачи за подот, изработени од природни влакна, и се нарекуваат татами. Необработените материјали како што е бамбусот, и боите земени од природата се употребуваат за да се постигне провидно и мирно опкружување. Во уредувањето карактеристика е шоји врата (лизгачка врата направена од дрвени рамки кое се пресвлечени со полупроѕирна специјална хартија) и светилките од оризова хартија. Кинеските ентериери се препознаваат по високостилизираниот мебел, со рачни нацртани мотиви на лакирани подлоги, додатоци со силни бои и орнаменти или статуи кои претставуваат животни или митски ликови. Црвената боја многу често се употребува, како симбол на среќа.



Baroque (Барок)

Изразено декоративен стил кој се појавил во Италија во седумнаесеттиот век. Го карактеризираат торзиони столбови, големи неправилни криви линии, сложени спирални украси, прекумерно обликување, скапоцени материјали и украси во интарзија на дрвените подови. Златната боја преовладува, украсена со силни нијанси на розева, темно зелена, загасито црвена и палено-смеѓа, како би се постигнал богат, "царски" изглед.



Beidermeier (Бидермаер)

Германски стил на мебел од првата половина на деветнаесеттиот век, кој како главни карактеристики ги има цврстината и удобноста. Палетата на бои е светла, со пастелни нијанси, како и секундарни бои. Мебелот е избработен од светло дрво, во линеарни, но и заоблени облици, кои произлегле од формалниот француски империски стил. Преовладуваат подови кои се изработени од паркет кој е сложен во геометриските облици.



Colonial (Колонијален)

Стил кој доминирал во уредувањето на американските домови од осумнаесеттиот век се до годините на револуцијата. Се заснова на голема употреба на дрва за подови и ѕидови, кои често се оставаат во природен облик, без лакови и бои. Токарените вретенести облици се употребуваат кај ногарките. Карактеристични за овој стил се нежно везени платна и ткаенини, потоа фамилијарни портрети, и предмети од коситра.



Contemporary (Современ)

Опфаќа широк појас на стилови развиени во втората половина на дваесеттиот век. Предметите се со меки, заоблени линии, наспроти острите линии на модерниот дизајн. Ентериерите се со неутрални елементи и чисти бои, истакнувајќи ги на тој начин основните линии, облици и форми.



Cottage  

Разнобоен, удобен изглед, кои карактеризираат насликан и/или украсен мебел со грациозни линии, како и предмети со изразени текстури, како кај плетените кошари, рапави ѕидови, подни простирки и завеси за прозорците од природни материјали, патинирани дезени и бои кои потсеќаат раскошна градина.



Country (Селански) 

Широк опсег на стилови кои зависат од географската положба, но за сите нив е карактеристичен едноставниот мебел кој е подреден на функционалноста, пригушените тонови, млечни бои и vintage материјали.



Eclectic (Еклектичен)

Еклектичниот стил опфаќа разновидните периоди и стилови, а главна карактеристика при уредувањето во овој стил е употребата на повеќе бои, текстури, облици и завршни обработки.



English (Англиски)

За ентериерите во овој стил е карактеристично што многу се употребува дрвото, материјали со мотиви и традиционални бои. Дрвото се употребува и кај подовите, за обложување како и за обработка со резба. Материјалите се карирани или се со цветни мотиви, или со пруги во темно зелена боја, морнарско сина, црвена и златна. Вообичаени се и колекции на фин порцелан и сребрени предмети.



English country (Англиски селански)

Опуштен, удобен стил кој претставува толкување на традиционалниот изглед. Боите се природни и пригушени, присутни се квалитетни текстури во ентериерите и екстериерите кои се добиени со употреба на дрво, метал и камен. Во ткаенините кои се употребуваат се присутни и везени простирки и теписи, како и материјали со пригушени цветни мотиви. Мебелот варира од комоди во темни бои, до полици за книги од дрво од бор.



French Empire (Француски империјален)

Стил на раниот деветнаесетти век, кој ги изразува империјалните амбиции на Наполеон. Базиран на класичните римски и грчки облици, мотивите се симболични и претставуваат факели, римски орлови, империјални венци, ликови од митологијата, лавови и буквата “N” (Napoleon). Ѕидовите и таваните содржат многубројни украси.



French Country (Француски селански)

Рустикалната верзија на формалниот француски мебел од седумнаесетиот и осумнаесетиот век, како што се стиловите за време на Луј XIX и Луј XV. Парчињата мебел на раниот француски провинцијален стил се сметани за селански мебел. Биле рачно обработувани и биле во природна состојба. Наместо тешките тапацирани делови, стролиците имале прачки на седалата и наслоните. Бои кои се типични за овој стил се загаситите бои како и интензивните нијанси на медитеранско сината, сончево жолтата, теракотно црвената и зелената боја. Природните материјали и теракотата обилно се употребуваат, со додатоци од жица и ковано железо.



Garden (Градинарски)

Стил кој се карактеризира со свежи и убави предмети, помеѓу другото и цветни мотиви, везени перници, врамено суво цвеќе, насликан мебел од дрво, детали со чипка, свежо цвеќе и антиквитети од порцелан.



Mediterranean (Медитерански)

Овој мебел потекнува од земјите во северот на медитеранот како што се Шпанија, Грција и Италија, а често се нарекува и шпански модерен стил. Мебелот со медитерански стил варира од едноставна функционалност до екстремна формалност. Парчињата мебел се ниски, со украсни ногарки и постолија, рамките се тешки, често патинирани или палени. Ѕидовите најчесто се со изразени текстури, а вообичаени се и заоблените горни површини, или заоблени површини над каминот.



Mid-century modernism (Модернизам од средината на векот)

Стил кој настанал во период помеѓу 30-тите и 70-тите години на дваесеттиот век. Се карактеризира со додатоци со природни облици, чисти линии, еднобојни ѕидови и рамки за мебел од панел и варено дрво. Материјалите кои се употребуваат во овој период вклучуваат панели, шперплочи, фурнир, фиберглас, челик, алуминиум и ковано железо. Осветлувањето претставува уметнички детал, со мотиви на кругови, триаголници, конуси и тела направени од челик, месинг, алуминиум. Се користат и завеси со интензивни бои.



Mission (Мисионерски)

Овој стил во раните години од дваесеттиот век се препознава по цврстиот, темен мебел од даб, прави и јасни линии. Најпознато парче мебел е столицата на Морис, која се смета за прва столица за лулање.



Modern (Модерна)

Стил кој потекнува од триесеттите години на дваесеттиот век, со корени во германската Баухаус школа за дизајн, како и во скандинавскиот модерен дизајн. Го карактеризираат мебел со чисти, рамни линии, полирани површини, мазни геометриски облици и асиметрија. Големите и едноставни прозорци го спојуваат ентериерот со надворешните пејсажи.



Moroccan (Марокански)

Стил полн со детали, ткаенини со украсни мотиви, разнобојни мозаици, метални латерни, ѕидови со текстури, лесни материјали, бои на драги камења, ориентални простирки и теписи, перници изработени од скапоцени ткаенини, како и резбарени дрвени детали.



Neoclassical (Неокласичен)

Елегантен и едноставен стил во дизајнот, со мотиви превземени од стариот Рим, Грција и Египет, многу популарен во доцните години од осумнаесетиот век.



Old World (Стар свет)

Печат на овој стил е удобниот изглед, на кој се гледаат трагови од негово користење. Ѕидови со текстура, рачно обработени прозорци и ѕидови, природни материјали како што е мермерот го истакнуваат овој стил. Завршната обработка е особено важна – брусен и мат мебел повеќе се употребува отколку површините со висок сјај и отсјај. Боите се пригушени.



Rococo (Рококо)

Стил на европскиот дизајн, со потекло од Франција во осумнаесеттиот век, со мебел изработен од скапо дрво со украси од резба и заолени облици. Се смета за рафинирана верзија на крупниот и цврст барокен стил.



Romantic (Романтичен)

Удобен стил кој им годи на сетилата преку користење на меки ткаенини со цветни мотиви, чипка, насликан мебел, пастелни бои, пригушено светло и мирисни цветни аранжмани.



Rustic (Рустикален)

Едноставен стил типичен за живот на село, со едноставни ентериери, необработени ѕидови, дрвени облоги, груби греди и камен. Покуќнината е едноставна и цврста, со малку украси и со природна или патинирана завршна обработка.



Scandinavian (Скандинавски)

Опфаќа три различни нордиски стилови – селански, Густавијански и Скандинавски модерен стил. Сите три се доследни на светлата и свежа палета на бои, како и на мноштвото парчиња мебел од дрво, а сето ова како противтежа на темните и студени предели и зими. Карактеристиките на селанскиот стил вклучуваат необработени или обоени дрвени површини, дрвени подови, мебел изработен од бреза или бор, и материјали со минималистички мотиви и бело-измиени нијанси. Густавијанскиот изглед е комбинација на парче со селански стил со палета на интензивни бои и елегантни додатоци, како што се кристалните лустери и покуќнината со прекрасни облини. Скандинавскиот модерен стил се развил со движењето на модерната во триесеттите години од дваесетиот век. И него го карактеризира мебел од светло дрво, но овојпат со нагласени линии, облик и форма. Изгледот е нагласен со детали со интензивни бои, обично кај уметничките дела или кај подните простирки.



Shabby chic

Овој стил е популарен во последниве години поради достапноста и ниските цени. Мебелот со бела боја, насликани мотиви, пригушени тонови, пресвлеки и материјали со стари мотиви се карактеристики на овој удобен стил.



Southwestern (Југозападен)

Најчесто го означуваат бои со земјени тонови, необработени текстури, рачно изработени предмети, со често користење на теракота и кровови со глинени керамиди.



Traditional (Традиционален)

Традиционалната покуќнина може да се сретне во деветнаесеттиот век, во француските провинции, па дури и кај егзотичните острови на Исток. Меѓу најпопуларните традиционални стилови се англискиот стил на осумнаесеттиот век, неокласицизмот на деветнаесеттиот век, францускиот провинцијален стил и повторното раѓање на британскиот колонијален стил.



Tropical (Тропски)

Орнаменталните резби со островски мотиви, егзотично дрво и врамени пресувани растенија се главни карактеристики на овој стил



Victorian (Викторијански)



Мебелот и архитектурата на стилот кој го добил името по англиската кралица Викторија, бил многу популарен во втората половина на деветнаесетиот век. Кај него најчесто се употребува махагони, орев и ружино дрво, темни бои, нагласени резби со цветни мотиви. Вообичаени елементи на овој стил вклучуваат овални наслони на столиците, горни плочи на масите од мермер и ноќни масички. Ткаенините и ѕидните облоги се со изразени мотиви и интензивни бои. Драперите и пресвлеките се украсени со долги реси.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 22:45

Современи идеи за уредување на домот


Денес ќе ви представам неколку свежи и модерни интериорни решенија. Во повеќето од нив се употребени живи, силни и впечатливи бои поради уникатниот ефект што го создаваат во просторот. Погледнете колку необични и контрастни бои се искомбинирани и создаваат една добра хармонична симфонија од бои, кои внесуваат живот и добро расположение.

000

00

0

7

8

9

10

12

13

15

17

19

20

24

28

30

33

36

37

39



Изменето од Valerija - 27.Декември.2013 во 22:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2013 во 16:31

Една од подобрите особини на жителите во Скандинавија е тоа што поради недостатокот на светлина, се одлучуваат за дизајн каде што доминира белата боја, што навистина му дава посебен шмек на домот.

svetol-i-udoben-dom-1

Исклучок не е ниту овој апартман кој се простира на 70 метри квадратни, а белата боја е прекрасно украсена со сите други живи бои кои му даваат ведрина и пријателски дух на домот.

Инаку овој дом се наоѓа во Гетеборг, во стара зграда, но со голем балкон кој гледа на исток, а и самиот тој е украсен во стилот на домот.

Кујната има модерен дизајн, а дневната е создадена за пријатен дневен престој, особено во друштво.

svetol-i-udoben-dom-2

svetol-i-udoben-dom-3

svetol-i-udoben-dom-4

svetol-i-udoben-dom-5

svetol-i-udoben-dom-6

svetol-i-udoben-dom-7

svetol-i-udoben-dom-8

svetol-i-udoben-dom-9

svetol-i-udoben-dom-10

svetol-i-udoben-dom-11

svetol-i-udoben-dom-12

svetol-i-udoben-dom-13

svetol-i-udoben-dom-14

svetol-i-udoben-dom-15

svetol-i-udoben-dom-16

svetol-i-udoben-dom-17

svetol-i-udoben-dom-18

svetol-i-udoben-dom-19

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2013 во 20:38

За убаво искористување на просторот, може да се одлучите мебелот да биде вграден во склоп на ѕидовите.

simpaticno-ureduvanje-na-enterierot-1

Пример за вака уреден ентериер е апартманот во Лес Менуирес, скијачки центар во Франција.

Изгледа навистина симпатично.

simpaticno-ureduvanje-na-enterierot-2

simpaticno-ureduvanje-na-enterierot-3

simpaticno-ureduvanje-na-enterierot-4

simpaticno-ureduvanje-na-enterierot-5

simpaticno-ureduvanje-na-enterierot-6

simpaticno-ureduvanje-na-enterierot-7

simpaticno-ureduvanje-na-enterierot-8

simpaticno-ureduvanje-na-enterierot-9



Изменето од Valerija - 21.Декември.2013 во 20:38
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 22:55

moderno-ureden-dom-vo-kafeni-nijansi-1

Ако сте во период на уредување на домот, а сакате да изгледа модерно и луксузно, разгледајте го овој ентериер.

Релаксирачки, во комбинација на крем и кафени тонови и користено е дрво за речиси целиот мебел.

Дефинираните линии во секоја соба даваат чувство на топол дом и чиста атмосфера.

moderno-ureden-dom-vo-kafeni-nijansi-2

moderno-ureden-dom-vo-kafeni-nijansi-3

moderno-ureden-dom-vo-kafeni-nijansi-4

moderno-ureden-dom-vo-kafeni-nijansi-5

moderno-ureden-dom-vo-kafeni-nijansi-6

moderno-ureden-dom-vo-kafeni-nijansi-7

moderno-ureden-dom-vo-kafeni-nijansi-8

moderno-ureden-dom-vo-kafeni-nijansi-9

moderno-ureden-dom-vo-kafeni-nijansi-10

moderno-ureden-dom-vo-kafeni-nijansi-11

moderno-ureden-dom-vo-kafeni-nijansi-12

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 22:53

Уредете го домот модерно и минималистички

Ако сте љубител на чистите бои и јасни линии, пробајте да ги примените во ентериерот на вашиот дом.

uredete-go-domot-moderno-i-minimalisticki-1

Минималистичкиот стил е модерен и практичен стил за уредување на домот. Лесно може да го постигнете ефектот на чиста и еднобојна соба, со примена на само неколку правила.

Задржете се до една боја. Кога избирате мебел, полици, па дури и украси за вашиот дом задржете се до една единствена боја. Белата или пак неутралната крем нијанса е совршен избор. Дозволете си мала промена на бојата исклучиво кога станува збор за перниците кои внесуваат топлина во собата или пак некои интересни детали и украси на полиците. Во секој случај, ќе мора да се ослободите од шарените тапети, материјали и предмети за да го постигнете минималистичкиот стил.

Светлината нека биде неизоставен дел од секоја просторија. Брзо и едноставно решение се големите прозорци на кои нема да додадете ролетни или пак завеси. Уште еден трик со кој ќе ја осветлите собата која сте ја одбрале за ваков стил е да и додадете многу огледала. Рефлектирањето на светлината има посебна улога во минималистичкиот стил.

Едноставни, но интересни детали. Класичните полици претворете ги во интересно парче мебел. Едноставно наредените книги разместете ги на купчиња, така што врз секое купче ќе додадете мал кактус или зеленило. Стаклените предмети се уште еден избор кој прекрасно ќе се вклопи во минималистичкиот ентериер. Додадете нестандардни и модерни елементи кои ќе го освежат вашиот дом.

За мала инспирација погледнете ги едни од најубавите минималистичко уредени соби, кои можеби ќе ја разбудат вашата креативност.

uredete-go-domot-moderno-i-minimalisticki-2

uredete-go-domot-moderno-i-minimalisticki-3

uredete-go-domot-moderno-i-minimalisticki-4

uredete-go-domot-moderno-i-minimalisticki-5

uredete-go-domot-moderno-i-minimalisticki-6

uredete-go-domot-moderno-i-minimalisticki-7

uredete-go-domot-moderno-i-minimalisticki-8

uredete-go-domot-moderno-i-minimalisticki-9

uredete-go-domot-moderno-i-minimalisticki-10

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 22:41

Ако сакате да го реновирате вашиот дом, запомнете дека не е потребно да давате многу пари и дека елементите кои веќе ги имате можете да ги претворите во модерни парчиња мебел со само неколку трикови.

10-idei-za-ureduvanje-na-domot-01

Ова се неколку идеи како да го преуредите вашиот домот кои можат да ви послужат за инспирација и за некоја ваша оригинална идеја.

Сокриена соба

Ова важи за оние кои располагаат со поголем простор, или за оние кои сакаат да ја реновираат целосно својата куќа или стан. Прилагодете ги своите желби и потреби на она што веќе го имате. Овие соби може да претставуваат ваша слатка тајна, во која секогаш можете да имате мир и тишина.

10-idei-za-ureduvanje-na-domot-1


Античка врата

Декорациите во просторот во антички стил можат да му дадат мистична и богата атмосфера на домот. Ретко кој би останал рамнодушен на вакво уредување, па затоа посакајте им добредојде на античките детали во вашиот дом.

10-idei-za-ureduvanje-na-domot-2


Француска врата како преграда за туш кабина

Рустичен и оргинален детаљ кој ќе ја направи вашата бања апсолутно неодолива.

10-idei-za-ureduvanje-na-domot-3


Поп бои во просторот

Малку е необично да се бојат внатрешните рабови на вратите, но така се додава храброст на здодевната соба. Изберете контраст и уживајте во погледот.

10-idei-za-ureduvanje-na-domot-4


Ќош за седење

Искористете го слободниот простор под прозорецот како место каде што ќе можете да го испиете вашето утринско кафе, да прочитате некоја книга или утрински весник. Морате да признаете дека приватноста и погледот од прозорецот се идеална комбинација. Удобност и уживање на право место.

10-idei-za-ureduvanje-na-domot-5


Ноќно светло

Идејата е едноставна, а модерна. Осветлувањето е важен дел во уредувањето на секоја куќа. Комбинирајте некоја завеса со сијалички и можете да добиете впечатлив нов детаљ во вашиот дом.

10-idei-za-ureduvanje-na-domot-6


Пишување на ѕид

Наменето за сите оние кои имаат млади уметници во домот. Заменете го постојаното чистење со ѕид за пишување и цртање, каде што вашето дете ќе може да ужива во креирањето на неговите ремек дела и да се забавува.

10-idei-za-ureduvanje-na-domot-7


Бања со шарен тапет

Играјте си со дезенот и формата, но внимавајте, многу е важно да се одбере вистинската комбинација за вашата бања да го добие посакуваниот изглед.

10-idei-za-ureduvanje-na-domot-8


Нежна врата за вашата гардероба

Ова се врати кои се совршени за детската соба на младо девојче. Облечете ја вратата и креирајте амбиент за малата принцеза.

10-idei-za-ureduvanje-na-domot-9


Плакар во шарен дезен

Се што е потребно е добар вкус, различен материјал и ножици за да го претворите вашиот стар плакар во нов, модерен и уникатен. Со мал буџет до сосема нов елемент во вашата спална.

10-idei-za-ureduvanje-na-domot-10

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 22:38

Шаби чик е стил на уредување на домот кој дефинитивно моментално ги доживува своите 5 минути слава. Комбинација на белата боја со пастелните нијанси пред сè ги одушевува жените и девојките кои сакаат топли ентериери.

shabby-chic-za-romanticen-dom-001

Тајната на шаби чик стилот е несовршеноста, топлината и романтиката на домот која нè враќа во минатото, но е одлична комбинација за модерниот стил и начинот на живот.

Посебноста на овој стил на уредување е што мебелот и деталите мора да бидат малку постари од вообичаено.

Најдобро од сè е што не може да погрешите во уредувањето на домот во ваков стил. Важно е мебелот да биде дрвен, во светли пастелни бои, со мали чипкани детали.

Декорациите може да бидат секој стаклен сад кој ви се наоѓа во домот, со многу рози во светли бои, послужавници,порцелански стари цветни шолји за чај,огледала, уникатни часовници и ламби на мали наткасни.

Ова се нашите омилени идеи како може да го уредите домот во шаби чик стил.

shabby-chic-za-romanticen-dom-01

shabby-chic-za-romanticen-dom-02

shabby-chic-za-romanticen-dom-03

shabby-chic-za-romanticen-dom-04

shabby-chic-za-romanticen-dom-05

shabby-chic-za-romanticen-dom-06

shabby-chic-za-romanticen-dom-07

shabby-chic-za-romanticen-dom-08

shabby-chic-za-romanticen-dom-09

shabby-chic-za-romanticen-dom-10

shabby-chic-za-romanticen-dom-11

shabby-chic-za-romanticen-dom-12

shabby-chic-za-romanticen-dom-13

shabby-chic-za-romanticen-dom-14

shabby-chic-za-romanticen-dom-15

shabby-chic-za-romanticen-dom-16

shabby-chic-za-romanticen-dom-17

shabby-chic-za-romanticen-dom-18

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 15:35

Kако да го уредите домот кој сакате да го продадете?

Запомнете дека во животот нема втора шанса за прв впечаток и дека многу пати носиме одлуки врз основа на првиот впечаток, без разлика дали станува збор за личност, објект или облека која сакаме да ја купиме.

kako-da-go-uredite-domot-koj-sakate-da-go-prodadete-2

Затоа, ако имате стан, куќа или некоја друга недвижнина која сакате да ја продадете, ви нудиме неколку совети кои ќе ви помогнат тоа да го направите што побргу, да добиете подобра цена, а купувачот да биде задоволен од одлуката што ја донел.

Нема ништо поубаво од чист и уреден дом

Ако веќе се решите да го продавате својот дом, најпрво темелно исчистете го. Ако не можете само, дозволете си да најмите професионалци кои ќе го исчистат тапацираниот мебел и теписите. Одржувајте ја чистотата постојано, така што местото ќе биде постојано подготвено за разгледување.

Тргнете го нередот и непотребните предмети од видливите места. Погрижете се на подот да нема расфрлани играчки и држете ги плакарите средени.

Креветите нека ви бијат постојано наместени, ѓубрето навреме исфрлено а садовите во кујната чисти.

Мали поправки во куќата ја подигаат цената

Расипани славини, влага по ѕидовите во бањата или некои други знаци на дотрајаност  сигурно нема да ви помогнат да ја продадете куќата. Дупките и пукнатините на ѕидовите, како и искинатите пластични завеси во бањата или пукнатите прозорски стакла и огледала, не сте ни свесни колку можат да ви одмогнат во желбата што побрзо да ја продадете куќата.

Средете ги овие работи, иако тоа можеби ќе ве чини. Заменете ги тапетите на ѕидовите или префарбајте ги. Ако теписите се стари, заменете ги со некои нови евтини. Поправете го ѕвончето.

Ситниците многу значат

Постојано имајте свежо цвеќе на повеќе места во домот. Купете неколку нови, шарени вазни за да го освежите просторот. Исчистете ги со специјално средство славините во кујната и бањата. Мирисот на печен леб и свежо сварено кафе им помага на купувачите да се чувствуваат како дома.

Ставете колачи и бонбони на масите. Светнете ги прозорците и нека бидат отворени ако тоа го дозволува времето.

Ако чувате домашно милениче исчистете го просторот каде тоа се наоѓа и додека се тука купувачите ставете ги во нивната куќичка. Многу луѓе не сакаат да се во близина на животни.

Запалете ги светлата бидејќи тоа е знак на гостопримство и пуштете го сонцето низ ролетните.

Развлечете ги завесите и покажете им на купувачите каков топол и весел дом им нудите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 15:31

Проширете ја палетата на бои со кои го декорирате вашиот дом. Можеби белата е пријатна и едноставна боја, меѓутоа нема ништо лошо ако и додадете малку контраст.

Размислете во кој дел од вашиот дом би сакале да додадете доза на мистериозност и испробајте една од следниве идеи.

Светлите тонови помешајте ги со црни. Белите ѕидови наспроти темен мебел изгледаат прекрасно. Темните перници, спротивни од светлиот мебел исто така може да бидат одлична декорација. Доколку црната боја е премногу темна за вашиот вкус, заменете ја со чоколадно кафена, а притоа ќе го добиете истиот ефект.

so-temni-boi-do-moderen-i-misteriozen-dom-1

so-temni-boi-do-moderen-i-misteriozen-dom-2


Затемнете го таванот.
Малку чудно, но навистина штосно. Доколку имате големи прозорци и висок таван, светлината нема да се изгуби ако тој е малку потемен од останатите ѕидови.

so-temni-boi-do-moderen-i-misteriozen-dom-3

so-temni-boi-do-moderen-i-misteriozen-dom-4


Одберете темни парчиња мебел.
Доколку ви се чини дека дневната соба е малку монотона и еднолична, одберете темен мебел кој одлично оди со неутрални тонови.

so-temni-boi-do-moderen-i-misteriozen-dom-5

so-temni-boi-do-moderen-i-misteriozen-dom-6


Потемен под од вообичаено.
Еден од најлесните начини како да затемните некоја соба во вашиот дом е да додадете темен ламинат или паркет. Одлична декорација за ходникот, трпезаријата и дневната соба.

so-temni-boi-do-moderen-i-misteriozen-dom-7

so-temni-boi-do-moderen-i-misteriozen-dom-8

Ви се допаѓаат ли комбинациите?



Изменето од Valerija - 11.Декември.2013 во 15:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2010 во 08:49
 
 
    Враќање во минатото  или  Ретро стил


 Навраќањето во “слободните” шеесетти значи потрага по ретро-вибрациите кои во домот ќе внесат живост. Овој стил не претставува само копија од историјата – тој со себе носи модерен амбиент. 
Ретро-дизајнот на ентериери е модерен начин да бидете старомодни

 Одличната подлога за било која ретро-декоративна шема е кафената боја – во било која нијанса, а една од најдобрите е богатата, чоколадно-кафена во комбинација со беж боја. ...
 Дрвен мебел со средни до темни нијанси .....но да не биде излакиран и сјаен...... Природната боја на дрво е идеална. 

 


 
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2009 во 17:27
 
 
Шведски ентериер


 Претставува кобинација на традиционалното, кое датира уште од 1903, и модерниот пристап на 21-виот век. Секоја соба изобилува со природна светлина, која внесува слобода и комоција во просторот, а дрвените елементи и подот го даваат потребното чувство на топлина...
 
 
 
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.