IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 30>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 14:51

Ролат со кисела зелка

Лисјата зелка исчистете ги од тврдите делови.
Поставете алуминиумска фолија со димензии колку тавата во кој ќе го печете ролатот и на неа наредете ги лисјата од кисела зелка во правоаголна форма. Слободно наредете два, три слоја од зелка.

За филот, најпрво издинстајте го ситно исечканото кромитче, додајте го изренданиот морков и лукчето и тргнете го настрана. Додајте ја средата од парчињата сув леб кои претходно сте ги потопиле во млеко (исцедени), јајцето и месото, зачинете и добро измесете ја смесата.
Сместа ставете ја на крајот од лисјата и со помош на фолијата направете ролат.
Сатвете го ролатот во тавата, да се пече отприлика 1 и 1/2 час на 200 степени, отворете ја фолијата и оставете го ролатот да се допече уште петнаесетина мнути.
Сервирајте го со прилог по ваша желба. Јас го употребив пикантниот сос како подлога на парчињата ролат.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 14:47

Мусака од кисела зелка и мелено

Вообичаената комбинација кисела зелка-мелено добро функционира секогаш, а за промена овој пат во форма на мусака. 
Од киселата зелка, која прво се одкиселува и одсолува така што ќе отстои во вода, се цедат лисјата добро, се сечка на ситно и се става на оган во поширок сад, да се испари целата течност.
Се става малку масло и се потпржува, малку да добие боја па се налева 150мл. вода нека крчка,истата постапка уште 2 пати се применува, така расолот сосема треба да се омекни и потпржи. На сам крај кога се става на врв на лајче фино мелен црвен пипер и се трга настрана. 
Следната постапка е пропржување на меленото. На сечкан кромид и малку масло се додава лук, мелено месо, нека забели како и вообичаено што се приготвува,. Следуваат зачините, малку мелен пипер и тука нека се измеша заедно некоја минутка на оган.
Во тавче се истура половина од смесата со динстан расол, се рамни со тапкање, над него меленото, се става ситно дробена сува пиперка, лист ловор, најгоре пак се прекрива со остатокот од раслот, се рамни и сега така наредена смесата се полева со врела вода во која сме ја ставиле говедската коцка да се истопи. Водата треба да го е до нивото на расол во тавчето се печи на 200 во рерна да си добие убав потпечен слој одозгора, но и цела течност да испари при печење. Редовно за прилог луто феферонче или макало и чаша црвено вино.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 13:23

Спанаќ со свинско и бешамел

Кај нас секогаш спанаќот бил омилен ама секогаш сум се задржувала на она класично приготвено во тавче со ориз. Ама овој пат решив да сменам и сите беа задоволни. Лесно е за подготовка, а е вкусно ммм ..

Најпрво исечето го месото на коцки, ставете го во тавче поголемо во тоа тавче ќе се приготвува целото јадење. Зачинете го по желба ставете зејтин и полијте го со вода колку да се покрие месото. Ставете го во рерна на 200 степени да се пече.

Кога ќе го ставите месото почнете со подготовка на спанаќот. Убаво измиен и исчистен ставете го на кратко во зовриена посолена вода колку да омекне. Исцедете го и исецкајте го. Во тавче со малку зејтин пропржете го кромидот и додадете го спанаќот, Попржете уште малку и тргнете го од оган. На страна изматете со вилушка 2 јајца и измешајте ги во спанаќот.

Подгответе го бешамелот. Во тавче ставете го путерот. Кога ќе се растопи ставете брашно во него и убаво измешајте да се соедини. Додадете го млекото посолете и оставете да крчка додека да се згусне. Тргнете го од оган додадете го ренданиот кашкавал.

Извадете го месото од рерна. Ставете го врз него спанаќот, рендан кашкавал и на крај посипете со бешамелот. Вратете во релна да се испече додека убаво зарумени

Лесно а многу вкусно.Добар апетит




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 13:08

Реден подварок со кисела зелка

Подготовка
1. Зелката исечете ја на потенки кругови. Месото исечете го на тенки парчиња како шницли.
2. Тенџерето во кое ќе го спремите подварокот добро го премачкајте со свинска маст.
3. Земате од зелката и наредете првиот ред. Врз него посолете по малку бибер, малку црвен пипер, буковец, наредете парчиња од месото. Земајки од секој вид на месо по едно парче, врз него ставете тенки парчиња од сланината. Врз месото ставете пак кругови од зелката, пак зачинете, ставете ловор, ставете 1-2 суви пиперки, морковот исечен по должина или ако е потенок може и цел, целите главици лук кој добро ги измивате, но не ги лупите, евентуално можете да ја одстраните само горната лушпа - главиците треба да останат цели. Повторно од зелката, зачинете, пак месо и затварате со последните кругови од зелката. Зачинете. Со цели листови од зелката добро затворете ја површината над зелката. ставете зачинете пак, ставете неколку лажици од маста, добро ја налегнете. Налегнете со некој сад (најчесто тањир) повторно налегнете, залејте со расолница, ставете да се крчка на тивок оган најмалку 3 часа.
Подварокот е готов кога зелката е мека, а месото разварено. Не смее да дозволите да ви одоздола загори, но не и да има вода. Овој подварок се сече и се вади парче од тенџерето, се јаде со вилушка.
Уживајте во еден убав неделен ден со вака спреман подварок.
Совет
- Вака спреманиот подварок за мене е највкусниот.
- Кој не користи свинска маст заменете со зејтин.
- Доколку не сакате да биде вака реден туку дробена зелка, слободно тоа го направете, но редете го на овој начин.
- Можете да вадете од зелката и само листови, во листовите ставете парче месо и само преклопете го - пак така редете и зачинувајте.
- Доколку го сакате малку поинаков, запржен, тогаш напрвете една подпршка,  залијте ја добро налегнатиот подварок, па дури тогаш ставете ја расолницата. Подрпшката ќе спадне долу и повторно варете на многу тивко.
- Сол не користам бидејки заливам само со расолница. Доколку ви е многу солена расолницата, тогаш ставете вода или поделете пола - пола. Кога крчка со расолница има сосема друг вкус.
- Подварокот во нашиот дом се спрема некој пат и од вечер на сосема тивко крчка до нареднот ден.
- Колку повеке се крчка - толку тој е повкусен.
Вака подварокот го спрема мојот сопруг и тоа е за него специјалитет. Морам овде ова да го забележам и да му се заблагодарам. Јас од мајка ми бев научила само со дробена зелка на сличен начин. За овој рецепт јас сум му благодарна. Кај нас овој подварок го носи и неговото име - Ч)))
Нека ви е слатко.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 15:31

Ручек за уживање: Царски котлети

Викендот е оној дел од неделата во кој секој од нас сака да направи сè што во текот на работните денови го одложувал. Па така, најчесто викендот знае да ни биде испланиран уште со денови однапред.

Сепак, не смееме да заборавиме на своето семејство и пријателите и да седнеме на еден неделен ручек. Ние за овој пат решивме да ви препорачаме еден вкусен ручек со телешко месо.

Потребни состојки:

  • малку сол
  • ¾ телешко месо од бут
  • 20 гр. брашно
  • 80 грама маст или путер
  • 2 dcl. кајмак
  • половина килограм исчистен грашок

Подготовка:

Телешкото месо најпрвин убаво ќе треба да се исече на парчиња, кои потоа ќе се истолчат, ќе се посолат и извалкаат во брашно. Во врела маст или путер брзо ќе се испржат, а потоа во сокот се додава малку вода и кисел кајмак. Грашокот се вари посебно, а кога е мек, ќе се измеша со парчињата месо. Котлетите можете да ги гарнирате со печурки или печени компири.

За ова јадење ние ви препорачуваме некое убаво бело вино. Пријатен апетит!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2014 во 12:57
Домашни желки

Ви требаат сланина исечена на слаjс , виршли и мелено месо .Препорачуваам меленото месо предходно да го издинстате со малку кромид , бибер и вегета










Се пече во рерна на 180-200° за околу 15 мин.

Изменето од емил - 09.Февруари.2014 во 13:00
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2013 во 15:16

Како до совршено тавче гравче?

Тавче гравчето е едно од омилените јадења на овие простори. Многу домаќинки и кувари постојано експериментираат со цел ова јадење да го направат уште повкусно.

За денеска се одлучивме да ви презентираме рецепт за малку посилен „каубојски“ грав кој е одличен прилог за разни меса или риба.

Подготовка: 50 минути

  • Тенџерето со масло ставете го на тивок оган. Кога маслото ќе се загрее, додајте сланина на коцки, ситно сецкан кромид и зелена пиперка.
  • Откако кромидот ќе се запржи, зачинете го со бибер и мелен црвен пипер. Додајте брашно, потоа промешајте, па доаѓа времето за гравот. Важно е да се напомене дека ако тој не е од конзерва, треба претходно да се свари.
  • Додадете вода за да го потопи гравот и варете 15-на минути додека малку не се згусне
  • Зачинете со сол и додајте ситно исецкан магдонос.
  • Варете 10 минути. Ако е премногу густо, додајте вода. Ако е премногу ретко, држете го тенџерето на оган додека не испари течноста.
  • Кога гравот ќе се зготви ставете го во сад за печење.
  • Исчистете ги пиперките, ставете ги во гравот и садот ставете го во рерна на 180 степени и печете 20 минути.

Гравот е подготвен за послужување, ви посакуваме добар апетит.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2013 во 21:31
Originally posted by Kastro Kastro напиша:

Furnarinki (home made) голема насмевка
 
Testo zamrzanto za pica od prodavnica ,malku go odmrznuvate I go secete na lenti
lentite gi premackuvate so margarince ,potoa gi posipuvate so krupna sol , gi premackuvate so mateno jajce I potoa dodavate zacin po zelba (origano , kim ili susam ) ....Gi pecete vo rerna edno 20 min  na 250 stepeni
 
 

Е јас правев пред некое време, ама со она лиснатото тесто што е од маркет.
Лук во прав, оригано, поголема количина на сусам и крупна сол.

А на едните по желба на талибанецов дома им ставив малку доматно пире колку боја и вкус на домат да фатат и исто така мнооооогу сусам. На вториве јајца не ставив, на другите ставив.

Ама тестово треба многу добро да се засука, не е како пица тестото.
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2013 во 21:20
Furnarinki (home made) голема насмевка
 
Testo zamrzanto za pica od prodavnica ,malku go odmrznuvate I go secete na lenti
lentite gi premackuvate so margarince ,potoa gi posipuvate so krupna sol , gi premackuvate so mateno jajce I potoa dodavate zacin po zelba (origano , kim ili susam ) ....Gi pecete vo rerna edno 20 min  na 250 stepeni
 
 
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 11:39
Шарен солен ролат
Потребни состојки:
- 4 јајца
- 1 шоља брашно
- 1 шоља јогурт
- 1 прашок за печиво
- 1 лажичка сол

За шарени кори на ролат:
- зелена боја 4 лажици сецкан сварен спанаќ
- портокалова боја 4 лажици ајвар
- жолто-црн ролат 3 лажици мак

Потребни состојки за фил:
- 200 мл. павлака
- 200 гр. сирење
- 2 лажици мајонез
- 200 гр. шунка

Подготовка:
Одвојте ги жолчките од белките и прво матете ги жолчките. Додајте сол, брашно помешано со прашок за печиво, јогурт. По желба додајте 4 лажици спанаќ/ајвар или мак, во зависност од тоа каква боја на ролат сакате да добиете. Изматете ги и белките во цврст снеги, па потоа со лажица измешајте ги со смесата со жолчки. Сипете во плехот од рерна на кој сте ставиле хартија за печење и печете 10-15 минути на температура од 180 степени. Печениот ролат замотајте го во влажна крпа и оставете да се олади. За тоа време подгответе го филот. Убаво иситнете го сирењето и додајте ја павлаката и мајонезот. Намачкајте ја кората прво со оваа смеса па врз неа ставете ја шунката и формирајте ролат.
[IMG]

[IMG]
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 14:01

Гиро


СОСТОЈКИ
• 1 кг свин­ско месо
• бел оцет

за микс од зачини или зачин за гиро
• 3 мали лажици сол
• 1 ½ мали лажици црвен пипер
• ¼ мала лажица бибер
• ¼ мала лажица оригано

за гиро пита
• 6–8 пар­чиња пита леб
• ½ шолја ѕаѕики
• 1 сре­ден кро­мид, исеч­кан
• 2 домати, исеч­кани на трка­лца
• пом­фрит
• масли­ново масло

ПОДГОТОВКА
Изме­шајте ги црве­ниот пипер, солта, бибе­рот и ори­га­ното во мал сад.

Исеч­кајте го месото колку можете потенко и потоа иста­пкајте го со помош на дрвен чекан. Наре­дете ги пар­чи­њата месо во сад со рамно дно и попр­скајте со мик­сот од зачини и потоа со малку оцет. Распо­ре­дете го оце­тот рам­но­мерно по месото, покријте го садот и оста­вете да се мари­нира меѓу поло­вина и 2 часа во фрижидер.

Изва­дете го месото од фри­жи­дер и исе­чете го на пар­чиња со ширина 1–1,5 цм или должина 5–6 цм. Испр­жете ги без масло во тава. Пар­чи­њата месо треба да доби­јат кафена боја и да бидат крцкави.

Нама­стете ги гиро питите со масли­ново масло и оста­вете ги во рерна неко­лку минути, за да се сто­плат и да омек­нат. Потоа, наре­дете 2–3 пар­чиња домати, малку кро­мид, гиро месо, 1 лажица ѕаѕики сос и помфрит


Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 13:41
ај...па ако не сака она, сам ќе ја направам...голема насмевка
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 13:39
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:


Originally posted by BIBI_G_3 BIBI_G_3 напиша:

денес од мене све... ептен нема време инаку и боза ќе ти направев ( домаќа направија,разбира се... нема да ми веруваш дека мои рачиња ја правеле )


и боза знаеш да направиш...збунетост изненадување
леле бибуууушшш....ќе ме тераш да се женам по трет пат...црвенеење


ај да не те изложувам на непланирани, дополнителни трошкови... ќе ти ја кажам постапката па нек ти ја прави сегашнава ...поефтино испаѓа
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 13:31
Originally posted by BIBI_G_3 BIBI_G_3 напиша:

денес од мене све... ептен нема време инаку и боза ќе ти направев ( домаќа направија,разбира се... нема да ми веруваш дека мои рачиња ја правеле )

и боза знаеш да направиш...збунетост изненадување
леле бибуууушшш....ќе ме тераш да се женам по трет пат...црвенеење
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.