IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 30>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2014 во 04:43

Турли тава

Зеленчукот насецкајте го на коцки.
На масло прво пропржете го кромидот и црвениот кромид. Па додадете го морковот и целерот и уште малку пропржете. Сега додадете го месото и пропржете малку да омекне. Додадете го останатиот зеленчук освен бамјата и доматите. На ова додадете малку вода и нека се прокрчка на тивок огин. Сега додадете ги доматите и бамјата, долијте со уште малку вода и оставете 15тина минути да прокрчка. Убаво зачинете и исипете се во земјена тава, покрите со фолија и печете 30 мин. на 200 степени. Извадете ја фолијата и допечете уште 15тина мин.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 06:05

Јарешко месо со макало

Се става јагнешкото да се обари откако добро ќе се измие. Откако месото ќе се обари малку го ставаме во тавичка, се реди, се полива со виното и водата. Одозгора се посолува сол и мешан зачин, а ситно исечканиот лук се додава на крај. Се покрива со алуминиумска фолија и во загреана релна се става да се пече.
Во длабок сад сирењето ситно се сечи или дроби. Се додава павлаката и јогуртот. Сето тоа убаво се измешува. Потоа ситно се сечкаат печените пиперки и се додавааат во макалото. Сусамот се потпечува на рингла малку да добие потемна боја и се додава во макалото. Потоа целото заедно се промешува и се додава маслиновото масло одозгора. Месото откако ќе се свари убаво алуминиумската фолија се вади од тавичето да за се зацрви местото. Се сервира со печени компирчиња.



Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 06:01

Капама со лозови листови


1. Измените и од рачки исчистени лозови млади листови се посолуваат и се остават да стојат 15 мин.
2. На зејтин се пропржува малку поситно исецканото јарешко или јагнешко месо. Кога ќе се зацрви, се вади од тенџерето.
3. Се истиснува водата од листовите кои ја пуштиле, се дробат на ситно, па заедно со исечениот млад кромид се стават на истиот зејтин да се пржат. Се враќа овде испрженото месо и продолжува уште кратко време да се пржи.
4. Се залева со вода, се зачинува и остава да крчка на тивок оган.
5. Кога е готово се подпржува со лажица брашно, малку црвен пипер и уште малку да проврие, се трга.
Се служи со кисело млеко или кисела павлака.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2014 во 07:08

Осоговска тава

1. Претходно посоленото месо се реди во тава намачкана со зејтин.
2. Пилешкото се става во средината.
3. Се редат компирите и морковите за да се направи како подлога за останатото месо.
4. Врз нив се реди и другото месо и се додава свеж магданос, исецканиот кромид, една главица лук, две свежи пиперки и едра сол, обична сол, веѓета, црн пипер, оригано, ловоров лист и 1 лажица супа кнор (лажицата супа се додава за да се добие густина).
5. Се додава преостанатиот зејтин и топлата вода.
6. Се става да се пече во загреана рерна на 250 степени – 1 час.
7. По еден час, ја намалуваме температурата на 100 степени и печеме уште 3 часа.
8. Пивото се додава откако ќе изврие водата.
9. 20-тина минути тавата ја ставаме на дното од фурната, за да изврие пивото и да се створи густ сос.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2014 во 05:56

Шведска тава со пилешки стек

Пилешкиот стек го сецкаме на парчиња и го пржиме со 1 лажица маргарин. Додаваме сол, пипер и мајцина душица. Свинскиот врат го сецкаме на парчиња и го пржиме во посебно тавце со 1 лажица маргарин, се додаваат печурките и откако ќе се испржат се додава сецканиот кроимид и се заедно се пржи. Во тавата се додава пилешкиот стек, коцката за супа и се дотурва вода да повари малку. Морковите и компирите(претходно сварени) ги пасираме и им го додаваме кашкавалот и млекото. Мешаме со миксер се додека се убаво не се соедини како пире. Во тепсија се става половина од пирето над него се става месото и најгоре останатото пире и се печи.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2014 во 06:06

Растурена сарма

Зелката се дроби на ситни делчиња. Се става во огноотпорен сад премачкан со масло. Меленото месо се запржува со ситно сецканиот кромид и откако ќе се запржи се додава оризот.. Се додава вегета и црн пипер мелен. Потоа се става врз зелката и се промешува со лажица. Се тура млака вода колку зелката да се покрие. Се става во релна да се потпечи на 180 с околу половина час




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2014 во 12:25

СУСАМКИ – СОЛЕНИ СТАПЧИЊА

Брашното се одсејува и се помешува со пецивото.

Квасецот со шеќерот се потопува во млако млеко и се остава да надојде.

Сирењети се дроби со вилишка /нека биде понакрупно/и се меша со јајцата.

Маргаринот се дроби со раце во брашното,па му се додаваат останатите состојки од кои се меси средно меко тесто/по потреба се додава усте малку млеко-тоа зависи од врстата на брашно,бидејки секое брашно има различен процент на влага/.

Тестото  поделитего на  два дела. Едната поповина малку развлечете ја во правоаголна форма ,па работната плоча посипете ја со сусам,ставете го развлеченото тесто од горе и развлечете го до дебелина од 1 см.

Развлеченото тесто ,со остар нож или алатка за сечење тњсто,пресечете го на ленти од околу 2 см ширина и уште  еднаш во должина на околу 5-6 цм.

расеченото тесто посипетего со сусам и пофторно со благо притискање со сукалото или оклангијата поминете врз тестото да се залепи сусамот.

Готовите стапчиња ставете ги во подмацкан плен /немора да се многу раздалечени едно од друго/и пецете на умерена температура се додека не се заруменат. Температурата за печење зависи од самиот шпорет,кај мене тоа е околу 220C.

Истото пофторете го и со останатат половина тестото



Изменето од емил - 27.Февруари.2014 во 12:25
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2014 во 08:10

Вкусен ручек

Во тава ставаме зејтин и исецканиот кромид да се пропржат,се додаваат меленото месо и доматното пире и се зачинува,се динста десетина минути.Се додава златната мешавина се пропржува и се додава оризот.Малку се пропржува и се додава вода убаво да се покрие целата содржина во тавата.Релната се загрева на 220 степени.Кога ќе зоврие се префрла во тава за печење и се става во релна да се пече околу 30-40 минути.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 15:01

Суфле со спанаќ

1: Спанаќот се сечка и се обарува околу 2 мин. во врела вода. Потоа се цеди.

2: Се матат јајцата и во нив се додаваат сите останати состојки, на крај сирењето и спанаќот. Смесата се истура во тава со средна големина (може и овална и правоаголна) и се пече 20мин. на 200С во загреана рерна.

Совет: Најдобро е ако се стави половина гриз половина палента. Исто така може да се измеша сирење и урда. А наместо спанаќ може блитва, зелје и сл.

По желба може горе да се попрска сусам, ким и сл.

Децата го обожаваат :)




Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2014 во 21:59

КАКО ДА НАПРАВИТЕ ДОМАШНИ ВАРЕНИ ЃЕВРЕЧИЊА


Зошто да купувате кога едноставно може да приготвите супер вкусни домашни варени ѓевречиња на кои ќе ви позавидат и големите мајстори.Домашно си е домашно. Ова е начинот на подготовка.

СОСТОЈКИ

domasen-varen-gevrek540 г брашно
280 мл вода
1 лажица сув квасец
2 лажици маслиново масло
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
2 л вода
½ лажица сода бикарбона

ПОДГОТОВКА

    1. Подготовка на тесто1.Во сад ставете ги сите состојки за подготовка на тестото. Брашното, водата, маслиновото масло, сувиот квасец, солта и шеќерот. Со електричен миксер измесете фино, средно меко тесто.
    2. Стасано тесто2.Ако месите рачно ќе ви треба околу 10 минути, а со миксер нешто помалку. Измесеното тесто, покријте го со крпа и оставете го да нарасне на собна температура, отприлика од два до три часа.
    3. Формирање на ѓевречињата3.Откако тестото ќе се подигне спремно е за правење ѓевречиња. Набрашнете ја работната површина, и поделете го тестото на еднакви делови. Ние ги меревме по 80 г. и излегоа 10 ѓевречиња. Со палците на средина направете дупче на топчето, а потоа и кружна форма.
    4. Спремни за печења4.Во меѓувреме ставете два литра вода во големо тенџере и зовријте ја водата. Ставете половина лажица сода. Секое ѓеврече варете го од двете страни по една минута. Потоа исцедете ги на кујнска хартија, наросете ким, сусам и морска сол и оставете ги уште 15 минути да одморат.
    5. Испечени спремни за дегустација5.Печете во добро загреана рерна на 220 степени околу 25 до 30 минути, додека ѓевречињата не добијат кафена боја. Оставете ги да се оладат неколку минути, а потоа на лапачка.
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2014 во 04:55

Запечен карфиол со мелено месо и грашок

Искинете го карфиолот на цветови и обарете го во посолена вода. Кромидот ситно исецкајте го и заедно со меленто месо запржете го во тавче со малку масло. Пред крај, додадете ги зачините и грашокот.
Во намастен огноотпорен сад за печење измешајте ги заедно карфиолот кој ќе го приразделите на уште поситни цветови и содржината со месо од тавата и порамнете одозгора.
Изрендајте го кашкавалот најгоре. Доколку сакате вмешајте кашкавал и во јадењето, не само одозгора.
Јајцата и млекото изматете ги со жица, посолете и побиберете малку и прелијте ја содржината во садот.
Печете го загреана рерна на 200 степени 15-20 мин., односно додека преливот се згусни, а кашкавалот одозгора се растопи и фати малку коричка.
Послужете го топло (не жешко да го јадите како мене =) ), но кој сака ладно исто така е убаво.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 20:41

Шарен солен ролат

Во три посебни садови се мати секој дел за кората.

1. И тоа за првиот пенасто се матат јајцата со малку сол, па се додава маслото, се намалува брзината на миксерот, па се додава павлаката, пецивото помешано со брашното (претходно просеани) и на крај ренданото сирење, вмешувајќи го со лажица.
За вториот и третиот дел одат истите количини на состојките, само што во црвениот дел се додаваат 3 супени лажици ајвар, а во зелениот 3 супени лажици обварен, исцеден и испасиран или исецкан спанаќ.

2. Смесите се ставаат наизменично врз намрсена хартија за печење, започнувајќи дијагонално.

3. Се печи на 180Ц. степени 25-30 мин. или во зависност од вашата рерна. Се витка во влажна крпа и се остава да олади.

4. Го спремаме фил од зденките и крем сирењето, така што зденките се матат, па се додава сирењето и убаво се соединува со лажица.

5. Изладената кора се премачкува со филот.Се редат листовите шунка и се витка ролат. Јас го украсив вака, а вие по ваша желба.

6. Се остава готовиот ролат во фрижидер убаво да се стегне, па се сечи со остар нож.
На здравје!

Моето првенче, кое Ви го препорачувам да го подготвите и пробате, одличен е за секоја свечена пригода.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 19:36

Ролат од мелено месо и палачинка

Пригоден ролат и за слави - ништо помалку вреден да се спрема и за дома како прилог.
Најпрво вклучете ја рерната на 200 степени.

ФИЛ
- Измешајте заедно исечканите сувомеснато, кашкавалот, морковот, вареното јајце, додадете го живото јајце, измешајте. Ова е веќе филот и оставете настрана.

МЕСНАТАТА КОРА
- Во меленото месо се додава сецканиот кромид, лукот, 2 јајца и двете кришки леб кој предходно се натопени во вода, додадете ги зачините, измешајте, нека одстои малку. Потоа ставете на најлон фолија местото, покријте го исто така со фолија, расукајте кора која ќе е во димензија на плекчето 30 х 20 см.

ПАЛАЧИНКА
- Земете тавче со димензии 30х20 см. и ставете во него еден мал филџан зејтин. Ставете го во рерната да се грее зејтинот.
- Со миксер изматете ги јајцата со солта, додадете брашното и сирењето, измешајте. Излијте ја добиената смеса во тавчето и печете 3 минути. Извадете ја на хартија за печење и заролајте ја. Оставете да се лади.

Оформување
- На веке расуканата кора од меленото месо поставете ја палачинката, врз неа ставете го филот и со помош на фолијата замотајте во малку поцврст ролат. Извадете го ролатот и ставете го во тавчето во кое што се печеше палачинката.
- Загрејте 1 филџан зејтин, посипете врз ролатот, ова за да не пука додека се пече. Намалете ја температурата на рерната на 180 степени и нека се пече околу 30 мин.
Кога ќе биде лесно зацрвенет извадете го, оставете да олади и сечете.

Совет
- Од оваа количина излегува поголем ролат, слободно намалете количините доколку сакате да биде помал ролатот.
- За сукање на кората од месо јас се користам со најлон кеса, го ставам месото во кесата и тогаш сукам, ја расекувам потоа кесата на едната долга страна и широката, така ја отварам кесата и продолжувам понатаму да го дооформувам ролатот како што погоре е напишано.



Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 16:25

Полнето свинско каре

Комплетен ручек заедно со зеленчук приготвен во еден сад, за посебни прилики како оваа денешна Божиќна приказна. 
Кога се одлучите за ваков оброк потребно е ден претходно да се стави во маринада месото, односно преку ноќ,. Таа се приготвува така што во топлата вода се топи медот, се става сенфот и киселината, месото се зарежува во внатрешноста т.е. се формира џеб кој наредниот ден ќе се полни, притоа се става од маринадата во џебот и се полева одозгора, се зачинува нека си преноќи. 
Свежите шампињони се сечат по вертикала на парчиња, се раширува месниот џеб и се полни печурки, печеница, кашкавал, максимално наполнете колку бери, се затвора со чепкалки добро сите состојки да си останат внатре.
Оставаме уште малку во маринада нека стои во сад каде ќе го печиме се обложува алуминиум фолија, да ги прекрива и ѕидовите се става масло најдолу. 
Се сечат на крупно компири и моркови и остатокот од печурки наокулу. Во средината месото се става и најгоре се прекрива со по некој лист печурки, повторно малку масло се залева и уште 100мл. вода, се става,,капак,, од фолија комплетно завиени сите продукти.
Се печи на 200- 90 минути, после се вади т.н. капак од фолијата и се остава самостојно да се печи уште 30 мин. па е готово.На здравје!




Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,391 секунди.