IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Манчестер Сити
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Манчестер Сити

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2011 во 06:28

Манчестер Сити со рекордна загуба до 194,9 милиони фунти

 
 

Ова е рекордна загуба, во една финансиска година, во англискиот фудбал, и само покажува колку големи инвестиции направил Шеикот Мансур за да го трансформира Манчестер Сити од просечен клуб во 2008, до лидер на табелата во Премиерлигата во овој момент.

И покрај тоа што ’Граѓаните’ за сезоната 2010/2011 прикажаа загуба од 194,9 милиони фунти, управата на клубоt не е загрижена и ваквите бројки биле очекувани поради стратегијата за забрзано вложување.

Во финансискиот извештај, Сити објави нето загуба од 160,5 милиони фунти како и ’додатни вонредни расходи’ од 34,4 милиони фунти.

’Граѓаните’ имаат среќа што сеуште не се применува финансискиот фер-плеј на УЕФА, па нивното место во Европа не е загрозено.

Сепак, се очекува идните финансиски извештаи да бидат далеку подобри со оглед на тоа дека неодамна беше потпишан мега договор со авиокомпанијата Етихад, за кого се пишуваше дека е вреден 35 милиони фунти по сезона а клубот ќе заработи и неколку десетици милиони од настапот во Лигата на Шампионите.

Од таборот на Сити исто така потенцираат дека комерцијалниот приход се зголемил за 49,7% а исто така се зголемил и приходот од ТВ правата за 27,4%.

Вкупниот приход е 153,2 милиони фунти, и за прв пат ја надмина границата од 150 милиони.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2012 во 07:18

Kорпулентниот напаѓач на Билбао и на Шпанската репрезентација се сели во Лондон




Фернандо Љоренте  има договор уште 18 месеци.

Во овој момент неизвесно е што ќе се случува со тој фудбалер, пред неколку недели изјави дека не сака да игра за друг тим во Примера, иако се ширеа шпекулации дека ќе премине во Реал Мадрид.


Но, како една од можните дестинации за Љоренте е Манчестер Сити.


Сити го сака овој напаѓач веќе подолго време и спремни се да му понудат по 7 милиони евра по сезона.


Се претпоставува дека Љоренте би можел да го продолжи договорот со Баскијската екипа, а потоа да прифати понуда од Сити така што неговиот сакан Атлетик Билбао би заработил многу повеќе за негова продажба.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2012 во 12:12

Манчестер сити подготви 250 милиони евра за Кристијано Роналдо!


Богатите шеици од Абу Даби, спонзорите на англискиот премиерлигаш Манчестер сити се решени да не жалат пари за да го ангажираат моментно најскапиот светски фудбалер Кристијано Роналдо, членот на Реал Мадрид, а за таа цел се подготвени да ги – срушат сите рекорди!

Манчестер сити е желен да му нанесе нов пораз на Јунајтед и да ја купи некогашната прва виолина на „црвените ѓаволи“, а за таа цел подготви 250 милиони евра, објавуваат медиуми во Англија. Според последните информации од кампусот на „граѓаните“, спонзорите на Сити се подготвени да издвојат над 100 милиони евра за трансфер обесштетување со што би го надминале досегашниот рекорд на Раал Мадрид кој во 2009 година плати 95, 7 милиони евра кој Манчестер јунајтед за да го купат Португалецот.

Но, тоа што многу повеќе остава впечаток е дека Манчестер сити е подготвен да го направи Роналдо буквално шеик, затоа што му нуди помеѓу 480 и 600 илјади евра неделна плата, што би било повеќе од двојна заработувачка на најскапоплатениот фудбалер во моментов, Самуел Ето во руски Анжи. Според математиката, Роналдо на годишно ниво би имал заработувачка од 31 милион евра само како плата од премиерлигашот.

Извори во Англија и Шпанија веќе посочиле дека 27-годишниот Португалец е заинтересиран да се врати на Островот, пред се оти му премиерлигашкиот фудбал. На сето ова се додава и дека Жорге Мендес, менаџерот на португалскиот ас, во последнава година станал неверојатно блисок со арапските бизнисмени, сопственици на Сити. Инаку Мендес е најбогатиот менаџер, чија менаџерска агенција има вредност над половина милијарда евра.

„Заците од кампот на Роналдо се многу позитивни. Веќе има првичен контакт“, посочил извор блисок до англискиот тим.

Шеикот Менсур бил голем фан на Роналдо и по секоја цена сака да го ангажира, па веќе е пресметано дека за четиригодишен договор Роналдо би добил вкупно 120 милиони евра, а Реал Мадрид околу 130 милиони на име на обесштетување. Инаку шеикот Менсур имал голем респект кон најтрофејниот европски клуб.

„Сити планира да направи тим кој ќе доминира во иднина, но свесни се дека нивната битка за Лионел Меси однапред е загубена, па затоа целта им е Кристијано Роналдо“, посочува изворот.

Роналдо играше во Манчестер јунајтед од 2003 до 2009 година, а во 2008 стана европски првак и ја освои единствената „златна топка“, по што следеше доминацијата на Лионел Меси во светскиот фудбал.



Изменето од емил - 30.Март.2012 во 12:12
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.