IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Писмо од Битола 12 август 1912
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмо од Битола 12 август 1912

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака Обратен редослед
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 18:22
Од писмото мислам тоа нема да ви се допадне

„Ако почнат Македонците да се противат, на помош на бугарскиот учител му доаѓа тајниот бугарски комитет; ќе исфаќа ноќе неколку видни и невооружени Македонци, ќе ги однесе во планина и таму беспоштедно ги убива; истото тоа потоа се повторува со Србите. “

А кој е тајниот бугарски комитет?
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 18:22
Докако не го знаеме кој е, само можеме да претпоставуваме.

Да ги понавржеме фактите.
АЛЕКСАНДАР КОН "ПИСМО ОД БИТОЛА", 15 август 1912 г.

Петстотини години Словеномакедонците живеат под турската власт, но никогаш гонењата и систематското истребување на овој несреќен и трудољубив народ не доаѓале во такви чудовшии размери како во денешно време. По ослободувањето на Бугарија со руска крв и со руски пари мнозина Македонци почнаа да учат по бугарски (во Македонија и во Бугарија), и за кусо време се образува силен кадар интелигентен пролетеријат. Тие почнаа да мислат и да размислуваат по бугарски и беспрекорно да ги исполнуваат сите барања на бугарската влада и на Егзархијата, да бидат учители и свештеници во Македонија, да му објавуваат на целиот свет дека во Македонија живеат само Бугари. Тие беа први ластовички на бугаризмот, тие се јавуваат и први виновници за раздробување на словенското население.

Овие пионери на бугаризмот отпрвин работеа по мирен пат (преку училиштата и црквите), но кога Бугарија стана горе-долу самостојна држава сликата на мирна пропаганда веднаш се измени: бугарските агенти од Македонците и од Бугарите почнаа да се однесуваат во Македонија како кај себе во Бугарија. Таму каде што поткупот на турските чиновници не помагаше, тие насилно, со оган и со меч, го натераа словенското население да чита по бугарски и да се вика Бугари.

За оваа цел во Софија беше образуван Македонски комитет (поточно - бугарски), којшто со бугарски пари, со дозвола од бугарската влада, ја исполнуваше смртната казна (проскрипционите списоци на жртвите уште порано се составувале) над оние Македонци што не сакаа да читаат на за нив неразбирливиот бугарски јазик и не сакаа да се нарекуваат Бугари.

Србија, наоѓајќи се под пресата на економскиот гнет од Австро-Унгарија, по силата на законот за самоодржување (излез на морето - Солун), исто така почна да проповеда србизам во Македонија. Во Прилепскиот, Велешкиот и дури и во Битолскиот вилает многу бугарски училишта и цркви преминаа на српска страна: нели овие месности некогаш биле бедем на бугаризмот! На тој начин Бугарите овде претрпеа чувствителен пораз.

Грците уште одамна не дремеа и дејствуваа пред турските власти по сите правила на византиска злоба и лукавост.

И така, во Македонија вештачки се создадоа, покрај грчката пропаганда, уште две - бугарската и српската. Во последно време Македонија доби право на граѓанство и романската пропаганда. До појавувањето на бугарската и српската пропаганда Словено-македонците секогаш велеа дека тие се - Словени и никогаш не се наречуваа Бугари, Срби или Грци; учеа тие по грчки и по словенски, но си зборуваа на чист словенско-македонски јазик.

Сега се појавува прашањето: како Македонците, коишто порано се викаа Словени, сега се наречуваат Срби, Грци или Бугари? За да одговори човек на ова прашање, треба прво, да биде вистински Македонец, второ, совеста и честа да не му се на издршка на Бугарите, Србите и Грците.

Главната причина за изникнувањето, смалувањето или зголемувањето на растот на пропагандата во Македонија зависи од турскиот режим, од географската положба на Македонија и од економската зависност на словеномакедонскиот народ од балканските држави.

Турската админстрација, до појавувањето на Младотурската конституција, живееше како паразит на македонското тело, поради што рамнотежата на економскиот живот на Македонците постојано се нарушуваше; колку почесто таа ја експлоатираше земјата, толку повеќе трудољубивоста на Македонците доаѓаше до високите предели на умственото и физичкот напрегање. Покрај тоа, оваа продажна администрација живееше широко од митото на бугарската, грчката и српската пропаганда.

На пример, во Битолскиот вилает во едно од селата Македонците учеа на грчки, но си зборуваа словеномакедонски (Турците ги наречуваат урум-милети-"Грци"). Се појавуваат кај турскиот чиновник егзархистите и му даваат поткуп; турскиот чиновник ги прогласува Македонците дека не се Грци, ами Бугари и дека се должни да учат по бугарски. Грчкиот учител мора да си оди, на негово место доаѓа бугарски учител. Ако почнат Македонците да се противат, на помош на бугарскиот учител му доаѓа тајниот бугарски комитет; ќе исфаќа ноќе неколку видни и невооружени Македонци, ќе ги однесе во планина и таму беспоштедно ги убива; истото тоа потоа се повторува со Србите.

Грците, Бугарите и Србите можат да се споредат со "мртвите души" на Гогољ, но со таа разлика што Чичиков ги купувал имињата на умрените селани и не ги преправал, а Бугарите, Србите и Грците ги купуваат од Турците имињата на живите Македонци, но со право македонското -СКИ да го изменуваат на -ОВ, -ИЌ и -ИДИС. А всушност словенското население си останува едно и исто и во полна сопственост на Турската Империја.

Друг начин на зголемување на хартија на српската, бугарската и грчката нација (за сметка на Македонците), како што веќе споменав горе, тоа е економската зависност од соседните држави. Десетици илјади македонски работници секоја година одат на печалба во Бугарија, Србија и Грција. Кој во Грција не сака да се вика Грк, во Србија Србин, во Бугарија Бугарин, тој не може да го заработи парчето леб во овие "братски" земји. Има случаи, кога од тројца еднокрвни браќа едниот мора да се вика Грк, другиот Србин, третиот Бугарин, според тоа каде одат тие на печалба.

Кога веќе споменатите методи не ги постигнуваат целите тогаш во Македонија се појавуваат вооружените бугарски, грчки и српски чети и со груба сила и со оружје в раце ги тераат Македонците да преминуваат од една нација во друга. И тогаш почнува вистинско братоубиствено истребување на Македонците.

Сега сметките се собрани, жалната слика е налице: речиси четвртината од Словено-македонците се истепани, се исклани од Турците, а еден дел се иселија во Америка, Србија, Бугарија и Грција. Во последно време, со цел да предизвикат замешување на Европа или самите да ловат риби во матна вода, Бугарите почнаа да се занимаваат со провокации: фрлаат бомби (Кочани, Штип и др.) врз многулуѓните македонски пазари и на таков начин убиваат невини луѓе. А Турците одлично умеат да ги наоѓаат виновниците!

Ако варварското самоистребување продолжи уште неколку десетици години, тогаш од словенскиот елемент во Македонија ќе останат само жални остатоци од потомците на Кирил и Методија. Да и се помогне на оваа несреќа може само на следниов начин:

1) Енергично застапување на братската Русија во полза на Македонците.
2) Уништување на бугарската, српската и грчката пропаганда во Македонија.
3) Отворање училишта на словеномакедонски јазик.
4) Востанување на црковна независност (автокефална словеномакедонска црква во г.Охрид).
5) Слободен развиток на националната самосвест, т.е. на свеста дека Словеномакедонците се еден и неделив народ.

Во интерес на запазувањето на Отоманската Империја, турската влада треба со сите културни мерки да го помага распространувањето на оваа пропаганда што сега веќе има илјадници следбеници како во Македонија така и надвор од неа.

6) Во името на хуманоста, човечкото достоинство и љубовта кон својата татковина македонската интелигенција еднаш за секогаш мора да ја прекине срамната продажба на својата совест и чест на бугарските, српските и грчките пазари.
7) Широка внатрешна самоуправа на Македонија.

Александер Кон, Македонское Блјуду в славјанском обеде в Вене - Гражданин (СпБ) 37 (16.IX 1912). Од книгата "Документи за борбата на македонскиот народ за самојстојност и за национална држава" Том Први, Универзитет Кирил и Методиј, Скопје 1981



Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 18:15
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

„што сега ВЕЌЕ“ - колку поодамна?

Каков може да биде авторот според тебе? Јас кажав дека не е во никој случај од македонските Бугари.

Може да биде, јас мислам, само етнички Македонец од надвор (од кругот на Чуповски).
Од внатре може да биде некој разочаран од српската пропаганда, минал на македонистички позиции, т.е. пак од течението на Чуповски, ако може да се нарече течение.


Авторот секако дека е етнички Македонец, убаво кажа Буги.
Ајде сега пак со Србите почна!газење%20од%20смеење
Овој човек е човек кој не подлегнал на пропагандите на соседните држави, доста едноставно.

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 18:12
„што сега ВЕЌЕ“ - колку поодамна?

Каков може да биде авторот според тебе? Јас кажав дека не е во никој случај од македонските Бугари.

Може да биде, јас мислам, само етнички Македонец од надвор (од кругот на Чуповски).
Од внатре може да биде некој разочаран од српската пропаганда, минал на македонистички позиции, т.е. пак од течението на Чуповски, ако може да се нарече течение.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 18:05
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Како и да е се кажал дека како Македонец го претставува кружокотголема%20насмевка

зА ТОЧКА 5 НИШТО НЕ КАЖА
„турската влада треба со сите културни мерки да го помага распространувањето на ОВАА ПРОПАГАНДА што сега веќе има илјадници следбеници како во Македонија така и надвор од неа. “
Значи за авторот има веќе три пропаганди, а тој самиот формулира ЧЕТВРТА.



Убаво вели Буги, јасно е дека е етнички Македонец, дека така се чувствува и слично. Авторот не форумилира четврта пропаганда затоа што ова мислење веќе има илјадници следбеници, па дури не само во Македонија, туку и надвор од неа. Значи ова дрвижење не е од "сега", туку од поодамна.
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 15:59
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Каков е тој Битолски кружок? Т.е. дали писмото е пишувано во Битола, или некој битолчанец во Русија го напишал, претставувајќи се за член на некаков Битолски кружок.

Този Битолски кружок е бил много таен... толкова таен че и досега не се знаат учесниците во него:
Македонскиот сепаратистички кружок
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 15:47
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Како и да е се кажал дека како Македонец го претставува кружокотголема%20насмевка

зА ТОЧКА 5 НИШТО НЕ КАЖА
„турската влада треба со сите културни мерки да го помага распространувањето на ОВАА ПРОПАГАНДА што сега веќе има илјадници следбеници како во Македонија така и надвор од неа. “
Значи за авторот има веќе три пропаганди, а тој самиот формулира ЧЕТВРТА.



Изменето од Каснакоски - 29.Септември.2009 во 15:48
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 15:25
Како и да е се кажал дека како Македонец го претставува кружокотголема%20насмевка
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 15:24
Каков е тој Битолски кружок? Т.е. дали писмото е пишувано во Битола, или некој битолчанец во Русија го напишал, претставувајќи се за член на некаков Битолски кружок.
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 15:04
Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:



Нема потпис, нема ништо и се прашувам дали не е напишано писмото од кругот на Чуповски.

Од информациите што ги покажа Чоли не е јасно кој е одил во Македонија кога е напишано писмото, но мислам авторот е човек од надвор.
Не верувам некој да напише такво нешто од внатрешноста. Кој ќе биде тој интелигент, кој ќе каже за себе си дека е жртва на некаква пропаганда???
Ги осудува атентатите и пишува дека се бугарски провокации, Мислам се визираат МАГАРЕШКИТЕ АТЕНТАТИ, значи не може да биде во никој случај човек од жртвите на „бугарската пропаганда“


Има ако виде погоре посочив кој, каде и когаплазење А. Кон,<span style="" lang="MK"> Македонское блюдо
на славянском обеде в „Вене“, „Гражданин“, 37, С.-Петербург, 16.</span>IX
1912,3.[/QUOTE]
Од моjот материал:

Тоа го потврдува и вонредно значајното писмо на Битолскиот кружок од 15 август 1912 година што било упатено до Чуповски и до Другарството, а беше објавено во рамките на статијата на Александар Кон во в. „Гражданин“ на 16 септември 1912 година.
Кон краjот на 1912 г. Чуповски за последен пат во живото си е бил во Македониjа.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 14:58
Тоа чив став еголема%20насмевка

Во писмото Македонците убаво се изјаснуваат - што е нејаснозбунетост
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 14:32
Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:


Има ако виде погоре посочив кој, каде и когаплазење А. Кон,<span style="" lang="MK"> Македонское блюдо
на славянском обеде в „Вене“, „Гражданин“, 37, С.-Петербург, 16.</span>IX
1912,3.


Тоа го видов, ама Македон тврди дека е од македонски интелектуалци пишувано, а ти тврдиш дека е од некој Кон (претпоставувам Русин). Ако ти си во право, значи моите размислувања се точни.

Кога го прочитав повторно, ми се фрли во очи точка 5.

5. Слободен развиток на националната самосвест, т.е. на свеста дека Словеномакедонците се еден и неделив народ. Во интерес на запазувањето на Отоманската Империја, турската влада треба со сите културни мерки да го помага распространувањето на ОВАА ПРОПАГАНДА што сега веќе има илјадници следбеници како во Македонија така и надвор од неа.

Интересно!!!


Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 14:22
Нема потпис, нема ништо и се прашувам дали не е напишано писмото од кругот на Чуповски.

Од информациите што ги покажа Чоли не е јасно кој е одил во Македонија кога е напишано писмото, но мислам авторот е човек од надвор.
Не верувам некој да напише такво нешто од внатрешноста. Кој ќе биде тој интелигент, кој ќе каже за себе си дека е жртва на некаква пропаганда???
Ги осудува атентатите и пишува дека се бугарски провокации, Мислам се визираат МАГАРЕШКИТЕ АТЕНТАТИ, значи не може да биде во никој случај човек од жртвите на „бугарската пропаганда“


[/QUOTE]

Има ако виде погоре посочив кој, каде и когаплазење А. Кон, Македонское блюдо на славянском обеде в „Вене“, „Гражданин“, 37, С.-Петербург, 16.IX 1912,3.

Изменето од Bronhi - 29.Септември.2009 во 14:22
Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 13:57
Затоа ќе го пренесеме во целост ова историско писмо: Битола, 15 август 1912 година.

За да предизвикаат замешување на Европа или самите да ловат риби во матна вода, Бугарите почнаа да се занимаваат со провокации: фрлаат бомби (Кочани, Штип и др.) врз многулуѓните македонски пазари и на таков начин убиваат невини луѓе. А Турците одлично умеат да ги наоѓаат виновниците! Ако варварското самоистребување продолжи уште неколку десетици години, тогаш од словенскиот елемент во Македонија ќе останат само жални остатоци од потомците на Кирила и Методија. Да и се помогне на оваа несреќа може само на следниов начин:
1. Енергично застапување на братска Русија во полза на Македонците.
2. Уништување на бугарската, српската и грчката пропаганда во Македонија.
3. Отворање училишта на словеномакедонски јазик.
4. Востановување на црковната независност (автокефалната словеномакедонска црква во г. Охрид).
5. Слободен развиток на националната самосвест, т.е. на свеста дека Словеномакедонците се еден и неделив народ. Во интерес на запазувањето на Отоманската Империја, турската влада треба со сите културни мерки да го помага распространувањето на оваа пропаганда што сега веќе има илјадници следбеници како во Македонија така и надвор од неа.
6. Во името на хуманоста, човечкото достоинство и љубовта кон својата татковина македонската интелигенција еднаш за секогаш мора да ја прекине срамната продажба на својата совест и чест на бугарските, српските и грчките пазари.
7. Широка внатрешна самоуправа на Македонија.

Originally posted by Македон Македон напиша:


Најдов!Писмото е апел за помош од битолските граѓани и е адресирано до Русија, кај мене во книгата стои дека е адресирано до јавноста.П.С. Писмото е одговор на заверата на соседните држави.


Нема потпис, нема ништо и се прашувам дали не е напишано писмото од кругот на Чуповски.

Од информациите што ги покажа Чоли не е јасно кој е одил во Македонија кога е напишано писмото, но мислам авторот е човек од надвор.
Не верувам некој да напише такво нешто од внатрешноста. Кој ќе биде тој интелигент, кој ќе каже за себе си дека е жртва на некаква пропаганда???
Ги осудува атентатите и пишува дека се бугарски провокации, Мислам се визираат МАГАРЕШКИТЕ АТЕНТАТИ, значи не може да биде во никој случај човек од жртвите на „бугарската пропаганда“




Изменето од Каснакоски - 29.Септември.2009 во 14:01
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.