IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Корисни совети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Корисни совети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 21:36

Како кујната да остане чиста додека готвите


Иако многу дами уживаат додека готват, ретко на која не и претставува проблем нередот кој се појавува во текот на процесот.

Денес ви нудиме неколку трикови кои ќе ви ја олеснат работата…

– За работната површина да ви остане колку што е можно почиста, сите состојки ставете ги на хартија за печење. Тоа ќе спречи да се појавуваат дамки по целата кујна и плус на овој начин ќе бидете подобро организирани.

– За да спречите маслиновото масло, или било кое што го користите да се измасти целото, околу грлото на шишето заврзете хартиена салфетка која ќе ја впие целата маснотија.

– Ви се скрши чаша? Сите делови соберете ги со кришка леб, дури и најмалите ќе ги уловите.
– За да ја заштитите тетратката со рецепти, таблетот или пак телефонот од дамки, во текот на готвењето ставете ги под чист стаклен капак.

– Сите отпадоци (лушпи од јајце, кора од зеленчук и слично) складирајте ги во еден поголем сад. Тоа ќе ви заштеди многу време подоцна.

Ако имате некои свои трикови како полесно да го средите нередот во кујната по готвењето, споделете ги со нас…



Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 21:35

Неколку трикови за чиста и миризлива кујна

За фрижидерот да нема мирис, оставата да биде без инсекти, а шпоретот да блеска не се потребни јаки хемиски средства туку само малку труд.

– Ако фрижидерот ви мириса непријатно, непријатниот мирис ќе го неутрализирате ако во него држите шолја со сода бикарбона или кафе. Нив менувајте ги на секои два месеца.

– Посипете сода бикарбона на местата на кои имате забележано мравки, тие многу брзо ќе се повлечат.

– Ако плинскиот шпорет ви потемнел, сјајот ќе му го вратите ако го истриете со пресечена главица кромид.

– Мирисот кој се шири додека готвите зелка ќе се неутрализира ако во неа додадете малку оцет.

– Кристалните и стаклените садови ќе го вратат својот сјај ако пред миење добро ги истриете со смеса од еднаква количина оцет и изрендан компир. Потоа садовите исперете ги со млака вода (никако ладна) и избришете ги со памучна крпа.

– Ако имате алуминиумски садови кои потемнеле од употреба, во нив варете кора од јаболка и садовите ќе ја вратат својата боја.
Ако имате и вие некој ваков совет, споделете го со нас…



Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2016 во 13:42

Неколку трикови за секогаш купатилото да ви биде средено

Бањата треба да биде наша мала оаза во која ќе уживаме, а не мачно место кое постојано треба да го рибаме и средуваме.

Во прилог ви нудиме неколку совети како да си ја олесните работата.

 Намачкајте го огледалото со пена за бричење

Откако ќе го намачкате со пена за бричење се што треба е добро да го избришете и повеќе нема да имате замаглено огледало. Оваа постапка треба да ја повторувате еднаш во три недели.

Најдете место за полица

Полицата е одличен начин за да ги организирате пешкирите, тоалетната хартија, средствата за чистење…За максимално да го искористите просторот, полицата ставете ја над вратата.

Исчистете ги славините и тушот на природен начин

Ако имате чувство дека славината или пак тушот имаат слаб млаз, тогаш веројатно ви се насобрал каменец. За да го решите овој проблем, ставете алкохолен оцет во кесичка која ќе ја прицврстите со ластиче за славината/тушот и оставете ги преку ноќ да се “киснат“. Следниот ден ќе бидат како нови.

Закачете корпички на држачот на завесата за туширање

Ако ви недостасуваат полици и место каде ќе ги складирате предметите во бањата, закачете корпи за држачот на завесата за туширање. Нема да ви пречат, а така сите предмети ќе си имаат свое место.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2016 во 13:48

Три вида дамки кои најлесно се отстрануваат со паста за заби

Дознајте пет многу интересни и корисни начини за користење на паста за заби кои ќе ви го олеснат животот.

Против дамки од боја за коса

При бојадисување на косата во домашни услови, пастата за заби може да биде многу корисна. Нанесете малку паста на памучна крпа и со неа истријте ги дамките од фарбата на кожата. Доколку пак сакате да спречите појава на дамки, намачкајте ги краевите на кожата до косата со паста и тогаш започнете со бојадисување. Пастата за заби ќе направи „филм“ на кожата и нема да дозволи бојата да биде впиена и да се создаваат дамки.

Против дамки на ѕид

Секој што е родител многу добро знае како изгледа кога децата својата креативност со креда или фломастер ќе ја искажат врз ѕид, а истото важи и за трагови од чевли. И во овој случај пастата за заби ќе го реши проблемот. Нанесете малку паста на памучна крпа или мекана четка и истријте ги дамките на ѕидот. Пастата ќе ги тргне траговите.

За чистење на дамки на гума од патики

На нови патики, уште по првото носење ќе забележите дамки, особено ако имаат бела гумена ивица. И во овој случај пастата за заби е вашиот најголем сојузник. Нанесете малку паста на старата четка за заби и со неа истријте ја гумата од патиките. Со влажна крпа избришете ја пастата и дамките ќе исчезнат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2016 во 18:47

Корисни трикови со алуминиумска фолија


Алуминиумската фолија може да има повеќе намени отколку што мислите. Освен за пакување на храната и за печење може да се користи и во разни други ситуации.

Од листови фолија направете кугли и ставете неколку во машината за перење пред да ја вклучите. Тие ќе предизвикаат повеќе вртежи на облеката и со тоа ќе ја направат помека. Истиот трик може да го користите и во машината за сушење алишта бидејќи фолијата е одличен сојузник на облеката затоа што ја ослободува од синтетичкиот електрицитет. 

Кога немате жица за чистење стуткајте малку фолија во топче и со неа исчистете го загорениот лонец.

Со фолијата можете да чистите и сребро така што на дното на сад ќе ставите од фолијата, потоа ќе додадете вода и сол. Оставете го среброто внатре околу 10-тина минути и потоа избришете со сува крпа.

За поефикасно пеглање на алиштата поставете фолија помеѓу навлаката и штицата за пеглање. Фолијата ќе ја рефлектира топлината и пеглањето ќе биде пократко.

За острење на ножици земете фолија и превиткајте ја неколку пати. Потоа само пресечете ја со ножиците.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2016 во 08:08

5 работи во домот кои треба да ги чистите со четка за заби


Четките за заби можат да бидат одлично помагало при чистењето на домот. Чешмите, одводот, плочките се само дел од местата кои можете темелно да ги исчистите со помош на четките за заби.

5-predmeti-koi-treba-da-gi-cistite-so-cetka-za-zabi-001.jpg

Четките за заби се идеално помагало за чистење на тешко достапните места.

Еве што можете да исчистите со нив:

1. Вентилациониот отвор на фенот за сушење на коса

Ако фенот не ви работи силно како и претходно, веројатно во вентилациониот отвор е насобрана нечистотија која ја отежнува работата на моторот. Земете чиста и сува четка за заби и со неа соберете ја нечистотијата.


2. Печката

Ако сакате темелно да ја исчистите површината на печката, потребно е да нанесете средство за чистење директно на печката и да ја чистите со мали кружни движења. Нема нечистотии и маснотии кои нема да исчезнат на овој начин.


3. Талог меѓу плочките

Во просторот меѓу плочките - фугата, често се собираат нечистотии кои не можат да се исчистат со помош на крпа или џогер. Помешајте 3,5 литри вода, со 3 до 4 лажици избелувач на база на хлор. Нанесете ја мешавината на плочките, оставете ја да отстои неколку минути, а потоа со четката за заби тријте ги фугите.


4. Чешмата

Чешмите за вода не можат едноставно да се исчистат со крпа и сунѓер, токму затоа од помош ќе ви биде четката за заби која може темелно да ги отстрани нечистотиите и бактериите кои се собираат.


5. Мијалникот и отворот за одвод

Помешајте 70g сода бикарбона и 35g обична сол. Истурете ја мешавината во мијалникот и додадете уште 2dcl загреан оцет. Добро исчистете го мијалникот и отворот за одвод со помош на четка за заби.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2016 во 09:17

5 практични совети за младите домаќинки


Опремување на куќата може да биде тешка и стресна задача – особено за млади домаќинки. Затоа, од неверојатно голема важност е на време да испланирате што ќе купувате. 

5-soveti-za-mladite-domakjinki-koi-mozat-da-ve-sprecat-da-napravite-kobni-greski-01

Премногу често се случува непромислено да купиме некоја работа, а потоа длабоко да се разочараме. Сфаќаме дека тоа едноставно не е она што го сакаме или дека всушност е вишок.

Сето тоа се проблеми со кои се соочуваат многу млади жени.

Ако вие сте една од нив, тогаш овие практични совети можат многу да ви помогнат:

1. Заштедете пари за да купите квалитетен мебел кој ви се допаѓа

Купувањето на квалитетни парчиња кои ви се допаѓаат, кои секако се во рамките на вашиот буџет, ќе ви даде чувство на сигурност. Ако не го направите тоа, тогаш ќе се најдете во ситуација да го променувате мебелот или постојано да го поправате, по само месец дена.


2. Вашиот вкус се менува

Имајте на ум дека при купување мебел вашиот вкус драстично се менува, па затоа не купувајте премногу скап – напротив, купете со среден квалитет. На тој начин ќе ги избегнете постојаните посети до мајсторот, а тие можат да бидат многу стресни.


3. Инвестирајте во квалитетни садови

Купувајте кујнски апарати и садови во реномирани продавници и салони. Најдобар избор ви се брендовите кои се познати по нивниот квалитет за да може да ги користите навистина долго време.

Во квалитетни материјали спаѓаат не`рѓосувачкиот челик или стакло, наместо пластика. Погледнете ги актуелните намалувања и акции, размислете, па потоа купете го она што сметате дека е најдобро.


4. Направете распоред на дневни задачи

Направете распоред на чистење кој ќе ви помогне во текот на напорната работна недела. Формирањето навики ќе ви помогне да го организирате вашето време за да може повеќе да му се посветите на семејството.


5. Не ви се потребни сите куќни ситници

Иако делува како убава и привлечна идеја, размислете малку подобро дали навистина ви е потребен порцелански чајник, сад за фонду, украси на полиците кои само собираат прашина, простирка која не изгледа добро на каучот...

Истото како и со купот свадбени подароци – ако не ги проследите понатака, тие со години ќе собираат прашина, а вие постојано ќе ги преместувате. 


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2016 во 16:32

Заштедете со правилна употреба и одржување на фрижидерот

Фрижидерот и ледникот се апарати кои постојано се вклучени, но со нивна правилна употреба може да се заштеди електрична енергија.

Местење на температурата

Термостатот во фрижидерот би требало да се намести да лади толку  колку  е потребно и не претерувајте бидејќи секој на пониска температура повлекува поголема потрошувачка на електрична енергија. Пет степени Целзиусови е оптимална температура која треба да се одржува во фрижидерот, а во колку фрижидерот е многу полн може ќе треба додатно да го наместете.

Оставање на храната

Во фрижидерот не би требало да ставате топли јадења и непокриени садови, бидејќи течноста испарува, се забрзува создавање лед на испарувачот и се зголемува потрошувачката на струја.

Затворање на вратата

Вратата на фрижидерот треба добро да биде затворена за да не навлегува топол воздух, а ни влага. Така се создаваат наслаги од лед, и затоа треба што пократко и што поретко да се отвора вратата од фрижидерот.

Одржување

Фрижидерот и ледникот е неопходно да се чисти од внатре и од надвор. Редовно треба да се отстрануваат наслагите  лед од испарувачот, бидејќи тие послабо ладат и трошат повеќе електрична енергија. Знак дека треба да се отстранат наслагите од лед е нивната дебелина од пет милиметри. Исто така треба да се отстранува прашината и другата нечистотија од задната страна на фрижидерот и ледникот, од кондензаторот за да може воздухот да ја отстранува топлината од површината на кондензаторските цевки.

Правилно пакување на продуктите

Пред да се стават продуктите во фрижидерот потребно е цврсто да се спакуваат во алуминиумска, пластична или пластично кесе и да се истисне воздухот од нив, бидејќи тој го спречува брзото замрзнување на продуктите. Означете ги продуктите.

Брзо замрзнување на продуктите

Кога ги ставате продуктите во ледникот, потребно е да се изврши брзо замрзнување за да се сочува нивниот квалитет.

Место каде треба да се постави фрижидерот или замрзнувачот

Фрижидерот или ледникот се поставуваат подалеку од изворот на топлина, од електричен шпорет, печка или радијатор. Топлината им ја отежнува работата, бидејќи воздухот кој струи околу кондензаторските цевки треба да ги лади цевките  и да ја отстранува топлината од нив. Во колку не можете да го оддалечете фрижидерот од изворот на топлина, потребно е меѓу нив да поставете преграда од дрвена табла, стиропор или сличен изолациски  материјал.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2016 во 16:31

Со евтини детали освежете ги старите завеси

Завесите можат да бидат важен детаљ на ентериерот, но понекогаш тие стануваат досадни.  Доколку ова ви се случило искористете неколку трикови да ги разубавите, да ги направите помодерни или да ја избегнете монотонијата во уредувањето.

Идеи :

Најдете стара шарена марама , превиткајте ја за да добиете триаголник, префрлете ја преку корнизата и прицврстете или сошијте ја на горниот дел на завесата.

1

2

Пластично или текстилно цвеќе кое можете да го купите за малку пари, „расфрлете“ го на завесата. Ако завесата е бела тогаш цвеќето може да биде разнобојно,  докека пак за останатите бои избегнувајте ги шарените цвеќиња.

3

4

Прешијте трака во друга боја, по можност со реси што поблиску до горниот крај на завесата.

7

Имате мноштво распар копчиња?  Сошијте ги на различни делови на завесата по желба.

5

6

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2016 во 16:27

Практични совети за секој дом

Мравките мразат краставици, затоа ставете лушпа од краставица на местото од каде тие илегуваат.

За да добиете бистар и чист лед, пред да ја смрзенете водата превријте ја.

За да имате перфектно исчистено огледало исчистете го со спрајт.

За белата облека да биде бела потопете ја во вода во која има кришка лимон и оставете ја нека стои 10 минути.

За да го избегнете непријатниот мирис при варење на зелка ставете парче леб во садот во кој ја спремате зелката.

За да ги отстраните флеките од мастило најпрво намачкајте ги со паста за заби, па потоа исперете ја облеката.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2016 во 16:24

Чиста бања во мал простор

Бањата е местото каде вообичаено при чистење се задржуваме најдолго време. На секого му паѓа мрак пред очите кога требна да се исчисти бањата.

Со овие совети тоа ќе се направи без никаков напор.

Валкана туш завеса

Овие завеси може тешко да се чистат, бидејќи тие се големи и тешки.

Чистење на мувлата во бањата, особено за време на влажно време, може да биде вистински напор. Но, постои решение кое е брзо, лесно и ефтино: во пластичен сад се става околу 4 литри вода и половина чаша варикина. Со користење на гумени ракавици се натопува сунѓер во оваа смеса и се чисти завесата и мувлата. На крај завесата се плакне со вода.

 

Бигор на славините и тушевите

Нема потреба да се купуваат скапи средства за чистење на овие површини. Заштедете време и пари со тоа што ќе направите паста од еднаква количина на сода бикарбона и сок од лимон. Сo стара четкичка за заби, се нанесува од пастата на славините и другите метални делови. Се остава да отстои пастата неколку минути, а потоа се бришат славините. Ќе светат како нови.

 

Матно огледало

Чистењето на огледалата и стаклените кабини за туширање ќе бидат најмал проблеми ако се исчистат со  помош на неколку состојки, кои можат да се најдат во секое домаќинство: оцет, сол и сода бикарбона. Стаклата се прскаат само со оцет и се оставаат неколку минути. После тоа, се прави паста со еднаква количина на сода бикарбона и сол. Со помош на сунѓер се нанесува пастата на површината. Се чисти кабината, а потоа се плакне.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2016 во 16:23

Крај на неуредните фиоки

Имате нефункционални фиоки???

Да сите го имаме тој проблем.

Ситуациите кога имате доволно фиоки, но сите изгледаат несредено. Расфрлани работи. Ви се случило ли, секогаш кога нешто ви треба да не можете да го најдете???

Пред вас е едно симпатично решение кое ќе ви помогне во да воведете ред во фиоките во домот.

ПОТРЕБНИ МАТЕРИЈАЛИ

Украсна хартија по желба

Картон

Лепило

Ножици

Желба за иновативност

Погледнете низ слики како да го изведете целокупниот проект и на тој начин да воведете ред во фиоките во домот.

Едноставен начин нели!!!

Искористете го слободното време нема да зажалите!!!



Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2016 во 16:10

Трикови за блескав дрвен мебел

Имате дрвен мебел вие сте заљубени во него. Но по одредено време поради надворешни услови  истиот го губи сјајот и побледува. Навикнати сте го полирате дрвениот мебел со хемиски средства за полирање.

Сега е време да пробате нешто друго… ефектот кој ќе го постигнете ќе ве изненади.

Промешајте зејтин и лимонов сок во однос 2:1 и со добиената течност исполирајте го вашиот дрвен мебел и тој ќе свети.

И вашиот дрвен мебел ќе биде повторно со сјај.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2016 во 16:12

ВАКА БРЗО И ЛЕСНО ИСЧИСТЕТЕ ГИ: КЕРАМИЧКИТЕ ПЛОЧКИ И ФУГАТА ЌЕ ИЗГЛЕДААТ КАКО НОВИ

27

За вашиот дом да биде беспрекорно чист, веројатно понекогаш користите скапи средства кои може да бидат многу опасни. Одлично, економско и безбедно средство за чистење на фугата помеѓу плочките можете лесно да подготвите сами дома.

Откако ќе ги исчистите со ова средство, фугата, а и плочките ќе изгледаат како нови!

Состојки:

– 7 чаши вода (1,5л)
– 1/2 чаша сода бикарбона
– 1/3 чаша сок од лимон
– 1/4 чаша алкохолен оцет

Постапка:

Во 1,5 литри вода растворете ја содата. Додајте сок од лимон и на крајот полека истурете го оцетот.

Причекајте додека помине хемиската реакција и вашата смеса е готова за употреба.

Потоа на четка или сунгер нанесете од смесата и исчистете ги фугите и плочките.



Изменето од Valerija - 04.Февруари.2016 во 16:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,168 секунди.