Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Октомври.2015 во 18:41 |
Дворот и градината не секогаш мора да изгледаат еднолично и монотоно, исклучиво со трева и неколку цветчиња. Постојат безброј начини како брзо, лесно и едноставно вашиот двор да го претворите во природен рај. Освен врз цвеќињата, обратете големо внимание на уредување на стазите, декорациите со камен, како и местото каде што ќе седите. Најпрво, скицираје го домот и контурите на вашиот двор, па заедно со сите тераси, патеки и тревни површини испланирајте го до најситен детал. Размислете и за неколку консултации со стручни лица кои за многу брзо време ќе ја поедностават работата. Започнете со ситен камен, бетонски плочки или излиен бетон за најголемите стази. Избегнувајте го обработениот, мазен камен затоа што во комбинација со вода не е баш најдобар избор. Секогаш одбирајте природни форми и големини од кои лесно ќе создадете прекрасни мозаици. Опремете ја терасата со сламена гарнитура за седење и со по некое столче. Пронајдете квалитетен мебел кој нема да се распадне од влага по само едно лето. Додајте некоја штосна масичка која може да ја изработите и самите од вишокот палети или даски на кои сè уште не им најдовте намена. Додајте воден елемент кој ќе ја разлади атмосферата. Дали ќе купите готова мини-фонтана со необичен облик или пак самите ќе ја изѕидате од природен камен, изборот е ваш. Мора да запаметите дека бујната зелена трева е почетокот на средениот двор. Секогаш одржувајте ја во најдобар ред, наводнувајте ја кога ќе подзалади и еднаш на барем 7 до 8 недели косете ја. Измислете некој облик и распоред за ниските цветчиња, некое ќоше за шарен ползавец, поголемите грмушести растенија добро распределете ги за да не ги покриваат помалите цветови... Направете целокупен план, па дури тогаш започнете со садење и пресадување. Инвестирајте во неколку годишни растенија, но и не ги заборавајте шарените едногодишни чие семе повторно ќе може да го искористите следното лето. Доколку имате некој стар предмет кој мислите дека може креативно да го вклопите во целината, обидете се. Ова се неколку наши идеи како може да го уредите дворот ова лето...
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Октомври.2015 во 18:26 |
Убавината на дворот е во правилниот распоред на декоративните садници, и во нивната хармонија. Не секогаш тоа е поврзано со многу финансии. Навидум едноставен и обичен, шимширот доколку правилно се засади и групира, може да биде исклучителна декорација во дворот или јавниот простор. Издржлив е, прилагодлив на нашите временски услови и многу декоративен. Оперативниот тим на Фоја изведува уникатни, едноставни и функционални пејзажни проекти за јавни, деловни и приватни површини. Истите квалитетно ги реализира и по потреба ги одржува.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Октомври.2015 во 18:25 |
Добро средениот двор е можеби најважната работа во топлите месеци кои следуваат. Па, ако немате ништо попаметно, сакате да се релаксирате и да направите нешто корисно, реализирајте некоја од овие идеи. Совршените саксии во иста боја и големина веќе одамна не се во тренд. Прво, скапи се, а потоа и не делуваат толку креативно колку старите, пренаменети предмети. Започнувајќи со пластичните шишиња, старите шешири, фармерки, па сè до дрвенаријата на која никако не можете да и најдете практична намена, овие неколку идеи ќе ви бидат и тоа како корисни. Искористете го паметно секој сончев ден и направете нешто креативно:
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Октомври.2015 во 18:23 |
Надалеку познатите јапонски градини се симбол на животот без стрес, а се одликуваат и со природен изглед и асиметрија. Уредувањето на градината во јапонски стил подразбира комбинации на минијатурни дрва, грмушки и елементи кои имаат зад себе посебно важно значење. Целта е да се постигне елегантно пејсажно решение, но суштината е да се обезбеди атмосфера на мир и тишина. Градините во јапонски стил го слават односот меѓу човекот и природата и балансот меѓу нив е најважен. Ова се 6 елементи карактеристични за јапонските градини: 1. Фонтана
Во јапонските градини често се забележуваат детали со вода. Во овој случај не станува збор за оние фонтани кои на ум ни надоаѓаат, кои брзо протекуваат и се распрскуваат насекаде. Водата во нив треба да се движи бавно и да го одразува значењето кое стои зад неа. Според Јапонците, водата е симбол на мудроста и извор на животот. Нема да ви биде потребно многу. Малку бамбус и дома можете да имате своја Јапонска фонтана. 2. Интересни камења
На местата каде не пости поток, езерце или фонтана, во Јапонија се поставуваат камења од најразлични облици. Доволно е само да ја дефинирате песокта околу нив. 3. Камена ламба
Каменот во Јапонија е симбол на долговечноста, а специфичните ламби кои се сретнуваат во нивните градини се симбол на четирите природни елементи: водата, земјата, оганот и ветерот. 4. Мов
Густата мов во Јапонските култура претставува хармонија и традиција. Таа често се сретнува во градините околу крупните камења. 5. Мини дрва
Необичните минијатурни дрва придонесуваат во зголемувањето на ведрината и среќата. Тие се симбол на прецизното контролирање и управување со природата. 6. Бел песок
Тој е симбол на невиноста и чистотата, а најчесто се користи за декорирање и разубавување пред портите на куќите и храмовите.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Август.2015 во 13:35 |
18 ИДЕИ ЗА БЕСПРЕКОРНИ ВОДОПАДИ ВО ГРАДИНАТА КОИ ЌЕ ВЕ ИНСПИРИРААТДали сакате да ја разубавите вашата градина, да создадете место за јадење, релаксација и уживање во природата? Секој детал во дворот е навистина декоративен. Без разлика дали имате саксии, избор на камења со кои ги декорирате патеките, клупи, ламби, куќички за птици, можете да ја ослободите вашата фантазија и да играте со сè што имате при рака. Ако сте во потрага по инспирација за уредување на вашата градина, тука сте на вистинското место. Во оваа статија, имаме собрано голем број на идеи кои можат да ви помогнат во планирањето на изгледот на вашата градина која отсекогаш сте ја сакале. Обрнете внимание на овие неколку прекрасни градини со водопади, кои би можеле да бидат ваша инспирација за на сличен начин да ја украсите и вашата градина со водопади. Колку релаксирачки…
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Мај.2015 во 22:23 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Мај.2015 во 22:22 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Декември.2013 во 16:25 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
zagor
Сениор
Уникатен песимист
Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Октомври.2013 во 23:15 |
...uste tie drvja od strana da gi isecam i gotovo.Sredeno.
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Октомври.2013 во 17:44 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
i123
Нов член
Регистриран: 04.Април.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Јули.2013 во 19:06 |
Дали знае некој кај можи да се најди растението ,,пхотина,, жива ограда https://www.sycamoretrading.co.uk/-shrubs/photina-x-fraseri-a-red-robina-/prod_700.html?ccUser=
Изменето од i123 - 14.Јули.2013 во 19:10
|
|
ekszi88
Сениор
In Love
Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7007
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Септември.2012 во 12:15 |
E vaka sakam u dvor.. za meraci
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
zagor
Сениор
Уникатен песимист
Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Мај.2012 во 23:12 |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Мај.2012 во 19:31 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|