IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дваесет и првиот век - век на македонскат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дваесет и првиот век - век на македонскат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Дваесет и првиот век - век на македонскат
    Испратена: 29.Април.2009 во 15:37
Дваесет и првиот век - век на македонската црква!

16 декември

(Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес)

Големината на секоја цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности. Македонската цивилизација чиј дел сме Ние, Македонците, е основата на современиот културен глобализам, од времето на Александар Трети Македонски, најголемиот император и војсководец во човековата цивилизација и историја, што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам кој од позиции на профитна логика на мултинационалните корпорации врши интеграција (во новиот поредок со Светска Влада) со асимилација, се’ до нивна физичка ликвидација. Зборуваме за таа иста македонска цивилизација како основа на Европа. Затоа и Гоцеделчевата мисла, на великанот на последното македонско револуционерно движење за „светот како поле за културен натпревар на народите“, не како негова лична импресија, туку како експресија на генетскиот код на една цела цивилизација - на македонската цивилизација!

Кога велиме 21-от век е век на Македонската Црква, не мислиме на Македонската Православна Црква во Република Македонија. Иако, тука има сериозни елементи за полемика. Имено, Македонците во Беломорскиот дел на Македонија за својата Црква, чие апостолско приемство е од Свети Апостол Павле - Македонецот, и ден денес, не велат дека нивна е Македонската Православна Црква, туку за Македонската Црква велат, дека тоа е Македонска Првославна Црква, што е голема и суштинска разлика од „грчкото православие“. Во времето на формирањето на Македонската Црква, христијанството не се делело на Источно и Западно, ниту христијаните се делеле на православни и католици. Македонската не е Православна Црква, туку Првославна Црква, затоа што Македонците Господ Бог први во Европа го прославиле! И затоа исправно е кога велиме, дека ние сме верници во Македонската Црква, во вистинската вера, а не во Македонската „Православна“ Црква! Но, друга е приказната кога воопшто завладеале Атињаните со древните патријаршии (Константинополската, Антиохиската, Ерусалимската и Александриската) и кога и од кого е прекината традицијата, на престолот во Константинополската Патријаршија, наместо Македонец поглавар, на тронот да седне Грк по потекло! А Македонци, Константинополски Патријарси биле се’ до паѓањето на Константинопол под Турците-Селџуци! Како што и првите десетина Папи во Рим, со благослов на Патријархот Константинополски биле Македонци по потекло. Како што биле и триесетина султани на Отоманската Империја Македонци по потекло, како што биле царевите на Византиското Источно Македонско Царство Македонци по потекло итн. Како што и Цар Душан бил Цар Македонски па владетел српски, бугарски итн...

Свети Апостол Павле првите цркви во Европа ги изградил токму во Македонија во градовите Филипи, Солун и Бер, а не во Атина. Не е лага, дека Грците (поточно Атињаните, оти Грците како ентитет за првпат во историјата се појавиле дури во 1831 година, пред тоа не постоеле ни како Грци, ниту пак Грција постоела) далеку се од христијанството и од Господ Бог Исус Христ. Свети Апостол Андреа и Свети Апостол Лука на Пелопонез ги распнале, а Свети Апостол Павле на Римјаните им го предале.

И не случајно, во Новиот Завет, во Делата на светите апостоли од светиот Апосотол Лука во канонот 16.9 пишува: „Преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: „Премини во Македонија и помогни ни!“

И Свети Апостол Павле тргна за Македонија, бидејќи Господ го повика таму да го проповеда Евангелието, прво на македонскиот остров Самотраки каде се славела Ксантиката, па во Филипи, кој е прв град во тој дел на Македонија, ја покрсти првата христијанка Лидија Македонката, па ги изгради првите цркви во Европа, во Македонија, во градовите Филипи, Солун и Бер...

...Верувале или не, во Соединетите Американски Држави, па и ширум светот, постојат стотици цркви кои во името ја содржат именката или придавката од именката Македонија. Токму така, нашата библиска и света земја Македонија!

Прелистувајќи ги нивните интернет страници, спознаваме дека изненадувачки е бројот на тие цркви кои се среќаваат под следниве имиња: Македонска Баптистичка Црква, Македонска Евангелистичка Црква, Македонска Христијанска Црква, Македонска Црква на Господ Христ, Нова Македонска Баптистичка Црква, Македонска Независна Баптистичка Црква, Обединета Методистичка Црква на Македонија, Македонска Обединета Методистичка Црква, Македонска Црква, Македонска Седмодневна Адвентистичка Црква, Македонска Лутеранска Црква, Македонска Слободоумна Баптистичка Црква, Македонска Мисионерска Баптистичка Црква, Нова Македонска Мисионерска Баптистичка Црква, Македонска Христијанска Соседска Црква, Македонска Едноставна Баптистичка Црква, Нова Македонска Христијанска Соседска Црква, Македонска Црква на Новиот Живот, Големата Македонска Баптистичка Црква, Бавна Македонска Баптистичка Црква, Македонска Црква на Христ, Голема Македонска Едноставна Баптистичка Црква, Македонска Африканска Методистичка Епископална Црква, Втора Македонска Баптистичка Црква, Стара Македонска Баптистичка Црква, Црква на Господ Македонски, Последна Македонска Баптистичка Црква, Голема Нова Македонска Црква, Нулта Македонска Црква, Македонска Пентакосална Црква, Голема Македонска Црква, Македонска Прва Баптистичка Црква...

И не само во Соединетите Американски Држави, такви цркви има уште и во Бразил, Португалија, Мексико, Перу, Велика Британија, Хаити, Шпанија, Чиле, Романија, Санта Луција, Канада, Аргентина, Ирска, Тајван, Порторико, Индонезија, Египет, Куба, Мали, Јамајка, Бугарија, Кореја, Хондурас, Бахамите, Венецуела, Тајланд, Сенегал, Гватемала, Гвајана, Арменија, Кенија, Буркина Фасо, Германија, Кипар, Костарика, Боливија, Австралија и во други држави, обединети во Светски сојуз на македонските цркви познат како Македонски Светски Баптистички Мисии. Нивната мисија се шири, нивната мисија проповеда дека 21-от век е век на Македонската Црква.

Овие цркви се формирани претежно од верници црнци во деветнаесеттиот век, од 1800-та до 1850-та година, кога англичаните ги носат црнците од Африка во Америка како робови. Има македонски цркви и со верници белци, но во САД тоа се претежно црнечки цркви.

И за да приказнава биде уште поинтересна, слоганот на сите овие цркви е видението на Свети Апостол Павле, во Новиот Завет, во Делата на светите апостоли од светиот Апосотол Лука, во канонот 16.9: „Преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: „Премини во Македонија и помогни ни!“

Верниците во овие цркви, како што Свети Апостол Павле преку ноќ имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: „Премини во Македонија и помогни ни!“, го молат Господ Бог Исус Христ да им донесе спасение и да им помогне. За нив името Македонија е најубавиот дар Божји. Меѓу нив веруваат дека го проповедаат Господ Бог Исус Христ по македонскиот препев на Библијата.

Преданијата и историјата велат дека Светата книга Библијата напишана е 295 година п.н.е. во Александрија, по налог на Птоломеј Први Македонски, кој бил фараон на Александрија во Египет. Од неа има само три примероци кои се уште се бараат. Едниот се претпоставува дека е во Франција. А, не е чудо примерок од таа света книга да се чува и во Ватикан.

Во целата оваа историја, прашање е само, зошто досега Атина не побарала од властите во земјите каде се наоѓаат овие македонски цркви да ги забранат и избришат од регистарот на достојните и постојните, бидејќи не им дала лиценца за името, иако некои од нив се формирани пред формирањето на Атина за држава „Грција“. Како што упорно тоа го прави према Македонија, Македонија и само таа и Македонците да си го променат името, бидејќи биле „грчки“, та само ним им припаѓаат со се култура и историја! А, Министерство за Македонија и Тракија формираа за првпат, во предвечерјето на распаѓањето на поранешна СФРЈ, дури во 1988 година! А „нашите“ велепредавници преговараат ли преговараат за името да го продадат!

Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 15:37
Интересен напис од Тодор Петров, верувам ќе има многу интересни работи за дебатирање.
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 05:13
Самиот наслов на темата е контрадикторен. Термините ,,македонска’’ и ,,Црква’’ меѓусебно се исклучуваат. Или ќе биде македонска или ќе биде Црква, но во никој случај и едното и другото. Зар не знаеме дека национализмот е укинат, и дека нема ,,ни Грк ни Евреин’’?
Во самиот старт се забележува духот на национализмот, една примитивна појава која служи за хранење на суетата и за распалување на страстите кај гласачкото тело. Иако примитивна сепак оваа појава умее и тоа како да го зголеми рејтингот на политичарите кои имаат дефицит на вистински вредности.
Уште во третиот ред, сосема очекувано, се споменува името на еден паганец- Александар Македонски, еден сосема обичен човек кој самиот себеси се прогласил за бог и како таков бил обожуван од широките народни маси. За жал ваквата глорификација, ова идолопоклонство не стивнало до денешен ден. Македонскиот народ сеуште го смета за полубог, најблаго речено. Народов е зашеметен при споменувњето на името на овој човек, посебно доколку ,,некој’’(читај Грција) сака да ни го украде. Дозволуваме оваа горделива и алчна гнида од човек да ни ја диктира сегашноста но и иднината. Интересна е една фраза која честопати ни ги скокотка ушите:,,најголемиот император и војсководец во човековата цивилизација и историја’’. Термините ,,војсководец’’ и ,,човечка цивилизација’’ не одат заедно. Човечки ли е да се убива се живо од овде до Индија? Цивилизирано ли е да се посакува се она што е туѓо? А дали бил ,,најголем император и војсководец’’ е сосема друга дискусија. Можеби важи токму обратното: околните држави биле слаби и неспремни, а ,,Аце’’ бил среќен. Начекал погодна ситуација.
Авторов во 7 и 8ми ред вели:,,македонската цивилизација како основа на Европа’’. Зошто доколку сака да зборува за влијанието кое го извршиле луѓето кои живееле на овдешниве простори врз развојот на светската цивилизација, не го спомна името на Аристотел, еден чистокрвен Македонец, туку се залета со еден незаситен, алчен, себичен и тврдоглав тиранин? Зошто воопшто денес цела Македонија го изоставува еден велик ум а наместо тоа го одбира убиецот? Ова е аргумент во полза на тезата дека народот не знае да прави вистински избори. Ме потсеќа на случката кога наместо Исус народот го избра разбојникот Варнава. Имено, основач на повеќе науки и научни дисциплини е токму Аристотел- почнувајќи од филозофија, политика, литература, биологија,математика, физика, астрономија... Тој не водел војни, не убивал луѓе, не се самопрогласил за бог. Баш напротив- учел, размислувал и стекнатото знаење го пренесувал на други луѓе. Плодовите од неговата работа се очигледни. Отворете некој учебник и уште во првите страници ќе го забележите токму името на Аристотел. Неговите дела сеуште се читаат. Никомахова етика, Политика, Реторика, Атинскиот Устав, Физика... Доволно цивилизиран? Ете, тој е основоположник на европската цивилизација а не неговиот ученик кој замислете, успеал дури и Букефал да го скроти! Каков успех! Скротил коњ, но не се скротил самиот себе. Доколку беше ,,голем император’’ зошто државата му се урна за миг? Сепак, сеуште не можам да се изначудам: зошто Александар д грејт е споменат во овој контекст? Зар Христос оди заедно со паганизмите, самопрогласените богови, убивањата...?
Понатаму низ текстот се споменува и името на уште една личност која дополнително го разгорува национализмот- Гоце Делчев и неговата позната фраза: ,,светот го гледам како поле за културен натпреват меѓу народите’’. Светот-делумно, да се согласувам; Македонија- нема шанси. Овде сеуште владее нецивилизираноста. Пуштете вести, доволно е да ве убеди. Дека во Македонија не се чита доволно, тоа е факт. Не се оди на изложби, театар, балет, промоции на книги, па дури и киносалите се празни. Факултетите се ретко посетувани од студентите и таму не се случува никаква дебата. Авторитетот на професорот е свет и неговиот збор е секогаш последен. Каде е тогаш тој културен натпревар. И Гоцета не му е местото во еден ваков контекст.
Уште еден аргумент во прилог на тезата дека овој текст е текст на нелогичности е и следниов:,, Македонците во Беломорскиот дел на Македонија за својата Црква чие апостолско приемство е од Свети Апостол Павле - Македонецот. Како успеавте да извлечете апостолско преемство баш од човекот кој толку јасно го негира токму тоа со кое МПЦ толку се фали. Па самиот апостол Павле во посланието до Галатјаните, на самиот почеток вели:,,Од Павле, повикан да биде апостол не од луѓе, ниту си помош на луѓе, туку од Исус Христос и од Бог Таткото...’’. Значи самиот Павле го негира преемството а една верска група се обидува токму од овој поим да извлече кредибилитет. И од каде авторов заклучи дека Павле бил Македонец?
Понатаму, авторот води во своевиден ,,хипер-национализам’’. Де папите биле македонци, де султаните биле македонци, па византиските цареви, па и цар Душан на крајот. Мислам дека еден ден и Обама ќе го прогласат за Македонец. Како што би рекол Цацко- уште малку ќе треба да прскаме против македонци :)
Од каде потекнува констатацијата на авторов дека Грците се далеку од Господ Бог? Зар Бог само Македонците ги создаде? Зар сонцето грее само заради Македонија? Зар Исус беше распнат само заради Македонците?
Негде низ текстот авторов вели:,,името Македонија е најубавиот дар Божји’’. Ова е сосема нехристијански став. Зар најголемиот дар не беше даден на Голгота?
За крај, како заклучок би се повикал на еден стих кој авторот честопати го цитира, имено, стихот од Дела 16:9. ,,Дојди и помогни ни!’’ Да Боже, испрати ни своевиден ,,Павле’’ кој ќе не врати назад на изворното Христијанство од кое очигледно премногу сме застраниле!

Изменето од AlDra - 30.Април.2009 во 20:33
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 16:30
Originally posted by AlDra AlDra напиша:


Понатаму низ текстот се споменува и името на уште еден безбожник- Гоце Делчев и неговата позната фраза: ,,светот го гледам како поле за културен натпреват меѓу народите’’. Светот-делумно, да се согласувам; Македонија- нема шанси. Овде сеуште владее нецивилизираноста. Пуштете вести, доволно е да ве убеди. Дека во Македонија не се чита доволно, тоа е факт. Не се оди на изложби, театар, балет, промоции на книги, па дури и киносалите се празни. Факултетите се ретко посетувани од студентите и таму не се случува никаква дебата. Авторитетот на професорот е свет и неговиот збор е секогаш последен. Каде е тогаш тој културен натпревар. И Гоцета не му е местото во еден ваков контекст.


Можеби ќе бидам малку оф-топик но ме интересира од каде ти и уште некој знаете дека Гоце бил безбожник? Има ли документ или пак е рекла-кажала. Слушав како Гоце ја кинел Библијата и слични приказни, меѓутоа ме интересира има ли доказ за тоа, некој историски документ или слично или се се темели на овој рекол-оној кажал? Прашувам бидејќи не сум сретнал таков документ.


Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 17:14
Иако прашањето ти е легитимно, сметам дека со продолжувањето на дискусијата во оваа насока ќе дојде до преголема инклинација.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 17:20
Јас сметам дека најголемата грешка на македонските револуционери била што ставиле нож и пиштол врз Евангелието и се колнеле над Него!

Но, кога би бил во тоа време, во тие услови и во нивна кожа, можеби и јас би го сторил истото.

Затоа: “ Сочувај нè од искушенија и спаси нè од лукавиот“! АМИН
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 17:23
Доволно голема грешка е и тоа што се фатиле за нож и пиштол.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 17:37
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Доволно голема грешка е и тоа што се фатиле за нож и пиштол.


Не би сакал да ти реплицирам на ова за да не одиме оф-топик, меѓутоа мојот одговор ќе биде Јован 15,13. Не дискутирам повеќе, а ќе те замолам ако најдеш документи за Гоце Делчев, односно за неговата вера или невера прати ми ги преку ЛП. Однапред ти благодарам.

П.С. Брате Спирос комплетно се сложувам со тебе, лесно ни е нам да зборуваме денес и тоа на темелите на нивната борба.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 18:01

Nacionalizmot e najgolemo zlo i delo na Gavolot.Tokmu zaradi toj nacionalizam se vodea besmisleni vojni pomegu republikite vo poranesna Jugoslavija, tokmu i poradi nacionalizmot ne mozeme da vlezeme vo EU i NATO...

Luge, smetam deka ovaa tema treba da odi vo politika, a ne vo Veroispoved, bidejki e povekje politicka otkolku religiozna . Pozdrav!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 18:29
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


... Брате Спирос комплетно се сложувам со тебе, лесно ни е нам да зборуваме денес и тоа на темелите на нивната борба.


Сакан мој брате Македон-Алекс, те молам немој грешно да ме сватиш, но јас сум повеќе од сигурен дека Вистинската СЛОБОДА не доаѓа од вооружената војна на македонските, грчките, бугарските, србските, албанските, ... револуционери и борци, туху од ХРИСТОВАТА и тоа на начинот на кој ТОЈ ја водеше Неговата Светата Војна !

Јас знам дека националистичките и верските фанатици (егоисти) нема да се сложат со тој факт, но мое е да посведочам за ВИСТИНАТА!







Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Nacionalizmot e najgolemo zlo i delo na Gavolot.Tokmu zaradi toj nacionalizam se vodea besmisleni vojni pomegu republikite vo poranesna Jugoslavija, tokmu i poradi nacionalizmot ne mozeme da vlezeme vo EU i NATO...

Luge, smetam deka ovaa tema treba da odi vo politika, a ne vo Veroispoved, bidejki e povekje politicka otkolku religiozna . Pozdrav!


Брате КингДавиде, ако мислиш дека религијата нема никаква врска со случките во бивша југославија, првата, втората, но и сите војни, зарази, земјотреси итн. Тогаш, погледот на религијата во момент ти е доста ограничен, што незначи дека неси многу подобар верник и човек од оние што мислат дека нивниот поглед е многу поширок.

Те поздравува со братска љубов!



Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 18:47

Brate Spirose, naprotiv, mislam deka religijata i nacionalizmot imaa golemo negativno vlijanie vrz vojnite sto se slucuvaa vo poranesna Jugoslavija.

Samo smetam deka ovaa tema treba da se prefrli vo politika,bidejki temata e poveke politicka otkolku religiozna.

Pozdrav i do tebe, brate Spirose
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 19:01
Вистинската религија може да има само и само позитивно влијание врз животот на човекот и сите битија!
А што се работи за националистичките и не националистичките случки, што се случуваа и се случуваат во 20 и 21 век, тие се составен дел од *пророчанствата за времињата* во кои живееме и нивното место им е (и те како) во подфорумот на вероисповест!

Поздрав во братска


Изменето од spiros - 30.Април.2009 во 19:02
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 19:24
Originally posted by spiros spiros напиша:

Вистинската религија може да има само и само позитивно влијание врз животот на човекот и сите битија!
А што се работи за националистичките и не националистичките случки, што се случуваа и се случуваат во 20 и 21 век, тие се составен дел од *пророчанствата за времињата* во кои живееме и нивното место им е (и те како) во подфорумот на вероисповест!

Поздрав во братска


Tocno e deka za poslednite vreminja Biblijata prorekla golemi vojni, zarazni bolesti, glad , unistuvanje na prirodata,bezakonie megju lugeto, nedostig na prirodna naklonost,stavanje na materijalnoto pred duhovnoto(srebroljupstvo),kako i toa deka ke se propoveda Evangelieto za svedostvo na site narodi i togas ke dojde krajot...Seto toa nedvosmisleno ukazuva na naseto vreme , samo nikoj ne go znae Casot i Vremeto koga ke se sluci toa... Treba da bideme budni!
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 00:01
Дваесет и првиот век - век на македонската црква!

16 декември

(Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес)



Какви се овие ГЛУПОСТИ????


АЛООООО!!!

ИМА ТУКА НОРМАЛНИ ЛУЃЕ?


Господине Петров - СТЕ ГО ЗГРЕШИЛЕ НАСЛОВОТ!!!


Ако сакате да разберете каква е Црквата во 21 век - елате во недела на Литургија ... а не вака да пишувате глупости...

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.