IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Александар III Македонски
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Александар III Македонски

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 454647
Автор
Порака Обратен редослед
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2006 во 18:30
Да денеска му е роденден на Александар Македонски,иако гробот сеуште не му е најден големи почести и слава ке му се оддаде во Прилеп на првиот Македонски споменик на овој голем Македонец од Античко време
Кон врв
angelwings Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1927
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај angelwings Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2006 во 18:25
znaete li deka denes e roden Aleksandar Makedonski
na denesen den :
356 п.н.е.- Во Пела е роден Александар Македонски, една од најпознатите личности на стариот век, војсководец и државник. Го порази огромното персиско царство и во своите походи стигна се до Индија. Умре во Вавилон, на 13.06.323 година п.н.е
Кон врв
Kaliana Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Јуни.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kaliana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2006 во 11:26
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2006 во 22:45
Е немојте да ги заборавате предците на Александар кои според мене се позаслужни од него за Македонија и Македонскиот народ
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2006 во 17:16
Линк на Британика за Александар Македонски:
 
 
 
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
joki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Август.2005
Статус: Офлајн
Поени: 2548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај joki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2006 во 16:17

Александар III Македонски

Од Википедија, слободна енциклопедија

(Пренасочено од Александар Македонски)
Jump to: navigation, search
Александар Македонски
356 п.н.е–10 јуни, 323 п.н.е

Александар Македонски во битка против персискиот крал Дариј III (вон рамката)
(Александров мозаик од Помпеи, според оригинална грчка слика од 3-ти век п.н.е)
Роден во: Пела, Македон
Умрел во: Вавилон
Походи на Александар Македонски
ХеронејаГраникИсТирГавгамелаХидасп
Биста на Александар Македонски
Зголеми
Биста на Александар Македонски

Александар III, попознат како Александар Македонски или Александар Велики (Пела, 22/3 јули, 356 п.н.е. - Вавилон, 10 јуни, 323 п.н.е.), е крал на Македонија (од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.), член на кралската династија Аргеади. Тој е еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. По освојувањето на грчките градови-држави под водството на неговиот татко Филип II Македонски, Александар ја покорил моќната Персиска Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет, и Месопотамија, и ги проширил границите на Античка Македонија, дури до Авганистан и Индија. Александар се однесувал кон освоените култури со почит, интегрирајќи не-Македонци во неговата војска и администрацијата, воден од мислата да создаде светска држава. По дванесет години освојувања, Александар умрел на 33-годишна возраст, веројатно од маларија или тифус. Неговите освојувања имаат круцијално значење за започнувањето на Хеленистичкиот период во светската историја, бидејќи во новоосвоените територии се населиле грци кои со се*е ја донеле својата, во тоа време најразвиена, култура. По неговата смрт неговата држава се распаѓа на три дела: династијата Птолемаиди ќе го превземе Египет, Антигонидите - Македонија и Грција, а Селевкидите - Блискиот Исток. Александар егзистира како митска личност во митовите на многу не-европски народи.

Во историјата не се случува често синот на голем владетел да биде истотака голем, ако не и поголем од татка си. Teшко e да ја израмнуваме и мериме големината на Филип и Александар Македонски. Можело да се случи, но не се случило да Филип Македонски освои се што може да се освои и да не остави на својот син да изврши ни едно големо и славно дело. Сепак, пред необузданиот копнеж на Александар Македонски за воени подвизи и откривање на далечни непознати земји се отворило бескрајно поле на можности. Александар се родил од првиот брак на Филип со епирската принцеза Олимпија во триста педесет и шеста година пред нашата ера во почетокот на месецот хекатомбајон кој Македонците го нарекувале лоос и тоа во шестиот ден, во кој е запален и храмот на Артемида во Ефес. Од тоа Хегест од Магнезија ја изрекол изреката која со својот студ би можела да го изгаси огнот во храмот: “Се разбира, тој храм морал да изгори кога Артемида бабувала при раѓањето на Александар”. Неговото доаѓање на свет било цело во знакот на победата. Истиот ден кога се му се родил првиот син, кај Филип стигнале гласници кои го известиле за победата над Илирите, и победата на неговиот коњ на Олимписките трки. Посебните особини кои Александар ги поседувал и покажувал од мал, ја оправдале надежта на Филип дека во неговиот син се наоѓа посакуваниот наследник. Александар во него ги споил многуте карактерни црти од обата свои родители. Од неговата мајка, темпераментна жена подложна на мистицизмот ја наследил страсната и помалку тврдоглава личност, ирационален копнеж за непознатото и верба во посебна херојска слава, која му ја досудила судбината. Од татко си ја презел нескротливата волја и енергија, необуздан карактер, храброст, слава, војнички дар и инзвонредно практичен дух. Неговата мајка му била поблиска по душа и влијанието на оваа демонска жена му оставило неизбришлива трага на неговата душа. Татковиот пак, дипломатски, војнички и политички успех го поттикнало неговото честољубие и ги разгорил неговите сништа за водство и слава. Кај Плутарх се спомнува дека “Александар не сакал да го добие од својот татко златото, раскошот и уживањето, туку го сакал кралството кое ќе му пружи можност за борби, војни и дела полни со чест и слава”. Меѓутоа Филип на Александар му должел многу повеќе од едно кралство.

Никој не можел да го упати подобро во воената вештина од човекот чија власт непрекинато извојувала победи, а војската која ја создал татко му била најсовршеното оружје кое човек можел само да го посака за остварување на неговите желби. Иако зафатен со се*еси и со своите работи, рамнодушен и груб спрема својот најближен, Филип очигледно имал слабости спрема својот наследник и со гордост и уживање го прател развојот на неговата снажна индивидуалност.

Роден од таква мајка и таков татко, Александар ја имал и среќата да стане ученик на најголемиот филозоф и научник во антиката. Кога Александар имал четиринаесет години, Филип го довел Аристотел во Македонија и му го доверил воспитувањето на својот син. Аристотел тогаш бил околу четириесет години и сеуште бил еден од најистакнатите ученици на Платон, далеку од неговата понатамошна слава. Тој бил зет и пријател на малоазискиот владетел Хермиј, кој пак со Филип одржувал добри пријателски односи. После умирањето на Платон, Аристотел се повлекол на дворот на Хермиј, каде се наоѓал и кога Филип го повикал во Македонија.

Среќавањето на Аристотел со младиот Александар се прикажува како “еден од најголемите моменти во историјата на човештвото.” Иако Александар тогаш уште бил дете и потенцијален престолонаследник, а Аристотел уште не ја започнал неговата плодна научна дејност која ќе го прослави низ вековите, не можеме а да не го видиме во нив она што подоцна ќе станат: генијален, херојски настроен војсководец и обединител на Азија и Европа и генијален филозоф, во кој се слеала, созреала и кулминирала двовековната филозофска и научна мисла на Хелените.

Македонското царство пред смртта на Александар Македонски
Зголеми
Македонското царство пред смртта на Александар Македонски

Во малото место Миези, во внатрешноста на Македонија, во градот Нимфеон, идниот крал и неговите другари врсници биле воспитувани во хеленски дух. Аристотел не сметал дека на идниот владетел му е потребна посебна настава која практично би го припремувала за должноста која го чекала. Часовите по гимнастички вежби, јавање, лов и игри се замениле со читање песни и разговори за поезијата, со учење геометрија, астрономија, реторика и еристика. Аристотел на својот млад воспитаник му влел огромна љубов кон песната. Тој за него ги рецитирал песните на Хомер и Александар никогаш не се одделувал од овие дела. Негови омилени јунаци биле Херакле и Ахил, кои ги сметал за свои предци. На влијанието на Аристотел врз учењето на Александар, истотака може да се препише и неговото големо интересирање кое го покажува кон природните науки, по што и неговите освојувачки војни често го попримале карактерот на истражувачки експедиции кои ги обогатиле географијата, етнологијата, биологијата, ботаниката, метеорологијата и многу други науки.

Македонското сонце со кралската дијадема во сончевата топка,симбол на Античко Македонското царство
Зголеми
Македонското сонце со кралската дијадема во сончевата топка,симбол на Античко Македонското царство

Меѓутоа, во она што ни изгледа најважно кога станува збор за идниот владетел и војсководец, во политички поглед, право разбирање меѓу Александар и неговиот учител немало никогаш. Во својот став спрема варварите, Александар бил пред следбеник на Антистеновата школа која била долга традиција на Македонскиот двор, а не на Аристотеловата. Меѓутоа, задачата на учителот и не е само да ги пренесе своите сваќања на ученикот, туку да му ги прошири хоризонтите и да го оспособи за самостално размислување. Аристотел останал на Македонскиот двор до стапувањето на Александар на престолот на Македонија, но неговата наставничка мисија траела највеќе уште три години. Младиот владетел и покрај подучувањата од Аристотел останал варварин, се научил да ја почитува културата на Хелада и сонувал за расширување на таа култура на Исток по патеките на неговата победничка војска. Развитокот на грчката трговија и умножувањето на грчките трговски места во Мала Азија створиле економска можност да и оваа област стане член на Македонското Царство и Александар се надевал дека од ова место ќе зрачат само Македонската и Хеленската култура, но тој ја потценувал тромоста и отпорната снага на источниот дух, а и големината и длабочината на источната култура. Најпосле тоа било младешко вообразување, кога тој мислел дека една така незрела и нестабилна култура, како што била хеленската може да се наметне на некоја друга култура која била неспоредливо пораширена и имала корен во традициите достојни за најголемо почитување. Квантитетот на Азија излегол премногу крупен спрема квалитетот на Хелада. Во моментот на најголемата слава, во Александар победил духот на истокот. Тој покрај повеќето жени се оженил и со ќерката на Дариј, ја зел персиската круна и се облекувал како персиските кралеви, го вовел во Европа источниот поим „крал по милост божја“ и најпосле ја запрепастил Хелада кога во величенствен стил изјавил дека тој е бог. Хелада на тоа се смеела, а Александар се опил до бесвест, која

Точачиња.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 454647
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.