IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Забрана на абортусот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Забрана на абортусот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Прашање: Дали сте за забрана на абортусот?
Одговор Гласови Статистика
32 [40,00%]
46 [57,50%]
2 [2,50%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака Обратен редослед
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2009 во 00:34
една од моја генерација трудна била... не знам точно која... ќе видиме тоа со тек на време...

него, еве да земеме дека абортусот е забранет... што ќе му прави 16 годишно ДЕТЕ на друго ДЕТЕ ?? се и свашта имав видено, и знаев дека вакви работи се случуваат... ама многу е поинаку кога тоа се случува толку блиску до мене...
Кон врв
chuchuliga Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај chuchuliga Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 10:39

Излезено во денешен „Утрински весник“ во рубрика „Писма“ од страна на

Коалиција за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права

Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници (ХЕРА, ХОПС, МАССО, ЕГАЛ, СТАР, ИЗБОР, ММНШ) реагира по однос на објавениот владин тендер за објаснување на последиците од абортус, наоѓајќи го притоа како потенцијален иницијатор на сериозно ограничување на сексуалните и репродуктивни права на жените и контрапродуктивен согласно со препораките дадени во „Стратегиската процена на политиката, квалитетот и пристапот до контрацепција и абортус во Република Македонија“, издадена од страна на Министерството за здравство и Републичкиот завод за здравствена заштита (октомври 2008) како владини институции.

Коалицијата смета дека тендерската документација во врска со гореспомнатиот тендер претставува документ во кој јасно се гледа дека причините за реализацијата на ваква кампања се различни од целите објавени со самиот нејзин наслов. Имено, станува збор за неколку недоследности и индикатори за можните опасни последици коишто би ги ефектуирала кампањата. Таа истовремено претставува контрадикторна политика на Владата во однос на препораките на Министерството за здравство за унапредување на политиките и програмите за абортус, што укажува на крајна некоординираност меѓу овие институции и непочитување на експертизата од страна на владините здравствени институции.

Првично, сметаме дека изнесувањето податоци кои се повикуваат на шпекулации и неофицијални извори од страна на Владата претставува не само негирање на официјалните податоци со коишто располага Државниот завод за статистика и Републичкиот завод за здравствена заштита, туку недоследност во однос на податоците, заклучоците и препораките произлезени од официјални документи за самото Министерство за здравство. Имено, во „Стратегиската процена на политиката, квалитетот и пристапот до контрацепција и абортус во Република Македонија“, документ изработен во соработка на Министерството за здравство и Републичкиот завод за здравствена заштита во мај 2008 година, јасно се укажува на фактот дека во „2006 година, стапката на наталитет во Македонија е 11,1 на 1.000 жители, а стапката на морталитет е 9,1 на 1.000 жители, што резултира со стапка на годишен прираст на населението од 2,0 на 1.000 жители“, како и дека „во Македонија во изминатиот период бројот на регистрираните абортуси е во постојано опаѓање“. Ваквите податоци не соодветствуваат со податоците изнесени во тендерот, а кои се повикуваат на неофицајални извори и според кои бројката на абортуси во РМ е дотолку голема што е еднаква на бројот на родени лица во една година.

Понатаму, сметаме дека манипулацијата со вакви податоци во името на порастот на наталитетот, а под закрила на целите за укажување на последиците од абортус, претставува само говор на страв со кој се зголемува стигмата спрема жените кои се одлучуваат на абортусот како средство за прекин на бременост, а единствено во името на националните интереси. Аргументирањето на ваквата национална биополитичка стратегија се покажува недоследно доколку се земе предвид и фактот дека се забележува „позитивен тренд на намалување на компликациите кои произлегуваат од неправилното и нестручно изведување на абортусот во несоодветни услови и од нестручни лица (перфорации, ендометрит, сепса итн.)“.

Овој податок укажува единствено на фактот дека легално изведениот абортус во здравствено соодветни услови речиси никогаш не резултира со штетни последици по однос на здравјето на жената.
 
Наспроти ова, спроведувањето на кампања којашто претендира да го осуди абортусот како „одземање живот на веќе оформен организам“, а со тоа и да ја зголеми стигмата спрема жените што абортираат или имаат намера да абортираат, може да резултира со страв од легално абортирање и консеквентно, со нелегално изведување абортус во неовластени институции и од страна на нестручни лица што, спротивно од целите на кампањата, ќе се ефектуира со зголемен број на смрт на мајки или физички и психолошки последици врз жените што абортираат.
Легализираниот абортус во Македонија досега се има покажано како ефективно средство за редукција на матерналната смрт, а „во 2006 година тој број е само една жена, односно стапка на матернална смртност 4,4 на 100.000 живородени“.

Стигматизацијата на абортусот во името на националните интереси и неговото осудување преку повикувањето на метафизичките и религиозни аргументи во историјата се има покажано и се' уште во некои земји се покажува, како фатално по однос на животите на милиони жени.
Имено, 20 милиони жени годишно завршуваат со трајни физички и психолошки повреди како резултат на небезбедно изведуван абортус; пет милиони од нив се адолесценти; од 500. 000 случаи годишно на смрт на мајки, 70.000 се предизвикани од небезбеден абортус; 96 отсто од небезбедно изведените абортуси се одвиваат во земјите во развој; а најмногу небезбедни абортуси се извршуваат во земјите со најрестриктивни закони во врска со абортусот.
Во времето на Чаушеску во Романија, во период од 20-годишна прохибиција и осуда на абортусот, 20.000 жени ги изгубија своите животи како резултат на небезбедно изведувани абортуси.
 
 
 

Кон врв
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 09:13
Originally posted by Miksi_69 Miksi_69 напиша:

Abortusot e ubistvo DA i vo toa nema nikakov somnez i da treba da se zabrani abortusot toa e najdobro za site jas taka mislam .


зошто тогаш не го славиш роденденот кога те зачнале,а не кога си се родил?!голема%20насмевка
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
Miksi_69 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miksi_69 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 00:01
Abortusot e ubistvo DA i vo toa nema nikakov somnez i da treba da se zabrani abortusot toa e najdobro za site jas taka mislam .
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 19:56
A ako ne se vencani, na sila ke gi vencaat ?
Кон врв
THEPRINCESS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај THEPRINCESS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 19:35
Originally posted by ana_t ana_t напиша:

Za mene abortusot pretstavuva ubistvo, i sum za zabrana na ubistva od bilo koj vid,
I tie zacnati covechki dushi imaat pravo na zhivot.
Moralno e pred se, i coveshki da se zabrani ubistvo koe so abortusot de fakto i se vrashi.

A ako si siluvana i togas nema da izvrisi abortus? Ili ako ti kazat deka embrionot ima nekoi deformacii?
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 02:29
ako abortusot e odzemanje zivot t.e. ubivanje togas maskite neka ne masturbiraat zasto vo tekot na celiot niven zivot kolku pati ke masturbiraat ke ispadne deka samo eden maz ja ubil cela Kina...a tek pa site.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 02:25
ПОЛСЕ ПОСТОТ НА ЗЛАТНИК, НЕМАМ КОМЕНТАР... ГЛАСАВ `НЕ` ...
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2009 во 15:12
a-ha, arna si i ti

Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2009 во 15:10
големо%20гушкање исто сојче големо%20гушкање
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2009 во 15:07
se sekjavam na toj komentar

blagodaram, kejt-d-grejt

sporedbata so drugarot zbunet ja smetam za kompliment   







Изменето од filmadzijka - 24.Јануари.2009 во 15:08
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2009 во 14:33

хахаха....филмич, ова ме потсети на еден пост од другарот збунет, еве го,

Баш си мислев...а коа јас нешто мислам, тоа гарант е така...Време е да донесеме закон за стапување во брак!
 Еее...се заљубиле...иделе што иделе...ај ќе се земаат.
 Чек...чек...чек...полека...елате ваму да ве види чичо...
 - Ти....момче арсланче, шо имаш завршено?
 - Ја...филозофски и немам уште работа, ама ќе се трудам.
 - Коа ќе најдеш, јави се и да видам шо плата земаш, а до тогаш - шетај!
 - Ама ние се сакамеее...
 - Вистина??? Ај летајте тогаш во Венецуела, слушам ќе снимале нова серија...Ха! - се сакале...хе...хе...
 На жените и на мажите задолжителен преглед на канал да им видат задњица и предњица, а не после да ми се влечат по лекари.
 Комисија ќе доаѓа да види домаќинката шо знае да зготви, дали знае да пречека гости кога е мажот дома и кога не е, а младоженецот како барата со даљинско и колку може да се излежава ...и звучник ќе му се постави покрај уво со женски пискав глас да му се дере ...и уште многу други тестови како на пример кукла - бебе полна со урина од непознат донатор да му " урини" у крило, - за колку време може да смени пелени и колку е поспор се' појако да му урла у фаца како сирена за авионски напад,...и...трчање преку препреки со одврзани врвци и со торби во раце додека жена му кокетира со комшијата,... и... дотеран да менува дихтун на глава, а да не се испрља оти го чекаат на свадба да биде кум...и...и...и јас у ствари женет сум...уф.....

Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2009 во 00:26
како зеле сила чистунците и праведниците наскоро ќе има
- кампањи за забрана на предбрачно и вонбрачно „искуство“
- официјализација на „чаршафот“ од првата брачна ноќ со печат од соодветната институција за семејна етика како и објавување на истиот на специјална веб-страна,
- секој сексуален однос ќе биде претходно одобрен од премиерот и благословен од владиката под услов да поднесете писмен документ дека вашите потреби се оправдани и без задни намери и дека тоа го изјавувате при чиста свест и совест и прифаќајќи ја сета морална и материјална одговорност.
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2009 во 15:31
ne se slozuvam za zabrana na abortusot
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.