IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 104105106107108 113>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2010 во 23:35
Originally posted by Emmah15 Emmah15 напиша:

здраво.. ви пишувам прв пат но многу е итно.. ако има некој есеј, состав, реферат, што и да е на тема КРВ, КРВНИ ГРУПИ, ТРАНСФУЗИЈА нека пише.. итно ми треба за во школо проект ми е за на крај на година! може и нешто во врска со тоа, али најважен е воведот.. нешто општо за ова.. ве молам!   


Крвта е течно ткиво кое се наоќа во крвните жили и со помош на срцевата работа без прекин циркулира низ целото тело со што го овозможува животот на клетките. Таа има повеќе функции: респираторна, нутритивна, екскреторна, регулаторна, одбранбена. Крвта се состои од крвни клетки: еритроцити, леукоцити и тромбоцити, како и од крвна плазма. Една дванаесетина од телесната тежина отпаѓа на крв, што значи дека човек со просечна тежина од 70 килограми има околу 5 и пол литри крв. Ако на кој било начин човекот загуби големо количество на крв тешко може да ја надомести. Неговиот живот е загрозен. Загубената крв може да се надомести само од друг човек. Давање на крв од еден на друг човек се вика трансфузија на крв. Обиди за трансфузија на крв се правеле и многу одамна, но настанувале многу инциденти, честопати со фатален крај се` до оној момент кога се дошло до сознание дека луѓето немаат ист вид на крв и дека не е така безопасно да се внесува крв од еден на друг човек. Откривањето на крвните групи и разработката на безбедни методи за трансфузија на крв е најголемото достигнување на медицината.
Ланштајнер ги открива крвните групи во АБО системот.
Трансфузијата на крв може да биде директна - кога со специјална направа се дава крв директно од човек на човек - од циркулацијата на дарителот во циркулацијата на примачот и индиректна трансфузија - давање на конзервирана крв. Конзервираната крв доаѓа во посебни кеси на кои е залепена етикета со крвната група Рх - факторот како и датум кога е земена крвта од дарителот.
Разликуваме четири крвни групи: А, Б, АБ и О. Секоја крвна група може да биде Рх позитивна и Рх негативна.
Кога некој треба да прими крв, неопходно е да прими крв од истата крвна група затоа што може да дојде до аглутинација на еритроцитите и примателот на крв да почине. Аглутинацијата е реакција која што настанува помечу аглутиногенот што се наоѓа во еритроцитите и кој ја одредува крвната група и аглутининот кој се наоѓа во плазмата.
Во човечката крв постојат два аглутиногени; Аглутиноген А и аглутиноген Б и два типа аглутинини: аглутинин анти А или алфа и а аглутинин анти Б или бета. Крвната група е карактериситчна за секој човек, се наследува од родителите и не претрпува никакви промени во текот на животот.
Карактеристики на крвните групи:
- Крвна група А: - во еритроцитите има аглутиноген А, а во серумот ( плазмата ) има аглутинин анти Б или бета
- Крвна група Б: - во еритроцитите има аглутиноген Б, а во серумот ( плазмата ) има аглутинин анти А или алфа
- Крвна група АБ: - во еритроцитите има аглутиноген А и аглутиноген Б, додека во серумот ( плазмата ) нема аглутинини
- Крвна група О ( нулта ) : - во еритроцитите нема аглутиногени, но затоа во серумот ( плазмата ) има и аглутинин анти А или алфа и аглутинин анти Б или бета.
Прикажано на слика би изгледало вака, за да ти биде појасно:
http://blogsci.com/images/ABO_blood_type.jpg
Поради овој однос на аглутиногени и аглутинини, на пример, крвните групи А и Б не се поднесуваат меѓу себе, така да човек со крвна група А не смее да прими крв од човек ос крвна група Б или обратно, поради реакцијата која што настанува меѓу аглутиногенот Б од крвта на давачот ( во еритроцитите ) и аглутининот анти Б или бета во плазмата на приамачот. Неподнесувањето на две крвни групи се нарекува инкопатибилитет.

Оваа тема е доста обемна, имаш Рх фактор, начини на одредување на крвна група, реакција меѓу Рх негативна мајка со Рх позитивен плод, па потоа реакции, компликации, припрема при трансфузија, ама мислам дека е доволно ова, сигурно не ти треба да навлегуваш многу во оваа тема. Поздрав

You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
opasna_mala Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 01.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 9
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај opasna_mala Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2010 во 22:54
[QUOTE=Viktorijaa16] Писатели..имам една молба до вас.Имам мака со пишувнје .Па ако имате нешто напишете.Вака се темите:

1.,,Слово за празниците" - Кирил Пејчиновиќ
-вовед:Нешто за К. П.
-главен дел:Опис на делото..што се зборува,карактеристики
-завршен дел:што го навел авторот да го напише делото

Кирил Пејчиновиќ - Тетоец (1771 - 1845) е просветителски автор кој сите свои дела ги напишал на народен јазик и заедно со Јоаким Крчовски ја претставуваат првата генерација писатели на современата македонска книжевност. Пејчиновиќ исто така се смета за дел од бугарската книжевност, иако пишувал на македонски, тетовски говор.

Биографија
Пејчиновиќ е роден во тетовското село Теарце во 1771 година. Првите почетоци од неговото образование биле во селото Лешок, а потоа продолжил во Дебарскиот манастир "Свети Јован Бигорски". Меѓутоа, потоа татко му решава да го продаде имотот во Теарце и со него и со неговиот чичко одат во Света Гора каде се замонашуваат. По извесно време Кирил се вратил во Тетово, а оттаму заминува во Кичевскиот манастир "Света Богородица Пречиста".

Во 1801 година Пејчиновиќ станал игумен на Марковиот манастир, кој решил да го обнови. Манастирот бил речиси уништен, меѓутоа Кирил успеал да издејствува помош од верниците, па конаците и манастирот биле обновени. Во наредните 17 години (до 1818 година), тој се занимавал со обновувањето и истовремено оформил манастирска библиотека од собраните ракописи од претходниот век. Додека престојувал во Марковиот манастир ја напишал неговата прва книга Книга сија глаголемаја Огледало, која била отпечатена во 1816 година во Будим. По дваесет години минати во манастирот, под притисок на грчкиот владика од Скопје, го напуштил Марков манастир и се вратил во родното Теарце. Го обновил Лешочкиот манастир со помош на богатите верници и отворил училиште во кое ги подучувал младите и старите. Патувал и како проповедник собирајќи книги и пишувајќи сопствени текстови. Кирил Пејчиновиќ умрел на 12 март 1845 година во Лешочкиот манастир и е погребан во црковниот двор.

    Значењето на "Слово на празниците" на Пејчиновиќ
Оригиналната проповед Слово на празниците на Кирил Пејчиновиќ најсилно ни ги претставува неговите погледи. Оваа проповед се отклонува од традицијата со тоа што проповедите обично поаѓаат од "книшки" (од Библијата), пример кој потоа може да се догради со примери од животот. Оваа проповед своите примери ги зема од животот, па често пати неговите повикувања на одредена ситуација ни откриваат некое конкретно однесување на нашиот народ од почетокот на минатиот век. Всушност во текстовите на Пејчиновиќ се согледуваат болните вистини за заостанатоста на народот во неговото време.

Кирил Пејчиновиќ во своето дело, со воведување на народниот јазик, но и со животот во кој доследно живеел живот на народен учител кој подучува, оставил скапоцен придонес во македонска култура. Со просветителските идеи за собирање книжно наследство, за пишување и печатење книги на јазик кој ке биде разбирлив станува голем културен деец на македонското просветителство.


    Извадоци од „Слово за празниците“ („Огледало“) Кирил Пејчиновиќ
Ако мије не исполниме закон Христов, не смо ни христијани. Пошто не смо христијани, а заошто сме? Пошто не сме Христосови људи, при Христа во рај не можемо да идемо. Пошто не ќе идемо у царство небесное, а зашто се мучимо на овој век, зашто постимо, зашто се крштеамо, зашто се закопуемо, зашто за душа давамо, зашто од други вери мучени биднуемо, зашто од калдрма долу слезуемо, зашто зелено не носимо, зашто од Турци помало зборимо, зашто, каде нè јахат и газат, трпимо, зашто? Не ли за Христа?
Пошто за Христа трпимо, баре да го слушаме што ни вели. Он не ни вели нешто тешко, токо лесно. Он ни вели да лубимо еден другого, да се проштааме, да се жалиме, да седимо мудро, да не збесуемо како малии деца, да не се опијаме, да не блудуаме, да не пиемо вино без мера, да не скакамо хоро како безумни што скакат.
А мије и празникот што го служиме една у годината, и него непристојно го служиме, а не побожно. Баш на денот вардимо да се опиемо, да скакамо, да збесуамо. Сва ноќ седите, пеете и збесуете, не го молите светецот, токо го наљутуете, и тој не ве измолует пред Бога и не ви поможует, и нафиле си арчите арчот.
Ако сакаш да ти се фати што го служиш, што го молиш, слушај да ти кажем како да чиниш. Спроти ден отиди у црква, узми свеќа, темјан и масло за кандилата, запали и помоли му се Богу со молитвата от светецот што го служиш, со негоата молитва да ти прости. Ама ти да простиш свакому кои што ти досади, иди прости се со него, зере и Бог не ти проштаа; ако служиш светца, - и светецот нема што да чинит от када имаш лошо срдце. И опрости се и помоли се за себе и за него, пак дојди дома, помисли имаш ли некој преател или непреател, има ли некои хапс, има ли неко болен, има ли некои гол, има ли некои гладен, и иди види га, отнеси му или заире, или дрва, или штогод, и речи му: „На ти брате за утрешен, или денешен, за негоо имја“. И вечерта седни вечерај мирно, не пој песни раскошни, не седи до полноќ, легни порано стани порано, узми просфора и свеќа, иди у црква на славословие и на божественаја служба, сиреч на литурѓија, и дури седиш у црква не мисли за на дрва, за дома или за трговина, баш и некоја наволја ако имаш, пак да не мислиш и за њу, токо оставија на Господа, и Господ похубаво ќе ти ја расправи от тебе, ти ништо не можеш без Бога.
Пак у јутру ашче излезеш от црква, сиромаси просјаци што са пред црковна врата дади им по нешто мало на свакого милостиња, ќи Бог и тебе да те помилува, зашто така вели Христос:„Кој дава ним, мене дава, и ја ќе му вратим отвише и на овој свет и на второ пришествие мое во царство небесное.“
........................................
А вије се надеате на к*рбани што колете на Атанасов ден, со тоа да угодите Богу. А не знаете еле тија к*рбани идолска жертва, еврејска жертва, а не христијанска. Тој христијанин што коле к*рбан не ест христијанин, токо ест евреин или идолопоклонник, и тој свешеник што поет на глава на овенот со свеќа запаљена лаже за добитка, за пара, за месо, а у закон христијанскиј немат писно поп да чати на овен а христијани да колет к*рбан.
........................................
Затоа сакат и требет у празник, зашто се велит да си празен от работа, пак да се соберет у црква и поп да ви кажует што видел у писание и вије да слушате. Зашто велит Бог: „Приидите, чеда, послушајте мене,“ и паки на Богојавление у тропарите Дух Свјатиј велит: „Глас господен на водах вопиет глагоља: приидите, приимите вси духа премудрости, духа разума, духа страха божија.“ Викат Дух Свјатиј за наше добро, а вије ѓоа сте дошле у црква, ама со све срдце не стоиш ли во неа, токо срама ради си дошол колку за закон, да не речат: онсица го немат у црква, и ти си дошол, и мислиш от црква излагаиќи кого да избањаш у вода, да досадиш на празникот, а да не угодиш; и пак велиш: пречинихме Водици, учинихме закон, и за многу години да бидет.
Поклади идет, се чудиш колку манџи да напраиш. Пак се берете по две куќи по три на едно да покладите, да разлагуете, да поете песни соблазнителни, да јадете до ден, да се опиете и скверна безделија да чините за три дни. Немојте христијани, не губете си душите, не празнујте погански. Сам поклади си со својата челад, штогодер јади, помало пии, поскоро стани, метание чини, зашто утре велик пост. Зашто го велат велик, голем? Зашто голем колку божиќниј пост и он. Зашто го велат великиј пост? Зашто голем захмет требе да тегнеме во него, многу метание, многу богомолство, непиење, нејадење, нелутење се, некарање се, со жена си у постела неспиење, крштење, сриг и сваќи и гозби нечинење, непцуење се, неврежуење се, опростуење се, сиромаа пригледуење, утро вечер, на полдне, три пути денес када се крстиш, метание да чиниш. Бога да молиш да ти прости што си чинил сва година. И зашто го викаат великиј пост? Зашто ест десеток он. Демек, на годината имат 366 дни, от десет еден да дадеме Богу, другите нам 9 дена. Што си грешуал срдце, да ти простит и да те помилуват во тија дни. Десетоците собрани на куп во великиј пост, от субота и недела башка, чинат 36 и пол со велика субота и со ноќта спроти велик ден. До полноќ све се постит, никоа суббота не се постит, салт велика суббота се постит и спроти неделата до полноќ. Така се плаќа десеток Богу, така се измолует Бога.
..................................
Ете тако се празнует великиј ден, кој ест христијанин и кој ест радлив за своја душа. А како гледам во едни села, да чува Господ, дип грубо. Ни христијани можем да ги наречем ни пак неверници. Велики петок и велика суббота јадат и пијат, у великиј пост хора играат, со жена у постеља спијат, на забита се клеветат, давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден велик ден причешна чекаат. А, попот узел, осум села попуат, каде понапред да стасат, трчат от село на село, со меинзил носит свјатиј тајн. А едни сиромаси христијани, дури ги жалим, зашто до само полдне чекаат попа, на сам царскиј велики ден гладнии стоат и чекаат попа да му донесат причесна и викаат: „Се забави попот, тоа му било, она му било!“ Дргии пак велит: „Хајде да му се натепамо, ќи уште еднаш да не забават!“ А еднии чорбаџие што сет, мало позенгини, како кметинке, пак тије велат: „Не така. Да го тепамо ќе не глобит забитот. Токо мије, ка што сме се собрале в куп, да идемо да однесемо овен на агата или на пашата, да му аливерисамо ќутек, ем да го напудимо, да земемо друготого попа, ако е подалеко со куќата.“ Пак другиј кмет велит за друготого попа: „Каков глобар ест и тој поп многу земат, махни го тамо. Овој поп се забават ама баре помало земат, ем вересие пеет, чекат за паре со години, а другиот поп со Турци си земат хакот, ако му не платиш.“
.................................
Вије сиромаси, честите човека више од Бога и затова не чува Бог, и град биет и друго нешто. А богатите честат цревото свое, а не Бога, велат: „Овоа похубаво нека стоит да го јадеме не тој ден, на оној, кога ќе имамо гости.“ Да, затоа христијани паѓат град, зашто сте едни человекоугодници, а не богоугодници, а не познаете свој грех, свој кабает, свое безумие, токо велите: „Не држиме четврци затова паѓат град“, попотого го карате зашто работит во четврток, што не сте достојни да го учите а дила да го карате. Затова паѓат град и заради други поганштие што се чинат: или скришом се фрлило копиле, или скришом се отепал некои некого, ем не знает кои, или се клеветите меѓу себе, или гараз држите, не се проштавате, или причесна не исповедани земате, или у црква унутра мирски песни пеете, или сиромаху, или сакатому, пелтеку, шушкавому, муткавому, гушавому, халосаному, хулавому, будалому, грешному се смеете, шегате го, пудите го, задирате го, со него егленче чините, и за други грехови таквија, затова идет гнев Божји на сини непокоривија.


Епитафот на Пејчиновиќ
во 1835, Пејчиновиќ за себе составил надгробен натпис (епитаф) во облик на стихотворба. Ова е најраниот познат авторски пример на пишување стихови на народен говор во развитокот на македонскиот јазик. Епитафот гласи:

Теарце му негово рождение
Пречиста и Хилендар пострижение
Лешок му е негоо воспитание
Под плочава негоо почивание
От негово свое отшествие
До Христово второ пришествие
Молит вас бракя негои любимия
Хотящия прочитати сия
Да речете Бог да би го простил
Зере у гроб цръвите ги гостил

Овде лежи
Кирилово
У манастир
и у Лешок село
да Бог да
за доброе дело

П.С:се надевам ова ќе ти помогни.позз



Изменето од opasna_mala - 13.Април.2010 во 22:57
Кон врв
elenaeci Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај elenaeci Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2010 во 18:27
    eve kratka sodrzina se nadevam ke ti pomogne nesto, drugo nemam...pozzz ;)

Чорбаџи Теодос        - кратка содржина


Станува збор   за класична комедија на интригата , што ќе ја инсценира итроманот Арсо за да го исмее градскиот угледник, чорбаџи Теодос со тоа што ке го стори цигански кум . Комедијата е составена од три чина . Првиот чин е остварен како експозиција на драмското дејство и се случува во домот на чорбаџи Теодос. Вториот чин го донесува заплетот на интригата на Арсо и се случува на патот кон лозјата   на Водно. Третиот чин ја достасува својата кулминација   и комедиографскиот расплет   со интригата на Арсо . Во експозицијата чорбаџи Теодос се опишува како лик пред кого сите домашни живеат во страв , и кој ќе биде пречка за бракот помеѓу неговиот син Томче и самарџиската ќерка Стојанка ( бидејќи на девојката и видел кал под ноктите ) . Токму тука се открива господска напернатост   во однос на
    помалите   луѓе од него. Тој исто така е опседнат со помислата дека н екој или нешто може да го сивалка него или дел од неговата облека . Токму затоа , авторот   во третиот чин , под стапица на интрига на Арсо и народните обичаји, го претставува чорбаџи Теодос одеднаш наспроти својата волја и притиснат од народните обичаји да биде цогански кум во семејството на Циганот Поцко. Како што се обичајите , првиот што ќе ги пресретне циганите излезени на патот со бебето во раце - тој ќе биде кумот , а Арсо и семејството се договориле тоа да биде чорбаџи Теодос . Арсо го доведува комедиографскиот расплет и го ослободува чорбаџи Теодос од обврската на кум. Кумството го презема неговиот син Томче , а за возврат добива благослов од татка си да ја побара Стојанка за жена . Исто така и итроманот Арсо е ослободен од својот долг кон чорбаџи Теодос .
Кон врв
elenaeci Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај elenaeci Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2010 во 00:42
Originally posted by гјувеза гјувеза напиша:

DOBRO SE PREVRTEV AMA SOSTAV ZA SMRTA NA IVAN IILIC I NESTO ZA RASKAZI OD GOGOLJ NIGDE NEMA ILJADA PRASANJA I MOLBI A NIKOJ NE NAPISA NISTO.PA GI MOLAM ONIE KOI MOLEA PREDHODNO I IMALE PISMENA VO DEKEMVRI I FEVRUAR NEKA GI STAVAT SVOITE SOSTAVI OVDE ,PA I NA NAS DA NI POMOGNAT.BLAGODARAM


       eve ti kratka sodrzina za smrtta na ivan ili4 se nadevam ke ti pomogne nesto,zosto pismena seuste nemame praveno za niedno delo,ni dade nekoi opsti temi,a gogolj seuste go nemame raboteno...

knigata zapocnuva koga vo apelacioniot sud se sobiraat nekoi cinovnici o doznavaat za smrtta na ivan ilic. prvoto sto ke im padne na pamet e deka sega nego go nema i tie ke mozat da go zazemat negovoto mesto ili da napreduvaat za edno mesto. vsusnost tie mu se prijateli, ama samo od korist. vtorata pomisla ke im bide kako toj umrel i koj da otide na pogrebot. najposle se dogovaraat da otidat 2 od niv (ama na mi teknuva na iminjata). koga ke otidat kaj nego doma ke vidat deka na negoviot pogreb dosle mnogu malku luge. zenata na ivan ilic ke go odnese edniot od prijatelite(mislam deka se vikase pjotor ivanovic) vo trpezarijata za da razgovaraat. taa ke pocne da place i ke mu raskazuva za smrtta na maz i deka bila mnogu bolna, deka dolgo vreme imal bolki i deka pokraj nego se macela i taa. potoa ke mu kaze deka mnogu pari dala za pogrebot, a deka od drzavata ne dobila ni paricka i ke go prasa dali znae nekoj nacin kako da zeme poveke pari od drzavata. potoa nezz tocno so ke se desava samo znam deka ovoj pjotor ke go gleda iva ilic kako lezi i ke mu se zgrozi (poso ovoj ke bide bled, modar nikakov) i ke razmisluva za toa kakva ke bide negovata smrtpotoa se spomnuva za toa kako toj resil da se ozeni. kako ja zapoznal paraskovja fjodorovna. deka taa bila dama, nezna, kulturna, obrazovana i deka ne bi smeel da propusti takva sansa. tie se zemaat i prvite meseci od brakot im se odlicni se dodeka taa ne zabremenila. potoa imala sekakvi baranja, se izzivuvala so maz i, go maltretirala. toj ponekogas i vrakal(ama nezz kako poso ne ja docitav). potoa im se rodilo deteto, bilo kerka. pa potoa imale uste 2 ili 3 deca sto im pocinale i potoa imale uste 1 sin. ivan bil mnogu radosen za raganeto na sin mu i sakal toj da go vospituva, ama zena mu ne mu dozvoluvala. koga trebalo da odlucat kade da uci sin im ivan sakal da uci pravo, a zena mu za inaet go zapisala vo gimnazija. no, sepak sin mu poveke go sakal nego, a kerka mu poveke ja sakala majka im. no, sepak i dvete deca bile poprivrzani za majka im. potoa tie ke go preureduvaat stanot(ili ke kupat nov nezz) i ke otidat za toa vreme da sedat akj nekoi rodnini. ivan se trudi da go napravi sto poubav, no ne im kazuva kakov e za da gi iznenadi. im kazuva deka izgleda pogrdo od toa sto toj planira da go napravi. potoa toj sakajki da gi namesti ili da objasni nesto okolu tapetite ke padne od skala i ke si ja povredi polovinata. ke otide na lekar ama nema da mu najdat nisto ke mu recat deka e zdrav. potoa ke se vselat vo stanot, ama zena mu pak ke naoga nekoi mani. ke se dogovorat da napravat zabava za novoto vseluvanje. ke povikaat gosti i paraskovja ke saka tie da kupat ogromna kolicina na kolaci a ivan ke i rece deka ne se potrebni tolku kolaci i ke se skaraat okolu toa. ama na kraj ke pobedi paraskovja i ke kupat mnogu kolaci pa mnogu i ke im ostanat i ke gi frlat. i nataka nezz so tocno se desava samo znam deka ke umre ivan i deka ke ima ogromni bolki.vo psolednite 2-3 raskaza se zbori za negovata bolest kako e neizlecliva kako ne saka da vidi nikoj bara da go ostavat site na mira,da mure vo mir...tolku e knigata... :))) se nadevam ke ti posluzi nesto :))) so sreka...
Кон врв
miSsFreaKy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Март.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај miSsFreaKy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 23:22
Јунаците во Илијадата – Ахил наспроти Агамемнон

     Илијадата е најсовремената епопеја на сите времиња, за сите народи. Во неа се обработува еден единствен настан – Тројанската војна, односно борбите околу градот Илиј. Илијада претставува бесмртно дело на Хомер каде што гневот на Ахил се провлекува како црвена нишка нишка низ целото дело, од самиот почеток па се до неговиот крај.
Слепиот Хомер пред себе имал мноштво на личности, кои имале една желба и цел, да победат и да се прослават. Тој ја покажува својата величина во сликањето на многу различни карактери, во изнесувањето на нивните добри и лоши страни. Секој карактер во Илијада се одликува со нешто свое, индивидуално.

     Двигател на дејството во „Илијада“ е гневот на Ахил. Тој е главен војсководец, јунак на страстите кој оди во крајности. Ахил претставува литерарен лик, создаден од авторот, лик кој има божествени особини – идеали.
     Главната причина за тој гнев и таа омраза да се појави кај Ахил е грабнувањето на неговата робинка Брисеида од страна на Агамемнон. Тој е лик во кој покрај храброста се слеле себичноста и неразумноста, а сето тоа е доволно за Ахил да се навреди и да престане да се бори за Ахајците. Сакајќи да ја докаже вистината, за тоа колку е тој важен за нив и дека без негово учество нема да ја добијат борбата. Престојува во бродовите и покрај сите молби да се врати на бојното поле тој не сака да попушти, ги остава Ахајците полека да ја губат борбата. Кога веке Тројанците ќе стигнат и до самите бродови за Ахил не е доволно извинувањето на Агамемнон и молбите од неговиот најдобар пријател Патрокло. За тој повторно да настапи во борба, Партокло земајќи ја облеката и оружјето на Ахил оди во двобој со најголемиот тројански јунак Хектор. На прв поглед Хектор е подисплашен од мислата дека Ахил се вратил во борбата, но потоа гледа дека тоа е Патрокло со Ахиловите алишта дека нема потреба од паника. Сето тоа покажува дека Ахил е оној кој може да даде отпор и да вллее стравопочит кај Тројанците. Двобојот завршува со убисто на Патрокле од страна на Хектор.
     Ахил дознава за смртта на својот пријател, тој е прекумерно тажен – оди во крајности. Тој кубе коси, се облекува во тажечка облека... Едвај го разубедуваат таа тага и болка да ја замени со омраза и одмазда кон непријателот. Ахил конечно тргнува да се бори.
     На тој свој пат прави ѕверска одмазда, ги убива тројанските војници, а нивните тела ги фрла во реката, та место вода се излевало крв од мртвите тројански војници. Се судира и со Хектор, воден од гневот и желбата за одмазда, поради загубениот пријател и него го убива.
     За тоа колку Ахил може да биде гневен и крајно суров покажува мигот и по убивањето на Хектор. Неговиот гнев не се стишува, го врзува за својата двоколка и го влече телото на Хектор седум дена околу градот, и сето тоа предизвикало потресни сцени во Троја.
     Силата што конечно ќе го смекне неговото тврдо срце е љубовта кон својот татко, поточно плачот на хекторовиот татко – Пријам, кој го потетува на неговиот сакан татко. Заедно Ахил и Пријам плачат и жалат, војната престанува за одредено време за сите да му одадат почит на Хектор.

     Со оплакување на закопот на големиот Хектор се завршува прекрасното дело. Ахил сепак останува феномен како помеѓу луѓето така и помеѓу боговите, а Илијада останува извор на мотиви и карактери, како пример за создавање епска поезија.
Кон врв
miSsFreaKy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Март.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај miSsFreaKy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 23:20
Гилгамеш владател, јунак и човек

     Големата сила, моќ, надваласт не е се во животот. Пријателството и љубовта се оние кои ни го прават секој ден весел и поисполнет со среќа. Па дури и еден полубог како што е Гилгамеш има потреба од некој кој ќе биде постојано со него во добро и во лошо, а тоа е секако неговиот најдобар пријател Енкиду.

     Откако Енкиду ќе се појави, животот на Гилгамеш целосно ќе се промени. Најпрво гледаме еден горд полубог кој буди стравопочит кај луѓето, кој има бескрајна сила и моќ. Истовремено бил и тиранин, страсник и насилник, човек јунак, непокорник, но и злоделец. Нешто што ќе го идигне човечкото над божеството. Наеднаш како да гледаме друга личност, личност која чувствува љубов, среќа и болка, која би го дала својот живот за едно суштество кое што така ненадејно се појави и му стана пројател.
Гилгамеи Енкиду се претвараат во непобедливи јунаци кои се борат за доброто и среќата на народот. Со заеднички сили го убиваат митолошкото чудовиште Хумбаба, грозниот чувар на Кедровата гора, чудовиште кое не само на народот, туку и на боговите им носел неволји. Храброста која што ја поседувале им дозволила да се спротивстават и на боговите, кои одлучуваат за нивната судбина. Гилгамеш ја одбива љубовта на Иштар.Таа го испраќа болшебниот небесен бик како казна. Јуначки со Енкиду повторно победуваат. Поминувајќи го целото време заедно со Енкиду, ги делат моментите на борба и слава, едноставно не можат еден без друг.
Енкиду е смртник, еден ден ќе пристигне и неговата смрт... Ден на разделба кога Гилгамеш ќе остане сам. Тој не може да ја поднесе огроманата болка. Човечкото во него се бунтува и неговата душа не може да ја поднесе загубата, на некој кој оставил толку длабока трага во неговото срце.
Неговите чувства на очај и тага ја достигнуваат кулминацијата, посилни од него и воден од истите тој тргнува во потрага по бесмртноста.
Неможејќи да трпи тага и болка тој го минува целиот свет за да ја пронајде тајната со која ќе му помогне да стане бесмртен.

Неможејќи да се помири со својата следна загуба, тој ја сфатил целта на животот, односно зборовите на богињата Иштар:

„... Што ќе ти е тревката на бесмртноста?
Врати се дома кај жената и децата.
Направи ги задоволни
и ти биди задоволен.
Оди кај пријателите и направи ги среќни
и ти биди среќен.
А бесмртноста остави им ја на боговите...“


*Најдов нешто дома
Кон врв
miSsFreaKy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Март.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај miSsFreaKy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 23:19
"Хамлет" од Вилијам Шекспир



ХАМЛЕТ – и доброто

     Вилијам Шекспир претставник на доцната ренесанса, кој оставил најдрагоцени дела – трагедии воопшто во целата човекова пишана литература. Шекспир со своја филозофија верува дека животот е борба помеѓу доброто и злото. Доброто го гледа во хуманото, позитивното и чувственото, а злото го гледа во подлоста на луѓето, која секогаш е егоистична и поттикната од некакви лични интереси и води пошироко, во различен тип на зло. Судирот помеѓу доброто и злото провоцира трагедија.
     Инспириран од средновековната данската легенда за принцот Амлет, создава врвно дело на англиската и светската литература, ја создава трагедијата „Хамлет“.
Во ова дело се согледува дека Шекспир и главниот јунак во „Хамлет“ се филозофи по својот интелект, кои што длабоко размислуваат и чувствено реагираат. Начинот на кој Шекспир ги опишува ликовите се универзални, а со тоа повторно се истакнува големината на Шекспир како автор.
Данскиот принцот Хамлет е образован млад човек од времето на доцната ренесанса, со одлично познавање на античката литература. Хамлет претставува синоним на доброто, тој е благороден, човечен хуманист, универзална, сестрана личност склона конн длабоко размислување.
Разочарон и гневен од злосторството извршено врз татко му од страна на неговиот чичко Клавдиј и неверноста на мајка му, тој сака да се одмазди. Во почетокот таа разочараност го умртвува и го расколебува неговитот дух, тој дури помислува и на самоубиство. Да се биде или не? Размислувајќи за животот и смртта и за религијата, тој го одбир животот со сите негови недостатоци. Во име на вистината и правдата тој решава на итар начин да ја открие и каже вистината и на крајот да се одмазди. Притоа кон мајка си се однесува со презир. Поради нејзината прељуба, ја прогласува за блудница, неразумна жена која го изневерила сеќавањето на својот маж и љубовта која што постоела меѓу нив. Тој чувствува одбивност, разочаран целосно ја губи довербата кон жените поради мајчиниот грев, па затоа тој се одкажува од нејзиното мајчинство.
Хамлет за да се заштити себе си почнува да глуми лудило, се додека не ја открие вистината и не одлучи што ќе прави понатаму.
Офелија е еден позитивен лик во оваа трагедија. Таа полудува од болка кон својот сакан, а потоа и се самоубива. Таа симбол на душевната чистотата и чувствената природа. По враќањето на нејзиниот брат Лаерт во градот, тој е желен за одмазда. Тој претставува синоним на чесност и праведност, но во големата болка поради загубениот татко и својата сестра бара одмазда. Клавдиј, подло повторно манипулира со чувства на тага кај Лаерт, за да предизвика што поголема омраза и да дојде до двобој меѓу него и Хамлет.
Затоа што злото со зло се враќа овој двобој добива една трагична разврска. Хамлет е ранет од отровнит меч Лаерт, а кралицата стравувајќи за судбината на својот син, од возбуденост го пие отровното вино кое не е за неа наменето, со тоа и таа умира.
Во тие момети Лаерт признава дека на мечот имало отров и дека наскоро ќе пристигне неговата смрт. Хамлет му простува затоа што Лаерт беше чесен, тој згреши, но искрено се покајува, го призна гревот и замоли за прошка. Конечниот момент за одмазда на доброто - Хамлет кон злото - кралот е кога пред да умре и самиот тој ќе го прободе со истиот отровен меч.
Во овие трагични моменти, вистинскиот пријател на Хамлет се соживува со неговата смрт, тој посакува со истиот меч да си го одземе животот, како доказ на лојалноста кон својот пријател, но Хамлет бара од него да живее за да ја пренесе вистинската приказна на идните генерации.
Цела таа ужасна глетка и борба на доброто против злото кажува дека идеален владател може да биде само оној кој ги има особините на Хамлет.
     Хамлет е возвишена личност праведен, хуман, благороден, чесен и храбар човек кој го сака народот, кој не пребрзува со своите постапки,вистински човек кој не сака никому грев да направи, тој е оној кој свати каква треба да биде смислата на човековиот живот. Тој е оној кој го казни злото како резултат на сопствената позитивна активност.



ХАМЛЕТ – и лошото

     Вилијам Шекспир претставник на доцната ренесанса, кој оставил најдрагоцени дела – трагедии воопшто во целата човекова пишана литература. Шекспир со своја филозофија верува дека животот е борба помеѓу доброто и злото. Доброто го гледа во хуманото, позитивното и чувственото, а злото го гледа во подлоста на луѓето, која секогаш е егоистична и поттикната од некакви лични интереси и води пошироко, во различен тип на зло. Судирот помеѓу доброто и злото провоцира трагедија.
     Инспириран од средновековната данската легенда за принцот Амлет, создава врвно дело на англиската и светската литература, ја создава трагедијата „Хамлет“.
Во ова дело се согледува дека Шекспир и главниот јунак во „Хамлет“ се филозофи по својот интелект, кои што длабоко размислуваат и чувствено реагираат. Начинот на кој Шекспир ги опишува ликовите се универзални, а со тоа повторно се истакнува големината на Шекспир како автор.
Данскиот принцот Хамлет е образован млад човек од времето на доцната ренесанса, со одлично познавање на античката литература. Хамлет претставува синоним на доброто, тој е благороден, човечен хуманист, универзална, сестрана личност склона конн длабоко размислување.
Разочарон и гневен од злосторството извршено врз татко му од страна на неговиот чичко Клавдиј и неверноста на мајка му, тој сака да се одмазди. Во почетокот таа разочараност го умртвува и го расколебува неговитот дух, тој дури помислува и на самоубиство. Да се биде или не? Размислувајќи за животот и смртта и за религијата, тој го одбир животот со сите негови недостатоци. Во име на вистината и правдата тој решава на итар начин да ја открие и каже вистината и на крајот да се одмазди. Притоа кон мајка си се однесува со презир. Поради нејзината прељуба, ја прогласува за блудница, неразумна жена која го изневерила сеќавањето на својот маж и љубовта која што постоела меѓу нив. Тој чувствува одбивност, разочаран целосно ја губи довербата кон жените поради мајчиниот грев, па затоа тој се одкажува од нејзиното мајчинство.
Хамлет за да се заштити себе си почнува да глуми лудило, се додека не ја открие вистината и не одлучи што ќе прави понатаму.
Сепак кралот повторно мудро глуми дека сака да го заштити Хамлет поради убиството на Полониј, а кралицата со својата наивност повторно не ја сваќа интригата, со тоа што кралот го праќа Хамлет во Англија. Здружени со злото иако му биле „пријателите“ на Хамлет, Розенкранц и Гилдертерн се согласиле да го шпиунираат и да го придружуваат, макар што таму знаеле дека неправедно ќе го погубат. Хамлет е мудар, опипливо свати дека сепак има некаква зла наредба. Како синоними на злото и нив ги стигнува казната, со тоа што Хамлет и нив ги убива. Овие „сунѓери за бришење на вајканите работи на кралот“ претставуваат олицетворение на лажното пријателсво.
При првата можност Хамлет не го уби кралот, само затоа што тој беше во молива. Хамлет не сакаше да го награди големиот злосторник со тоа што ќе го прати во рајот, туку затоа одлучи да го најде во друга ситуација кога ќе прави грди дела или некакво зло и тогаш да го убие. Хамлет беше сигурен дека тој искрено не се покајал.
Клавдиј повтрно злочесто смислува план. Тој подло повторно манипулира со чувства на тага кај Лаерт, за да предизвика што поголема омраза и да дојде до двобој меѓу него и Хамлет.
Бидејќи злото со зло се враќа овој двобој добива една трагична разврска. Хамлет е ранет од отровнит меч Лаерт, а кралицата стравувајќи за судбината на својот син, од возбуденост го пие отровното вино кое не е за неа наменето, со тоа и таа умира. Конечниот момент за одмазда на Хамлет кон кралот е кога пред да умре и самиот тој ќе го прободе со истиот отровен меч.
Цела таа ужасна глетка и борба на доброто против злото кажува дека идеален владател може да биде само оној кој ги има сите добри особините на Хамлет.
     Според Шекспир оној што тргнал по патот на злото нема спас, ако во себе нема ништо позитивно. Позитивен е оној кој поседува особини на Хамлет, кој е хуман, благороден, чесен и храбар човек, кој го сака народот, кој не пребрзува со своите постапки, вистински човек кој не сака никому грев да направи, тој е оној кој свати каква треба да биде смислата на човековиот живот. Тој е оној кој го казни злото како резултат на сопствената позитивна активност.

*Се надевам дека ќе му послужи ова на некој
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2010 во 21:54
Една лп ме натера да размислам и онака моите мисли да ги преточам во кратка приказна
Зошто да не помогнам, израдувам????
Ја гледам мајка ми како ми подготвува моето омилено јадење и си замислувам што ке беше ако не пораснев покрај неа?Што ке се случеше ако некогаш некој утврдеше дека таа не е доволна богата да ме чува и ме одземеја, ме дадеа на некој друго семејство. Не сакам да мислам на такво црно сценарио. Додека така размислувам слушам на ТВ како на некое семејство во некоја забит сакаат да им го земат детето. И во мене се раѓа мисла. Зарем јас како човек не можам да сторм нешто, да им помогнам, да ги израдувам?
Знам дека можам. На форумот Идивиди има тема Хуманост на дело. Седнувам и пишувам коментар во кој развивам дискусија како да им помогнеме на овие луќе? Збор по збор се нижат предлози. Да се собереме млади вредни момци и моми и  да им помогнеме да ја искречиме куќата од внатре и од надвор.Да им помогнеме сите заедно да направиме стаза до куќата за да не газат во калта. Пари? Па не е проблем сите ние да се откажиме од една влезница во некое вечерно излегување, од две кутии цигари, од шише кока кола. Има многу работи од кои можеме да се откажеме барем на еден ден и да ги пренасочиме кон вистинските потреби на оние на кои навистина им треба.Да повикаме и други добри луќе да помогнат со работи кои не ги користат. Ним можеби им сметаат но на овие луќе многу би им значеле.
И така мојата мисла ја преточив во зборови, во апел за помош на оние на кои навистина нашата помош им е неопходна. Нашата помош ке им го врати детето и ке порасне покрај својата мајка и татко далеку во пустелија која можеме да ја оплемениме да стане рај. Да направиме тоа мало девојче да трча по јагненцата кои ги чува нејзиниот татко. Да дочека да и се роди малата сестричка или братче. Да направиме едно семејство да подзаборави на трагедијата и се свртат кон среќата.

Кон врв
opasna_mala Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 01.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 9
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај opasna_mala Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 12:46
kingofkings - eve od sostavite

               "ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА"
Ристо Крле е драмски писател,кој е роден 1900год,како син на струшки чевлар.
Напишал повеќе драми,но најголем успех имал со драмата Парите се отепувачка.
    Во драмата се раскажува за една случка во с.Аларуп каде родителите не препознавајќи го својот син Ангеле го убиле.
Татко му Митре пред богатството на овој туѓинец кој полн со пари враќајќи се од Америка преноќува во неговиот дом како туѓинец на местото на синот.
Драмското дејство е составено од 5 чина.
Во куќата на Митре и Мара,еден зимски ден имало роднини,пријатели за да го испратат Ангеле на печалба во Америка.
Од Ангеле се очекувало да им помогне на луѓето во сиромаштијата,во подготовките за свадбата на сестра му Кате и кога ќе се врател да се оженел и да оформел семејство.
Имало маси полни со храна,пијалоци,со здравици и благослови го испратиле Ангеле на печалба под турско,илинденско востание.
После 20год во селото,ненајавено се вратил Анеле од печалба во куќата на неговата сестра Кате и ја препознал неговата внука Ана.
Откако разбрале,неговите блиски го прославувале неговото враќање.
Потоа неговата сестра,заедно со него заминала во куќата на нивните родители Митре и Мара.
Остарените родители не го препознале својот син и мислеле дека е туѓинец кој се претставува како Ангеле.
Тогаш почнале да го опишуваат нивниот син Ангеле и го прашале дало го сретнал некаде во Чикаго.
Потоа Ангеле си легнал да се одмори,а неговиот татко Митре сакал да дознае што имало во куферот на туѓинецот.
Кога го отворил куферот,се зачудил бидејќи внатре имало злато.Тогаш ја викнал неговата жена Мара и се договориле да го убијаат туѓинецот,бидејќи сметале дека толкаво богатство неможело да се стекни на чесен начин за 5-6 год.
Тогаш тие го убијале,со секира.
Другиот ден кога неговата ќерка им отишла на гости им кажала дека тоа навистина бил нивниот син Ангеле.
Во тој момент неговата мајка умрела од инфаркт,а неговиот татко се самооубил,се прободил со нож во срцето.


                     "ПЕЧАЛБАРИ"
„Печалбари“ е драма во која ни се презентира љубовна приказна меѓу двајца млади(Констадин и Симка) кои се лудо влубени , но припаѓаат на различни сталежи, тој е сиромашен – а таа богата.
Оваа противречност му била потребна на авторот за да го развие драмското дејство. Љубовта ќе биде главен двигател во драмското дејство, но и кочничар во развојот на љубовта меѓу младите. На нивната голема ќе влијаат непишаните правила според кои двајца млади од различни класи не си припаѓаат еден на друг. Панов тука го вметнал и бунтот како средство со кое ќе се искаже незадоволството и ќе се постигне бунтот.
Љубовта е таа што двајцата влубени ѓе ги води напред. Но за жал, нивната среќа нема да биде целосна бидејќи посегнувањето по парите и стремежот за исконската печалба трајно ќе уништи едно семејство.
Во оваа драма Панов ги запазува драмските фази и класичното драмско дејство. При преминот од чин во чин, од појавата од појава во појава авторот не води низ дејство за да го доведе читателот до кулминација на случувањата каде зетот заминува на печалба.
Јордан во печалбари е лик кој најмногу ги сака парите. Претставен е како чорбаџија кој е мек на зборови но тврдоглав на дела, среброљубец кој гледа низ призмата на парите. Секогаш бил загрижен за мислењето на другите луѓе, а тоа најмногу се гледа кога ја “продал“ својата ќерка, сметајќи оти таков бил адетот. Но бидејќи Симка се заљубила во сиромашниот Констадин, се договориле да му ја даде ќерка си поставувајќи му услов да замине на печалба, туркајќи го во смрт.
Јордан стапува на сцена во оној момент кога младите очекуваат принова и кога за нив започнуваат новите обврски. Но, тој е бескорисен, не знае да ги покаже чуствата бидејќи за него пред се се парите.
Јордан донесува одлука која ќе ја плати прескапо, можеби не со својот, но се нечиј друг живот. Наспроти ликот на Јордан, стои Констадин, прикажен као млад човек кој има многу напредни сфаќања во споредба со времето во кое живеел. Како бунтовник, со своите постапки сакал да уништи дел од напишаните правила, како што била печалбарската традиција „ ...Ех црна и крвава е нашата печалба, мајко! Уште покрвава е сиромаштијата што не гони тамо!“ Сфајќајќи ги причините за тоа општествено зло, цврство стоел на ставот дека печалбата носи и несреќа и смрт.

Божана, мајка на Констадин, е жена која робува на патријахалните традиции. Таа е жена која останала млада вдовица. Но, сепак знаејќи дека печалбата е несреќа, го наговара синот и тој да биде печалбар. Таа знае како е да се живее без пари, да се одгледува дете без татко, но воедно справува и страмува што ќе рече светот и како ќе излезе пред другите со крената глава. Велејќи му на Констадин дека мора поради Јордан да оди на печалба, Констадин враќа со зборовите: Дали чорбаџи Јордан ќе чуе таму во туѓина? Далеку, може дури преку море...На секого си туѓ...Нема со кого збор да промениш, солза да размениш! И не година, не две. Години, години да изврват, скотски да живееш, пари да збереш, додека да имаш лице дома да си дојдеш!... Ако паднам болен дали чорбаџи Јордан ќе праша за мене? Дали ќе има кој потта да ми ја избрише, кошула дами размени, јорган да ми фрли?... Ех, црна и крвава е нашата печалба, мајко? Уште покрвава е сиромаштијата, што не гони тамо! Проклет да и е коренот!... И големо има лечко нишан носи од неа за цел век!... Гледај, што направи од нас таа пуста печалба! Маж – роб! Жена – роб! Син - роб! Ќерка – роб! А мајките, само за солзи се родени!...
Овие се најтажните зборови што ги проговорил некој печалбар во македонската драма. Во овој цитат Констадин ја насетува својата судбина. Можеби Панов намерно ова го направил се со цел да го стави читателот на размислување, каков е животот на печалбарите и низ каков тежок период поминуваат на печалба за да заработат парче леб. Кога Констадин мислел дека ја остварил својата цел, кога со Симка живееле убав живот и чекале принова, иднината ја нарушува Јордан кој доаѓа по своите пари. Нивната средба не е нималку пријатна бидејќи меѓу нив двајца доаѓа до конфликт. И покрај тоа што Констадин го моли Јордана да го остави барем уште една година да се порадува со својот пород, да сети таткова радост, тој немилосрден велејќи дека не е негово да мисли на пелени, туку на пари.
Констадин заминува на печалба, но не по своја желба. (Надвор од селото. Во природата. Големо старо дрво. Планинска патека води на печалбарската чешма. Тоа е место на печалбарската разделба. Кога завесата се крева, десно веќе седнала мала група печалбари, прва пристигната на местото на разделбата; седам, пијам и замислено пеам.

Во наредниот чин Констадин веќе се спрема за на печалба. Се збогува со Симка и со Божана. Прима од нив совети, но и ги прекорува и остава аманет детето што ќе се роди да го носи името на неговиот татко. Испратен е со песна впрочена како што тоа бидува со традицијата. За традиционалното испраќање на печалбарот поканува и моментот кога `рснува тапанот и зурлата, кога се прават и последните адети пред тргнувањето Тука е и размислувањето на Корама Атенас кој најубаво ја пишува тежината на печалбата. “...Разделба е разделба!...И камен на шијата полесно се носи од пустата печалба!“
Четвртиот чин дава најдобра слика на печалба кога веќе Констадин е во Белград. Таму болен од туберкулоза небаре од црна чума. Со пот и мака спечалил парите, но платил со сопствениот живот. Печалбата за него била многу кобна, тој не успева да го издржи товарот на тешката работа, но желбата да го види Коле, неговиот син е поголема од се. Тажи за својата мајка, за Симка. Свесен е дека ја доживува судбината на татка си, кого никогаш и не го видел. Судбината се повторува со него и тој повеќе никогаш нема да се врати дома. Овде смртата е нормална последица. Но дали вреди по секоја цена да се оди на печалба, да се жртвува сопствениот живот и животот на тие што чекаат дома, да се вратат печалбарите.



Кон врв
djbocka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај djbocka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 14:15
Ако ви требаат семинарски состави проекти има на овие две страни,доста се добри во изработката и брзи во размената,секаде ги препорачувам,можат и на вас да ви помогнат.

http://zemi-seminarska.tk/
http://zemiseminarski.blog.mk/
      
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2010 во 21:37
Аман бе.
Ај и ја да помогнам малце. голема%20насмевка

Значи... Марта е една вообичаена тинејџерка со невообичаена животна приказна.
Цурава е седмо одделение.
Има густа и убава црна коса и црни очи.
Таа е неверојатно згодна и атрактивна девојка, по која речиси сите машки од училиштето се палат...
То за физички изглед.

*

Марта е весело девојче, кое научило како да се бори во животот, одлучна е, но во исто време ранлива и наивна што се забележува по нејзиниот однос со момчињата.
Со тек на време станува се пољубопитна за својот татко што е многу нормално... голема%20насмевка
И тоо... за карактерот на Марта...

Е сеа нормално, се ова ќе го изгланцаш... ќе го прошириш и фино ќе ти дојде... трепкање
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Зоран Пушев Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 11.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Зоран Пушев Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2010 во 21:15
Ми треба опис на ликот Марта од лектирата-книгата "Марта".
Ви Благодарам!:D
Кон врв
trajcevska1 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај trajcevska1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 20:26
     Основниот драмски судир во “Сид” се појавува кога храбриот рицар Родриго, бранејќи ја честа на својата фамилија, го убил таткото на саканата девојка Химена, зашто тој тешко го навредил татко му. Ова убиство создало јаз меѓу заљубените Родриго и Химена. Нивниот брак се чинело дека е невозможно да се оствари, бидејќи Химена не смеела да се омажи за убиецот на својот татко. Таа дури била обврзана да бара одмазда, да бара да биде убиен саканиот Родриго. Бидејќи Родриго го убил таткото на Химена за да ја одбрани семејната чест, тој сметал дека ќе биде достоен за почит и за њубовта на Химена. Родриго и се обратил на Химена да и докаже дека од љубов кон неа, за да ја добие нејзината почит, го убил татко и. Химена не ја осудува неговата постапка, но таа сега има иста обврска, да ја одбрани честа на својата фамилија со тоа што ќе се одмазди за смртта на татко и. Ова е сложена и апсурдна состојба во која се наоѓаат Родриго и Химена. Излез од ова, според Химена, е даго убие Родриго. Родриго и Химена се борат да ја задушат својата љубов, но, наместо да ја потиснат, таа станува се посилна. Химена, која бара начин како да биде убиен Родриго, се повеќе трепери да не му се случи нешто. Овој необичен безизлез во трагедијата го решава Дон Фернандо, кралот на Кастилја. Тој не ги одобрувал постапките на таткото на Химена, грофот Гормас, кој бил олицетворение на феудалното самоволие. Кралот го осудил обичај прашањето на честа да се решава со крвав судир меѓу противниците. Според него, крв треба да се пролева само кога се брани државата од непријатели. Кога некој ќе направи грешка, ако и служи на татковината, може да ја плати грешката. Ваква можност му била дадена на Родриго. Тој во борбите со Маврите покажал невидено јунаштво и се прочул со своите јуначки дела. Родриго ја ослободил Шпанија од ропството на Маврите. Од храброста на Родриго биле одушевени и Маврите, кои го нарекле Сид, што на нивниот јазик значело господар. Обврската кон татковината е над обврската кон фамилијата и феудалната чест треба да и отстапи место на граѓанската, која, пред се, значи служење на потребите на татковината. Според овој нов етички идеал, што во Франција и Европа се појавил по создавањето на големите држави, настојувањето на Химена да ја одбрани фамилијарната чест изгубило од своето значење. Химена попушта пред новите сфаќања и по наредба на кралот се согласува да се омажи за храбриот Родриго, кого интимно многу го сакала. Овој среќен крај во драмата го навестува раѓањето на новиот граѓански морал, кој е похуман од стариот феудален морал.
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 11:48
Странствувањето на Чајлд Харолд е романтичарско-индивидуалистичка поема составена од 4 песни. Тема во поемата е патувањето и доживувањата на Чајлд Харолд, а идејата е да го искаже своето разочарување од сегашноста и приликите во Англија и во цела Европа.

Поемата нема класично развиено дејство, нема заплет ни композиција, освен што е составена од 4 пеења. Дејството се одвива хронолошки, како што се одвивало патувањето задржувајќи се на позначајните места. Тоа се: војните на Наполеон, соочување со освојувачки и ослободителни војни, ја величи борбата на Шпанците против Наполеон, ја величи античката цивилизација, за опева славата и пропаѓањето на Рим, ја опишува битката кај Ватерло потенцирајќи го ужасот и апсурдноста на војната.

1 ПЕСНА
Поемата започнува со описот на Чајлд Харолд, кој е млад човек, почитуван и познат од благороднички род, кој наместо да се посвети на полесна и творечка работа се оддава на бурен развратен живот.Презаситен од таквиот живот, веќе му здодеал, решава да го напушти родниот крај.
Чајлд зад себе не остава никого, освен празниот дворец и песот. Не остава никого кого му е важен, затоа тој решително ја напушта татковината и без поздрав заминува во егзотични места.
Најпрвин ги посетил Португалија и Шпанија каде гледа дека луѓето страдаат и се потчинети. Неговата лична тага и разочараност прераснува во светска тага поради доминација на злото и несреќата.

2 ПЕСНА
Чајлд чувствувајќи симпатии кон поробените народи го продолжува своето патување кон Грција и Албанија каде се соочува со истото страдање и несреќа. Сликата на Балканот е мрачна и крвава.

3 И 4 ПЕСНА
Харолд го продолжува своето патување во Холандија, Германија, Швајцарија и други земји за да го задоволи својот авантуристички дух како и да се пронајде себеси.
При посетата на Италија се навараќа на нејзиното античко минато. Тој и натаму е во истото расположение, осамен бунтовник кој останува само набљудувач на општестевните збиднувања.
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 104105106107108 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,453 секунди.