IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Црквата е Тело Христово
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Црквата е Тело Христово

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Црквата е Тело Христово
    Испратена: 04.Декември.2008 во 17:59
Црквата е Тело Христово. Таа не е човечка организација, туку богочовечкото Христово Тело. Исто така,  Црквата е обожение. Тоа значи дека нејзина цел е да ги води нејзините членови до обожение, што е пак основната цел на човековото создавање.

Во Посланието на свети апостол Павле кон христијаните од Ефес може да се најде еден важен извадок кој ја илустрира целта на пастирите на Црквата:

И Тој постави едни за апостоли, други за пророци, трети за благовестители, четврти за пастири и учители, за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело, додека сите не стигнеме до единство во верата и познание на Синот Божји, до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство.” (Ефес. 4,11-13)
 
Според свети Никодим Светогорец, со изразот „познанието на Синот Божји” свети Павле не подразбира „познание на Бога до кое се стигнува преку набљудување на создадените нешта и преку божествените Писма (и нечистите исто така можат да имаат такво знаење), но тој мисли на натприродното познание на Синот Божји, до кое се дошло преку божествено осветлување (=осветување) и прославување, што се дарува само на совршените, односно исчистените од страстите на плотта и на душата. Тој посакува сите христијани да стигнат токму до тоа познание”.

Исто така, изразот „до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство“ го предава поимот на обожение.
 
Вистинското постоење на Црквата се покажува преку нејзиниот успех во лечење на човекот. Од учењата на Светите Отци знаеме дека Црквата е духовен здравствен центар, духовна болница што го лечи човекот. Кога зборуваме за болеста и лечењето, мислиме дека умот е болен и се лечи. Лечењето на умот не е независно од очистувањето, просветлувањето (=просветување, просвештение) и обожението.

Целта на Црквата е да го излечи овој спознателен центар, така што човек да може да го стекнува познанието на Бога коешто го сочинува неговото спасение. Оттаму, постоењето на вистинската Црква може да се види во степенот на успехот, во резултатите од лечењето. Ако го лечи човекот, ако дава точна дијагноза на болеста и ако го знае патот и методот на лечењето, тогаш таа е вистинска а не секуларна (=световна) Црква.

Постојат неколку знаци кои откриваат дека дадена Црква го чува знаењето на терапијата и успехот во истата. Еден од нив се правилните социјални односи на човекот. Навистина, нарушувањето на социјалните, меѓучовечките односи е производ и резултат на болеста на умот. Лечењето на умот, коешто се состои од негово очистување и негово просветлување, исто така, има и социолошки консеквенци. Затоа она што е важно во лечењето на умот треба да го проучува денешната таканаречена социолошка наука.

Ние православните, гледаме на преобразбата на општеството од таа перспектива. Токму затоа сме реалисти. Утопија е да сакаш да го преобразиш општеството обидувајќи се да најдеш погоден општествен систем. Тоа што е важно не е системот, туку начинот на живот. Ова не значи дека не го поздравуваме секој напор за подобрување на одредени лоши услови во болните општества после падот, кои во најголем дел не го прифаќаат Божјото слово. Но најделотворниот и најреалистичен начин е преку лечењето на умот.

Друг пример што го открива степенот на успешноста на Црквата во лечењето е присуството и постоењето на свети мошти. Светите мошти се доказ за човековата излеченост. Кога умот е очистен и просветен и кога човек ќе достигне обожение, тогаш тој е целосно обожен, бидејќи Божјата благодат е пренесена од душата на телото. Моштите на светителите, кои се нетрулежни, благомирисни и чудотворни, се доказ дека методот и начинот на лекување се сочувани, дека Црквата го води човекот до обожение.

Целта на Црквата е да „прави свети мошти“, во смисла дека гледа да го води човекот до обожение. Црква која не произведува мошти покажува дека не го води човекот до обожение и не го поседува вистинскиот метод на лекување на човекот.

Значи, постоењето на вистинската Црква се покажува со степенот на успех. Во медицината се вели дека една точна медицинска теорија се разликува од погрешна според степенот на успехот. Слично на тоа, еден доктор е добар зависно од степенот на успехот во лекувањето. Слично е и со Црквата. Организирана Црква е онаа која го лекува човекот.

п.с. Во овој пост напишав која е улогата на Црквата овде на земјата. Во наредниот пост ќе ги напишам погрешните (секуларни, приземни) сфаќања за улогата на Црквата.

п.п.с Текстот не е мој. Го преземав од друго место. Изворот ќе го посочам подоцна.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 19:02
Убаво напишано. Пред некој месец читав едно сведоштво за еден неправославен човек (индиец) кој јо обожавал отелотворената МИЛОСТ БОЖЈА во ХРИСТОС.
После смртта неговото тело било чувано скоро цел месец во капела и немало никаков знак нити на (неубаво) замирисување ниту на распаѓање.

Каков е твојот став – брате макариос – и ставот на црквата кон вакви и слични (бар за мене) свети души?

Поздрав     

Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 07:24
Originally posted by makarios makarios напиша:

Црквата е Тело Христово. Таа не е човечка организација, туку богочовечкото Христово Тело. Исто така,  Црквата е обожение. Тоа значи дека нејзина цел е да ги води нејзините членови до обожение, што е пак основната цел на човековото создавање.Во Посланието на свети апостол Павле кон христијаните од Ефес може да се најде еден важен извадок кој ја илустрира целта на пастирите на Црквата: „И Тој постави едни за апостоли, други за пророци, трети за благовестители, четврти за пастири и учители, за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело, додека сите не стигнеме до единство во верата и познание на Синот Божји, до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство.” (Ефес. 4,11-13) Според свети Никодим Светогорец, со изразот „познанието на Синот Божји” свети Павле не подразбира „познание на Бога до кое се стигнува преку набљудување на создадените нешта и преку божествените Писма (и нечистите исто така можат да имаат такво знаење), но тој мисли на натприродното познание на Синот Божји, до кое се дошло преку божествено осветлување (=осветување) и прославување, што се дарува само на совршените, односно исчистените од страстите на плотта и на душата. Тој посакува сите христијани да стигнат токму до тоа познание”.Исто така, изразот „до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство“ го предава поимот на обожение. Вистинското постоење на Црквата се покажува преку нејзиниот успех во лечење на човекот. Од учењата на Светите Отци знаеме дека Црквата е духовен здравствен центар, духовна болница што го лечи човекот. Кога зборуваме за болеста и лечењето, мислиме дека умот е болен и се лечи. Лечењето на умот не е независно од очистувањето, просветлувањето (=просветување, просвештение) и обожението.Целта на Црквата е да го излечи овој спознателен центар, така што човек да може да го стекнува познанието на Бога коешто го сочинува неговото спасение. Оттаму, постоењето на вистинската Црква може да се види во степенот на успехот, во резултатите од лечењето. Ако го лечи човекот, ако дава точна дијагноза на болеста и ако го знае патот и методот на лечењето, тогаш таа е вистинска а не секуларна (=световна) Црква.Постојат неколку знаци кои откриваат дека дадена Црква го чува знаењето на терапијата и успехот во истата. Еден од нив се правилните социјални односи на човекот. Навистина, нарушувањето на социјалните, меѓучовечките односи е производ и резултат на болеста на умот. Лечењето на умот, коешто се состои од негово очистување и негово просветлување, исто така, има и социолошки консеквенци. Затоа она што е важно во лечењето на умот треба да го проучува денешната таканаречена социолошка наука. Ние православните, гледаме на преобразбата на општеството од таа перспектива. Токму затоа сме реалисти. Утопија е да сакаш да го преобразиш општеството обидувајќи се да најдеш погоден општествен систем. Тоа што е важно не е системот, туку начинот на живот. Ова не значи дека не го поздравуваме секој напор за подобрување на одредени лоши услови во болните општества после падот, кои во најголем дел не го прифаќаат Божјото слово. Но најделотворниот и најреалистичен начин е преку лечењето на умот.Друг пример што го открива степенот на успешноста на Црквата во лечењето е присуството и постоењето на свети мошти. Светите мошти се доказ за човековата излеченост. Кога умот е очистен и просветен и кога човек ќе достигне обожение, тогаш тој е целосно обожен, бидејќи Божјата благодат е пренесена од душата на телото. Моштите на светителите, кои се нетрулежни, благомирисни и чудотворни, се доказ дека методот и начинот на лекување се сочувани, дека Црквата го води човекот до обожение.Целта на Црквата е да „прави свети мошти“, во смисла дека гледа да го води човекот до обожение. Црква која не произведува мошти покажува дека не го води човекот до обожение и не го поседува вистинскиот метод на лекување на човекот. Значи, постоењето на вистинската Црква се покажува со степенот на успех. Во медицината се вели дека една точна медицинска теорија се разликува од погрешна според степенот на успехот. Слично на тоа, еден доктор е добар зависно од степенот на успехот во лекувањето. Слично е и со Црквата. Организирана Црква е онаа која го лекува човекот.п.с. Во овој пост напишав која е улогата на Црквата овде на земјата. Во наредниот пост ќе ги напишам погрешните (секуларни, приземни) сфаќања за улогата на Црквата.п.п.с Текстот не е мој. Го преземав од друго место. Изворот ќе го посочам подоцна.



Za da se izbegnat nedorazbiranja, neophodno e da se obrazlozhi dvojnata priroda na Crkvata: zemna i duhovna. Toa ne se dve crkvi, tuku edna Crkva vo dvojna priroda. Zemnata crkva se odnesuva na hramot (materijalnata gradba) i crkovnite jurisdikcii, koishto se neophodni za da opstane na zemjata. Taa e institucija, i toa e dobro, bidejki samo kako takva mozhe legalno da dejstvuva, shto, pak, ovozmozhuva duhoven porast i razvitok. Gospod povela da ima poredok vo Crkvata, a za da se izbegne haos, neophodni se kanoni (kanonski poredok). Znachi, Crkvata treba da ima administrativna uprava, chija dolzhnost e da vodi crkovna politika i da reshava administrativni, ekonomski i drugi problemi, koishto se odnesuvaat na nea.


Duhovnata crkva e del od Carstvoto Nebesno na zemjata, Telo Hristovo, vozglaveno od Samiot Hristos, Koj ne se zanimava so administrativni zemni dejnosti (ima mnogu pobitni raboti), zatoa postojat episkopi, koi voedno se duhovni vodachi, bidejki go pretstavuvaat Hrista na zemjata. Znachi, imeno vo Crkvata Hristova se povrzuva zemnoto so nebesnoto, zemjata se spojuva so nebesata, i chovekot so Boga.


Crkvata ne mozhe nasilno da lekuva lugje, ako tie sami ne posakaat da bidat isceleni.



Изменето од Asya - 05.Декември.2008 во 07:27
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 12:16
како што рече мислам дека треба мааалку повеќе да се дообјасниме за да нема забуни.

[/QUOTE]
Zemnata crkva se odnesuva na hramot (materijalnata gradba) i crkovnite jurisdikcii, koishto se neophodni za da opstane na zemjata. [/QUOTE]

Христос ако е глава на Црквата,тогаш е нелогично прашањето дали цркваат ќе опстане на земјава,зашто самиот Христос вели дека ни вратите на пеколот нема да ја надвладеат.
Самото постоење на каква било градба не е неопходно за да се служи литургија.
Во сибирските гулази правоверните служеле во шумите,каде се вели иконостас ни беа боровите,небесниот свод куполата додека телата на мачениците-олтари каде се припремала светата евхаристија.

[/QUOTE]
Taa e institucija, i toa e dobro, bidejki samo kako takva mozhe legalno da dejstvuva, shto, pak, ovozmozhuva duhoven porast i razvitok.[/QUOTE]

Да црвата има еден така наречен "институционален дел" но тоа не е главната нејзина преокупација и својство така да црквата НЕ Е ИНСТИТУЦИЈА сама по себе, таа е жива заедница на конкретни личности заедно со ангелите.

[/QUOTE]
Gospod povela da ima poredok vo Crkvata, a za da se izbegne haos, neophodni se kanoni (kanonski poredok). Znachi, Crkvata treba da ima administrativna uprava, chija dolzhnost e da vodi crkovna politika i da reshava administrativni, ekonomski i drugi problemi, koishto se odnesuvaat na nea.
[/QUOTE]

Тие канони и регулативи кои го уредуваат "институционалниот дел" се заради човечката слабост и се само насока а не заповед и цел само по себе,со кои ќе помогнат да се изврши главната цел тука на земјта:проповедањето со збор и дели на радосната вест и спасението на сите.

[/QUOTE]
Duhovnata crkva e del od Carstvoto Nebesno na zemjata, Telo Hristovo, vozglaveno od Samiot Hristos, Koj ne se zanimava so administrativni zemni dejnosti (ima mnogu pobitni raboti),[/QUOTE]

Но Господ е семоќен,така да нема небитни работа за Бога.грешката на римокатолицизмот е што вели дека Бог воопшто не се занимава со земните работи,па затоа го има папата како негов протеже на земјава.Демек зафатен бил па морал да стаи заменик.
Го наведов примерот со Римо-католиците бидејки они се жив пример што се случува кога црквата ќе ја напушти светиот дух..се претвара во ИНСТИТУЦИЈА САМА ПО СЕБЕ..

[/QUOTE]
Znachi, imeno vo Crkvata Hristova se povrzuva zemnoto so nebesnoto, zemjata se spojuva so nebesata, i chovekot so Boga. [/QUOTE]
Crkvata ne mozhe nasilno da lekuva lugje, ako tie sami ne posakaat da bidat isceleni.
[/QUOTE]

потполно точно!

поздрав и секое добро

Изменето од ahmar1 - 05.Декември.2008 во 12:18
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2008 во 22:01
stvarno, zosto stavaat gromobrani?????збунетост
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2008 во 16:44
Црквата Христова

Црквата е наречена Тело Христово и Невеста Христова во Светото Писмо. Црквата се споредува и со свет храм Божји и се нарекува столб и тврдина на вистината. Црквата е една зашто Бог е еден и затоа што и Христос и Светиот Дух се едно. Може да постои само една Црква, а не многу. И таа една црква, затоа што нејзиното единство зависи од Бога, Христа и Духот, не може никогаш да се разбие.

Единство и светост на Црквата Христова

Според православното учење, Црквата е неделива; луѓето можат да бидат во неа или надвор од неа, но не можат да ја делат; Црквата е востановена со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на Педесетница. Според православното учење, единството на Црквата е слободно човеково единство во вистината и љубовта Божја. Ваквото единство не го донесол некој човечки авторитет или правна сила, туку самиот Бог. Православните христијани веруваат дека во Православната црква секогаш постоела можност за потполно учествување во Црквата Божја и дека само гревовите и погрешните човечки избори (ересите) ги поставувале луѓето надвор од оваа заедница.

Православните сметаат дека кај неправославните христијански групи постојат извесни препреки, кои се различни во различните групи, и кои, ако луѓето ги прифатат и се поведат по нив, го спречуваат нивното совршено единство со Бога.

Во рамките на единството на Црквата човекот е навистина она за што е создаден и назначен да биде и може да израсне за вечноста во божествениот живот и заедница со Бога преку Христос во Светиот Дух. Единството на Црквата не се нарушува ни со времето, ни со просторот и не е ограничено само на оние што живеат на земјата. Единството на црквата е единство на Триблажената Троица и на сите оние кои живеат со Бога: светите ангели, упокоените праведници и оние кои живеат на земјата според Христовите заповеди и по силата на Светиот Дух.

Црквата е света бидејќи Бог е свет и бидејќи Христос и Светиот Дух се свети. Светоста на Црквата доаѓа од Бога. Членовите на Црквата се свети толку колку што живеат заедно со Бога. Во рамките на земната Црква, луѓето учествуваат во Божјата светост. Гревот и заблудите го одвојуваат од оваа божествена светост, како и од божественото единство. Верата и животот на Црквата на земјата се пројавуваат во нејзиното учење, во светите тајни, во светоотечките и другите вдахновени списи, во богослужбите и светителите кои го задржуваат суштественото единство на Црквата, и кои сигурно можат да се потврдат како свети поради Божјото присуство и дејство во нив.

Соборност на Црквата Христова

Црквата е соборна заради својата врска со Бог Отецот, со Христа и со Светиот Дух. Зборот соборност (или католичност) означува полнота на која ништо не ѝ недостасува. Само Бог е полна и потполна реалност; и само во Бога ништо не недостасува. Соборноста на Црквата понекогаш се сфаќа во смисла на црковната севкупност низ времето и просторот. Вистина е дека Црквата е севкупна, универзална - за сите луѓе во сите времиња и сите места – но, таа просторна сеопфатност не е првото значење на зборот соборност кога тој се употребува за да ја означи Црквата.
Изразот соборност како што во почетокот ја означуваше Црквата (уште во првите децении на II век) беше повеќе определба на квалитетот, отколку на количината. Да се нарече Црквата соборна или вселенска - значеше да се одреди каква е, што значи - полна и потполна, сеопфатна и дека ништо не и недостасува.

Уште пред Црквата да се прошири низ светот, таа е означена како вселенска (соборна). Првобитната Ерусалимска, апостолска Црква или раните градски цркви во Антиохија, Ефес, Коринт или Рим беа соборни, вселенски - како што е и секоја Православна црква денес - зашто ништо суштествено не им недостасувало да бидат вистинска и потполна Христова Црква. Самиот Бог е потполно откриен и присутен во секоја Црква преку Христа и Светиот Дух, делувајќи во локалната заедница на верници со нејзиното апостолско учење, со свештенството (ерархијата) и со светите тајни, така што ништо повеќе не треба да и се додава за потполно да учествува во Царството Божјо.

Да се верува во Црквата како во соборна, вселенска, значи - да се изразува уверението дека полнотата Божја е присутна во Црквата и дека ништо не ѝ недостасува од изобилието на животот кој Христос му го дава на светот во Духот. Тоа, всушност, значи да се исповеда дека Црквата навистина е полнота иа Оној кој сè исполнува во сè.

Зборот апостол го означува оној којшто има задача, кој е испратен, да изврши наредба.

Во Светото Писмо не само што повеќепати се повторува дека Христос е испратен од Отецот, а Духот испратен преку Христа (од Отецот), туку јасно е забележено дека Христос е Апостол... на нашата вера. Како што Христос беше испратен од Бога, така и Тој ги одбра и ги испрати апостолите. Како што Отецот ме испрати мене, и јас ве испраќам... примете го Светиот Дух - им рече воскреснатиот Христос на своите ученици. Така, апостолите излегоа во светот, станувајќи вистински темел на Христијанската црква.
Во таа смисла Црквата се нарекува апостолска: прво, бидејќи се темели на Христа и на Светиот Дух - испратени од Бога и на оние апостоли кои Христос ги испрати полни со Свет Дух; и второ, бидејќи Црквата преку своите земни припадници и самата е испратена од Бога да го сведочи Неговото Царство, да одржува Неговиот збор и да ја твори Неговата волја и Неговите дела во овој свет.

Православните христијани веруваат во Црквата како што веруваат во Бог Отецот и во Христа и во Светиот Дух.

Верата во Црквата е дел од христијанското исповедување на верата.

Православната Црква како божествена стварност

Црквата, е божествена стварност на Царството Божјо дадено на луѓето преку Христа и Светиот Дух; таа е божествена заедница основана од Господ Исус Христос и неа вратите на Адот нема да ја надвладеат. Црквата, и верата во Црквата, е суштествен елемент на христијанското учење и живот. Без Црквата - како божествена, мистична, светотаинска и духовна стварност во центарот на грешниот и паднат свет - не би постоела потполна и совршена заедница со Бога.

Црквата Божја е дар на светот: Таа е дар на спасението, познавањето и просветувањето, простувањето на гревовите, победа над темнината и смртта. Таа е дар на заедницата од Бога преку Христа во Светиот Дух. Овој дар е даден, од Бога потполно, еднаш за секогаш, без остаток. Црквата останува засекогаш, до крајот на времето: несовладлива и неуништлива. Луѓето можат да грешат и да се борат против Црквата, верниците можат да паѓаат и да се одвојуваат од Црквата, но самата Црква е столб и тврдина на вистината, и затоа останува за секогаш.

...(Бог) сè покори под Неговите (Христовите) нозе и Него го постави над сè за глава на Црквата, која е тело Негово, полнота на Оној кој исполнува сè во сè.

Светиот апостол Павле за Црквата пишува:

... Зашто преку Него имаме... пристап при Отецот во едниот Дух. Така, значи, не сте повеќе странци ни дојденци, туку сте сограѓани на светиите и домашни Божји, наѕидани на темелот на апостолите и пророците, кај што аголен камен е самиот Христос, врз кого целата градба, складно споена, расте во свет храм во Господа, во кого и вие заедно се вградувате во престојувалиште Божјо во Духот.

Животот на Православната Црква

Црковниот живот е живот на луѓето во Пресвета Троица. Во Црквата сите стануваат едно во Христа, сите се облекуваат во обоготворената човечка природа на Синот Божји. Зашто вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте. Единството на Црквата е соединетост на многумина во едното, единствено Тело Христово, во еден жив Храм Божји, во еден народ и семејство Божјо. Во рамките на тоа едно тело има многу поединечни припадници. Многу живи камења го сочинуваат живиот храм. Многу браќа и сестри го сочинуваат семејството на кое Бог му е Отец. Единствена различност на секој припадник на ова едно тело Христово е одредена со присуството на Светиот Дух. Секоја посебна личност е вдахновена со Светиот Дух за да биде вистински човек, вистинско чедо Божјо - на свој единствен начин. Така, како што Телото на Црквата е едно во Христа, едниот Свет Дух на секој припадник му дава можност да се оствари во Бога и така да биде едно со сите други, нарекувајќи го Бога Отец.

Понатаму, Црквата, како совршено единство на многу личности во еден потполно соединет организам, е одраз на самата Света Троица. Повикувањето на Црквата да биде една во сè е праобразец на повикот кон целото човештво, кое Бог првобитно го создал како многу човекови личности со една човечка природа и го назначил за вечно и совршено растење во слободното единство на Вистината и Љубовта, во животот на Божјото Царство.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2008 во 17:49
Нешто за Земната Црква Христова.

Господ Исус Христос – вечен Првосвештеник

Синот Божји го спаси човештвото преку овоплотувањето, жртвата на крстот и Своето воскресение. Овие три спасоносни моменти го сочинуваат сеединството со вечната вредност низ сите времиња. Таа Негова жртва има вечна моќ оти е жртва на овоплотениот Син Божји Кој воскресна и Кој останува вечно во Неговото Тело преку кое ни го соошпштува вечниот живот. Според тоа Исус Христос е вечен Првосвештеник (Псалам 109: 5) како Оној Кој се овоплотил, Кој се жртвувал како Син Божји, чија жртва има вечна вредност, овоплотен и воскреснат за сите времиња. “Он, бидејќи сам, пребива вечно, има свештенство што нема да мине на друг“ (Евр.7:24). “Имајќи Го големиот првосвештеник, кој преминал преку небесата, Исуса, Синот Божји ние треба да се држиме за исповедувањето на верата“ (Евр. 4:14), вели св. апостол Павле. Како вечен Првосвештеник Христос постојано делува и работи и Неговата првосвештенство е извор на нашето свештнослужење кое се врши преку видливите органи на Црквата. Светиот апостол Павле, во посланието до Евреите (6:20), со право забележува кога вели: Христовата Првосвештеничка служба и денес е неслиено соединета со жртвите и молитвата како што беше во Стариот Завет, со таа разлика што Неговата лична жртва е далеку повредна од принесувањето на нашите жртви. “Затоа, вели апостолот, Он може и за вечно да ги спаси оние, што преку Него доаѓаат кон Бога, бидејќи е секогаш жив за да се моли за нив“ (Евр. 7:25). Не можеме да замислиме дека Он престанал да биде наш Првосвештеник Кој посредува, за нас, пред Бога со Својата жртва, а истовремено и со молитва. Иако е и вечен Цар и Син Божји Он постојано Го моли Бога за нас.

Христовата жртва на крстот е од големо значење за луѓето. Вклучувањето на Неговата жртва во Неговата постојана првосвештеничка служба има за цел нејзино реализирање и исполнување во Црквата – на св. Литургија. Преку Неговото вечно архиерејство Он сака, преку Него, и ние да постанеме причестници на Неговата жртва за да и ние Му принесеме жртва на Бога Оца, односно да Му угодиме. Но за остварување на ова неопходно е Неговата одлука, за жртвувањето, да се всели и во нас. Според тоа Христовата жртва и молитва имаат двојно значење и тоа: едното - кон Отецот и другото - кон нас, луѓето. Кон Отецот - како знак за потполна одданост кон Него, и кон нас - да бидеме целосно опфатени со Неговата човечка природа. Затоа Христос ни се дава нам, и денес, преку св. Причест, како жртва како би ни ја соопштил Неговата вечна намера - дека се жртвува за нас преку што ни се дарува и опростување на гревовите.

Ако Христовата првосвештеничка служба се состои во тоа што Он се принел на крстот како жртва пред Отецот, со истовремено привлекување на нас луѓето, тогаш неопходно е Неговата првосвештеничка служба да се продолжува, врз оние кои веруваат во Него, а преку видливите средста и органи во Црквата – светата Литургија и свештенството. Со таква намера Он го основал свештенството преку кое се врши принесување и раздавање на Неговата жртва, и така, заедно со нас, извршувајќи ја и Својата првосвештеничка служба. Според тоа ние, свештениците, не сме сами при извршувањето на Христовата жртва на св. Литургија, туку за наш “Сослужител“ Го имаме и вечниот првосвештеник – Христос. Светата Литургија е средство преку кое се продолжува Христовата првосвештеничка служба на земјата.

Христово жртвување, само по себе, говори дека Оној Кој се жртвува (Христос) предчувствува во оној, за кого се жртвува (а тоа сме ние луѓето), поголема вредност одошто што е преодната или земната. Он не гледа во нас привремени суштества, кои денес сме а утре не, туку, напротив, Он гледа во нас вечна вредност. Според тоа Христово жртвување за нас доволно ни зборува дека ние не сме создаден само за овој живот. Оти, ако бевме само за овој свет тогаш бесмислена е и жртвата Негова. Човекот е создаден од Бога за вечен живот, вечно да живее, кон кој, пак, го подготвува Црквата. Свештеникот е видливиот орган на Црквата преку кого се извршуваат тајните на спасението – жртвата Христова. Затоа свештеникот при принесувањето на жртвата треба да ја чувствува секоја потреба на доверената му паства како лично негова, да се моли за нив “со воздишка и солзи“ (Евр. 5:7) како да се моли за себе самиот. Не само напишани на хартија туку и врежани длабоко во срцето да ги има имињата на оние кои бараат од него да се моли за нив. Секогаш кога ќе погледне во крстот да си спомнува за оние кои му ги доверил Христос.

Свешетникот има потесна заедница – парохија за да ја носи целата заедница во срцето свое со сите нивни тегоби и болки, нивната душевна борба, молејќи се на Бога да ги сослуша, да ги утеши, да им помогне, исто како да се моли за себе. Да се моли за своите парохијани како таткото што се моли за своите чеда. Ова свештеникот ќе може да го направи доколку има постојано будна совест дека во него се вселил Христос како првосвешетник, Кој сам, преку свештеникот, го принесува молењето за Неговите парохијани.

Само така ќе се оствари соединувањето на неговите парохијани во него и нивното заедничко единство со Христа. Всушност тоа е Црквата - соединување на верниците во Исуса Христа, преку својот свештеник, и преку епископот, односно преку нивното општо единство со Исуса Христа.

Господ Исус Христос ја основал на земјата Својата св. Црква и нејзини први членови беа св. апостоли. Нив му е испратен Светиот Дух да го продолжат делото Негово и да се грижат за спасението на оние кои што ќе се крстат и поверуваат во името на Господ Исус Христос. Господ Исус Христос проповедта на св. Евангелие ја доверил на апостолите, а тие подоцна ја предале на епископите, свештениците и ѓаконите. Знаци и чуда на Божјата благодат ги придружувала во проповедта, а пак тие, како нејзини носители, имале обврска да постанат „светлина на светот“ како по нивната вера така и по нивниот живот. Ова нивна обврска произлегува од заповедта Христова кога вели: “Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небески.“ (Мат. 5:16). Оваа обврска се однесува и на современите проповедници на св. Евангелие, а најпрво на свештените лица – парохиските свештеници.
Што е свештеник?

Зборот свештеник значи – служител на нешто свето, а зборот презвитер, кој исто така често се употребува – значи старешина.

Она што беа седумдесетте апостоли во Христовото време тоа се денес свештениците. Иако свештеничката служба води потекло од апостолско време, сепак нејзините корени се протегаат уште во Стариот Завет од времето на Мојсеј и Арон и службата на левитите. Но бидејќи старозаветното свештенство не било потполно затоа Господ Исус Христос, преку апостолите, го востановил новозаветното свештенство.

Парохискиот свештеник е првиот помошник на епископот во службата Божја. Онаму каде што не може да стигне епископот тоа го прави свештеникот. Свештеникот е оној работник на нивата Господова кој ги потсетува луѓето дека на нив се однесуваат зборовите од Евагелието кога Господ Исус Христос вели: “Дојдете при Мене сите изморени о оптоварени и Јас ќе ве успокојам. Земете го мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце и ќе најдете мир за вашите души; зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно“ (Мат. 11; 28-30)

Свештеничка служба

Свештениците се поставуваат преку ракополагање и преку апостолското преемство. (Види: Дела ап. 6: 1-6). “Откако им ракоположија свештеници во секоја црква...“ (Дела 14: 23). “Биле ракополагани лица откако биле на подготовка и проверка на нивните квалитети...“ (1 Тим. 14: 23). Светиот Дух, преку ракополагањето, невидливо ги поставува свештениците изливајќи ги благодатните дарови. “А Симон (гатарот), кога слушна дека Духот Свети се дава преку апостолите со полагање на раце тој им понуди пари.“ (Дела 8:18). Види исто така: (Дела 20: 17-18 и 28). Оттаму ќе речеме дека свештениците по положај се: духовни оци “чеда мои...“ им се обраќа св. Јован на своите слушатели (1Јов. 2:1); учители и наставници “Па затоа сум поставен како проповедник и апостол ... како учител на иноверците во верата и вистината“ (1 Тим. 2:7). “Помнете ги вашите наставници што ви го проповедаа Евангелието“, им пишува св. апостол Павле на Евреите (13:7).

Свештенството е служба на која се дава на чување целото наследство, односно учење за верата и моралот на Црквата Христова. Да се потсетиме на разговорот на Господ Исус Христос со св. апостол Петар: “Симоне Јонин ако Ме сакаш, му вели Христос, паси ги овците мои“. Он не му рекол брани ги угнетените, чувај ги сираците и старите и сл. туку му вели “паси ги овците мои“. Физичкото бранење или чување, можел секој да го прави и тоа не само мажите туку и жените, но Христос го поставил апостолот да биде претстојател во Црквата и да земе врз себе грижа за многу души. Секоја однадвор нанесена штета или загуба врз “стадото“ не се мери со материјален износ или со пари, туку се препишува врз душата на пастирот како негов личен грев. Затоа и подвигот на свештеникот и службата наша го надминува секое материјално богатство.

Свештеникот и денес е во постојана борба но не против разбојници или волци кои настојуваат да го растурат стадото туку, како што вели св. апостол Павле: “Нашата борба не е против крвта или плотта (телото), туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата“ (Ефес. 6:12). Но, за да испадне победник во оваа секојдневна борба во службата негова неопходно е свештеникот да биде благоразумен, добро да го познава Светото Писмо, Светото Предание, учењето на Црквата за сите вистини, а секако мора да биде морален во секој поглед како тој така и семејството негово. Можеш да имаш стотици диопломи, докторати по теологија и да напишеш безброј книги но ако немаш морал не можеш да бидеш добар свештеник. Бидејќи ако ја чува чистотата на животот и бракот и чесноста во секојдневното живеење и комуницирање тогаш сите дарови на Светиот Дух ќе следат потоа. Тој треба да е бестрастен така што со својот живот да дава пример и да му зборува на народот. Не треба да пцуе, не треба да оди во бар или кафеана, не треба да се опива, секогаш да е чист, да е вреден и исполнителен во обврските. Тој треба да е важен, но не и горд, суров и благонаклонет, отсечен и друштвен, непристрастен и услужлив, смирен и кроток, за да може успешно да ја преброди секоја пречка.

Св. Јован Златоуст вели дека по овластување свештеничката служба е повисока од царската служба и таа разлика е колку од земјата до небото. Свештеникот треба да е духовен управител во парохијата, вели тој, лекар кој ги лекува телесните но и душевните болести на парохијаните и во право време да одреди вистинска терапија за болеста. Никому, па ниту на владетелите, не е дадена таква власт на земјата да одлучува за душевната состојба на луѓето. Царевите и народните управители можат, во дадени моменти, да одлучуваат за политичките состојби во државата, како и за состојбата на телото но, за состојбата на душата одговорен е свештеникот. Душевната состојба на човекот-верник е од вечен карактер. “На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат“, вели Христос (Јов. 20: 23). Царот има власт да затвара во зандана кого што сака или кога за тоа има потреба, а свештеникот, е тој кој преку “раѓањето од вода и Дух“ (Јов. 3:5), преку вратата на крштевањето ги воведува верните во царството Божјо. Нему му е доверено духовното раѓање и препородување на парохијаните.

Задачи на свештеникот

Основна задача на свештеникот е да го донеси Словото Божјо на секој верник и човек и така да го воведи и да го подготви за вечно спасение. Уште во Стариот Завет свештеникот е “гласник на Господа Саваот“ (Малахија 2: 7). Негова задача во Новиот Завет е да го проповеда Евангелието: “Одете и научете ги сите народи крштевајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“ (Мат. 28: 19) им заповедал Христос на апостолите; да ги учи парохијаните во Законот Божји, како би можеле да разликуваат свето од несвето, свештено од несвештено, духовно од материјално. Освен тоа Господ му одредил да свештенодејствува, “Се што сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото, и се што разврзете на земјата ќе биде разврзано и на небото“ (Мат. 18:18); да извршува свети богослужби, и други свети, црковни и религиозни работи како: свети Тајни (св. Литургија – причестување, крштевање, миропомазување, венчавање, осветување на масло, исповедување), свети молитвословија: (водосвети, погребенија, читање молитви за здравје, благословување во името Божјо и сл.); и да ја раководи паствата: “Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува“ (Лука 10:16), “Зборувај и советувај, изобличувај со полна власт“, му пишува св. апостол Павле на ученикот Тит (Тит 2: 15). Проповедта е многу важна работа на свештеникот. Според свети Јован Златоуст, тој треба да проповеда на повеќе начини и тоа: со устата и јазикот да го кажува словото Божјо, а со раката да пишува проповеди и духовни поуки. Целото време да му биде распоредено за духовна работа и тоа да биде неговата единствена насока во животот.

Како свештеникот да работи?

Според предходно реченото пред секој свештеник претстои огромна работа и одговорност. За да одговори на сите предизвици неопходно е да почне со работа најпрво од самиот себе си отпочнувајќи го, најпрво, својот духовен и молитвен живот. Како прво задолжение нека му биде осветувањето на своите духовни сили преку здобивање на светите благодатни дарови на Светиот Дух. Ова е најтешкиот дел во работата оти е почетокот на целиот духовен процес за што е неопходна деноноќна работа и труд. Иако е прилично тешко, сепак, да не се предаваме и да не бидеме малодушни зашто Бог секогаш помага па и успехот нема да изостане. За да стигнеме во Царството Небесно секогаш за пример во нашиот живот треба да земеме некои од големите светители и да се трудиме што повеќе да ги следиме со практична или дејствителна вера, која се прави со љубов. Некој ќе рече: па тоа е невозможно во денешно време! Не така, треба да знаеме дека и светителите биле обични луѓе како нас и целото духовно богатство го спечалиле со голем труд, одрекувања, жртви и страдања. Никој од светителите не се трудел да се истакнува со материјално богатство, туку како луѓето, народот, паствата, парохијаните да ги научи во верата. За да се успее во приведувањето во верата на парохијаните најдобар начин е кротоста. Како свештеник на народот треба да даде пример и со збор и со однесување, и со пост, и со милостиња. Има свештеници кои кога проповедаат ги воодушевуваат верниците со убавите зборови, но после кога ќе останат сами се срамат од тоа што говореле бивајќи измачувани од сопствената совест оти му го срамоти знаењето. Пример: не е доволно само убаво да зборуваме за постот, туку неопходно е и лично и да го исполнуваме. Оти ако свештеникот не пости тогаш како можеме да очекуваме да постат парохијаните!?

За да се постигне потребната духовност и молитвено растење, неопходно е да се посвети внимание на следните духовни сили:

1. Прва и основна духовна сила е ВЕРАТА.

Верата извира од стремежот на душата кон Бога оти ние сме создадени по Божји образ. Секој во себе го носи ликот Божји и верата е врската наша со Бога. Кај секој човек, па и кај најголемите атеисти, присутна е верата во Бога со таа разлика што кај некои се развива порано кај некои подоцна, кај некои во права смисла кај некои во погрешни насоки. Но сигурно е дека сите ние верата во Бога ја носиме со себе уште од создавањето. Кај некои таа е насочена кон преодни земни вредности кои можат да имаат само материлана корист, како на пр: култ на личност или додворување кон некои посебни личности од власта, вера во природни сили и вера само во материјалното и сл. Кај христијаните верата треба да е насочена на духовни вредности и нејзина содржина да е Господ Исус Христос Кој е победник над демонот, смртта, човечкиот срам, над гревот. Он помага во испраќањето на Св. Дух за осветување на човечки души, на оние кои што веруваат во Него. Преку таквата вера во Богочовекот христијаните се здобиваат со светите благодатни дарови учествувајќи во светите Тајни и светите добродетели. Тие свети сили, со наша соработка и сотрудништво, не препородуваат, усовршуваат и доближуваат до Бога. Силата на верата кај верните се зацврстува со овие сили и ништо земно не може да ја победи. Таквите луѓе во својата смиреност носат и небесен, духовен, свет. Таква жива вера, која во себе има сили на Вечно Живиот Бог, поткрепена од Светиот Дух, неопходна му е на парохискиот свештеник. Таа, во личноста на свештеникот, треба да резултира со знаењето за Бога и за духовниот свет. Бидејќи свештеникот е на прво, командно, место во духовната борба за здобивањето на духовноста и на неговите парохијани, затоа таквата вера му е неопходна. Затоа Бог така мудро ја поставил свештеничката служба така што секаде се открива нејзината божественост. На пример: кога служиме св. Литургија ќе ја почувствуваме божественоста на Телото и Крвта Христови (св. Причест); кога извршуваме свети Тајни ја чувствуваме Божјата сила, благодатта; во осветувањето на водата – нејзината нерасипливост; во молитвата и благословот – чудотворство. Верата е таа која ја прави свештеничката служба највозвишена. Приливот на светите благодатни сили ќе ги почувствува свештеникот и во отстранувањето на страстите од себе и всадувањето на светите добродетели. Кон ова треба да се отстрани најглавната и најлошата страст, а потоа, сами по себе, ќе се отстранат и другите помали страсти.

Се она што не се негува и чува постепено слабее и умира. Така е и со верата. Секогаш кога верата не се храни постојано со светите Тајни и светите добродетели, дали од немарност или заборавање, благодатните сили се намалуваат и гаснат. (Спореди Јак. 2:17). Лек за овие болести на верата е: враќањето на смирението, преку предизвикување на страв Божји, покајание пропратено со молитвен подвиг и смирение. Оти е речено: “без смирение нема добродетели, туку се е човечка суета“ (Лук. 18: 9-14)

2. Втората духовна сила е НАДЕЖТА.

Таа е тесно поврзана со верата во Бога. Рековме дека предмет на верата е Бог, совршениот дух, жив и неизменлив, полн со љубов и желба да им помогне на своите деца. Затоа парохискиот свештеник треба да се труди за здобивање на овие Божји сили, на благодатта Божја и да се надева само на Бога, а се друго ќе му се додаде.
Сомневањето во силата на верата доведува до паѓање и на надежта или разочарување, а со зајакнувањето на верата во човекот се зајакнува и надежта.

3. Третата духовна сила е РАЗУМОТ или УМОТ.

Секое човечко суштество има разум или ум но зависи од нас кон што ќе го насочиме. Има луѓе кај кои разумот е мерило на сите појави во светот и признаваат само она што е допирливо и сватливо само на разумот, за науката и се друго што е невидливо и несватливо на умот човечки, што е трансцедентно, го отфрлаат. Ние христијаните, исполнети со вера во Господа Исуса Христа, со голем труд, со страв Божји, покајание и молитва создаваме услови за христијанско разбирање на нештата преку верата и душевното смирение. Кога ќе го стекнеме смирението се трудиме да го зацврстиме преку светите Тајни. Во овој дел од работата на свештеникот најважно е да се здобие со што поголем страв Божји. Смирението е силно ако е поткрепено со благодат која пак ни помага да го сочуваме умот од напливот на демоните преку влевањето на нечисти мисли и грешни чувства. Затоа смирението му го дава на умот потребниот мир и чистота. Колку е поголем стравот Божји толку е поискрено покајанието; колку се, пак, условите за појава на страв Божји поголеми толку и смирението ќе биде подлабоко оти смирението е плод на благодатта добиена преку светите Тајни и светите добродетели. Ваквата состојба светиот апостол Павле ја нарекува “ум Христов“ (1 Кор. 2:16). Тоа е состојба на блаженство и божественост но, од друга страна пак, богохулно е и грев да помислиоме дека сме се изедначиле со Бога. Апостолот само ни напомнува дека тоа е новосоздадена состојба на нашиот ум продуховено со Христовите благодатни сили.

Прва особина во ваквата состојба е сознанието дека сме зависни од Бога, па затоа Го славиме;

Втората е сознавање на својата грешност и неосудување на другите, освен самиот себе, и

Тратата особина е, “мирот Божји, кој надвишува секој ум.“ (Фил 4: 7).

Така додека рационалистите стојат распнати во умот од разни расправии и умувања, истоврмено вистинските христијани живеат рајски живот на земјата. Според светите Оци тоа е посебна благодатна состојба која мора да се почувствува па да се разбере.

Понекогаш доаѓа до заборавање на нашиот однос кон Бога (Мат. 13: 25), па со тоа затајуваат и нашите добродетели кои прават да се сочува смирението во нашите души. Кога душата ќе се оддалечи од Бога тогаш и смирението се губи. Впрочем, Благодатта добиена при крштевањето никогаш не го напушта човекот. Таа, со наша соработка, донесува мир во душата. Кога ние ќе ја потиснеме или оттурнеме тогаш се јавува гордоста, во смисла дека Бог не ни е потребен и можеме сами, што е многу погрешно. Како што може таа да се оттргне така може и да се поврати. Тоа значи неопходно е постојано вежбање. Ова му е нарочито неопходно на свештеникот особено при служење на св. Литургија како не би се постојано бранел од навала на грешни мисли и да не му бегаат мислите за време на богослужбата.

Бидејќи смирението и гордоста можат често да се сменуваат во душата на човекот затоа неопходно е да се проверува духовната состојба внатре во нас. Ако проштеваме за сите навреди и ги забораваме, а за оние кои не навредуваат уште и се молиме - тоа добар знак.

Овие две особини: чистиот ум и “Христовиот ум“ кои ги поседуваат ревносните или вистинските христијани им задаваат најголем терет на рационалистите. Тие, рационалистите, велат дека тоа е злоупотреба на човечкиот ум дека со тоа се врши експлоатација на умот. Но ние ќе речеме: продуховеноста на човечкиот ум е услов за откривање на сите тајни на иднината, кои, пак, се непознати за рационалистите. За жал такви, рационалистички, сваќања за светот и човекот сеуште постојат и меѓу нашите парохијани и токму тие се “камен на сопнување“ за многу негативни појави во нашите цркви. Ние сеуште среќаваме луѓе кои јавно велат дека не веруваат во Црквата како духовна, религиозна установа, туку доаѓаат бидејќи се добри патриоти и сакаат да помогнат за македонизмот незнаејќи при тоа колкава штета си прават и на себе си и на црковната заедница. Ако на овошките им ги одземете плодовите тие се обични дрва со лисја и гранки, а не плодно дрво. Таке е и со Црквата. Ако во Црквата ја отфлите верата или светите богослужби таа ќе биде обична зграда, а не Црква. Што поскоро се ослободиме од тој рационализам, кој пак кај нас е последица на системот кој заврши, тоа подобро и за нашите парохии и за иднината на нашите цркви. Во спротивно последиците ќе бидат катастрофални. (Пример од мое лично искуство. Пред некое време, шетајќи низ еден трговски центар, плаза, влегов ов една продавница. Кога продавачката ме виде облечен во мантија, покрај другото, ме праша: Вие сте свештеник? Да, велам. Од која црква сте? И одговорив од Македонската православна црква “Св. Илија“, во Мисисага. Јас сум Православна русинка, ми вели. А каде е твојата црква? ме праша таа. И ја кажав локацијата на црквата. Потоа јас ја прашувам: а каде е твојата црква? Добро прашање, ми вели таа. Јас, вели, не одам во црква. Верувам во Господ, ја почитувам верата, но во црква не одам. А зошто не одиш? ја прашав. Па незнам сметам дека нема потреба да одам во недела на служба бидејќи не сум направила некој голем грев и нема за што да се каам. Па тоа е грешката, и велам, и со мнозина наши луѓе. Голем број од луѓето, особено од посткомунистичките земји, така размислуваат. И велам: ти сигурно имаш пријатели или роднини овде? Да, вели. Па, како ќе се чувствуваш ти, и велам, ако некој твој пријател ти рече: јас те почитувам и те сакам но не сакам да дојдам кај тебе дома и не сакам да те посетам!? Па не би ми било згодно. Ако ние луѓето така се чувствуваме тогаш како ќе се чувствува Господ ако ние сите така размислуваме? Ние, како христијани и Божји чеда, треба да Го бараме Бога и да се сретнуваме со Него. А тоа ќе го направиме само во неговиот дом, во црквата и на светата Литургија, односно преку светата Причест).

4. Следна духовна сила се ЧУВСТВАТА.

Тука јасно се гледа се она што човекот донесува на светот како вродено и она што го имаат ревносните христијани како награда од благодатта добиена при крштевањето. Без нив телесните нагони би го надвасале човечите духовни сили па, во тој случај, радоста ќе му биде суетна, љубовта самољубива и сладострасна, а топлината на духот никаква или пеколна. Ова се случува кај луѓе што се откажале од Бога, но и кај верници кои не работат на своето лично духовно издигнување и усовршување. За христијаните вистински чувства се оние кои произлегуваат од љубовта кон Бога и преку Него кон ближните.

А) Највозвишеното чувство е во ЉУБОВТА.

Христијанската љубов се раѓа од верата во Господа Исуса Христа, а последиците се благодатните дарови испросени преку молитвата. Тоа е дар од Бога Кој е, пак, Бог на Љубовта. (спореди послание на св. ап. Павле до 1 Коринтјаните 13 глава). Тука се опфатени сите особини на христијанската љубов. Како што вели св. ап Матеј (25: 31 – 46) кога Господ ќе му суди на светот преку љубовта ќе му суди на луѓето за сите други добродетели. Таа не се здобива одеднаш туку постепено. Така, почеток на љубовта би бил стравот Божји, односно чувтството да не Го ожалостиме Бога со некој личен грев. Повисок степен би бил ако за време на молитвата имаме чист ум, без лоши мисли и грешни чувства. Достигнувајќи го ова тоа значи сме го достигнале врвот на оваа добродетел. Тогаш се молиме на Бога за своите пријатели и за своите непријатели оти тогаш сите луѓе ни се блиски како свои ближни.

Кај светите Оци е речено дека Стравот Божји е “почеток на мудроста“, односно стравот Божји го прави почетокот на севкупното добро дело, додека, пак, љубовта кон Бога претставува совршенство и завршување на добрите дела. Значи, стравот Божји го образува почетокот на спасението, а љубовта кон Бога, која го “исфрла“ стравот, е завршување на спасението. Оти оној кој љуби живее само во Бога. Значи оној кој прави добри дела од љубов, без некоја друга цел, таквиот ја достигнал мерката на совршенство.

И покрај тоа што во предходно спомнатото послание (1 Кор. 13) опфатени се сите особини на љубовта, сепак, светите Оци разликуваат неколку видови на љубов и тоа: - Духовна љубов, односно љубов кон Бога и ближните. Тоа е христијанската љубов која ја проповеда Црквата.
- Природна љубов т.е. љубов кај младите, кај сопружниците, кон родителите, кон децата и сл.
- Љубов од гордост и од празна слава, кога некој ги сака само оние кои го фалат и зборуваат добро за него.
- Љубов од интерес, кога некој го љуби ближниот поради пари, поради дарови и сл.
- Телесна љубов, а тоа е љубов од страст.

Љубовта може да се намали или потполно да исчезне од душата на човекот, доколку постанеме самољубиви, егоисти, гневни или пак било каков друг грев да сме направиле. (1 Сол. 5:19). Со враќањето на смирението се повраќа и љубовта. Оти гневниот и лутиот човек како и немирниот дух не можат да љубат и да сакаат. Затоа и светите Оци велат дека смирението и милосрдието се најголемите непријатели за ѓаволот и нечистите духови. Христијанската или духовната љубов е неопходно да ја поседува парохискиот свештеник и тој да биде пример за тоа.

Б). РАДОСТА ВО БОГА е исто така израз или плод на чувствата. Верувам дека секој се почувствувал од вас благопријатно за време на молитва, празнување на верски празник, при светтата Причест или после некое извршено добро дело. Ваквото чувство е пропратено со тивко смирение во душата. Доколку парохискиот свештеник се “заборави“ и се оддаде на немарност во приватниот живот или духовна поспаност (Мат. 13: 25) на својот духовен живот, разни неволји можат многу да го оштетат и радоста да се изгуби. Ова се случува кога заборава дека се во животот постигнал со Бога и дека Божјата сила е таа преку која се прима и се испраќа. Бог од нас бара со душата никогаш да не се одвојуваме од Него оти постојано сме под присмотра на злото.

В) БЛАГОДАТНАТА ТОПЛИНА во душата настанува како плод на чувството на Божјата блискост. Таа се одржува преку молитвата, преку учество во светите Тајни и светите добродетели. Доколку душата ја зафати духовна ладнокрвност па не чувствуваме потреба за молитва тоа е знак дека нашите верски сили не се усмерени кон Бога, туку кон нешто суетно. Ако свештеникот успее чувствата да му останат продуховени тоа е уште еден добар знак и успех во неговата свештеничка работа.

5) Следна духовна сила е ВОЛЈАТА.

Секој човек има слобода на одлучување и тоа: кон доброто – кое го води во морално усовршување, и кон злото кое го води кон морално паѓање или сатанизација на својата личност. Како потврда кон тоа дека човекот има потполно слобода во одлучувањето нека ни послужат зборовите од Евангелието кога Господ Исус Христос вели: “Ако сакаш да бидеш совршен...“ или “Кој сака да иде по Мене..,.“ или кога повикува, “Тргнете по Мене...“ (Мат. 19:21; 16: 24 Лук. 5: 27). Овие места јасно ни зборуваат за слободата во одлучувањето. Христос не вели мораш да појдеш по Мене или Јас ти заповедам да појдеш по Мене. Он остава на слободната волја на човекот. Некои од протестантите велат дека нема слободна волја туку Господ однапред определил кои луѓе ќе се спасат, а кои не. Па ако нема слободна волја, како што велат тие, зошто тогаш вакви опомени, зошто Суд Божји? Ослободувањето од гревот се постигнува преку живеењето со Бога, светите Тајни и светите добродетели. Доколку не се ослободиме од гревот ќе бидеме “робови на гревот“ со сите сили негови и духот негов. Оти е речено: “секој кој чини грев, роб е на гревот“ (Јак. 18: 34) . Нам ни е понудена “волјата Негова“ (Молитвата “Оче наш..“, “Нека биде волјата Твоја...“). Тоа значи да се одречеме од нашата грешна волја и од се што е грешно и тогаш сите наши чувства ќе бидат проникнати со Божјата волја.

6) Следна и многу важна особина на човечките духовни сили е МОЛИТВАТА.

Таа се раѓа од верската моќ на човекот. Што посилна вера толку посилна молитва, или како што е речено: “благодат за благодат“ (Јован 1:16). Треба да знаеме дека секоја добродетел се раѓа од верата со помош на молитвата, односно од Бога и соработката на човекот со Него. Молитвата е најпрва работа или прва лекција што секој верник треба да ја научи, а свештеникот треба да биде пример во вистинското молење. Ослабувањето на верата во Бога е најголемата причина за ослабување на молитвата. Токму поради тоа денес протестантите најповеќе ги прелажуваат некои православни, бидејќи наместо долгите молитви, односно богослужби, тие практикуваат пеење песни и проповед. Така ги маѓепсуваат и привлекуваат најслабите во верата. Ако немаме трпение да се задржиме час и половина на молитва во црквата (на св. Литургија) и да се молиме за прошка на нашите сопствени гревови, тогаш како ќе имаме трпение да престојуваме во сета вечност на небото? Ако сакаме да испросиме опростување на гревовите од Бога тогаш молитвата треба да ни биде постојана.

Умносрдечната молитва, како што вели митрополитот Наум, е најголемото достигнување во духовниот живот. Соединувањето на умот со срцето се состои во соединувањето на духовните чувства на срцето. Поучувајќи не за молитвата Господ Исус Христос дал и неколку упатства.

- При читањето на молитвата не смееме да бидеме само обични читачи на текстот, а остсутни духовно. Тоа не е молитва. Неопходно е да се внимава на секој збор од молитвата. Пред да почнеме да се молиме траба да размислиме пред Кого излегуваме и со Кого разговараме. Ако во секојдневниот живот правиме посебни подготовки за средба со некоја висока личност, тогашп уште повеќе треба да се подготвиме за средба со Бога преку молитвата. Оти молитвата е разговор, средба, на душата со Бога.

- Неопходно е однапред да размислиме за предметот и содржината на нашата молитва, односно што бараме од Бога. Најпрво треба да Го славиме Бога за се што направил во светот и за сите совршенства. Ова е наша заедничка должност со светите ангели. Потоа Му благодариме за сите добрини што ни ги направил и со кои постојано не опсипува. Кога во душата ќе го почувствуваме благодатното дејство на молитвата дури тогаш да побараме од Бога она за што имаме потреба. И овде, во молитвата, стравот Божји има силно влијание па затоа ќе речеме - што поголем страв Божји имаме во себе толку и смирението ќе биде подлабоко и молитвата повнимателна. Љубовта наша е таа која ги принесува нашите прозби кон Бога. Затоа колку посилна љубов толку поревносна молитва.

- Молитвата треба да биде постојана и упорна но не и дрска. За упорноста во молитвата нека ни послужи примерот од св. Евангелие со жената вдовица (Лк. 18: 1-8). Бог знае за што имаме потреба уште пред да ја изговориме молитвата но, сепак, Он бара од нас за се да Го прашаме и да бидеме во постојан контакт со Него. Кога ќе почувствуваме во себе радосно одушевување за време или после молитвата тогаш да се надеваме дека ќе го добиеме она за што сме се помолиле. Парохискиот свештеник треба сите овие моменти и елементи на молитвата добро да ги познава и да ги поучува своите парохијани.

На крајот ќе речеме: свештеничката служба е највозвишената работа не само во Црквата туку и на земјата воопшто. Ако епископот ја има улогата на Мојсеј, свештениците се слично на оние седумдесет старешини народни, за кои Бог му вели на Мојсеја: “ Ќе земам од Духот што е на тебе и ќе го ставам на нив, та тие да го носат товарот на народот и повеќе да не бидеш сам“ (4 Мој. 11:17). Така свештениците во христијанските заедници – Црквите се продолжение на старешините што ги раководеле тогашните заедници, но во едно друго време и народ кој сега е осветен од Светиот Дух, преку светото Крштение.

Тие, односно ние, како проповедници на Евангелието, пред се, треба да бидеме духовни и морални личности; носители на светите благодатни дарови и сили, како и на христијанските добродетели. Ако парохискиот свештеник врз себе, и кон себе, ги провери и исполни сите вистини и дисциплински закони на нашата Православна вера тогаш и парохијаните ќе почувствуваат дека тој, не е глумец, не е дуќанџија или занаетчија, туку дека зборува она што е негов личен живот, негов подвиг и негово убедување.

Затоа св. Јован Златоуст вели: “ Свештенослужењето се врши на земјата, но чинот се добива на небото. Ерархијата не ја востановил човек, ниту архангел, ниту некоја создадена сила, туку Самиот Утешител Господ Исус Христос Кој луѓето, се уште облечени во телото, ги поставил да бидат претставници на ангелското служење. Заради тоа свештенослужителот треба да биде толку чист, како да стои на небото сред небесните Сили. (св. Јован Златоуст, “Шест книги за свештенството“, Трета беседа). Треба да биде внимателен, и да отвори четири очи и да внимава на сите страни (и на сите свои постапки), бидејќи не живее само за себе, туку и за многумина“ (1 Тим. 3, 1-12). Заради тоа душата на свештеникот од сите страни треба да блеска од убавина за да може да ги радува и да ги просветува оние што ја гледаат.

_____________
П.С. Во последно време се актуелизира прашањето за воведување на лица од женскиот пол во редот на свештенството. Некои христијански заедници ракополагаат жени и за свештеници и за епископи, па оттаму и наши луѓе прашуваат: зошто во нашата Црква не е дозволено жени да бидат ракоположено во свештенички чин? Спомнавме и предходно дека свештенството во Црквата не е нова појава туку води потекло упте од Мојсеј и Арон и синовите Левиеви, но никогаш никому не му е дадена заповед да ракополага лица од женскиот род.

Во времето на апостолите имало жени кои силно ги почувствувале даровите на Божјата благодат. Всушност, жените беа првите гласници за Христовото Воскресение. Некои од нив се спомнуваат и во Новиот Завет како на пр: Марија Магдалина, Марија Клеопова, Саломија, Марта и Марија, и други. Голем е бројот на жените кои се прославиле со мачеништво и подвизништво во историјата на Црквата, но никој не заповедал дека жените треба да бидат дел од црковната ерархија.

Неоспорно е дека улогата на жената во Црквата е огромна особено во семејството околу воспитувањето на нејзините чеда во духот на Православието. Така било и во Старата Црква кога жените се грижеле за редот во Црквата, помагале при воведувањето во верата на катихумените (оние кои се подготвувале за крштевање) ги учеле во основните вистини на верата, помагале при крштевањето на жените, помагале на болните во болниците, служеле при трпезата на љубовта, ја делеле милостињата, помагале во храмот околу одржување, чистење, ткаење теписи, завеси, одежди за свештениците и сл. но немале никаква хиротонија или некаков црковен чин. Тоа било само ополномоштување од црковните власти за служење и помагање. Тие помагале и при светите богослужби и се грижеле за редот во храмот, но не биле извршители на истите. Тие биле во служба на Црквата, а Црквата се грижела за нив, а кога имало потреба и материјално ги помагала. За секоја нивна работа го известувале епископот или свештеникот.

Така е и денес. И денес во нашите цркви има лица од женскиот род кои се грижат и кои се инволвирани во животот на Црквата помагајќи секаде каде што можат. Впрочем, без жените и женските секции нашите цркви овде не можат да опстојат но, сепак, тоа не дава право тие да бидат ракоположени во некој ерархиски чин.

Монахињите се лица од женскиот род кои се определиле постојано да живеат и служат во храмот или манастирот но тие немаат право да извршуваат свети богослужби.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Litvinenko Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 02.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 52
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Litvinenko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2008 во 21:35
Ако бог е црквата,и човекот се обожува во неа ,и бог е во човекот,колку богови шетале по земјата,без да го рачунаме Исус?
„Затоа ти повикувај и биди истраен,онака како што ти се наредува,а не се поведувај по нивните барања,и кажи:„Јас верувам во сите книги кои ги објавил Аллах,и наредено ми е праведно да ви судам;Сура42
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2008 во 22:59
Побратиме, секое срце во кое вистински живее Чистото СЛОВО и ДУХ БОЖЈИ е ХРАМОТ БОЖЈИ!

Колкав е точно бројот на Вистинските Живи камења од кои е соградена црквата (Храмот? ), тоа потполно точно само БОГ го знае!

Едно е сигурно, сакан побратиме: БОГ не живее во камен или во Храмови градени од човечка рака, туку во срцата на своите најмили чеда за кои го жртвуваше највредното!

ДајБОЖЕ сите луѓе заедно да се разбудат за СОВРШЕНАТА ВИСТИНА!

Иншалах

   


Изменето од spiros - 21.Декември.2008 во 23:00
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2008 во 23:06
Koja e temata za diskusija tuka?
Ili i ova e uste edna zalepena seminarska koja go zloupotrebuva forumov za propaganda?
 
p.s. eh sto bese forumov edno vreme, a sto e sega тага
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Litvinenko Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 02.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 52
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Litvinenko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2008 во 01:37
Originally posted by spiros spiros напиша:

Побратиме, секое срце во кое вистински живее Чистото СЛОВО и ДУХ БОЖЈИ е ХРАМОТ БОЖЈИ!

Колкав е точно бројот на Вистинските Живи камења од кои е соградена црквата (Храмот? ), тоа потполно точно само БОГ го знае!

Едно е сигурно, сакан побратиме: БОГ не живее во камен или во Храмови градени од човечка рака, туку во срцата на своите најмили чеда за кои го жртвуваше највредното!

ДајБОЖЕ сите луѓе заедно да се разбудат за СОВРШЕНАТА ВИСТИНА!

Иншалах

   

spiros gi gledas li paganizmite tuka...koga nekoj go jade Isusovoto telo ili ja pie negovata krv...shto e toa za tebe te molam?Pa ne da veruva deka kamenot i temelite se bog,tuku i veruva deka i bog e vo nego..nema tuka metafori..ova se luge koi se smetaat za bozestva,a vikaat deka se hristijani...aj dvojstvo,aj trojstvo,aj bog vo crkva,aj bog vo coveka...aj bog vo predmeti osveteni i aj najdi mu kraj na ova...samo ne filozofiraj kazi mi samo deka ne postojat luge hristijani koi od mosti i mrtovci nebaraat svetost,i deka ne se smetaat sebesi za bozestva i svetci...a aber nemaat od bozjeto!
Pa sekoj u bardovci moze da se smeta deka ima nekakvo nadahnenie...rabota e kolku nekoj navistina veruva vo Ediniot Bog,i gi sledi Negovite Upastva....i Mu se pokoruva!

Изменето од Litvinenko - 25.Декември.2008 во 01:39
„Затоа ти повикувај и биди истраен,онака како што ти се наредува,а не се поведувај по нивните барања,и кажи:„Јас верувам во сите книги кои ги објавил Аллах,и наредено ми е праведно да ви судам;Сура42
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 09:34
Originally posted by Litvinenko Litvinenko напиша:


spiros gi gledas li paganizmite tuka...koga nekoj go jade Isusovoto telo ili ja pie negovata krv...shto e toa za tebe te molam? ...


Во една трошка од ТЕЛОТО на ЉУБОВТА БОЖЈА и една капка од МИЛОСТА НЕГОВА (земена со потполна вера) има појќе Благодет од се друго во универзумот!   

Телото и крвта на МУДРОСТА БОЖЈА е сосема поинаква од месото и крвта на овој свет!
Преку причестата со лебот и сокот на гроздот, во човекот почнува да се отелотворува МУДРОСТА БОЖЈА и тој човек има се помалу потреба од овој свет а се повеќе од ХРИСТОВИОТ, во кого нема нити убиство, нити крвопролевање, нити билокаква поинаква гнасотија!

Најголемата катастрофа на овој свет е неверата и пред сё безверното земање од ТЕЛОТО и КРВТА на МУДРОСТА БОЖЈА !

   

     
     

Изменето од spiros - 29.Декември.2008 во 15:09
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.