IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Забава, разно, игри, интима
  Активни теми Активни теми RSS - Шоуменот Боки Тринаесетка собра илјадници
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Шоуменот Боки Тринаесетка собра илјадници

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
alan ford Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Techno thief

Регистриран: 02.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 10782
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alan ford Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 11:30
...of mori majko
I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
Кон врв
mileg Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mileg Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 11:26
Естрадната изрека „Вредиш толку колку што имаш публика на концерти“, во случајот со Боки Тринаесетка покажа дека тој вреди над 6.000 концертни обожаватели. Обожавателите, кои во овој број завчера вечерта до последното место ги исполнија трибините и партерот на новата скопска сала „Борис Трајковски“, еуфорично и со скандирање ја следеа и ја поддржуваа неговата тричасовна сценска забава. Појавувањето на Боки во фустан со блескави кристали „сваровски“ беше нестрпливо дочекано, 45 минути по закажаниот почеток од 20 часот. Првата песна беше „Боли ме уво за све“ од Лепа Брена, а шоуменот го исполни целиот прв блок со песни од оваа фолк-пејачка. Изведбата на „Миле воли диско“ му ја посвети на својот татко Миле. Додека на сите песни од Брена на сцената танцуваа петнаесетина танчарки, на „Робинка“ излегоа момци дополу разголени, кои го обиколија Боки и изведоа полуеротска кореографија. Домаќинот на вечерта во дует со првата гостинка, Мартина, ја испеја традиционалната македонска песна „Јовано Јованке“, а веднаш по нив гостинот од Белград, Бојан Бјелиќ, со брзи ритми го задржа нивото на разиграност. Потоа Боки повторно завладеа со сцената, овој пат во елегантен црн фустан и со репертоарот на Цеца, Харис Џиновиќ, Даниела Мартиновиќ... Ексклузивците на белградската продукција „Гранд“ беа „шлаг на тортата“, по кои во еуфорично расположение врескаа млади девојки и момчиња помлади од 12 години, мајки со мали деца, возрасни жени. Српски тубро-фолк песни испеаја Тања Савиќ, Данијела Враниќ, Милан Станковиќ, Радмила Манојловиќ, Бане Моичевиќ... Третото појавување на контроверзниот шоумен Боки Тринаесетка беше врзано со изведба на песни од Есма и други ромски песни, за некаде кон средина на блокот да го отфрли „ромското“ здолништето и да остане по тесни кратки панталони. Пред крај ја изведе песната „Зошто си ме мајко родила“, која ја посвети на својата мајка. Настапот на Стоја беше при крајот, пред Боки и Биг Мама да ја изведат евровизиската песна „Холивуд“, и последниот бис на Боки. Боки особена благодарност изрази до телевизијата А1 која го поддржува во неговата кариера. Меѓу многубројните гости се појави и балканската гатачка Клеопатра, која соопшти дека „во Македонија нема да има повеќе војни“, но и дека „Боки пее како Калиопи“. За музичкиот дел беа задолжени групата „Ж‘тем“ и придружните вокали, како и специјалните гости, лимен оркестар. Концертот се одликуваше со извонредна сценска и техничка подготвеност, многубројно и строго обезбедување кое инсистираше на дисциплина - ред при влегување, пушење само на дозволени места, како и забрана за грицкање и за пиење сокчиња. Извикан, озборуван, фален и посетен, факт е дека завчера вечерта Боки постави нов рекорд - кој во скоро време е невозможно да го постигне кој било од актуелнава домашна естрадна сцена.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,857 секунди.