IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за зимница
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за зимница

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 8>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 16:57

Печи - гмечи

1.Пиперките се потпекуваат, ама не многу, да не поцрнат, се ставаат во најлон кеса.
2. Лукот се чисти, се сецка, магоносот се сецка и се измешува со лукот и солта.
3. Во загреани тегли се реди неколку пиперки, 1 лажица од смесата со лук, сол и магдонос по малку масло и оцет и се притиска со толчник, се повторува се додека не се наполнат теглите. Се завршува со масло.
4. Веднаш се затвораат теглите, се завиткуваат и се остават да се изла




Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2013 во 23:36
Originally posted by zagor zagor напиша:

Vardarsko-pelagoniski ajvar(licenciran)

120 kg piperki crveni....

65 parcinja modar patlidzan

6 i pol  sisinja maslo

 pripremata e standardna...pa vie kako sakate...pogore e opisana na ist nacin.se pece lupi vari pakuva i se skladira za zimo..ak ne skisne do togas.големо гушкање



120 кила пипер,65 модри патлиџани ?? па мука ми е само што прочитав,а не па да земам да го правам...  дур да испечам,излупам,измелам количинава ... Квазимодо во грб ќе се сторам
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2013 во 23:25

Vardarsko-pelagoniski ajvar(licenciran)

120 kg piperki crveni....

65 parcinja modar patlidzan

6 i pol  sisinja maslo

 pripremata e standardna...pa vie kako sakate...pogore e opisana na ist nacin.se pece lupi vari pakuva i se skladira za zimo..ak ne skisne do togas.големо гушкање

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 16:45

Руска салата (Зимска салата)

Руска салата (Зимска салата)

Состојки

  • 1кг. корнишони
  • 1кг. моркови
  • 1кг. карфиол
  • 1кг. зелка
  • Солило
  • 750мл. алкохолен оцет
  • 250мл. вода
  • 500мл. зејтин
  • 250гр. шеќер
  • 150гр. сол
  • бибер по желба

Подготовка

Во мојата фамилија зимската руска салата се подготвува со години и тоа по овој рецепт. До сега немав потреба јас сама да ја спремам, зашто секогаш се наоѓаше некој од блиските да ја спреми за мене =). Овој пат решив јас да си ја подготвам и да го споделам рецептот со вас.

Подготовка
Зеленчукот убаво се мие и се чисти. Корнишоните и морковите се сечкаат на кругчиња. Карфиолот се дели на мали цветчиња (парчиња), а зелката ситно се сецка (ренда).
Во едно длабоко тенџере ставете ги најпрво морковите, врз нив наредете ги корнишоните. Над корнишоните се реди карфиолот а најодозгора зелката.
На страна во теџере се ставаат сите состојки за солилото и се става да зоврие. Откако ќе зоврие се попарува зеленчукот, се поклопува со капакот и се остава така да отстои 15 минути.
Отворете го малку капакот од тенџерето со зеленчук и исцедете го солилото во тенџерето во кое претходно се варело. Повторно ставете го да зоврие и уште еднаш попарете го зеленчукот. Повторете го тоа и по третпат.
Откако по третпат сте го попариле зеленчукот, оставете така убаво да се олади најдобро преку ноќ. Наредниот ден полнете ги теглите со салатата. На крај, дополнете ги теглите со солило и затворете ги убаво со капаците.
Зеленчукот одберете си го по ваша желба. Јас во рецептов го напишав мојот избор. Може да ставите и пиперки, зелени домати....Бибер напишав по желба зашто нема некоја мера, ама отприлика треба да рачунате со една кесичка бибер. Од оваа мера излегуваат некаде околу 6-7 тегли.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2013 во 19:51



Печени пиперки за зима


5 кгр. меснати пиперки (може бабури)
масло
сол
вински оцет

Испечете ги пиперките и оставете ги на ладно место да стојат еден ден. Утредента ставете го во едно тенџере маслото да се загрее многy и секоја пиперка провалкајте ја во маслото и веднаш извадете ја и редете ја во топла тегла. Секој ред пиперки посолете го по малку. Теглата налолнете ја и да остане З прста празна. Оставете ги пиперките уште еден ден, па потоа налејте ги со вински оцет. Теглата не ја врзувајте, туку ставете мало чиниче затоа што пиперките вријат. Кога ќе заврши вриењето додајте уште оцет како би се дополнила теглата. Сега теглата поврзете ја и оставете ја со другата зимница.


Изменето од Valerija - 17.Септември.2015 во 21:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 22:45

Апетитка со везени чушки

Апетитка со везени чушки

Состојки

  • 3 кг црвени везени пиперки (лути )
  • 5 кг патлиџани
  • 300 гр масло

Подготовка

Ова е рецепт за еден прекрасен додаток на вашата софра.
Заради тоа што е премногу луто, јас решив да го изменам малку рецептот, па така изменет го спремам две години наназад.
Наместо да ставам 3 кг лути везени пиперки, јас ставам 1,5 кг благи везени и 1,5 кг лути везени.
Ги сецкаме пиперките и ги ставаме да се пржат на оган заедно со маслото.
Откако ќе се пропржат, се вадат од шерпата и во истата шерпа на истото масло се додаваат патлиџаните ситно сецкани.
Се пржат убаво патлиџаните и кога ќе добиеме густичка смеса од домата, назад во шерпата ги враќаме пиперките.
Промешуваме и посолуваме по вкус.
Пржиме уште 10 минути и топло го собираме во млаки теглички.
Добро ги затвараме теглите и веднаш ги редиме во сад со млака вода да зовријат и се вакумираат добро.
Откако ќе зовријат ги тргам на страна и така ги оставам во садот со вода додека не изладат.
Овака подготвената апетитка може да стои со години, но не верувам дека ќе издржи толку време, а да не се изеде....
Јас ја собирам во мали теглички затоа што го користам како додаток на ручекот оти е многу лутко.
Да не отварам голема тегла, па да стои подолго во фрижидер, малите ми се совршени за ова.
Мене ми се допаѓа, а вие пробајте, па кажете.....
На здравје!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 22:24

Ајвар на мој начин

Ајвар на мој начин

Состојки

  • 60 кг пиперки ајварски
  • 32 парчиња модар патлиџан
  • 3 литра масло

Подготовка

Време за зимници, за некого тежок, за некого интересен период.
Сите правиме различни зимници, па затоа овде сме да споделиме и размениме некој рецепт. Еве го мојот рецепт за овогодинешниот ајвар.....

Пиперките ги миеме и ги оставаме да се исушат.
Го палиме ќумбето и почнуваме со нивно печење.
Печените пиперки ги редиме во кеси и оставаме да се изладат.
Откако сме испекле почнуваме со лупење на пиперките.
Постапката ја повторуваме и со модрите патлиџани.
Откако сме ги излупиле пиперките и патлиџаните, ги ставаме во цедалка или мрежести вреќички да се исцедат од водата која ја пуштиле.
Потоа се мелат и се спремни за пржење.
Најпрво во шерпата го додаваме едното литро масло, па потоа ја префрламе мелената мешавина од пиперки и патлиџани.
Пржиме додека смесата не почне да се намалува во тавата, па додаваме уште две литри пополека во пржењето. Посолуваме. Пржењето трае подолго, затоа велам дека е најмачен во цела зимница.
Во мојот случај се пржеше приближно 5 часа.
Ајварот е готов кога ќе почне да се одделува од тавата. Прави пат како што велат постарите. Некој сака да го види маслото над ајварот кога е готов. Јас, не го сторив тоа.
Кога е готов веднаш се собира во претходно затоплените тегли и се затвара топол.
Додека го собирам во теглите, ставам друга тава со вода да се затопли. Готовите тегли веднаш ги редам во топлата вода и ги оставам да повријат, да се вакумираат капаците.
Вака подготвениот ајвар може да стои повеќе години, иако тоа не е случај кај мене. Се јаде додека да трепнеме....
Времето за подготовка е малку подолго и одзима околу два дена пополека. Вкусот е незаменлив... Минувајќи по уличкиве, мами миризот на топло ајварче... па ајде да ве видам не направете... хаха....
На здравје со вкусното ајварче и не заборавајте да земете крепа сиренце.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 22:23

Цепкан ајвар

Цепкан ајвар

Состојки

  • 10 кгр. ајварска пиперка
  • 500 мл. зејтин
  • 3-4 лажици оцет
  • по вкус сол

Подготовка

Се мислев дали да напишам рецепт за ајвар... нема македонка што незнае да направи ајвар по било кој рецепт и секогаш успешен, нашиот ајвар е познат во светот, но сепак се одлучив да напишам за ајварот за кој не го мелам пиперот, туку го цепкам, не додавам ништо - ајвар само од пиперка.
ПРИПРЕМА
1. Се печи добро пиперот, се става во најлон кеса или во сад кој го поклопуваме и оставаме да одстојат малку како би се полесно лупеле.
2. Излупениот и од семките исчистен пипер се цепка.
3. Во шерпата во која ќе се вари на дното се става малку од зејтинот, се истура пиперот, а останатиот зејтин се загрева и се попарува пиперот. Се промешува и се остава да одстои околу 15 мин, по што се става на оган и се вари околу 1 час.
4. Пред самиот крај се додава оцетот и солта по ваш вкус, се меша и кратко се пропржува, се трга и се полнат теглите со топол ајвар, се затварат со капаците, се завиткуват во ќебе - да оладат.
Придружете ги овие тегли во друштвото на останатата спремана зимница!
Нека ви е слатко!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 22:22

Ајвар со сенф

Ајвар со сенф

Состојки

  • 20 кг црвени пиперки
  • 10 големи црни домати
  • 2л масло
  • 2 раце сол
  • 2 раце шеќер
  • 1 мал филџан јаболков оцет
  • 2 лажици сенф

Подготовка

1. Пиперките и црните домати се печат, лупат и се оставаат да се цедат цела ноќ.
2. Следниот ден се мелат во машина за мелење.
3. Во големо тенџере се става ½ л масло, а потоа пиперките. Се пржи. По половина час се додаваат црните домати.
4. Сето заедно се пржи во тек на пржењето постепено се додава масло (вкупно да се потрошат 2 литри масло) , 2 раце сол, 2 раце шеќер , еден мал филџан јаболков оцет и пред вадење 2 лажици сенф.
5. Пржењето трае окулу 3 часа.
6. Жешкиот ајвар се собира во жешки тегли.




Изменето од Valerija - 24.Септември.2013 во 22:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 22:21

Ајвар 3 во 1 (со морков, модар патлиџан и сенф)

Ајвар 3 во 1 (со морков, модар патлиџан и сенф)

Состојки

  • 30кг црвени пиперки
  • 8 модри патлиџани
  • 3кг морков
  • 1,5л масло
  • 3 лажици сенф
  • 8 лажици шеќер
  • 4 лажици сол

Подготовка

Сезоната на ајвар започна и еве еден предлог од мене.
Пиперките се мијат, печат и лупат на вообичаен начин - значи да се одстранат семенките.
Морковот се вари додека убаво омекне.
Модрите патлиџани се печат, лупат и се оставаат преку ноќ заедно со исчистениот пипер да се одцедат.
Утредента се мелат низ машина за мелење месо. Зејтинот се истура во шерпа и се загрева, па врз него се истура зарзаватот. Ајварот се пржи со постојано мешање додека лажицата не почне да прави пат (народски)
Од како ќе се испржи врел се собира во врели тегли и се остава да се олади, а потоа се складира.
На крај одкако ќе биде готов кај нас задолжително се печат колбаси на жар и ајварот може да се проба.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 15:52
Салата од везен пипер и цвекло

2 кг. везени пиперки (потпечени и исецкани на тркалца)
4 кг. варено цвекло (исецкано на коцки)

1 чаша шеќер
3 филџани оцет
400 мл. зејтин
1 пакетче бибер во зрно
сол и лук по вкус
може и магдонос

Стои покриено 12 часа и се собира во тегли, се притиснува смесата за течноста да излезе на површина и се затвараат теглите.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 15:52
Права туршија
10кг вода
300 гр сол
250гр ексенција
10гр конзерванс
20гв винобран
________________________________________
Туршија од црвен пипер
40кг лонец
6 л вода
3 кг бел оцет
1 кг сол
1 л масло
Сето тоа се става да зоврие и врело се се сипува врз пиперките и се става камен за тежина.
________________________________________
Пеглани пиперки
50- 60 КГ ајварски пиперки
250 гр шекер; 250 мл масло
150 гр сол;2 китки магдонос
1 чаша за кафе ексенција
Од оваа смеса се полни секоја пиперка по 1 лажичка и се редат во тенџере и се натискаат со нешто тешко.
Следниот ден се собираат во тегла а сосот кој ке остане се полива во теглите.
По потреба се стават и лукче.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 15:50
Кисели краставички

Потребни состојки:
2 кг. краставички
2 л. оцет
1 л. вода
30 гр. шеќер
2 главици кромид
1 врзоп копар
Сол
Бел, црн и зелен бибер

Краставичките ги миеме и ги оставаме да се исцедат, потоа со игла ги дупчиме на неколку места и ги редиме во тегли. Во теглите додаваме сечкан кромид, копар и од трите видови бибер. Во тенџере на оган ставаме да зовријат водата, оцетот, шеќерот и солтта, ако има потреба додаваме уште сол. Со зовриената течност ги прелеваме краставичките, ги затвораме и ги ставаме во рерна околу 30 минути да се издинстаат на температура од 90оС. Теглите ги чуваме во темна и сува просторија, каде што стои останатата зимница.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 14:10
ова е не е баш зимница, ама....голема насмевка

Чваркииииии!

Чварки

СОСТОЈКИ

ПОДГОТОВКА

  1. Сланина во вода1.Сланината потопете ја во вода и оставете ја да отстои барем 2 часа (а подобро и цела ноќ) за да се измие убаво од крвта.
  2. Исечкана сланина2.Измиената сланина исечкајте ја на коцки со големина 2х2 см. Коцките ставете ги во подлабоко тенџере и додадете околу 1 литар вода (околу 3/4 од парчињата сланина да бидат потопени).
  3. Спремна за пржење3.Ставете го тенџерете на силен оган додека да зоврие водата и повремено мешајте за да не загори. Кога ќе зоврие водата, намалете ја температурата и продолжете со варење на умерена температура (повторно со повремено мешање). За ова време течноста прво ќе стане матна (емулзија од маст и вода), а потоа ќе се избистри (само маст).
  4. Исцедена маст4.По околу 2.5 часа варење и откако ќе стане течноста бистра, исцедете ја маста во посебно тенџере. Чварките вратете ги во истото тенџере да се пржат уште се додека не добијат убава златесто-кафена боја) ама со постојано мешање за да не загорат.
  5. Подготовка на чварките5.Кога чварките ќе потемнат, повторно исцедете ја маста и пржете ги уште многу малку (околу 10-тина минути). После пржењето повторно исцедете ги, и притискајте ги со лажица (за гмечење компири за пире) за да се исцеди што е можно повеќе маст.
  6. Сервирани чварки6.Исцедените чварки префрлете ги во посебен сад и веднаш посолете ги по вкус. Се служат топли, а богами и ладни.
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,313 секунди.