IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига Европа
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига Европа

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 10>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2011 во 06:08
Металург против Локомотив од Софија

Освојувачот на македонскиот куп, екипата на Металург ќе стартува од второто квалификациско коло и како неносител во извлекувањето за противник ја доби екипата на Локомотив од Софија. Оваа екипа ни е веќе добро позната од сезоната 2006/07 кога во УЕФА купот го елиминираа тогашниот освојувач на македонскиот куп, Македонија ЃП.

Другите наши два претставника во Лига Европа во вторто коло за евентуални противници ќе ги имаат тимовите од Сан Марино, односно Украина. Тимот на Работинички ќе има полесен распоред и доколку го совлада Естонскиот претставник во првото коло, во второто ќе се сретне со Јувенес Догана од Сан Марино, а тимот на Ренова ќе има тежок двомеч со тимот на Ворсклав.

Натпреварите од првото квалификациско коло се играат на 30 јуни и 7 јули, а второто квалификациско коло ќе се игра на 14 и 21 јули.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 05:55
Лига Европа - резултати

Денеска на програмата беа 25 меча од 1. коло во квалификациите за Лигата на Европа, а постигнати се следниве резултати:

Банантс - Металурги Рустави 0:1 (0:0)
Олимпик Шивалан - Минск 1:1 (1:1)
Банга - Карабах 0:4 (0:2)
Транс Нарва - Работнички 1:4 (1:1)
Рад - Тре Пене 6:0 (4:0)
Даугава - Тромсо 0:5 (0:2)
Елфсборг - Фола 4:0 (3:0)
Хонка - Номе Калју 0:0
Вараждин - Луситанс 5:1 (2:0)
Ференцварош - Улисес 3:0 (2:0)
УЕ Санта Колома - Пакш 0:1 (0:1)
Алесунд - Нит Атлетик 4:1 (2:1)
Динамо Тбилиси - Милсами 2:0 (1:0)
Спартак Трнава - Зета 3:0 (1:0)
Фуглафјордур - Рејкјавик 1:3 (1:2)
Вестманејар - Сент Патрикс 1:0 (0:0)
Керјенг - Хекен 1:1 (0:0)
ТНС - Клифтонвил 1:1 (1:1)
Фулам - Рунавик 3:0 (1:0)
Јагјелонија - Иртиш 1:0 (0:0)
Биркиркара - Влазнија 0:1 (0:1)
Ренова - Гленторан 2:1 (1:1)
Копер - Караганди 1:1 (0:0)
Широки Брег - Олимпија 0:0
Будуќност - Фљамуртари 1:3 (0:1).


Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2011 во 00:19

Работнички го посакува Атлетико Мадрид

Работнички сигурно маршира во Европа. Фудбалерите се цврсто на земја, иако реално веќе го минаа првото квалификациско коло за настап во Лига Европа по триумфот во Талин над Транс Нарва со 4-1. Реваншот в четврток (20 ч.) на „Филип Втори“ во Скопје ќе биде само формалност. Романтичарите сепак се претпазливи, иако веќе мислат на противникот во трето квалификациско коло. Во втората рунда, ако ја минат Транс Нарва, противник ќе им биде апсолутниот аутсајдер Јувенес Догана од Сан Марино. Третата рунда е вистински џек-пот за македонските клубови, кои ретко доаѓаат во таа фаза.

- Да го почекаме реваншот со Транс Нарва. Фудбалот е непредвидлив, иако реално веќе сме во второто коло. Ако стасаме до третата рунда, го посакувам Атлетико Мадрид за противник. Доста ни е од Англичани. Сакаме да ги одмериме силите со клуб од земјата каде што се игра најдобар фудбал - вели капитенот Борче Маневски. Работнички е уверливо најуспешниот македонски претставник во европските купови во последните пет, па и повеќе години. На двапати играше со англиски клубови, против Болтон во квалификациите за Лигата на шампионите и лани со Ливерпул во третата рунда од Лига Европа. Островјаните се како судбина за скопјани, па еднаш противник им беше и ирскиот Крусејдерс.

- Се надевам дека ќе останеме сите во клубот, барем додека трае европскиот настап. Имаме квалитетен и одлично избалансиран состав што може многу да понуди. Гроздановски и Лазаревски веќе се вклопија, а костурот ни остана од лани - вели Маневски. Вториот најдобар стрелец во изминатата сезона со 19 голови вели дека патешествието до Талин и назад било потешко од самиот меч против Транс Нарва.

- Победата ни ги врати насмевките по долгото и напорно патување. Од Скопје до Софија, преку Прага, стасавме до Талин. Во првиот дел беше израмнето, а потоа додаваме гас и лесно ги совладавме. Спарното време ни беше голем противник, но и тоа го надминавме. Враќањето повторно беше одисеја, но со песна и славење беше полесно. Од Талин до Амстердам, па со автобус до Диселдорф, од каде долетаа во Скопје.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2011 во 06:00
Лига Европа - резултати

Реванш натпреварите од мечевите во 1. коло од квалификациите за Лигата на Европа се одиграа денеска, а постигнати се следниве резултати:

Металурги Рустави - Банантс 1:1 (прв меч 1:0)
Иртиш - Јагјелонија 2:0 (0:1)
Шахтјор Караганди - Копер 2:1 (1:1)
Улисес - Ференцварош 0:2 (0:3)
Фљамуртари - Будуќност 1:2 (3:1)
Милсами - Динамо Тбилиси 1:3 (0:2)
Зета - Спартак Трнава 2:1 (0:3)
Карабах - Банга 3:0 (4:0)
Фола - Елфсборг 1:1 (0:4)
Номе Каљу - Хонка 0:2 (0:0)
Минск - Олимпик Шивалан 2:1 (1:1)
Хекен - Керјенг 5:1 (1:1)
Луситанос - Вараждин 0:1 (1:5)
Тромсо - Даугава 2:1 (5:0)
Влазнија - Биркиркара 1:1 (1:0)
Рунавик - Фулам 0:0 (0:3)
Нит Атлетик - Алесунд 0:2 (1:4)
Олимпија - Широки Брег 3:0 (0:0)
Пакш - УЕ Санта Колома 4:0 (1:0)
Работнички - Транс Нарва 3:0 (4:1)
Тре Пене - Рад 1:3 (0:6)
Клифтонвил - ТНС 0:1 (1:1)
Гленторан - Ренова 3:2 по пенали (1:2)
Сент Патрикс - Вестманејар 2:0 (0:1)
Рејкјавик - Фуглафјордур 5:1 (3:1)

Во мечевите од 2. коло на 14. односно 21. јули се среќаваат Металурги Рустави - Иртиш, Судува - Елфсборг, Металург Скопје - Локомотив Софија, Сант Хулија - Бнеи Јехуда, Жељезничар - Шериф, КуПС - Газ Метан, Минск - Газиантеп, Искра Стал - Вараждин, Таурас - Ден Хаг, Гленторан - Ворскла, Јувенес Догана - Работнички, Еребро - Сарајево, Крузејдерс - Фулам, Хланетли - Динамо Тбилиси, Флоријана - АЕК Ларнака, Шахтјор Солигорск - Вентспилс, Фљамуртари - Јаблонец, Рејкјавик - Жилина, Мика - Валеренга, Олимпија - Бохемијанс, Домжале - Сплит, Диферданж - Левадија, Тирана - Спартак Трнава, Ференцварош - Алесунд, Лијепаја Металургс - Салцбург, Рад - Олимпијакос Волос, ТНС - Митјиланд, Кечкемет - Актобе, Хекен - Хонка, Гагра - Анортозис, Вадуц - Војводина, Рудар Пљевљ - Австрија, Сласк - Данди Јунајтед, Шахтјор Караганди - Сент Патрикс, ЕБ Стрејмур - Карабах, Хафнарфјордур - Насионал Мадеира, Пакш - Тромсо, ТПС - Вестерло, Хазар Ланкаран - Макаби Тел Авив и Влазнија - Тун.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2011 во 06:02
Ренова елиминирана по пенал рулет

Фудбалерите на Ренова се елиминирани веќе по првото претквалификациско коло во Лигата на Европа. Фудбалерите на Ренова не успеаа да ја задржат предноста од првиот меч кој го добија со резултат од 2-1 и да обезбедат пласман во следната рунда од ова натпреварување. Вечерва во Белфаст против Гленторан, Ренова е елиминирана по пенал рулетот кој им припадна на домашните со резултат 3:2. Во 90 регуларни минути, Гленторан се избори за продолженија откако го доби мечот со 2:1, а по дополнителните 30 минути немаше конечна одлука. При изведувањето на пеналите фудбалерите на Гленторан беа поконцентрирани, што на крајот им донесе и виза за следната рунда. За тетовскиот тим од белата точка промашија Исмаили, Статовци и Гафури, додека прецизни беа Симовски и Хуни.
 
Во регуларниот дел од мечот, Гленторан стигна во водство во 31. минута преку Кларк, а на 1:1 израмни Исмаили во 59. минута. Тимот од Северна Ирска за продолженија се избори преку Мареј во 74. минута.

Продолженијата не донесоа возбудувања, па патникот во следната рунда се решаваше преку пенали. Гленторан во следната рунда ќе игра против украинска Ворскла.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 16:19
ПОЗНАТИ СЛЕДНИТЕ ПРОТИВНИЦИ НА МЕТАЛУРГ И РАБОТНИЧКИ
 

Доколку Металург  биде поуспешен од Локомотив Софија  во третото квалификациско коло ќе се сретне  со подобриот од дуелот помеѓу Сласк од Полска  и Данди од Шкотска (првиот натпревар заврши со победа на Сласк од 1-0). Работнички кој е со едната нога во третото коло по победата на Јувенес Догана на гости од 1:0 ќе игра најверојатно со Анортозис од Кипар  кој вчера славеше над Гагра од Грузија со 3-0. Првите натпревари од третото коло на програмата се на 28 јули, додека реваншите се предвидени за 4 август.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2011 во 06:51
Лига на Европа - резултати 3. коло

Денеска на програмата беа првите мечеви од 3. коло во Лигата на Европа, а постигнати се следниве резултати:

Сласк - Локомотива Софија 0:0
АЕК Ларнака - Млада Болеслав (0:0)
Аланија - Актобе 1:1 (0:1)
Вентспилс - Црвена звезда 1:2 (1:1)
Карпати - Сент Патрикс 2:0 (1:0)
Алесунд - Елфсборг 4:0 (1:0)
Анортозис - Работнички 0:2 (0:0)
Металурги Рустави - Рен 2:5 (1:3)
Олимпија - Австрија 1:1 (0:1)
Салцбург - Сеница 1:0 (0:0)
Спарта Прага - Сараево 5:0 (2:0)
Валеренга - ПАОК 0:2 (0:0)
Ворскла - Слајго Роверс 0:0
Бурса - Гомељ 2:1 (0:1)
Хапоел Тел Авив - Вадуц 4:0 (2:0)
Омонија - Ден Хаг 3:0 (1:0)
Сплит - Фулам 0:0
Јанг Бојс - Вестерло 3:1 (2:1)
Левски - Спартак Трнава 2:1 (0:0)
АЗ Алкмар - Јаблонец 2:0 (0:0)
Диферданж - Олимпијакос Волос 0:3 (0:0)
Динамо Бук*решт - Вараждин 2:2 (2:2)
Газиантеп - Легија 0:1 (0:0)
Пакш - Хартс 1:1 (1:1)
Бриж - Карабах 4:1 (1:0)
Мајнц - Газ Метан 1:1 (1:0)
Железничар - Макаби Тел Авив 0:2 (0:0)
Национал - Хекен 3:0 (3:0)
Палермо - Тун 2:2 (1:1)
Стоук - Хајдук 1:0 (1:0)
Атлетико Мадрид - Стромсгодсет 2:1 (0:0)
Митјиланд - Гимараеш 0:0
Рид - Брондби 2:0 (1:0)
Рејкјавик - Динамо Тбилиси 1:4 (1:1)

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2011 во 06:59
Работнички се враќа со голема победа од гостувањето кај Анортозис


Нашиот последен представник во фудбалска Европа екипата на Работнички на гостувањето против кипарскиот Анортозис го одигра можеби најдобриот натпревар во квалификациите од Лига Европа.

Денеска во првиот натпревар во Ларнака го победија Анортозис со 2:0. Избраниците на тренерот Горан Петровски ја исполнија целта и постигнаа два гола и обезбедија активен резултат, кој пред полни трибини на "Филип Втори", по седум дена би не одвел до севкупен триумф и пласман во наредната фаза од Лига Европа.

Уште по првото полувреме се виде дека екипата од Дебар Мало е поквалитетен тим од Анортозис. Првиот гол на средбата беше постигнат во 71-таминута, а стрелец на погодокот беше Милован Петровиќ. Конечните 2:0 ги постави Велковски со гол во 81 минута.

Реваншот е за седум дена во Скопје (4. август).

Трето квалификациско коло - 1 меч

Анортозис - Работнички 0:2 (0:0)

Стадион: Антонис Пападопулос - Ларнака

Судија: Харалд Лехнер (АВС)

Анортозис: Иванков, Томашиќ, Окас (71' Колин), Вучичевиќ, Леивакавабеси, Кристовао (83' Сиелис), Резак, Лабан, Лаборде (58' Лаборде), Јанисио, Спрохел

Работнички: Димитриевски, Богдановиќ, Стојанов (38' Петровиќ), Ќумбев, Лазаревски, Велковски, Вујчиќ, Тодоровски, Настевски (56' Мицевски), Велкоски (89' Петковски), Маневски

Стрелци: Петровиќ 71', Велкоски 81'

Жолти картони: Томашиќ, Кристовао, Лабант, Јанисио - Ќумбев, Велковски
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2011 во 09:43
Хероите од Дебар маало - херојски за МАКЕДОНИЈА

Панче Ќумбев со гол во 87. минута му донесе на Работнички историски успех. Анортозис славеше со 2:1, но тоа беше премалку да се радува на "Филип Втори". Овој датум 4 август 2011 секогаш ќе се памети во мак - фудбалот




Големиот, силниот, моќниот Анортозис падна. Падна и тоа во 87. минута кога при водство од 2:0 Панче Ќумбев го постигна најзначајниот гол во клупската историја на Работнички. Со тој гол "романтичарите" го минаа ривалот од Кипар и денеска ќе го очекуваат противникот во плеј - офот во Лигата на Европа. Ова не е сон, ова е стварност. Работнички ова го заслужи. Иако Анортозис доминираше, имаше дузина шанси, сепак, Работнички со севкупни 3:2 се пласира понатаму.

Натпреварот сосема очекувано почна со иницијатива на гостите. Анортозис нападна со сите сили, играта беше стационирана на нашата половина, но барем во првите минути без шанси за гол. Работнички се обидуваше преку брзиот Настевски по левата страна да нападне, тоа се случи, но исто така без завршница. И Тодоровски во 10. минута имаше одлична контра, но исто така без завршница. По во таа 10. минута играта како сосема да се отвори. Гостите од Кипар уште повеќе притиснаа, имаа и две убави шанси преку Кристовао и Резек, но, за среќа, на Работнички без гол. Домашните, пак, и натаму ориентирани на својата половина со ретки излегувања во напад. Се чекаше шанса, се чекаше добра можност за опасен контранад. А тој дојде во 34. минута преку Настевски, кој му асистираше на К. Велкоски, но овој шутираше непрецизно. Во следниот напад Велкоски исто имаше одлична можност, но немаше радост.

До крајот присутните на Арената имаа можност да видат ист стил на игра и од Работнички, но и од Анортозис. Гостите од Кипар напаѓаа и натаму, на моменти и доста опасно, но одбраната на "романтичарите" на чело со "командантот" Панче Ќумбев секогаш беше на место. И кога таа немаше начин да се одбрани од нападите на гостите тука беше голманот Столе Димитриевски да ги отстрани грешните на дефанзивците на домашната екипа.

И конечно со 2 минути продолжување судијата од Бугарија означи крај на првиот дел. Резултатот и натаму е 0:0, одличен резултат за нашиот Работнички.

Повторно сосема очекувано и вториот дел почна со агресивна и напаѓачка игра на гостите од Кипар. По секоја цена нивниот стратег Станимир Стоилов посакуваше гол. Додека Работнички исто така како во претходниот дел од натпреварот мирно и трпеливо се бранеше, на моменти со сите играчи во својата половина. И тој гол Стоилов го доби во 50. минута и тоа со погодокот на Јан Резек за 1:0 за гостите од Кипар. Одбраната на Работнички не издржа во таа 50. минута. Премногу беа силни нападите на Анортозис за да се одбрани домашниот тим. Но и натаму предоста е на страна на Работнички. Во 55. минута капитенот Борче Маневски можеше да донесе радост, но не го погоди голот од идеална позиција. Штета, навистина штета.

Анортозис, пак, осоколен по водството продолжи со агресивноста. Гостинот од Кипар посакуваше уште еден гол, посакуваше нов гол за израмнување на резултатот од Ларнака каде таму Работнички победи со 2:0. Но до 63. минута резултатот беше 0:1 за Анортозис.

Но како што обично доаѓаат работите грешките жестоко се казнуваат. Тоа го стори Кристовао во 65. минута кога одлично се снајде пред голот и со удар со глава го затресе Димитриевски. И со овие 2:0 за Кипраните севкупниот резултат е израмнет.




И во 87. минута гол за еуфорија. Ќумбев од само 6-7 метри со глава погодува за радост, за голема радост, за намалување на водството, но и за гол за пласман во плеј - офот. Следуваа долги речиси 10 минути. Анортозис хаотично напаѓаше, често пати и голманот Иваков беше пред голот на Димитриевски. Но сè беше бадијала. Конечко Јорданов во 97. минута свирна крај за радост, за голема радост на "Филип Втори" и за пласман на Работнички во плеј - офот во Лигата на Европа.



Минута по минута...

10' - Контра на Работнички, Тодоровски се најде во одлична шанса да центрира до осамениот К. Велкоски, но за малку непрецизно

15' - Кристовао прво од десната страна шутираше за малку над голот, а потоа во следниот напад со силен удар од околу 20 метри ја затресе пречката на Димитриевски

17' - Корнер изведе К. Велкоски до Маневски, кој од 6-7 метри упати удар со глава крај голот на Иванков

18' - Центаршут пред голот на Работнички, тука Резек убаво ја прифати со глава, уапти удар, но за малку покрај десниот дирек

26' - Мешаница пред нашиот гол, Јаницио е во шанса, но шутираше крај голот на Димитриевски

34' - Контра на Настевски, убаво го проигра К. Велкоски, но овој од околу 15 метри шутираше над голот

35' - К. Велкоски го лобуваше истрчаниот Иванков но таа топка немаше сила да влезе во мрежата на голот на Анортозис

0:1 - 50' - Голема мешаница пред голот на Работнички, прво Јаницио го погоди дирекот, а потоа во продолжение од акцијата Резек сам од само 2-3 метри со глава пласираше за водство. Домашните рекламираа офсајд, но судијата Јорданов покажа на центарот.

55' - Колосална шанса за Маневски, од само 10 метри сам успеа да го утне целиот гол

0:2 - 65' - Кристовао иако свртен со грб успеа да го совлада со удар со глава голманот на Работнички за зголемување на водството

75' - К. Велкоски од работ на шеснаесетникот шутираше силно, но топката отиде високо над голот на Иванков

82' - Прекрасен шут на Окас со глава Димитриевски исфрли во корнер

85' - Тодоровски центрира за малку кус беше Петковски

86' - Петковски со глава удар, но Иванков брани

1:2 - 87' -ГООООЛ.. Ќумбев со глава уапти удар од 6-7 метри и ја тресе мрежата

90+5' - Тодоровски шутира од преку 60 метри, но не го погодува празниот гол

Скопска провокација!?

На еден спортски портал од Кипар осамна наслов "Скопска провокација". Проблемот бил, ако може така да се каже, во насловот на Македонски спорт - За себе, за Македонија, за историјата. Демек ние сме го испровоцирале гостинот од Кипар со споменувањето на името на нашата држава. Но сето беше само една од "закачките" пред вчерашниот реванш меч меѓу Работнички и Анортозис.


Супер атмосфера на "Филип Втори"

Конечно Работнички вчера имаше одлична поддршка на "Филип Втори". Нешто повеќе од 10.000 гледачи во текот на целиот натпревар им даваа несебична поддршка на момците во црвено. Се виде уште еднаш дека нашиот народ сака фудбал, но сака и успеси. Сака кога нашите тимови даваат сè од себе, го даваат максимумот на теренот. Тоа се цени кај нашиот пробирлив љубител на фудбалот.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2011 во 15:19

Работнички против Лацио во плеј-оф за влез во Лига Европа

Македонскиот претставник Работнички го доби најтешкиот можен противник во четвртото коло од Лига Европа, италијанскиот калчолигаш Лацио, така одлучи денешната ждребка во Нион.

Романтичарите првиот натпревар ќе го играат на Олимпико во Рим, на 18. Август додека реваншот ќе биде на 25. Август на „Националната Арена Филип 2“ во Скопје.

Покрај тоа што се работи за исклучително тежок противник, им посакуваме многу успех на романтичарите и се надеваме на уште една сензација.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2011 во 15:30
Конечниот распоред на плеј-оф двојките од Лига на Европа:

Макаби Тел-Авив - Панатенаикос
Атлетико Мадрид - Виториа
Шамрок - Партизан
Металист - Сошо
Бешикташ - Аланија
Роземборг - АЕК
Ворскла - Динамо Бук*решт
Бурсаспор - Андерлехт
Олимпијакос Волу - ПСЖ
Легија - Спартак Москва
Екранас - Хапоел Тел Авив
ПАОК - Карпати
Трабзонспор - Алтетик Билбао
Хартс - Тотенхем
Марибор - Глазгов Ренџерс
Стеауа - ЦСКА Софија
Нордсјеланд - Спортинг Лисабон
Днипро - Фулам
Локомотив Москва - Спартак Трнава
Сион - Селтик
Сласк - Рапид Бук*решт
Литекс - Динамо Киев
Лацио - Работнички
Национал - Бирмингем
ПСВ - Риед
Тун - Стоук
Алесунд - АЗ Алкмар
Васлуи - Спарта Прага
Омониа - Салзбург
Зестофони - Клуб Бриж
Хановер - Севиља
Хелсинки - Шалке
Динамо Тбилиси - АЕК
Рен - Црвена Ѕвезда
Газ Метан - Австрија - Виена
Брага - Јанг Бојс
Стандард - Хелсингборг

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2011 во 18:26
Извршена ждребката за групната фаза од Лига Европа
Извршена%20ждребката%20за%20групната%20фаза%20од%20Лига%20Европа
Денеска во Монако беше извршена ждребката за групната фаза од Лига Европа.
Познати се и групите во Лига Европа, денеска во Монако во пресрет на натпреварот од Суперкупот помеѓу Барселона и Порто, беше извршена ждребката.

Група А

Тотенхем
Рубин Казан
ПАОК
Шамрок

Група Б

ФК Копенхаген
Стандард Лиеж
Хановер
Ворскла

Група Ц

ПСВ Ајндховен
Хапоел Тел Авив
Рапид Бук*решт
Легија Варшава

Група Д

Спортинг Лисабон
Лацио
Цирих
Васлуи

Група Е

Динамо Киев
Бешикташ
Стоук
Макаби Тел Авив

Група Ф

ПСЖ
Атлетик Билбао
Салзбург
Слован Братислава

Група Г
 
АЗ Алкмар
Металист
Австрија Виена
Малме

Група Х

Брага
Клуб Бриж
Бирмингем
Марибор

Група И

Алтетико Мадрид
Удинезе
Рен
Сион

Група Ј

Шалке
Стеауа Бук*решт
Макаби Хаифа
АЕК Ларнака

Група К

Твенте
Фулам
Оденсе
Висла Краков

Група Л

Андерлехт
АЕК
Локомотив Москва
Штурм

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2011 во 00:12

Само бод за Динамо Киев

Екипата на Динамо Киев во која цел натпревар одигра македонскиот репрезентативец Горан Попов одигра нерешено 1:1 со Стоук во првото коло од Лига на Европа.


Украинскиот тим се спасуваше од пораз во последните мигови од мечот, кога Хрватот Огнен Вукојевиќ постигна изедначувачки погодок. Претходно Камерон Џером ги доведе гостите во водство во 55. минута. Попов одигра добар натпревар, а заработи и жолт картон во 57. минута.

За изненадување се погрижи романскиот Васлуи кој одигра нерешено 2:2 на Олимпико против Лацио, додека Бешикташ го демолира Макаби Тел Авив со 5:1.

Група А
ПАОК - Тотенхем 0:0

Шамрок Роверс - Рубин 0:3
(Мартинс 2', Нобоа 50', Карадениз 60')

Група Б
Хановер - Стандард 0:0

Копенхаген - Ворскла 1:0
(Нордстранд 54'(п)

Група Ц
Хапоел ТА - Рапид Бук*решт 0:1
(Хереа 55')

ПСВ - Легија 1:0
(Мертенс 21')

Група Д
Цирих - Спортинг 0:2
(Инсуа 4', Ван Волфсвинкел 21')

Лацио - Васлуи 2:2
(Сисе 35'(п), Скули 71' - Весли 59', 63' (п)

Група Е
Динамо Киев - Стоук 1:1
(Вукојевиќ 90' - Џером 55')

Бешикташ - Макаби ТА 5:1
(Алмеида 3', 28', Аурелио 50', Коркмаз 53', Еду 88' - Кехат 48')

Групата Ф
Слован Братислава - Атлетик Билбао 1:2
(Гуеде 34' - Сусаета 13', Мунијан 40')

ПСЖ - Салцбург 3:1
(Нене 35' (п), Бодмер 44', Менез 67' - Секаџа 87')

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2011 во 05:54

Во Нион беше извршена и ждрепката за првата рунда од нокаут-фазата во Лигата на Европа. Двојки за 1/16-финале: Порто - Манчестер С. (1 натпревар), Ајакс - Манчестер Ј. (2), Локомотив М. - Атлетик Б. (3), Салцбург - Металист (4), Стоук - Валенсија (5), Рубин - Олимпијакос (6), АЗ Алкамр - Андерлехт (7), Лацио - Атлетико М.(8), Стеауа - Твенте (9), Викторија П. - Шалке (10), Висла - Стандард (11), Брага - Бешикташ (12), Удинезе - ПАОК (13), Трабзон - ПСВ (14), Хановер - Бриж (15), Легија - Спортинг Л. (16).

Првите натпревари се играат на 16, а реваншите на 23 февруари.
Двојки за 1/8: Победникот од мечот 4 - победникот од мечот 6, 16 - 1, 9 - 10, 11 - 15, 5 - 14, 7 - 13, 8 - 12, 2 - 3.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.