IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига Европа
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига Европа

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 10>
Автор
Порака
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2010 во 12:45
Три екипи со максимален учинок во Лигата на Европа на УЕФА

Екипите на ЦСКА Москва, Зенит и на Штутгарт по синоќешните натпревари од 4.коло во Лигата на Европа се единствените тимови со максимален учинок – четири победи.

Од македонските играчи Дарко Тасевски одигра 87 минути на дуелот Левски – Лил 2:2, а откако ја напушти играта неговата замена Иво Иванов во следната минута постигна автогол за изедначување.

Мирсад Мијадоноски со Дебрецин загуби кај ПСВ со 3:0, а Мијадиноски доби жолт картон во последната минута.

Горан Попов не беше во составот на Динамо Киев во победата на неговиот тим над АЗ.

Натпреварот Одензе – Јанг Бојс 2:0 го судеше македонскиот судија Александар Ставрев.

Преглед на резултатите и табелите:

Група „А“: Лех - Манчестер Сити 3:1 и Јувентус – Салцбург 0:0.
Табела: Лех и Манчестер Сити 7 имаат по бодови, Јувентус 4, Салцбург 2.

Група „Б“: Розенборг - Атлетико Мадрид 1:2 и Баер Леверкузен – Арис 1:0.
Табела: Баер 8, Атлетико Мадрид 7, Арис 4, Розенборг 3.

Група „Ц“: Гент – Спортинг Лисабон 3:1 и Левски Софија – Лил 2:2.
Табела: Спортинг 9, Лил 5, Левски и Гент имаат по 4.

Група „Д“: ПАОК – Виљареал 1:0 и Бриж - Динамо Загреб 0:2.
Табела: Динамо и ПАОК имаат по 7, Виљареал 6, Бриж 2.

Група „Е“: БАТЕ Борисов – Шериф 3:1 и Динамо Киев - АЗ Алкмар 2:0.
Табела: БАТЕ 10, Динамо 7, Шериф и АЗ по 3 бода.

Група „Ф“: ЦСКА Москва – Палермо 3:1 и Лозана - Спарта Прага 1:3.
Табела: ЦСКА 12, Спарта 7, Палермо 3, Лозана 1.

Група „Г“: Хајдук Сплит – Зенит 2:3 и АЕК – Андерлехт 1:1.
Табела: Зенит 12, Андерлехт и АЕК по 4, Хајдук 3.

Група „Х“: Одензе - Јанг Бојс 2:0 и Хетафе – Штутгарт 0:3.
Табела: Штутгарт 12, Јанг Бојс 6, Хетафе и Одензе по 3.

Група „И“: Сампдорија – Металист 0:0 и ПСВ Ајндховен – Дебрецен 3:0 .
Табела: ПСВ 10, Металист 7, Сампдорија 5, Дебрецин без бод (0).

Група „Ј“: ПСЖ - Борусија Дортмунд 3:0 и Севиља – Карпати 4:0.
Табела: Севиља 9, ПСЖ 8, Борусија 5, Карпати без бод (0).

Група „К“: Стеауа Бук*решт – Утрехт 3:1 и Ливерпул – Наполи 3:1.
Табела: Ливерпул 8, Стеауа 5, Наполи и Утрехт по 3.

Група „Л“: Рапид Виена - ЦСКА Софија 1:2 и Порто – Бешикташ 1:1.
Табела: Порто 10, Бешикташ 7, Рапид и ЦСКА Софија по 3.

Натпреварите од 5.коло се играат на 1 и на 2 декември.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2010 во 07:29
Последна шанса за Јуве и Сампа


Само со триумф над полскиот Лех, избраниците на Џиџи Дел Нели, ќе останат во игра за едно од двете места кои водат во следната рунда


Денеска ќе се одиграат 12 натпревари од 5. коло во првите шест групи од најмасовното клупско натпреварување, УЕФА Евро лига. Дуелот во Познан може да се покаже како пресуден за најтрофејниот клуб на Апенините, Јувентус. Само со триумф над полскиот шампион Лех, избраниците на Џиџи Дел Нели, ќе останат во игра за едно од двете места кои водат во следната елиминациска фаза. Дополнителен проблем за "црно-белите" ќе биде ниската температура, зашто се предвидува таа да падне на -23 Целзиусови.
- Играта која ја прикажуваме во националниот шампионат ми дава за право да очекувам победа и нови бодови на нашето конто. Само една опција е во игра, а тоа е триумф. Очекувам полн стадион и голема поддршка. Мора да бидеме убоити, мора да ги искористиме сите шанси, изјави Дел Нери.

Право на кикс нема и вториот претставник на Италија, Сампдорија која му е домаќин на холандскиот гигант ПСВ.
- Мислам дека противникот ќе игра на бод. Ќе играат затворено, и ќе се обидат да не изненадат со некоја контра. Никој веќе не се замара со Касано, продолжуваме со нашиот живот и со борбата да забележиме што е можно подобар резултат, изјави тренерот на Сампдорија, Доменико Ди Карло.

ГРУПА А: Лех - Јувентус, Манчестер С. - Салцбург. Табела: Лех 7, Манчестер С. 7, Јувентус 4, Салцбург 2 бода.
група б: атлетико (м) - арис, розенборг - баер (л). табела: баер (л) 8, атлетико м. 7, арис 4, розенборг 3 бода.
група ц: спортинг - лил, гент - левски. табела: спортинг 9, лил 5, левски 4, гент 4 бода.
ГРУПА Г: Зенит - Андерлехт, Хајдук - АЕК. Табела: Зенит 12, Андерлехт 4, АЕК 4, Хајдук 3 бода.
ГРУПА Х: Јанг Бојс - Штутгарт, ОБ - Гетафе. Табела: Штутгарт 12, Јанг Бојс 6, Гетафе 3, Об 3 бода.
ГРУПА И: Металист - Дебрецен, Сампдорија - ПСВ. Табела: ПСВ 10, Металист 7, Сампдорија 5, Дебрецин 0 бодови.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2010 во 07:35

Леверкузен прв во групата Б, видете ги останатите резултати


Тимот на Баер Леверкузен го обезбеди првото место во групата Б на Лига Европа. „Аспирините" победија со 1:0 во тешкото гостување на Розенборг.

Температурата на воздухот во Трондхаим за време на состанокот беше -16 степени целзиусови. Радосна за фудбалерите беше недостатокот на снежна покривка. Сиднеј Сем постигна гол за Баер во 35-тата минута со шут од 20 метри.

Така Германците собраа 11 поени круг пред крајот. Грчкиот Арис и шампионот на трката Атлетико Мадрид останаа со седум поени и ќе се борат во последното коло за пласман во следната рунда.

Резултати:

Групаа А:
Манчестер Сити - Салзбург 3:0
Лех - Јувентус 1:1

1. Манчестер Сити 10
2. Лех 8
3. Јувентус 5
4. Салзбург 2

Група Б:

Розенборг - Леверкузен 0:1
Атл. Мадрид - Арис 2:3

1. Леверкузен 11
2. Арис 7
3. Атл. Мадрид 7
4. Рознбоерг 3

Група Ц

Спортинг - Лил 1:0
Гент - Левски 1:0

1. Спортинг 12
2. Гент 7
3. Лил 5
4. Левски 4

Група Г

Зенит - Андерлехт 3:1
Хајдук - АЕК 1:3

1. Зенит 15
2. АЕК 7
3. Андерлехт 4
4. Хајдук 3

Група Х

Јанг Бојс - Штутгарт 4:2
Оденсе - Хетафе 1:1

1. Штутгарт 12
2. Јанг Бојс 9
3. Хетафе 4
4. Донесе 4

Група И

Сампдорија - ПСВ 1:2
Металист - Дебрецин 2:1

1. ПСВ 13
2. Металист 10
3. Сампдорија 5
4. Дебрецин 0

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2010 во 21:28

ЛЕ 1/16 финале: Наполи-Виљареал, Севиља-Порто, Спарта Прага-Ливерпул...


На денешниот ждреб во Нион за 1/16 финалето во Лига Европа беа одредени паровите кои ќе го исполнуваат овој циклус од натпреварувањето, како и можните двојки во 1/8 финалето.


До овој формат не успеа да стигне минатогодишноит шампион, тимот на Атлетико Мадрид кој беше елиминиран уште во групната фаза. Следуваат неколку интересни дуели во 1/16 финалето, а вреди да се напоменат средбите меѓу Наполи и Виљареал, како и оној на Севиља против Порто. Англискиот Ливерпул ја доби Спарта Прага, додека Манчестер Сити ќе гостува кај нашиот јужен сосед против тимот на Арис.

Еве ги сите 1/16 двојки во ЛЕ:

Лех Познан (Полска) - Брага (Португалија)
Арис (Солун) (Грција) - Манчестер Сити (Англија)
Лил (Франција) - ПСВ Ајндховен (Холандија)
ПАОК (Грција) - ЦСКА Москва (Русија)
БАТЕ Борисов (Белорусија) - ПСЖ (Франција)
Спарта Прага (Чешка) - Ливерпул (Англија)
Андерлехт (Белгија) - Ајакс (Холандија)
Јанг Бојс (Швајцарија) - Зенит Санкт Петербург (Русија)
Металист Харков (Украина) - Баер (Леверкузен)
Севиља (Шпанија) - Порто (Португалија)
Наполи (Италија) - Виљареал (Шпанија)
Бешикташ (Турција) - Динамо Киев (Украина)
Рубин Казан (Русија) - Твенте (Холандија)
Базел (Швајцарија) - Спартак (Москва)
Ренџерс (Шкотска) - Спортинг Лисабон (Португалија)
Бенфика (Лиссабон) (Португалија) - Штутгарт (Германија)

Ждрепката за 1 / 8 - финалето:
Бенфика / Штутгарт - БАТЕ / ПСЖ
Бешикташ / Динамо Киев - Арис (Грција) / Манчестер Сити (Англија)
Рубин / Твенте - Јанг Бојс / Зенит
ПАОК / ЦСКА (М) - Севиља / Порто
Лил / ПСВ Ајндховен - Ренџерс / Спортинг
Металист / Баер (Л) - Наполи / Виљареал
Андерлехт / Ајакс - Базел / Спартак (М)
Спарта (П) / Ливерпул - Лех / Брага

 

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2011 во 00:03

Ајакс, Динамо и Леверкузен со една нога во осминафиналето

Лигата на Европа вечерва ја замени Лигата на шампионите и не останавме разочарани. Ајакс со убедливата победа од 3-0 на гостински терен против Андерлехт речиси е сигурен патник во следната рунда. Убедливи и важни гостински победи забележаа и Леверкузен, кој славеше кај Металист со 4-0 и Динамо Киев, кој беше подобар од Бешикташ со 3-1. Македонскиот репрезентативец, Горан Попов одигра 17 минути за украинскиот тим.

Во првиот натпревар одигран денеска Твенте го победи Рубин Казањ на „Лужники“ во Москва со 2-0, а двата тима од главниот град на Русија, Спартак и ЦСКА славеа гостински победи против Базел, односно ПАОК. За половичен успех на руските екипи се погрижи Зенит, кој беше поразен на гостувањето кај Јанг Бојс со пресврт во второто полувреме.

Разочара Севилја, која на домашен терен загуби од Порто. Одличната вечер на португалските екипи ја надополни Бенфика, која со пресврт славеше во Лисабон против Штутгарт, а Спортинг успеа да извлече реми 1-1 против Глазгов Ренџерс на гостински терен. На „Сан Паоло“, Наполи и Вилјареал одиграа досаден натпревар без голови, а немаше возбудувања и во Прага, каде Спарта го пречека Ливерпул. Реванш натпреварите се играат следната недела.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2011 во 15:46

Познати осминафиналните двојки во фудбалската Лига на Европа

Со одигрувањето на 14-те реванш натпревари синоќа беше комплетирана првата нок-аут фаза од Лигата на Европа на УЕФА.

Без поголеми изненадувања минаа дуелите, а возбудливо и драматично беше во Лисабон каде Глазгов Ренџерс со голот во судиското надополнување успеа да изедначи против Спортинг и да избори пласман во осминафиналето.

Најубедливата победа ја постигна Динамо Киев кој со 4:0 го совлада Бешикташ. Во редовите на победничката екипа целиот натпревар го одигра македонскиот репрезентативец Горан Попов.

Преглед на резултатите од 1/16 финалето: Зенит Јанг Бојс 3:1 (1:2 прв натпревар), Баер Леверкузен Металист 2:0 (4:0), Ливерпул Спарта Прага 1:0 (0:0), ПСВ Лил 3:1 (2:2), Спартак Москва Базел 1:1 (3:2), Спортинг Глазгов Ренџерс 2:2 (1:1), Ајакс Андерлехт 2:0 (3:0), Брага Лех 2:0 (0:1), Динамо Киев Бешикташ 4:0 (4:1), Твенте Рубин 2:2 (2:0), Манчестер Сити Арис 3:0 (0:0), ПСЖ БАТЕ Борисов 0:0 (2:2), Штутгарт Бенфика 0:2 (1:2), Виљареал Наполи 2:1 (0:0).

Во вторникот играа ЦСКА Москва ПАОК 1:1 (1:0) и во средата Порто Севиља 0:1 (2:1).

Според однапред одредената ждрепка во осминафиналето двојките се: Бенфика ПСЖ, Динамо Киев Манчестер Сити, Твенте Зенит, ЦСКА Москва Порто, ПСВ Глазгов Ренџерс, Баер Леверкузен Виљареал, Ајакс Спартак Москва и Ливерпул Брага

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2011 во 03:23
Динамо Киев и Горан Попов извонредни против Манчестер Сити      

Динамо Киев и Горан Попов го совладаа Манчестер Сити со 2:0 во рамките на Лига Европа...

Динамо Киев го отвори резултатот со голот на Шевченко во 25. минута за водство од 1:0, потоа следеше офанзива на Граѓаните но без резултат, а во 77. минута Гусев ги постави конечните 2:0. Нашиот Горан Попов го одигра целиот натпревар и беше еден од најзаслужните играчи за победата на Динамо.

 

Резултати:

Бенфика - Пари Сен Жермен  2:1 (Переира 42, Хара 82 - Луиндула 15)

Твенте - Зенит  3:0 (Де Јонг 25, 90, Ландзат 56)

Динамо Киев - Манчестер Сити 2:0 (Шевченко 25, Гусев 77)

Ајакс - Спартак Москва 0:1 (Алекс 57)

Брага - Ливерпул 1:0 (Алан 18 пен.)

Баер Леверкузен - Виљареал  2:3 (Кадлец 33, Кастро 72 - Роси 42, Нилмар 70, 90)

ЦСКА Москва - Порто 0:1 (Гуарин 70)

ПСВ Ајндховен - Глазгов Ренџерс 0:0



Изменето од емил - 11.Март.2011 во 03:25
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2011 во 15:17

Вечерва се играат реваншите од осминафиналето во Лига Европа во кои некои од фаворитите можат да се простат со ова натпреварување доколку не остварат победи.

 

Исто како и пред две недели, четири средби од Лига Европа се закажани за во 19.00 часот, а четири за два часа подоцна.

Од квартетот средби кои се играат први најмногу внимание привлекува тој во Манчестер каде Сити ќе се обиде да го надокнади минусот од првата средба во дуелот со Динамо Киев. Украинскиот претставник во првиот дуел одигран во студени временски услови, славеше со 2:0 и сега на составот на Роберто Манчини е да постигне три погодока доколку сака да оди понатаму.

Во другите три средби од 19.00 часот Спартак во Москва ќе ја чува предноста од гостувањето во Амстердам од 1:0, Бенфика патува за Париз со 2:1 од првата средба, додека Зенит на свој терен ќе има тешка задача по поразот од 0:3 во првата средба со Твенте.

Од 21.05 часот во Ливерпул домаќините се соочуваат со императивот победа по поразот во Брага од 1:0. Составот на Кени Далглиш во овој дуел влегува полн со оптимизам, посебно по првата средба во која веројатно беа подобар противник, но загубија со гол примен од пенал.

Порто и Виљареал славеа во првите средби во гости и се фаворити за пласман меѓу последните осум, додека во Глазгов, Ренџерс и ПСВ почнуваат од нула.

Лига Европа - осминафинале:

(19.00 часот)

Пари Сен Жермен – Бенфика (1:2)
Манчестер Сити – Динамо Киев (0:2)
Зенит – Твенте (0:3)
Спартак Москва – Ајакс (1:0)

(21.05 часот)
Порто – ЦСКА Москва (1:0)
Ренџерс – ПСВ (0:0)
Виљареал – Баер (3:2)
Ливерпул – Брага (0:1)

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2011 во 09:37
  

Русите во дуелот со Твенте влегоа со  минус од 0:3 од првата средба во Холандија, која на крајот се покажа како преголема, иако веќе во првото полувреме водеа со 2:0.

 

Зенит уште во првото полувреме од својот осминафинален двомеч во Лига Европа сп Твенте можеше да го елимнинира минусот од 0:3 од првата средба. По 37. минути игра домаќините веќе имаа 2:0 и беа на добар пат да изборат пласман во четвртфиналето.

Првиот гол за Зенит го постигна Роман Широков во 17. минута, а Андреј Кержаков со една “бомба“ зголеми на 2:0 во 37. минута. До крајот на полувремето, а и на средбата, имаа шанси за трет гол, но не успеаја да го постигнат.

На крајот, Твенте ги одби сите нивни напади, па дури и имаше свои шанси за гол и покажа дека и Холанѓаните можат да играат на ложи временски услови со оглед на температурата од минус четири степени во текот на средбата.

Резултати од реванш средбите од  осминафиналето:

Спартак Москва - Ајакс 3:0 (2:0), прва средба 1:0
(Комбаров 21, Веилтон 30, Алекс 57)

ПСЖ - Бенфика 1:1 (1:1), прва средба 1:2
(Бодмер 35 - Гаитан 27)

Манчестер Сити - Динамо Киев 1:0 (1:0), прва средба 0:2
(Коларов 39)

Зенит - Твенте 2:0 (2:0), прва средба 0:3
(Широков 17, Кержаков 37)

Виљареал - Баер 2:1 (1:0), прва средба 3:2
(Казорла 22, Роси 61 - Родригез аг 82)

Ренџерс - ПСВ 0:1 (0:1), прва средба 0:0
(Ленс 14)

Ливерпул - Брага 0:0, прва средба 0:1

Порто - ЦСКА Москва 2:1 (2:1), прва средба 1:0
(Хулк 1, Гуарин 23 - Тошиќ 29)



Изменето од емил - 18.Март.2011 во 09:38
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2011 во 09:40

Двата англиски претставника во Лига Европа не ја оправдаа улогата на фаворити и од натпреварувањето се простија на домашен терен.

 

Првите дуели од двобоите на Манчестер Сити со Динамо Киев и на Ливерпул со Брага се покажаа како решавачки за тоа кој ќе се пласира во четвртфиналето во Лига Европа.

По оние 2:0 за Динамо во Киев, играчите на Манчестер Сити знаеја дека мораат да дадат се од себе за да го надминат тој дефицит. По првото полувреме тие имаа 1:0 благодарение на погодокот на Александар Коларов во 39. минута, но тој погодок на левиот бек се покажа како единствен до крајот на средбата.

Големи проблеми на тренерот Роберто Манчини и на своите соиграчи им направи Марио Балотели, кој со еден непромислен старт над нашиот Горан Попов уште во првото полувреме ги остави со играч помалку. И без него Сити напаѓаше, но никако не успеа да го скрши отпорот на Украинците.


Со помал минус по првата средба се соочи Ливерпул пред дуелот со Брага на “Енфилд“, но на крјот се покажа дека и оние 1:0 од првата средба се доволни за пласман во следната рунда за Португалците.

Домаќините на овој дуел не покажаа дека се способни да го разбијат бункерот на гостите, кои сосема заслужено обезбедија место во чеѕтвртфиналето.

Кон врв
KUKOC7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Барон Минхаузен

Регистриран: 26.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1852
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KUKOC7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2011 во 09:46
само со еден удар кон гол не заслужуваа ни спарта да ја поминат а не па овие Брага!! сосема заслужено си испадна ливерпул!!! 
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2011 во 13:37
UEFA League Europa 1/4 Final :
 
1.Porto - Spartak Moscow
 
2.Benfica - PSV
 
3.Villarreal - Twente
 
4.Dynamo Kiev - Sporting Bragaне
 
 
1/2 Final :
 
4. - 2.
1. - 3.


Изменето од LiDivio - 06.Април.2011 во 12:41
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2011 во 07:15
Англија, Норвешка и Шведска добија едно место повеќе во Лига Европа

Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска им додели на Англија, Норвешка и Шведска по едно дополнително место во Лига Европа за следната сезона, бидејќи овие три земји ги заземаат водечките места на фер плеј листата. Во Лига Европа ќе се натпреваруваат екипите кои во овие три лиги се наоѓаат на прво место на националните фер плеј листи, односно оние кои собрале најмал број жолти и црвени картони. Веќе е познато дека во Норвешка на прво место на таа листа е тимот на Алесунд, додека во Шведска тоа е екипата на Хакен. Англија наскоро треба да го соопшти името на клубот што ќе настапува во Лига Европа. Освен картоните, како критериум за фер плеј се смета и респектот кон судиите и противниците, однесувањето на навивачите, но и на функционерите на клубот. Сите три екипи следната сезона натпреварите во Лига Европа ќе ги почнат во првото коло на квалификациите.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 05:41
Порто ја освои Лигата на Европа

Порто - Брага 1:0 (1:0)
Фалкао 44'

Фудбалерите на Порто се овогодинешните шампиони во Лигата на Европа, откако во финалето одиграно во Даблин ја своладаа Брага со 1:0.

Единствениот погодок на мечот го постигна Радамел Фалкао и тоа на самиот истек од првото полувреме. Гуарин испрати фантастичен центаршут, а осамениот Фалкао со глава прецизно ја смести топката во мрежа. Виситина, Колумбиецот се наоѓаше на самата линија од офсајд, можеби дури беше и во недозволена позиција, но голот на крајот секако беше признат.

Брага во второто полувреме веднаш дојде до можност кога Мосоро имаше сто отстона шанса, откако сам истрча пред голот на Елтон но не успеа да го совлада. Порто сепак успеа да ги издржи сите напади на Брага и така да дојде до вториот трофеј во ова натпреварување.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.