IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига Европа
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига Европа

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 10>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2009 во 12:15
"Крваво" реми во Белфаст!

Црвените картони и непотребното тензично, калкулантско, судење на израелската судиска тројка го одбележаа синоќешниот реми натпревар на македонскиот Куп освојувач Работнички кој по гостувањето во Белфаст останува со реални шанси на 23. јули во Скопје сепак да го прославува патот во 3. квалификациско коло од УЕФА Евролигата.

Во натпревар без многу убавина и квалитет македонските фудбалери го испуштија триумфот во 90. минута откако по едно мало невнимание на одбраната најдобриот домашен фудбалер Дејвид Рејни донесе израмнување откако претходно преку извонредниот погодок на Боби Божиновски на стартот од второто полувреме "романтичарите" се стекнаа со предност.

А, онака како што и претходно најави шефот на стручниот штаб на Работнички, Зоран Стратев, со оглед на серијата непознаници околу противникот македонскиот Куп освојувач крајно резервирано го почна натпреварот дозволувајќи домаќините во првиот дел да го водат главниот збор околу играта, но и сето тоа сосема јалово од нивна страна.

Во голема мера се играше калкулантски од двете страни на средината од теренот со повремени шутеви од страна на фудбалерите на Крусејдерс, пред се Дејвид Рејни и младинскиот репрезентативец Мартин Донели колку само да ни покажат дека не се така наивна екипа. Првата посериозна шанса Северноирците ја имаа во 38. минута по ударот со глава на Коутс но покрај голот. Работнички, пак, вистински можност за водство имаше во самиот финиш од првиот дел кога прецизниот удар на Боби Божиновски беше пред самиот гол блокиран.

Но, домашните фудбалери не можеа да го блокираат и вториот обид на Божиновски веднаш на стартот од второто полувреме. По прецизната еден-два акција со Савиќ Боби Божиновски на ефектен начин го донесе водството за "романтичарите". Во продолжението од натпреварот далеку поконкретна игра на македонската екипа која низ повеќе акции потврди дека сепак е поквалитетен состав од противникот. Неколку одлични можности не успеа да искористи Савиќ, по што веќе во самиот финиш следеше притисокот од страна на Крусајдерс по што неоправдано најпрво беше исклучен Наумовски, а потоа откако претходно домаќините утнаа удар од белата точка следеше израмнувањето во самиот финиш.

На крај факт е дека Работнички демонстрираше далеку од убедливо фудбалско лице. Без сомнение ќе мора да следи максимален ангажман во Скопје доколку се сака минување напред на европската сцена, иако факт е дека останува многу поблиску до 3. коло од Северноирците.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
LSFC Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1004
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LSFC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2009 во 13:00
Ke e tezka utakmicata vo Skopje drugata nedela.I se pak ocakivam Romanticarite(nali tako gi vikate)da pobedat so 2-0 i da odat u treto kolo.
 
Da pozelime uspev i na Milano utre vo Koprivnica koga igrat so mesniot Slaven.Raven ili zaguba so eden gol ke bide idealno za revansot na Filip Vtori u Skopje
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2009 во 11:24
Трето коло на Евро лига на УЕФА.

РЕЗУЛТАТИ:

Динамо Тбилиси - Црвена Звезда 2:0 (1:0)
(Меребашвили 41', Хмаладзе 87')

Петровац - Штурм 1:2 (1:0)
(Дивановиќ 13' - Хас 64'(п), Ламоте 76')

Работнички - Одензе 3:4 (2:2)
(Савиќ 21, Вандеир 24', Зе Карлос 74' - Кака 20, 34', 70', Серенсен 62'(п)

Хонка - Карабах 0:1 (0:0)
(Мамадов 69')

Макаби Нетанија - Галатасарај 1:4 (1:1)
(Јамполски 25' - Балта 30', Кјуел 47', Сариоглу 53', Барош 73')

Брондби - Легија Варшава 1:1 (0:1)
(Фарнеруд 73'(п) - Ивански 40'(п)

ЦСКА Софија - Дери Сити 1:0 (1:0)
(Стојанов 74')

Фредерикштад - Лех 1:6 (0:3)
(Боргеш 48' - Вилк 10, Арболеда 22', 25, Левандовски 51', Пешко 54', Бандровски 56')

Гетеборг - Хапоел Тел Авив 1:3 (1:0)
(Хисен 21' - Шехтер 73', Јебоа 78', Начо 90')

Металург Доњецк - Интерблок Љубљана 2:0 (1:0)
(Годин 20', Серџо 50'(п)

Тромсо - Славен 2:1 (0:1)
(Молдскред 67', Рушфелт 69' - Шафариќ 38'(п)

Валеренга - ПАОК 1:2 (1:2)
(Сторбек 42' - Лино 31', Муслимовиќ 37')

Ветра - Фулам 0:3 (0:1)
(Замора 45', Марфи 57'(п), Сеол 85')

Војводина - Австрија Виена 1:1 (1:1)
(Ѓуровски 45' - Јун 38')

Рапид Виена - АПОП 2:1 (1:0)
(Маерхофер 25', Јелавиќ 57' - Семедо 79')

Вадуз - Либерец 0:1 (0:1)
(Блажек 43')

Жилина - Хајдук Сплит 1:1 (0:0)
(Кобилик 73'(п) - Рафаел 52')

Стеауа - Мадервел 3:0 (2:0)
(Крејган 31'(авт), Николица 45', Станку 60')

Васлуј - Омонија 2:0 (1:0)
(Темвајера 20', 55')

Полонија - Бреда 0:1 (0:1)
(Квакман 40')

Славија Сараево - Кошице 0:2 (0:1)
(Новак 11', Скутка 60')

Бриж - Лахти 3:2 (2:1)
(Акпала 12', Блондел 35', 90' - Моиланен 6', Корте 49')

Рандерс - Хамбургер 0:4 (0:2)
(Гереро 11', Боатенг 24', Петриќ 53', Троховски 84'(п)

Абердин - Сигма 1:5 (1:1)
(Малгру 22' - Хубњик 17', Бајер 64', Петр 69', Ордош 83', Хожава 90')

Рома - Гент 3:1 (0:1)
(Мексес 56', Тоти 73'(п), Вучиниќ 76' - Мбаје 23')

Фенербахче - Хонвед 5:1 (3:0)
(Роберто Карлос 13', Гвиса 30', 40, 61', Алекс 69' - Жолнаи 78')

Хелсингборг - Сараево 2:1 (1:1)
(Андерсон 6'(п), Скуласон 58' - Хаџиќ 22')

ПСВ - Черно Море 1:0 (0:0)
(Марселис 90')

Севојно - Лил 0:2 (0:2)
(Витек 34', Азард 39')

Сент Патрикс - Крилја Советов 1:0 (0:0)
(О'Браен 71')

Риека - Металист 1:2 (0:1)
(Шарбини 59' - Еременко 43', Лисјенко 85')

Рејкјавик - Базел 2:2 (2:0)
(Бенедиксон 6', Сигурдсон 9' - Чиперфилд 58', Алмарареш 83')

Атлетико Билбао - Јанг Бојс 0:1 (0:1)
(Думбија 23')

Брага - Елфсборг 1:2 (0:1)
(Мејонг 50'(п) - Даниелсон 16', Бајрами 73')
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
хулиган Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 103
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај хулиган Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2009 во 14:10
Zrebij za League Europa 2009/2010
 
nekoj pointeresni dvojki:
  
   Fulham-Amkar
  
   Partizan-Zilina
   
   Shakhtar-Sivasspor
  
   Slavia Prague-Crvena Zvezda
 
 
  svi dvojki:http://www.uefa.com/live/competitions/uefacup/draw/2010.po/draw_basic.html


Изменето од хулиган - 07.Август.2009 во 14:12
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2009 во 12:11
Ова се паровите за пласман во Евро Лигата за настап по групи.

За нас интересни двојки со они во кои учествуваат тимовите на нашите интернационалци. Така Филип Деспотовски(Ворскла) ќе игра со Бенфика, Горан Пандев(Лацио) ќе игра со шведскиот Елфсборг, Златко Таневски(Лех Познан) за противник го доби Бриж, Горан Попов(Херенвен) ќе игра со ПАОК, Ѓоко Хаџиевски(Баку) го доби Базел, а Ристе Наумов(Славија Прага) игра со Ц.Ѕвезда. 

 

Еве ги двојките:

Лацио - Елфзборг

Лех Познан - Клуб Бриж

Бенфика - Ворскла

Славија Прага - Црвена Ѕвезда

Баку - Базел

ПАОК - Херенвен

БАТЕ Бoрисов - Литекс

Динамо Загреб - Хартс

Вердер Бремен - Актобе

Евертон - Сигма

НАK Бреда - Виљареал

Фулам - АЗ Алкмар

Галатасарај - Левадиа

Теплице - Хапоел Тел Авив

Металург Доњецк - Австрија Виена

Твенте - Карабаг

Рома - Кошице

Динамо Москва - ЦСКА Софија

Генк - Лил

ПСВ - Бнеи Јехуда

Лацио - Елфзборг

Трабзонспор - Тулуз

Партизан - Жилина

Ајакс - Слован Братислава

Шахтјор - Сиваспор

Брондби - Херта

Атлетик Билбао - Тромсо

Сарајево - Клуж

Рапид Виена - Астон Вила

Стеауа - Сент Патрик

Спарта Прага - Марибор

Зенит - Национал

Џенова - Оденсе

Динамо Бук*решт - Либерец

Гингамп - Хамбургер

Сион - Фенербахче

Штурм - Металист

Васлуј - АЕК

Стабек - Валенсија

 

Првите натпревари се играат на 20-ти август, реваншите се недела подоцна
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2009 во 15:24
Ливерпул против Униреа, Јувентус против Ајакс во Европа лигата

Поранешниот европски шампион Ливерпул во Европа лигата ја доби Униреа Узрицени за противник а Јувентус по елиминацијата од Лигата на шампионите го доби Ајакс.

Тренерот на Фудбалската репрезентација за Германија за играчи до 21 година Хорст Круберх во седиштето на УЕФА, во Нион ги извлече двојките за нокаут фазата од Европа лигата:

    * Рубин Казан- Хапоел Тел Авив
    * Атлетик Билбао- Андерлехт
    * ФК Копенхаген- Олимпик Марсеј
    * Панатинајкос- Рома
    * Атлетико Мадрид- Галатасарај
    * Ајакс- Јувентус
    * Бриж- Валенсија
    * Фулам- Шахтјор Донетск
    * Ливерпул- Униреа Узрицени
    * Хамбург- ПСВ Ајдховен
    * Вилјареал- Волфсбург
    * Стандард- Салзбург
    * Твенте- Вердер Бремен
    * Лил- Фенербахче
    * Евертон- Спортинг
    * Херта Берлин- Бенфика

Финалето на Европа лигата ќе се одигра во Хамбург, мај 2010 година.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 14:47
Шпански дуел во Лигата на Европа

Во седиштето на УЕФА Нион, денеска беа извлечени двојките за четвртфиналната фаза во Лигата на Европа. Исто како и при извлекувањето на паровите за четвртфиналето во Лигата на шампионите така и во ова натпреварување во оваа фаза немаше екипи носители при жребувањето.

За пласман меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на Европа ќе играат: Фулам - Волфсбург, Хамбургер - Стандард, Валенсија - Атлетико Мадрид и Бенфика - Ливерпул.

Првите натпревари се играат на 1 април, а реваншите се седум дена подоцна.

Полуфиналните дуели ќе се одиграат на 22 и 29 април.

Во првото полуфинале ќе играат подобриот од Хамбургер - Стандард со победникот од дуелот Фулам - Волфсбург.

Второто полуфинале ќе го сочинуваат победникот од шпанската пресметка Валенсија - Атлетико Мадрид и поуспешниот од двомечот Бенфика - Ливерпул.

Финалето во Лигата на Европа ќе се одигра на 12 мај во Хамбург.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 23:15
Голеада во Европа

34 гола на 8 меча во реваншот од осминафиналето на Лига Европа. Валенсија се пласираше против Вердер во меч со 8 гола, а Јувентус срамно ја заврши евро одисејата против Фулам.

Изненадувањето на вечерта го приреди Фулам кој му даде завршен удар на грогираниот италијански великан во неславната сезона. Нешто е труло во италијанскиот фудбал, би рекле вистинските вљубеници во најпопуларниот спорт на светот, ако се земе предвид фактот дека најтрофејниот клуб на Апенините е исфрлен од Лигата на Европа од просечен англиски тим.

Јувентус имаше 3:1 од првиот меч, а реваншот го почна прекрасно со гол на Трезеге по само 2 минути игра. Но, потоа се тргна во непосакуван правец. Замора во 9 минута израмни на 1:1, па Канаваро во 27 минута доби црвен картон, кој според многумина беше неправеден, за во 40 минута Гера да го најави големото изненадување.


Во вториот дел Унгарецот го постигна својот втор гол од пенал, а Демпси во 82 минута стрелаше за 4:1 и голема радост на Англичаните. (видеo)

Прекрасен натпревар беше одигран и на Весерстадион каде Вердер и Валенсија одиграа 4:4, а со оглед на првиот меч кој заврши 1:1, Шпанците се пласираа меѓу осумте најдобри.

Валенсија со отворена игра го диктираше мечот, а Вердер возвраќаше со противнапади. Виља во 3 минута го отвори резултатот, а во 15 минута Мата зголеми на 0:2. Тогаш Томас Шаф веднаш го внесе Хуго Алмеида кој во 26 минута го намали резултатот по асистенцијата на Пизаро. Сепак, Лилјаците на одмор заминаа со предност од два гола со погодокот на Виља во 45 минута.

Во вториот дел Вердер притисна и во 57 минута Фрингс намали од пенал, а во 62 минута веќе беше 3:3, со голот на Марин. Голеадата ја продолжи Виља со хет-трик во 66 минута, додека конечните 4:4 што не беа доволни за Германците беа дело на Пизаро во 84 минута. (видеo)

Стандард по победата во Атина од 3:1, во Лиеж рутински го совлада Панатинаикос со 1:0. (видеo)

Бенфика на гости го совлада Марсеј и по лисабонските 1:1 оди понатаму. Победничкиот гол во судиското продолжение го постигна Алан Кардец. (видеo)


Во средбите од 21 часот, Ливерпул не дозволи изненадување против Лил и со головите на Џерард и Торес славеше на домашен терен со 3:0 (видеo), а Хамбургер во ’луд’ натпревар изгуби во Брисел од Андерлехт со 3:4, меѓутоа поради победата на домашен терен од 3:1, се пласираше во четвртфиналето. (видеo)

Спортинг и Атлетико Мадрид одиграа 2:2 (видеo), па Шпанците поради повеќе голови во гости се пласираа понатаму, а Волфсбург дури на продолженија славеше против Рубин Казан со 2:1. Во првиот меч, како и до 90 минута од вториот беше 1.1. (видеo)
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2010 во 10:38
Фулам и Атлетико Мадрид во финалето на ЛЕ

Во финалето на фудбалската Лига на Европа што на 12 мај ќе се одржи на „Нордбанк арената“ во Хамбург ќе играат екипите на Фулам и на Атлетико Мадрид. 

Екипата на Фулам со пресврт пред своите навивачи синоќа дојде до посакуваната победа во реванш полуфиналето од лигата на Европа. Фулам на „Кревен Котиџ“ го совлада Хамбургер со 2:1 иако гостите водеа на крајот од првиот дел со голот на Младен Петриќ од слободен удар во 22-та минута. Пресвртот го навести Сајмон Дејвис во 70-та минута кога изедначи на 1:1, а победата од 2:1 на Фулам му ја донесе Золатн Гера во 76-та минута. Со поразот Хамбургер испушти шанса финалето да го игра на домашен терен. Во Хамбург резултатот беше 0:0. 

На „Енфилд“ Ливерпул постигна „пирова победа“ од 2:1 по продолжение. Во регуларните 90 минути беше 1:0 за Ливерпул со голот на Алберто Аквилани во 44-та минута, со што беше постигнат истиот резултат од Мадрид кога Атлетико победи. Во продолжението Ливерпул поведе и со 2:0 со голот на Јуси Бенајун во 95-та минта, но Атлетико Мадрид преку Диего Форлан (беше стрелец и на првиот натпревар) постигна гол за пораз од 2:1 и повторно благодарение на правилото гол повеќе во гости е вкупен победник.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2010 во 18:59
Форлан му го донесе трофејот на Атлетико

Шпанскиот Атлетико успеа да стигне до првиот трофеј во Лигата на Европа во историјата откако во финалниот меч на Нордбанк Арената во Хамбург го совлада Фулам. Шпанскиот тим со многу мака дури во продолженијата постигна победнички гол и го однесе драгоцениот пехар. Инаку мечот започна со доминација на Атлетико кој првпат се закани во 10 минута. Фудбалерот на Фулам Дени Марфи погреши кога му ја додаде топката на Агуеро, овој ја проследни до Форлан кој ја погоди стативата од голот на Шварцер. Во 32. минута резултатот беше отворен кога Форлан од сомнителна ситуација постигна гол. Агуеро се обиде да шутира од полу-волеј меѓутоа тоа го стори лошо, но за среќа топката стигна до Форлан од прва ја спроведе во голот. Снимката покажа дека Уругваецот се наоѓал во мал офсајд, меѓутоа судијата го призна голот. Во првата посериозна можност Фулам дојде до израмнување. Замора ја поведе акцијата и додаде до Гера кој, пак, нафрли, топката ја прелета одбраната на Атлетико, а Дејвис со волеј удар откосо го матира Де Геа.

Во второто полувреме Фулам одигра далеку поквалитетно го имаше поседот на топката и упати неколку шута преку Дејвис, Гера и Марфи меѓутоа мрежата на Де Геа не беше затресена.

Натпреварот замина во продолженија, а во него Форлан ја искористи невнимателноста на одбраната на Фулам и го одлучи победникот.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 19:22

Извлечени групите во фудбалската Лига Европа

 
Извор: Макфакс


Во Монако се извлечени групите за натпреварите во групната фаза во фудбалската Лига Европа.

Според имињата на тимовите, особено внимание привлекуваат групите Д и Ј. Во Д групата силите ќе ги одмерат Виљареал, Клуб Бриж, Динамо Загреб и ПАОК, во Ј групата партиципираат Севиља, ПСЖ, Борусија Дортмуд и Карпати.

Група А: Јувентус, Манчестер Сити, Салцбург, Лех

Група Б: Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Розенборг, Арис

Група Ц: Спортинг Лисабон, Лил, Левски, Гент

Група Е: АЗ Алкмар, Динамо Киев, БАТЕ Борисов, Шериф

Група Ф: ЦСКА Москва, Палермо, Спарта Прага, Лозана

Група Г: Зенит, Андерлехт, АЕК, Хајдук

Група Х: Штутгарт, Хетафе, Оденсе, Јанг Бојс

Група И: ПСВ Ајндховен, Сампдорија, Металист, Дебрецен

Група К: Ливерпул, Стеауа, Наполи, Утрехт

Група Л: Порто, Бешикташ, ЦСКА Софија, Рапид Виена

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2010 во 05:00
Стартуваше Лигата на Европа

Лигата на Европа стартуваше денеска со мечевите од првото коло кое донесе и неколку изненадувања. "Се лизнаа" Виљареал, кој во Загреб загуби со 2:0 и Атлетико од Мадрид, кој  на гостувањето во Грција е поразен со 1:0.

Јувентус ја продолжи серијата неубедливи игри бидејќи дома одигра само нерешено против Лех, додека Манчестер Сити беше сигурен на гостувањето во Австрија. Спортинг забележа сигурна победа против Лил, исто како и Левски против Гент. ПАОК може да биде задоволен со бодот од бриж, како и БАТЕ кој ремизираше со киевски Динамо. АЗ освои бодови против Шериф, исто како и Спарта против Палермо.

Ливерпул немаше многу проблеми со Стеауа, слично како и Порто со Рапид, додека Сампдорија против ПСВ и Наполи против Утрехт не можеа да се изборат за повеќе од реми. Бешикташ дури во последните моменти успеа да го скрши отпорот на ЦСКА:

Група А:
Салцбург - Манчестер Сити 0:2 (0:1)
Јувентус - Лех 3:3 (1:2)

Група Б:
Арис - Атлетико Мадрид 1:0 (0:0)
Баер Леверкузен - Розенборг 4:0 (2:0)

Група Ц:
Лил - Спортинг Лисабон 1:2 (0:2)
Левски - Гент 3:2 (1:1)

Група Д:
Динамо Загреб - Виљареал 2:0 (1:0)
Бриж - ПАОК 1:1 (0:0)

Група Е:
АЗ - Шериф 2:1 (1:0)
Динамо Киев - БАТЕ Борисов 2:2 (2:1)

Група Ф:
Спарта Прага - Палермо 3:2 (1:1)
Лозана - ЦСКА Москва 0:3 (0:1)

Група Г:
Андерлехт - Зенит 1:3 (0:3)
АЕК - Хајдук Сплит 3:1 (1:1)

Група Х:
Штутгарт - Јанг Бојс 3:0 (1:0)
Хетафе - Одензе 2:1 (0:1)

Група И:
Дебрецен - Металист 0:5 (0:2)
ПСВ - Сампдорија 1:1 (0:1)

Група Ј:
Карпати - Борусија Дортмунд 3:4 (1:2)
Севиља - Парис Сент Жермен 0:1 (0:0)

Група К:
Наполи - Утрехт 0:0
Ливерпул - Стеауа 4:1 (1:1)

Група Л:
Бешикташ - ЦСКА Софија 1:0 (0:0)
Порто - Рапид Виена 3:0 (1:0).

Кон врв
Izzy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 161
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2010 во 22:48
Ајде, оваа година повторно титулата во Москва. Davai CSKA!!!
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 14:39
Лига Европа: Манчестер Сити и Јувентус ги поделија бодовите
 
 

Комплетирано е второто коло во фудбалската Лига Европа.

Во најпривлечниот дуел, Манчестер Сити и Јувентус одиграа без победник 1:1. Јакинта погоди за „старата дама“, бод на Сити му донесе Адам Џонсон.    Најубедливата победа ја забележа Спортинг, во Лисабон „лавовите“ го совладаа Левски на Дарко Тасески со 5:0. Македонскиот тренер, Ѓоре Јовановски со ЦСКА во Софија претрпе минимален пораз од 0:1 на дуелот со Порто.

Комплетни резултати:

Група А:
Манчестер Сити-Јувентус 1:1
Лех-Салцбург 2:0

Група Б:
Атлетико Мадрид-Баер Леверкузен 1:1
Розенборг-Арис 2:1

Група Ц:
Гент-Лил
Спортинг-Левски 5:0

Група Д:
ПАОК-Динамо Загреб 1:0
Виљареал-Бриж 2:1

Група Е:
Шериф-Динамо Киев 2:0
БАТЕ Борисов-АЗ Алкмар 4:1

Група Ф:
Палермо-Лозана 1:0
ЦСКА Москва-Спарта Прага 3:0

Група  Г:
Хајдук-Андерлехт 1:0
Зенит-АЕК 4:2

Група Х:
Оденсе-Штутгарт 1:2
Јанг Бојс-Хетафе 2:0

Група И:
Сампдорија-Дебрецен 1:0
Металист-ПСВ 0:2

Група Ј:
Борусија Дортмунд-Севиља 0:1
ПСЖ-Карпати 2:0

Група К:
Стеауа-Наполи 3:3
Утрехт-Ливерпул 0:0

Група Л:
Рапид Виена-Бешикташ 1:2
ЦСКА Софија-Порто 0:1

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.