IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 254255256
Автор
Порака Обратен редослед
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2008 во 10:25
Моира, знам дека има многу теми во врска со името мегутоа сите се конкретни, или кое име ке го избереме или прашање ѕа референдумот и тн.
Оваа тема ја замислувам како општа, кај ке го коментираме текот на преговорите, ставовите на владата нашите ставови и тн.

Инаку мотив за оваа тема ми е последната средба на владата со Нимиц, кај сто владата конечно ,фала му на господ , покренала и прашања који ги засегат малцинствата во Грција и одземените имоти.
Мислам дека со ова конечно направивме добар потег и се стори она што требаше да биде сторено многу порано.

Нападот е најдобра одбрана, а вистината најмокно оружје, за жал се до вчера не се најде паметен да ја проговори.

Ефективни разговори во Скопје и Атина, но разликите остануваат. Вака медијаторот Нимиц ја сумираше дводневната македонско-грчка турнеја.

„Мислам дека двете земји се заинтересирани да видат дали прашањето може да се реши сега. Двете страни имаат многу сериозен приод. Нема да кажам дека разликите се намалени, бидејќи гледиштата за начинот на решавање на прашањето се уште се разликуваат, но двете земји изразија подготвеност да се разгледа можноста да се оствари напредок токму сега“, изјави Метју Нимиц.

Во дипломатски стил избегна да го каже својот став за референдум за името. Тој е право на секоја држава, вели Нимиц.

Денеска потврди дека се разговарало за многу други прашања, коишто не се директно поврзани со резолуцијата на ОН.

„Мислам дека она што го прашувате е дали дискусиите се водат за името или и за други прашања. Една од работите што се случија на дискусиите, а тие се водат повеќе од десет години, е дека се појавуваат и други прашања кои се поврзани. Луѓето сакаат да зборуваат за нив, бидејќи се поврзани со односот и со името, но ако зборуваме за името, потоа се размислува дали се користи на едно место, дали тоа влијае на нешто друго итн.“, рече Нимиц.

„Има неколку прашања коишто не се само за името, туку се поврзани за тоа што разговаравме. Тоа е дел од мојата мисија, ако луѓето сакаат да разговараат за тоа“, додаде Метју Нимиц.

Според информациите на А1, средбата што Нимиц ја имал во Владата била многу напната и тешка, откако му било укажано дека тој излегува надвор од мандатот што го има како медијатор.

Презентирајќи ги идеите, според кои сега се зборува за едно единствено име за меѓународна употреба, Нимиц неофицијално, дал низа предлози. Тие, според владини извори, се слични со позициите на грчката Влада, особено во однос на употребата на името и промената на пасошот.

Според западни дипломатски извори, ваквата нова прогрчка позиција на Нимиц, била единствен начин Грција да се врати во преговорите.

Сепак, Нимиц во Скопје го дочекало и едно изненадување.


Сепак, Нимиц во Скопје го дочекало и едно изненадување. Кога веќе се оди надвор од рамката дадена во ОН, Владата побарала во разговорите да се вклучи и прашањето за правата на македонското малцинство во Грција.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 254255256
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.