IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Црвено - црни новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Црвено - црни новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 17>
Автор
Порака Обратен редослед
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Црвено - црни новости
    Испратена: 06.Декември.2013 во 21:36
Новогодишната желба се исполнува: Вардар станува " македонскиот Челзи "

Новогодишната желба на комитите, но и на илјадници Скопјани и Македонци најверојатно ќе биде исполнета. Конечно, скоро после 22 години, Македонија ќе има свој клуб за кого да навива во фудбалската „Лига на Шампионите“.

Ако во поранешна Југославија нашиот народ беше навикнат да навива за Црвена Ѕвезда или Партизан во најсилното фудбалско натпреварување во Европа, по осамостојувањето мораше да се преориентираме и да започнеме да навиваме за странските клубови од типот на Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Барселона...

Денеска, по форуми, Facebook и Twitter започна да кружи информацијата дека конечно Сергеј Самсоненко, газдата на нашиот ракометен машки и женски гигант Вардар, ќе влезе во нашиот фудбалски шампион кој го носи истото име како и ракометните клубови, Вардар.


Комитите, кои неодамна на натпреварот од ракометната „Лига на Шампиони“, Вардар-Металург истакнаа транспарент преку кој и официјално пред целата јавност го повика Самсоненко да го превземе раководењето на фудбалскиот клуб Вардар. Паролата „Светски човек за европски клуб, повели во ФК Вардар“ беше истакната кон крајот на првото полувреме и предизвика аплаузи од скоро сите присутни во салата.

Официјална потврда сè уште не постои, иако од Вардар најавија дека во брзо време најверојатно клубот ќе има нов сопственик, а сите веќе знаеме за кое име станува збор. Останува да почекаме и да видиме дали на крај ќе излезе точно дека Русинот ќе влезе во Вардар со инвестиција од од 5 или 6 милиони евра. Ништо чудно и Македонија да го добие својот Роман Абрамовиќ и Челзи, па и ние во иднина да гледаме врвни фудбалски натпревари на нашиот нов прекрасен фудбалски храм „Филип II“.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2012 во 05:06

Вардар го дочека моментот: Комити на теренот во Кратово слават титула


Најтрофејниот и најпопуларниот македонски фудбалски клуб го дочека моментот и конечно по девет години пауза стави точка на долгиот пост откако денеска во Кратово, кај некогаш големиот и лут ривал Силекс, ја обезбеди шестата шампионска круна во независна Македонија со победата со 2-1.

Навивачите на Вардар влетаа во терен за да прослават со новите шампиони 

За само една година, откако клубот практично пропадна со испаѓањето во Втората лига, вардарци административно спасени, реформирани и реновирани за неполни 12 месеци имаа вистинска „црвено-црна ренесанса“, која денеска ја завршија со крунисувањето за нов владетел во македонскиот фудбал, на три кола до официјалниот крај на сезоната.

Со извиците „шампиони, шампиони“, околу 200 навивачи на Вардар кои во приватна режија допатуваа во Кратово за да го бодрат вардар на првата меч топка за шампионската титула, едвај дочекаа да заврши мечот за да влетаат на теренот на стадионот на Силекс и да ја прослават првата шампионска круна по големиот пост.

Предводени од Илчо Ѓорѓиоски, и одлично склопениот тим и правилно избраните странци, предводен од капитенот и првиот стрелец на лигата, Филип Ивановски, Вардарци во текот на целата сезона доминираше и сосема заслужено на крај се радува на шампионската круна. Вардар го победи Силекс со 2-1 со двата гола на Ивановски во првото полувреме, со што голгетерот на црвено-црните стигна до бројката од 23 погодоци во оваа сезона, а на Вардар му ја донесе неопходната победа откако патот кон трофејот вчера го отвори Металург со поразот во Тетово кај Ренова.

Вардар на три кола до крајот има девет бода повеќе од Шкендија од која ја презема шампионската круна, но тетовскиот клуб нема теоретски шанси за да ги стигне вардарци, затоа што веќе има негативен биланс во меѓусебните дуели поради двата порази во првите две рунди со 2-0 и 1-0.



Изменето од емил - 14.Мај.2012 во 05:06
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2012 во 17:51
И покрај забраната и ризикот, Комитите ќе патуваат во Тетово

 
Вардаровата навивачка група Комити Запад и соопшува на јавноста дека и покрај забраната воведена од федерацијата за присуство на гостински навивачки групи, ќе го бодри својот клуб на претстојниот натпревар со Шкендија во Тетово
 

 
 
Навивачката група Комити Запад упатува известување до целата македонска јавност и ги повикува сите свои членови да се придружат на гостувањето во Тетово на натпреварот Шкендија- Вардар.

Навивачката група Комити известува дека нема да ја почитува забраната за движење наложена од Фудбалската федерација и истата ја сметаат за незаконска.Комитите сметаат дека со нивното навивање на последниот натпревар помеѓу Вардар и Тетекс докажале дека навивачките трибини не се секогаш извор на насилство.

"Овој натпревар е многу значаен за нашиот тим во борбата за титула, така да нашето присуство е задолжително", е наведено во соопштението на Комитите. "По тој повод ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат во среда во 08.00 часот на Железничката станица во Скопје, од каде ќе тргнеме со возови во Тетово. Жално е што нашата полиција неможе да гарантира безбедност на сопствените граѓани во сопствената држава па притоа сме приморани да го пратиме ова соопштение."

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2012 во 06:22

ПОСЛЕ ТАНЕВСКИ И ОГБОНА ПОТПИША ЗА ВАРДАР







Најголемиот фаворит за шампионската титула оваа сезона со две квалитетни засилувања.


Откако потпиша најпрво со Златко Таневски, ФК Вардар издаде и ново соопштение со кое ги израдува многубројните навивачи на овој клуб. За Вардар потпиша уште еден многу квалитетен играч кој ќе биде од голема помош во борбата за шампионската титула годинава. Станува збор за Ибезито Огбона.


„ФК Вардар официјално објавува дека постигна договор за соработка со екс играчот на израелски Хапоел Тел Авив, романски Клуж и Кајзер Чифс од Јужна Африка, Ибезито Огбона.“


Порано денеска поранешниот играч на Вардар, дефанзивецот Златко Таневски потпиша 18- месечен договор со најтрофејниот клуб во Македонија.


Златко Таневски, се враќа во Вардар, откако ја раскина соработката со полскиот Белхатов. Тој ги договори условите со раководството на клубот, потпиша договор на 18 месеци и ќе се приклучи на тренинзите на екипата, која од 2. февруари се сели на подготовки во Анталија, Турција.

 

Таневски од 2004 до 2006 година две сезони настапуваше за Вардар, одигра 44 натпревари за најтрофејниот клуб, потоа замина на печалба во Полска, во Лех Познањ (2006-2010), и во Белхатов (2010-2012).






Според најавите од ФК Вардар до крајот на овој преоден рок треба да очекуваме уште некое засилување, за што во целост ќе бидеме известени на прес конференцијата која ќе се одржи на 1-ви февруари прд поаѓањето за Анталија.

Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2011 во 02:10
sega so zabranata za gostuvanje i najgolemoto derbi pelister vardar ke se izgubi poleka nema da ima publika kako nekogas
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2011 во 01:19
Originally posted by Izzy Izzy напиша:

Originally posted by stigma04 stigma04 напиша:

Ni dojdoja ni ke dojdat komitite nemaat hrabrost za gostuvanje vo bitola.......



Kako sho imam slushnato, od Bitola imalo stignato pismo vo koe se naveduva deka salata e rasprodadena, i deka nema mesto za Komiti.


tie se gluposti deka salata e rasprodadena so karti se znaese deka nema da dojdat komitite posto dve tribini se i nemase da se izigra utakmicata ke imase nemiri i incident sto nasto ti garantiram
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
Izzy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 161
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2011 во 22:56
Originally posted by stigma04 stigma04 напиша:

Ni dojdoja ni ke dojdat komitite nemaat hrabrost za gostuvanje vo bitola.......



Kako sho imam slushnato, od Bitola imalo stignato pismo vo koe se naveduva deka salata e rasprodadena, i deka nema mesto za Komiti.

UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 20:15
Ni dojdoja ni ke dojdat komitite nemaat hrabrost za gostuvanje vo bitola.......
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 02:09
A da prajme realno muabet vo bitola vo sportskata sala se samo dve tribini,mislam haos ke bide.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 02:06
Sega procitav i nemi se veruva komitite najavuvaat golemo gostuvanje vo bitola na rakometniot natprevar Pelister vardar na 02 03 2011.
Mislam neznam sto da kazam dali ke se povtori 1993 dali nekoj povtorno saka da napravi nekoj haos ili se ke pomini vo dobar red ke vidime,znaci za prv pat vo ovie godini komiti najavuvaat gostuvanje na rakometen natprevar vo bitola sto dosega nikogas ne se desilo da dojdat.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 20:57
Навивање од ракометниот натпревар Вардар- Копенхаген, каде што Вардар со наша помош победи со 33-20.


Изменето од stigma04 - 02.Март.2011 во 20:16
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2011 во 11:27
Вардар- Копенхаген
Натпреварот Вардар- Копенхаген се игра во Сабота од 18,00 во салата Кале.

Комити Скопје ги повикуваат своите членови да присуствуваат на овој натпревар во што поголем број, собир во 16,00 пред Соборниот Храм.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2010 во 02:26
Site navivacki makedonski grupi nema da ja pocituvaat naredbata i ke gostuvaat na gostinski teren....
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2010 во 18:47
СООПШТЕНИЕ !

     Со ова соопштение навивачката група Комити Скопје ја искажува својота реакција околу одлуката на Управниот Одбор при Фудбалската Федерација на Македонија од 10.11.2010.

-Имено според членот 2 кој забранува организирано гостување на навивачи, ние како најголема, најорганизирана и најстара навивачка група сме должни да го изнесеме своето незадолство и да дадеме соодветна реакција.

-Најпрво ќе го земеме примерот кој што се применува врз нас се почесто (обвинување) и ќе ја обвиниме фудбалската федерација дека преку својата одлука на ден 10.11.2010 го прекршува член 27 од Уставот на Република Македонија кој гласи “ Секој граѓанин на Република Македонија има право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште. “
Секако како што не учи искуството знаеме дека доколку се упатиме на гостовање нашите членови ќе бидат приведени, а сето тоа е со цел да се ослабне навивачкото движење во Македонија и постепено тотално да згасне истото па тука би цитирале уште еден член(20) од уставот кој вели “ На граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања. ”, од друга страна пак, а не онаа правната ќе се запрашаме за кого се игра фудбалот ако не за навивачите, дали главните актери на теренот, односно фудбалерите биле запрашани во донесувањето на оваа круцијална за нас одлука??
Бидејќи оваа држава аспирира кон Европската Унија и европските стандарди би сакале да ги запрашаме институциите како дерби натпреварите во Италија(последен пример Лацио-Рома) се обезбедувани од полицијата, а во истите дерби натпревари се вмешани многу порадикални навивачи и секако во далеку поголем број?
-Дали ова значи дека нашиот Вардар ако игра со тим од Италија или Русија каде што Хулиганите се познати по нивната активност нашите органи не би биле во можност да ги запрат истите?? Според нормалната човечка логика и резонирање штом неможе да се обезбедат 500-1000 навивачи од две навивачки групи, тогаш како ќе се обезбедат 3000 радикални навивачи кои доаѓаат од друга држава, па според тоа би ги повикале истите органи да се повлечат од својата должност чим покажуваат немоќ или пак неспособност ?!!

Во последно време актуелно е и применувањето на двоен аршин каде може да видиме како државното знаме е симнато од јарболот(Кичево), нападната е полицијата во Тетово (ниеден приведен), и омаловажувана е Македонската нација и име на натпреварите на Лирија во кошарка, а надлежните органи немаат превземено никакви акции против овие симпатизери. Споредбено гостовањето во Скопје на било која група секогаш било најбезбедно додека гостовањата во Кичево, Тетово, Куманово, Гостивар секогаш биле од најголем ризик, а пропратени со најмалку полиција.

Според ова може да ремизираме дека навивачката група Комити како вечен бранител и подржувач на Македонија, нема да постапува и да ги почитува овие противуставни одлуки и ќе продолжи да ги посетува сите натпревари на Фк Вардар на гостински терен.

Исто така јавно сакаме да ги повикаме претставниците на Фудбалската Федерација на Македонија и Министерството за Внатрешни работи на Македонија на јавна дебата каде што народот би имал можност од истата сам да процени кој свесно го турка фудбалот во пропаст во оваа држава и штити(или пак нејќеме да помислиме дека се плаши од одредени националност и региони во РМ). Доколку медиумите до кои е испратено ова писмо не го објават, истите ќе бидат сметани за подржувачи на нерегуларноста и индиректни помагачи на пропаѓањето на фудбалот во нашата Република.

Со почит и искрени намери
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.