IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести > Избори
  Активни теми Активни теми RSS - За ДПА и ДУИ изборите се власт или смрт??
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За ДПА и ДУИ изборите се власт или смрт??

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
oon Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 397
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: За ДПА и ДУИ изборите се власт или смрт??
    Испратена: 04.Јуни.2008 во 23:05
Аналитичарот Алфред Муслиу смета дека мора да се најдат виновниците и тие да одговараат, бидејќи со насилството им задале тежок удар на евроинтегративните процеси на Македонија.



Гола борба за власт е мотивот на активистите на ДУИ и на ДПА да не избираат средства како да стигнат до повеќе гласови, дури и да посегнуваат по оружје, сметаат експертите по инцидентите на изборниот ден, чиј биланс е еден загинат и повеќемина ранети. Тие сметаат дека лидерите на ДУИ и на ДПА се искрени во заложбите Македонија да биде дел од НАТО и ЕУ и дека изборното насилство не е сценарио за попречување на евроинтеграцискиот процес, туку борба да се влезе во владата.Наспроти ова, партиите на Мендух Тачи и на Али Ахмети меѓусебно се обвинуваат за пукотниците и насилството на изборите и тврдат дека во спротивниот табор „дивееле криминалци“. И експертите и партиите се единствени дека институциите на системот треба да ги најдат и да казнат учесниците во инцидентите и се надеваат дека на повтореното гласање ќе ја оправдаат шансата за поправен испит која им ја дадоа меѓународните претставници.Аналитичарот Алфред Муслиу смета дека мора да се најдат виновниците и тие да одговараат, бидејќи со насилството им задале тежок удар на евроинтегративните процеси на Македонија. Тој вели дека изборни нерегуларности се случуваат насекаде, но дека е важно државата да ги расветли за повторно да не ни се случи употреба на оружје на избори.

- Вака излегува дека насилството е традиција, бидејќи жртва имаше и на локалните избори во 2000 година. Желбата да се учествува во власта е преголема. Треба да е чест да си дел од власта, а не привилегија за решавање на лични интереси. За жал, и двете партии на Албанците власта се' уште ја сфаќаат како лична привилегија - вели Муслиу.Тој верува дека Тачи и Ахмети се искрени во намерите дека Македонија треба да биде дел од НАТО и ЕУ. Додава дека преку изборното насилство го покажуваат својот однос кон електоратот. За искричењата помеѓу ДУИ и ДПА, Муслиу не верува дека станува збор за внатреалбански, туку за политички конфликт. Според него, по војната помеѓу двете партии тешко е да се воспостави постизборна комуникација меѓу Ахмети и Тачи.И аналитичарот Јетон Шасивари смета дека изборното насилство и тензиите помеѓу ДПА и ДУИ се случуваат бидејќи и за двете партии е неприфатливо да бидат опозиција. Станува збор за голема борба која партија ќе биде дел од власта. За жал, тоа е карактеристика само за партиите на Албанците во Македонија. Во Албанија и во Косово нема насилство и оружени инциденти на избори. Но, ова не треба да биде проблем само на Албанците во Македонија, туку на цела држава. Државата треба да изгради единствена стратегија за фер и демократски избори - вели тој.Шасивари смета дека е потребна измена на Изборниот законик. Да се воведат казни за инциденти во предизборната кампања, а не само за денот на гласање. Според него, ако институциите ги казнат насилниците во изборната кампања, тогаш може да се очекува дека денот на изборите може да помине без инциденти. За инцидентите на денот на гласањето ДПА и ДУИ и натаму си ја префрлаат вината. Џеват Адеми од ДУИ вели дека кај Албанците има пукање бидејќи криминалната структура на ДПА и некои структури на полицијата сакале да испратат лоша слика за Албанците.Секогаш кога ДПА е на власт има пукотници, насилства и убиства на изборите. Нема внатреалбански судир, нема две страни во инцидентите, бидејќи ние со ништо не придонесовме да има убиства. Тачи докажа дека е доследен и од изборите направи касапана вели тој.Со контраобвинувања до ДУИ се огласи ДПА.Нема проблем помеѓу активистите на двете партии, туку проблемот е што бандите на ДУИ пукаат во полицијата и во институциите. Изненадувачки е што за ранетиот Беќир Асани се' уште нема кривична пријава и тоа што Бесир Дехари е пуштен на слобода, а пукал на гласачко место. ДПА не е замешана во изборно насилство, а доказ за тоа е што во „шестката“ немаше пукотници -вели Адријатик Имери, партискиот пртпарол.

Меѓу приведените е и кандидат за пратеник на ДУИ
ДУИ вчера обвини дека, наместо полицијата да ги приведе насилниците од изборите, привела нивни кандидат за пратеник и активист.Во Тетово без никакво образложение е приведен Вулнет Ахмети, наш кандидат за пратеник во „шестката“ и активистот Идриз Хоџа од скопско Рашче. Случувањата од неделата ја нарушија довербата на Албанците во институциите, особено во МВР. Власта да преземе мерки за да се врати довербата на граѓаните како основен предуслов за мир во земјава. Со приведување кандидати за пратеници нема да се нормализира состојбата -рече портпаролката Ермира Мехмети.Таа најави дека ДУИ ќе поднесе тужби за изборно насилство против лидерот на ДПА, Мендух Тачи, Даут Реџепи-Лека, синот на Бедредин Ибраими, Ружди Матоши, Имер Селмани и други функционери на ДПА.Иво Котевски, портпарол на МВР, демантираше дека членовите на ДУИ се приведени без причина.Постојат сомневања дека двајцата учествувале во изборни инциденти. Очекуваме ДУИ, наместо да ги брани оние што направиле изборен инцидент, да ги посочи сторителите, особено сега по укажувањата од меѓународната зедница - вели тој.МВР вчера поднело кривични пријави за уште 20 осомничени, а прекршочно се пријавени уште седуммина. Осумнаесет од осомничените се приведени, а се трага уште по двајца. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=976B718CFFA0D04599603BE423E6561A
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2008 во 23:11
pa,...neka crknat,...mameto nivno,..
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Zorge Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Мај.2008
Локација: Russian Federation
Статус: Офлајн
Поени: 78
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zorge Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2008 во 23:36
Тоа многу и не не засега.
,,РАБОТАМ СПОРЕД ЛОГОРИТАМСКА ТАБЛИЦА,,
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2008 во 01:28
Pa da, ako si padnal od mars sigurno deka nema da te zasega!..вонземјанин
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2008 во 01:14
Аја наздравје нека им е победата на ДУИ.

Изменето од moira - 16.Јуни.2008 во 01:19
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2008 во 02:18


За ДПА и ДУИ секако дека изборите беа борба за власт како и секои избори што се...а во врска со смртта и се покажаа погубни, имаме изгубен еден човечки живот, но не верувам дека ке бидат погубни за било која партија од албанскиот блок, евентуално за ПДП, бидејки резултатите им се тука некаде.

Борбата за власт или смрт дури дега почнува, ПО ИЗБОРИВЕ!

Кој ке биде изборот на позицијата за коалиционен партнер во Владата од албанскиот блок, е тоа ке биде борба! Затоа што било која партија од гореименуваните да влезе во Владата ке се генерира незадоволство кај другата...незадоволство кое може државава да ја чини борба за опстанок!

И така со избориве изгубено е драгоцено време кое секако мошне скапо ке не чини, како на внатрешно, така и на надворешно политичко и економско битисување на државава.

Во периодов што следи и ке го почувствуваме ''бенефитот'' од предвремениве избори!

А, незадоволството кое секако ке се изроди кај една од двете албански партии ке не вовлече во уште понеизвесни и поматни води, кои секако некому му погодуваат, но тоа не сме ние, народот на оваа држава.



Изменето од moira - 16.Јуни.2008 во 02:35
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2008 во 02:22
Originally posted by deshad deshad напиша:

Аја наздравје нека им е победата на ДУИ.

NA CELO SO ALJI AMETI
Кон врв
oon Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 397
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2008 во 17:57
Gruevski patriotot me interesira dali ke koalicira so DUI???????
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2008 во 18:16
zosto bi moral da koalicira koga za sostav na vlada i prifacanje od strana na parlamentot ima prosto mnozinstvo ? ..... koj rece deka voopsto mora da koalicira ..... i dokolku resi da stori nesto takvo  , sigurno ce bide pod uslovi koi ce gi diktira licno toj , a ne nekoj " sipkovica democracy " ..... ako nejce teroristot , ima koj ce saka намигнување
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2008 во 18:33


Зарем воопшто смее новостариот Премиер да помисли да коалицира со ''миротворците''?

Нели тие беа оние лошите од кои зазираше и врз кои ја изгради својата политичка кариера.

Или пак и тој типува на краткорочната колективна меморија?




Кон врв
kire_nedelkov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 23.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kire_nedelkov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2008 во 21:42
tipuvam deka dui i da vleze, kratko ke bide vo vlasta.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.