IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Болести на тироидата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Болести на тироидата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака Обратен редослед
annaja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај annaja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Болести на тироидата
    Испратена: 19.Октомври.2017 во 14:23
И сакаш да кажеш,дека чворчињата се ствараат од недоволен јод?
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2016 во 23:35
Originally posted by annaja annaja напиша:

Ај ако може некој да сподели искуство со чворчиња на тироидна жлезда.
Имам јас две чворчиња од 10мм. а хормоните се во нормала и докторот ми рече дека треба само редовно да конролираат,на една година.
Последнава недела осеќам нешто како кнедла во грлототага
На контрола треба да одам во октомврисреќа

...ne se ispituvaat samo hormonite ( T3 , T4 , TSH ) pa ti bile vo normala tuku i antitela , dali toa si go napravila nekogash?..chvorchinjata pretezhno se promeni na samite kletki na tiroidea koi ja gubat funkcijata i se pretvoraat vo tumorozni nefunkcionalni najchesto bash od nedostig na vnes na Jod vo organizmot ...

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2016 во 17:21
1.) Јодирана сол
...си поставив прашање кои ми ја гарантира јодираноста ? ...солта најчесто Тузланска , додека бевме во ЈУ_гославија имаше некоја гаранција , сега ? кој ми гарантира после толку перипетии и војни дека Тузла ја има таа јодираност на солта? зарем не може да биде само амбалажа од порано , но не и солта ( богами има промена во боја и конзистенција ) , ете и прашокот Билјана и Сјај го имаше на пазарот , а немаше благе везе од работата на Охис фабриката беше друго нешто амбалажирано во оригиналот ? м?
...прв мој чекор си ја сменив солта во исхраната , по голем избор што барав која сол сега да ја применувам се определив за тој што ми гарантира со сертификат за 20-30 мг јод на 1кг сол!
2.Јодирање во пекарска индустрија ?
дискутабилно ;(... порано јодот се користел во изработка на леб и други пекарски производи , но сега е заменет со бром кој е поевтин дури тој го блокира јодот што го внесуваме со друга исхрана ...
3. Друга исхрана
исто не внимаваме на некои продукти кои во поголем внес во организмот го спречува искористувањето на јодот, така да особи кои во своја исхрана внесуваат поголеми количини од тазе зелка,кељ,репа, кикирики, соја ,карфиол, брокула кои содржат гоитогени супстанции тие спречуваат да се вгради јодот во хормоните на штитеста жлезда... СЗО како дневен внос на Јодот препорачува од 100-200 мцг за возрасни , за деца до 5 год 90 мцг , деца од 6-12 год 120 мцг , а за трудници 250 мцг јод секој ден, Јодот во најголеми количини го има во морска вода , кафеави морски алги , школки,ракчиња,шкампи,бакалар,туна,јајце, и мисирка , а во зеленчук - во лук,грав,спанаќ,тиква,бел компир, а во овошјето го има во брусница и јагодите... :f:
Внесот на на селен и цинк и те како е препорачлив при хипотирео Хашимото !:*:
4. Рок и чување
јодираната сол поради несоодветно амбалажирање, чување го губи Јодот поради високата влажност, високата температура и директната сончева светлина затоа се чува во темно , суво место, дури треба да се запази правилото на засолување на јадењето на крај на готвењето ... и јодираната сол ја задржува својата лековитост со активноста на јодот највише 4 месеца , така да и толку треба да се користи солот и да се купи нов, со напомена да се прочита времето кога е јодирано на опаковката во продавницата каде се купува да се троши....итн


Изменето од bijonse1 - 18.Септември.2016 во 17:25
Кон врв
annaja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај annaja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2016 во 11:00
Ај ако може некој да сподели искуство со чворчиња на тироидна жлезда.
Имам јас две чворчиња од 10мм. а хормоните се во нормала и докторот ми рече дека треба само редовно да конролираат,на една година.
Последнава недела осеќам нешто како кнедла во грлототага
На контрола треба да одам во октомврисреќа
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2016 во 22:51
prva greska ... vo nevnesuvanje na jod , odnosno nikoj ne znae dali voopshto solta sto ja koristime e jodirana ( site ja kupuvaat ,, Tuzlanska Sol,, barem takva e originalnata ambalaza kade pisuva jodirana ? тага

Изменето од bijonse1 - 05.Јуни.2016 во 22:59
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2016 во 13:19
od kade da znam deka si na Vistinskiot pravec!?
едно е - не се две
Кон врв
Суада Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Април.2015
Статус: Офлајн
Поени: 311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Суада Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2016 во 23:11
Еве јас ги знам тие пет грешки, дури и една плус повеќе знам, ако ви ги кажам, дали би ме сметале за НАЈУМНА личност и да ме прогласите као таква и награда од илјадарче не денари, туку евра да ми дадете. Оти ми требаат за козметика за лице, тело да си купам?!
Ако не, не ви ги кажувам.
Доаѓам тука-себеси се брукам...
Ми идИ во глава да си пукам
Хехе
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2016 во 10:25
ami kazhi gi greshkite, kolku i da se..
едно е - не се две
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2016 во 23:51
...na zhalost sekogas se lechat posledicite od poremetuvanjeto na shtitna zhlezda odnosno nejzinite disbalans hormoni , i sekogash na zhalost se odi vednash na lekarstva bez da se najdat i trgnat prichinitelite na ova poremetuvanje... podolgo vreme teloto trpi duri da pokazhe nemozhnost za reguliranje , a nie sakame preku nok da ispravime toa so najlesen metod - pienje lekarstva ! mozham da vi kazham najmalku 5 greshki kade se prichina za ovoj disbalans i regulirnje na istiot so poravka na tie najmalku 5 greshki ....
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2016 во 23:46


Изменето од bijonse1 - 05.Јуни.2016 во 23:00
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 21:54
Неправилна функција на тироидната жлезда

Доколку штитната жлезда работи премногу, произведува премногу хормони кои можат да имаат сериозно дејство на организмот.

Кога штитната жлезда не работи правилно, тоа предизвикува чести промени на расположението, но се јавуваат и други симптоми. За многу од овие промени, жените би помислиле дека се само знаци на настинка или замор, и потоа би продолжиле со домашните активности.

Меѓутоа, овие знаци може да бидат предупредување дека боледувате од болест која ни малку не е безопасна.

Штитната жлезда се наоѓа на предната страна на вратот и има облик на пеперутка. Доколку таа работи премногу, произведува премногу хормони кои можат да имаат сериозно дејство на организмот. Но, доколку работи премногу бавно, тоа исто така не е добро.

Еве некои знаци кои може да укажат на неправилна работа на штитната жлезда:

- Постојано сте лошо расположени
- Констипација
- Премногу спиете
- Губење на коса и сува кожа
- Нагло губење на килажата
- Губење на либидото
- Болка во мускулите
- Тахикардија
- Губење на концентрацијата и вртоглавица
- Висок крвен притисок
- Болка во грлото и вратот

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
KaterinaAN Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Декември.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KaterinaAN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2014 во 12:57
Zdravo, nova sum ovde.imam prasanje za tiroida.svekrvami so odini ima problem so nea am neshto glumi i ne odi da se lechi.e denes ja ubediv konechno i beshe na doktor.ke go pisham rezultatot pa koj e struchen neka mi objasni.jas kolku shto svativ mislam deka treba operacija.Eve:izoehogena.na desen lobus se detektira 1 hipoehogen nodus 5mm.na leviot lobus 1 nehomogen jazol 20mm.1 nehomogen nodus 7mm i 1 hipoehogen nodus 9mm. Blagodaram
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 22:14

Симптоми за лоша работа на штитната жлезда


Најмалку 30 милиони Американци имаат пореметување на штитната жлезда.

Штитната жлезда може да има драматично влијание врз бројните телесни функции. Ако сте жена над 35 години, можностите за пореметување на штитната жлезда, според некои проценки, се повисоки од 30 отсто.

Според проценката на Американското здружение на клинички ендокринолози, најмалку 30 милиони Американци имаат пореметување на штитната жлезда, додека кај половина заболени состојбата не е дијагностицирана. Жените се за десет пати посклони кон проблеми со штитната жлезда.

Хормоните што ги произведува оваа жлезда сместена под гркланот ги регулираат, помеѓу останатото, телесната температура, метаболизмот и работата на срцето. Работите можат да се влошат кога штитната жлезда работи премалку или премногу. Причини за лошата работа на штитната жлезда можат да бидат генетиката, бременоста, стресот, недостаток на хранливи материи, токсини во околината, но стручњаците се уште не се во потполност сигурни.

Еве неколку симптоми кои упатуваат на тоа дека би требало да ја проверите работата на штитната жлезда:

Исцрпени сте

Чувството на исцрпеност може да биде поврзано со бројни состојби, но постои голема поврзаност со хипотиреозата, пореметување кое е резултат на создавањето на премалку хормони на штитната жлезда. Ако сте уморни веднаш штом се разбудите, дури и ако цела ноќ сте имале квалитетно спиење, тоа би можело да значи дека штитната жлезда не ви работи доволно добро.

Се чувствувате безволно

Чувството на тага и безволност може да бидат поврзани со симптомот на хипотиреоза. Хормонот на штитната жлезда може да има влијание врз нивото на „хормонот на среќата“, серотининот, во мозокот.

Нервозни сте и нетрпеливи

Овие чувства можат да бидат поврзани со хипертиреозата, кога штитната жлезда произведува премногу хормони. Преплавен со хормони вашиот организам може да биде во петта брзина.

Се смениле апетитот и вкусот на храната

Зголемениот апетит може да биде знак на хипертиреоза, затоа што заради премногу хормони можете постојано да имате чувство на глад. Од друга страна, забавената работа на штитната жлезда може да ви го смени впечатокот за вкусовите и мирисите на храната.

Збунети сте

Тоа може да биде причина од ненаспаност или стареење, но когнитивните функции можат да бидат на удар на лошата работа на штитната жлезда. Кога станува збор за премногу хормони, можете да имате потешкотии со концентрацијата, а кога станува збор за премалку хормони, можете да станете заборавни и да ви се јават „дупки“ во помнењето. Жените тоа честопати погрешно и го припишуват на менопаузата.

Изгубивте интерес за секс

Малку или ниту малку интерес за сексуален живот може да биде последица од пореметувањето на работата на штитната жлезда. Премалку хормони може да влијаат врз ниското либидо, но кумулативното влијание на другите симптоми на хипотиреозата – дебелеење, недостиг од енергија, болка во телото – исто така играат голема улога.

Возбудени сте

Тоа чувство кое го имате можеби е последица од забрзано чукање на срцето. Можете да имате чувство како срцето да ви прескокнува или да ви чука пребрзо или пресилно. Тоа го чувствувате во градите или кога ќе ги допрете пулсирачките точки во грлото или вратот. Чукањето на срцето може да биде знак на хипертиреоза.

Сува кожа

Сувата кожа која се лупи може да биде знак на хипотиреоза. Промените во текстурата на кожата и изгледот поврзани се со забавен метаболизам, што може да го намали потењето. Кожата со недоволна влажност брзо станува сува, а ноктите стануваат кршливи и нерамни.

Работата на цревата е непредвидлива

Луѓето со хипотиреоза понекогаш се жалат на констипација. Од друга страна, претераното производство на хормони на штитната жлезда може да предизвика пролив или почеста столица.

Пореметен менструален циклус

Подолги менструации со посилни болки можат да бидат знак на хипотиреоза. Скратен е периодот меѓу две менструации. Со хипертиреоза, крварењето е поблаго и трае пократко, а растојанието помеѓу две менструации е поголемо.

Болни екстремитети или мускули

Ако одненадеж имате чувство на трпнење или болки во рацете, нозете, стапалата или дланките, тоа би можело да биде знак на хипотиреоза. Со текот на времето, премалку хормони на штитната жлезда можат да ги оштетат нервите кои од мозокот и р’бетниот мозок праќаат сигнали низ телото. Резултат на ова се необјасниви прободувања и трнци.

Висок крвен притисок

Ова исто така може да биде знак на пореметување на работата на штитната жлезда. Истото важи и за хипотиреоза и за хипертиреоза.

Пореметено регулирање на телесната температура

Чувството на ладно е поврзано со хипотиреоза, а од друга страна пак, кај оние со хипертиреоза е обратен случај – понекогаш им е претопло и претерано се потат.

Засипнати сте и имате чудно чувство во вратот

Промените во гласот или чувството на кнедла во грлото се поврзани со пореметувањето на штитната жлезда. Добро погледнете го вратот за да видите дали имате некакви знаци за отекување на штитната жлезда.

Гледајте си го грлото додека пиете вода и обидете се да забележите дали постојат некакви испакнатини во подрачјето на жлездата која се наоѓа под гркланот.

Пореметен сон

Постојано ви се спие? Би можело да биде хипотиреоза бидејќи мрзливата штитна жлезда ги забавува телесните функции. Не можете да спиете? Би можела да биде хипертиреоза. Претераната работа на штитната жлезда предизвикува тескоба и го забрзува пулсот, заради што тешко спиете.

Косата ви паѓа

Сувата, кршлива коса може да биде знак на хипотиреоза. Премалку хормони го попречуваат циклусот на растење на влакната што може да предизвика губење на влакната по целото тело. Премногу активната жлезда исто така лоши влијае вез влакнетоста, но само на косата.

Не можете да забремените

Ако подолго време безуспешно се обидувате да добиете дете, за тоа би можела да биде причина претерано или премалку активната штитна жлезда. И двете состојби влијаат врз овулацијата.

Висок холестерол

Високо ниво на лош холестерол кое не реагира на исхрана, вежбање или лекови, поврзано е со хипотиреоза. Нелекуваната хипотиреоза може да доведе до срцеви проблеми, вклучувајќи проширено срце и срцев удар.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 21:30
Тиреоидната жлезда како главен регулатор на метаболизмот

Тиреоидната жлезда претставува непарен орган, сместен во вратната регија, кој има важна задача да создава хормони кои имаат голема регулаторна и модулаторна моќ врз целокупниот метаболизам на човекот.

Клетките кои ја градат тиреоидеата се означуваат како тиреоцити и се единствени во организмот кои може да ги создадат двата хормона кои играат значајна улога во стимулирањето на сите метаболни процеси во секоја клетка во организмот. Тие хормони се означуваат како Т3 (тријодтиронин) и Т4 (тироксин).

Стимулација на тиреоидната жлезда

За да може тиреоидната жлезда редовно и во доволни количини да доставува хормони во циркулацијата, кои се ставаат на располагање на секоја жива клетка, таа мора да биде соодветно стимулирана. Таа стимулација се остварува преку хормон кој го лачи хипофизата и се означува како тиреоиден стимулирачки хормон (thyroid stimulating hormone) - ТСХ.Овој хормон постојано делува стимулативно врз тирeоидеата, а се излачува тогаш кога во циркулацијата се намалува концентрацијата на тиреоидни хормони, односно престанува да се лачи тогаш кога во циркулацијата има доволно количество на тиреоидни хормони.





Залиха на хормони

Клетките на тиреоидеата синтетизираат хормони кои ги депонираат во форма на високомолекуларни протеини, означени како тиреоглобулини, така што речиси во секое време тиреоидеата има залиха на тиреоидни хормони за наредните 3 месеци. Тоа значи дека хипотетички доколку тиреоидеата комплетно престане да создава хормони, тоа нема веднаш да се манифестира кај човекот, бидејќи истата во секое време ја има обезбедено таа физиолошка залиха на хормони. Тогаш кога тие ќе се потрошат, организмот ќе доживее важни промени кои пациентот го тераат да се јави на лекар.

Слободна и врзана форма на тиреоидните хормони

Хормоните кои тиреоидеата ги пласира во циркулацијата делумно циркулираат слободни во таканаречена слободна (free) форма, а дел се врзуваат за протеините. Тие кои се означени како слободна форма, на организмот му се достапни да ги искористува уште во истиот миг, додека онаа врзаната форма претставува израз на штедливото работење на организмот. На тој начин тој го превенира непотребното искористување на она количество хормони кои се во крвта, а воедно и не дозволува тие благородни молекули да бидат предвремено инактивирани и практично изгубени.

Тиреоидните хормони го стимулираат метаболизмот

Т3 и Т4 делуваат буквално на секоја клетка бидејќи во сите клетки се случуваат различни метаболни процеси, кои иако се со различен интензитет и брзина, се во суштина на клеточното опстојување и добивање енергија за обавување на различни активности. Хормоните го остваруваат своето дејство откако ќе навлезат во клетките и откако ќе се врзат за соодветни рецептори по принципот на клуч и брава. Еднаш врзани, започнуваат да активираат бројни сложени процеси на активација на генското препишување од ДНА и понатамошно синтетизирање на протеини кои во суштина претставуваат ензими или некои други молекули кои се од големо значење за нормално фунционирање на метаболните процеси. Тоа е основниот механизам преку кој овие хормони го активираат метаболизмот, односно стимулираќи создавање на ензими, овозможуваат метаболните процеси да се случат како би можела клетката да добие доволно енергија за да може да функционира. Уште поедноставно кажано, доколку нема ензими, нема да има ниту метаболизам, а со тоа клетките нема да си обезбедат доволно енергија за да може правилно да функционираат.

Овие два хормона имаат важно влијание, не само на метаболизмот, туку и на психофизичкиот развој, особено на развојот на мозокот кој во текот на бременоста е интензивен и зависен токму од овие хормони. Токму тоа се причините зошто недостатокот на хормони резултира со една хипометаболна состојба или евентуален психофизички дефицит, а пак вишокот на хормони резултира со забрзување на метаболните процеси (хиперметаболизам).

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.