IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Српска пропаганда и окупација на Македони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Српска пропаганда и окупација на Македони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 33>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2009 во 19:42
Ма ти можеш да се буниш колку што сакаш, за Ченто и Шаторов Србите биле шумадинци со хегемонистичка клика, тоа Ченто го кажал, не јас, и колку била поволна состојбата на Македонците за време на српско доволно е да се разлистаат неговите мемоари. Понатаму, гледам како ти слободно и дрско лиферуваш со терминот „бугараши“, најверојатно за тебе целата ВМРО не се бугараши, туку само оние на кои им се паднало да се борат и против шумадинците, како што ги нарекува нашиот прв претседател,како на пример студентската организација ММТРО
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=F53A6C3CEC47E14B8EAAC28840802378


А инаку, Пивце, светли мометни од времето на српската окупација (можеби и не толку светли, сепак)можат да паметат само српските колонисти, големиот број на српски жандарми, и србоманите, не и овие на пример, чии што судбини опишува српски автор, ете и тоа чудо доживеав да го видам-

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F2F4C4C799994440892C2F884637B932


( ОВА Е ПОСТИРАНО ОД ВЛАДО, ПО ДОГОВОР Е ПРЕФРЛЕНО ТУКА!!! )


Изменето од macedon_alex - 20.Јуни.2009 во 19:45
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2009 во 20:34
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


како на
пример студентската организација ММТРО


MMTRO neli e tema tabu na makedonski forumi?
Sega moderator zagovara za nea.

I. Цел
Член 1. – ММТРО има за цел:

а)да подпомага ВМРО в борбата за освобождение на Македония от гръцко и сръбско робство и на обединението в автономна политическа единица на всичките три части;
б) да служи като училище за подготвяне на интелектуални борчески сили.

Член 2. – За постигане на поставената цел ММТРО образова и възпитава членовете си със слово, с книги и с дело.

Член 3. – Член на ММТРО може да бъде всеки студент или ученик от горните класове на гимназиите, македонец по рождение, ако изяви искрено желание, че ще се посвети на делото.

Член 4. – При влизане в организацията всеки член е длъжен да положи следната клетва за вярност: "Заклевам се пред Бога, Родината и своята чест, че всичко ще пазя в най-голяма тайна, което сега или по-късно науча за дейността на ММТРО. Заклевам се, че ще изпълнявам всичко, каквото ми предписват статутите на ММТРО, както и всичко, което ръководното тяло нареди. В противен случай нека бъда убит с оръжието, което тук целувам. Да пребъде Македония!"

Член 5. – ММТРО се състои от петочленни групи, свързани помежду си чрез свои петари.

................



Изменето од cercetator - 20.Јуни.2009 во 20:46
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2009 во 20:52
Јас неэнам эошто секаде ја вадите Бугарија од уставите на Македонските органиэации - јас имам книшка со уставот на ММТРО и во неа јасно пишува во член еден исто како горенаведеното само освен Грчко и Српско наведено е и Бугарско ропство,эошто ја вадите Бугарија,што ке постигнете со тоа
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2009 во 21:00
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Јас неэнам эошто секаде ја вадите Бугарија од уставите на Македонските органиэации - јас имам книшка со уставот на ММТРО и во неа јасно пишува во член еден исто како горенаведеното само освен Грчко и Српско наведено е и Бугарско ропство,эошто ја вадите Бугарија,што ке постигнете со тоа


Ние не може да бришеме нешто што го нема. Вие го додавате. Ај покажи ја книшката да видиме. Само да не направиш како со Сандански и МАКЕДОНСКИТЕ ХЕРОИ.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2009 во 21:17
Еве да видиш само дека оди эаедно а вие го бришете




И членската ке ти ја пуштам со уставот не се секирај и тоа директно од Загреб
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2009 во 21:29
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Еве да видиш само дека оди эаедно а вие го бришете




И членската ке ти ја пуштам со уставот не се секирај и тоа директно од Загреб


За комунистичките финти и ние знаеме. Чекам од Загреб да пратиш, ајде.
Кон врв
Владо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Владо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2009 во 21:44
Македон, убаво што си ги довел нештата во контекст со префрлувањето во оваа тема, но она што најмногу ми пречеше и во другата тема кај постовите на пивце, а како што напишав и таму, е тоа што тој луѓето што се бунтувале против српската хегемонија ги нарекува бугараши
и вели дека биле малку на број, две- три села бугараши, како што тој се изразува, кога и српскиот учител Милорад Марковиќ раскажува за тоа колку Македонците ги „милувале“ своите нови презимиња на -иќ:

„Овде отворено покажуваат нерасположение. Нашите го протераа владиката, некои учители, попови; убија неколкумина, натепаа доста, им се заканија на другите. И - ги смирија. А по нашите победи!? Времето и воената власт - го сторија своето. Фирмите сите на ’иќ’. Арсеновиќ, Алексовиќ, Борисавлевиќ, итн. Некои од населението и тука го покажуваа својот цинизам: наводно, презимето не можело целото да се смести на таблата - а тие го скратуваа, така што последниот слог на ’ов‘ остануваше во првиот ред - старото презиме, а тоа ’иќ’ го пренесуваа во вториот ред и така стануваше Марков – ’иќ’“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F2F4C4C799994440892C2F884637B932

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2009 во 00:37
Originally posted by пивце пивце напиша:

Јас не се користам со линкови и преданија од некого кого не го знам, посебно не од блгарчето ченто.


Докажи дека Ченто бил Бугарин, пак ќе повторам рекла-кажала историја не ме интересира! За тоа дека бил Македонец има мал милион докази, ама тоа твоето не држи вода.

 
Originally posted by пивце пивце напиша:

После турското мојата фамилија и мојот регион биле слободни и третирани како рамноправни државјани на Србија со сите права и обврски исти како и некој од Крагујевац или од Белград.


Ако твојата фамилија се чувствувала слободна тоа е твое право, мојата не се чувствувала слободна ниту под српско ниту под бугарско, затоа една моја тетка ја тепале и Срби и Бугари, меѓутоа сепак си останала тоа што е Македонка- и првоборец за слободата на Македонија! Имам и дедо Илинденец, партизани, па имам и насилно мобилизирани и слично. Меѓутоа сите тие викаат дека се Македонци и дека не им било убаво ниту под српско ниту под бугарско. Ако Србите биле ослободители, зошто Македонците во Скопје ги ограбиле при нивното одење во Србија? Зошто Македонците не ги пуштиле да се вратат назад во Македонија? Очигледно не ги прочита писмата кои ти ги покажав.

Originally posted by пивце пивце напиша:

Е сега, задоените со бугарска пропаганда, нормално дека сакале Ганчовци да дојдат, па затоа се бунеле. И нормално, како и секој друг кој има нешто против државата и нејзиниот суверенитет, биле казнувани. Не гледам ништо чурно тука.
Прашањето на патриотизам е прашање на време. Ако јас денес се борам за независно Скопје, ќе бидам оквалификуван како предавник. Ако утре Скопје стане независно, ќе бидам херој.
Не можеш да осудиш некого дека после турското се чувствувал како Бугарин или како Србин.


Проблемот твој е што го третираш македонското прашање како регионално, а не национално. А во однос на тоа што би било кога би било и слично, немам намера да навлегувам во дуел, има документи на форумот, истражувај и види си кое што е.
Кон врв
Владо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Владо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2009 во 14:50
Еве нешто интересно за српската активност во Македонија пред стотина години:

       ПРОКЛАМАЦИЈА НА ГЕОРГИ ВОЈВОДА ЗА ВОСТАНИЕ


               Георги ми собрал дружина
               и на дружина зборува:
               „Молете Бога, дружино,
               да дојди лето побрго,
               шумата да ни развие,
               по македонски планиње,
               тамо ние да појдиме,
               на талим да се учиме,
               на нишан да погаѓаме
               и в поле да си слезиме,
               со Турци да се биеме.
               Госпо ни дал нам две раце
               за главата да браниме.
               Доста сме ние чекале
               од негде помош да дојде!
               Ние шес браќа имаме
               од една мајка родени,
               тие се сички Славјани
               и сите ни се слободни,-
               никој на помош не дојде;
               само Србите дојдоа
               на Турчин помош да бида,
               а нам да ни напакоста,
               зло за добро да ни врата...


Марко Цепенков- Собрани дела, кн. 10, Материјали, литературни творби, стр. 248- 249

       
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2009 во 10:51
Писмо на српскиот воjвода Цено Марков до свештеникот, кметот и стареjшините на с. В'лковие, Тетовска каза, сo внушение да станат србомани:

"Скопие, 22 март 1907 Г. Свещенику, Кмету и Старешинама села Валковиjе.Чувено jе моjе име jер сам толико година провео као бугарашки воjвода, а живео сам у заблуди, па кад сам се свестио нашао сам, и увидао сам, да мене и моj народ за кога сам се жертвовао може обадити само српско сунце и то ми е Св. Богородица у сну jавила, па за то сам сада челик србиц и прави српски воjвода, а ви — залутале овце. Сам jе Бог мене послао да вас изведем на пут истинен да вам слободу пружим. Покаже се. Ако то не учините тежко вам. Ни оних 50 малихерки, що су вам пружили бугараши, кад су ваше село организовали не могу вам помоħи, па ни ова турска воjска. Одговорите одмах оħете ли ме примити братски и српски".

10 Марта 1907 г.
(под.) Воjвода Цено Марковиќ Секретар
(под.) Никола Шкодранче



Изменето од macedon_alex - 08.Јули.2009 во 11:56
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2009 во 13:21
Само историски неможе да се докаже кој кого го потплатил - дали Бугарите ги потплатиле Србите да станат Бугари или Србите ги потплатиле Бугарите да станат Срби - како и да е тие немаат никаква врска со Македонија - и едните и другите се класифицирани како окупатори на Македонијанамигнување
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2009 во 08:04
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

За ова Татари имаш суспензија, а администрацијата ќе одреди колку, па ќе те информира! Не смее никој на форумов да навредува!

Досега се опоменувавме за оф-топици, ти сега си повторно надвор од темата, ама и користиш погрдни термини.

На подфорумот Историја до вчера некако се спровираше и толерираше изразот Татари, Турко Монголи од такаречи сите членови па дури и од некои модератори. Бидејки  заземавме став за тој израз да се санкционира,  а членовите не беа информирани  одлучивме во договор со модераторот кој го санкционираше  Мирослав да биде суспендиран само на еден ден бидејки на еден начин не беше запознаен дека на подфорумот се воспоставува полека пракса на строго почитување на правилата, посебно правилата за не навреда по етничка, национална и верска основа.
Во иднина нема да бидат толерирани навреди нити негирања на ничија националност и ке се заземат  посебно ригорозни  мерки.
Кон врв
Владо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Владо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2009 во 11:17
Сакаш да кажеш дека презимињата никогаш не биле насилно менувани од -ов, -ев, -ски на -иќ? Никогаш не сме биле нарекувани јужносрбијанци, а Македонија вардарска бановина, никогаш немало репресии, тепања, убивања и монтирани процеси?! Прочитај ја „Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Но секако, и Петре М. Андреевски е бугараш...

Изменето од macedon_alex - 13.Јули.2009 во 16:33
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2009 во 12:57
Даме Груев за српската пропаганда во Македонија во рускиот „Новое времја“, препечатено од в. „Ден“

Еден разговор со Даме Груев

Пред извесно време дописникот на „Новое времја“ разговарал со познатиот револуционерен деец Даме Груев за развојот на македонското прашање во текот на 1904 година. Откако зборува за слабите резултати на Мирцегшките реформи и нивната неискрена примена од страна на Турција, г. Груев говори за антагонизмите на разните националисти во Македонија, подобро кажано за таканаречената „војна“ на Внатрешната организација против Грците и Србите. Ние ќе го објавиме само тој дел од долгата кореспонденција, која доаѓа токму на време, дотолку повеќе што за Даме Груев се мисли дека е еден од најтолерантните дејци, а кон Србите дури има некои симпатии.

На прашањето на г. Кирилов, дописник на „Новое времја“
– зошто до востанието не се забележувало дека антагонизмот помеѓу Грцте, Србите и Бугарите во Македонија е толку изострен и како да се објасни тој факт? - Груев одговорил:

-Грците секогаш биле најголемите непријатели на македонските Словени; до Востанието тие својата национална пропаганда ја ограничуваат на определени реони; немаше преминување на села од Патријаршијата кон Егзархијата и обратно. Немаше повод за раздразнување на национално чувство, Бугарите и Србите како да се беа приспособиле кон постоечкото status-quo. Освен тоа во тоа време националните интереси силно се маскираа од очекуваното од сите (Бугари и Срби) претстојно востание.

Во време на востанието Србите имаа инструкција од Белград кон востаниците да имаат добронамерен неутралитет. Ние со тоа бевме задоволни. Но по востанието положбата се промени. Ефектот што го постигна Востанието, потоа сеништето на блиската македонска автономија ги исплаши Србите од Кралството; тие сакаа тоа да се случи колку што е можно подоцна, и во исто време побрзаа со својата пропаганда, во многу проширувајќи го нејзиниот реон, и тоа со поприлично неморални и предизвикувачки средства. На пример, помош во брашно се даваше само на оние настрадани од времето на Востанието што се согласуваа да се прогласат за Срби и патријаршисти. Урнување на status-quo од Србите предизвика негодување кај Бугарите, до толку што по Востанието националистичките интереси повторно станаа доминантни во умот на населението. Бугарите енергично реагираа против српската пропаганда.

Многу селани србомани, кога ќе чуеја за доближувањето на бугарската чета, од страв (често без причини) и од чувството на самозапазување ја известуваа турската власт за четата: потоа од страна на месните органи на Организацијата доаѓа до одмазда. Последниве откако видоа дека српската националистичка пропаганда води кон меѓусебно непријателство и раскол во народот, му го одвлекува вниманието од политичките цели на Организацијата, предизвикува предавство и репресалии од страна на Турците - под влијание на месното општествено мислење (мнозинството се Бугари) се насочија против српската пропаганда.

На многу места нашите прости војводи и месни дејци на Организацијата навистина ги застрашуваат Србите и србоманите, со тоа што ги принудуваат да се откажат од својата , национална пропаганда. Тоа е придружено со доста убиства: многу вистинските доставувачи и шпиони често и од двете страни гинат сосема невини луѓе. Како што гледатем јас не ги оправдувам нашите, а само ја објаснувам генезата за појавувањето и развојот на меѓусебното непријателство помеѓу Србите и Бугарите, што создаде опасна атмосфера за меѓусебна недоверба и лошо однесување, состојба на меѓусебна омраза и искоренување. Ви зборувам сосема искрено, поводот за создавањето на ваквата ужасна атмосфера го дадоа Србите; Бугарите во Македонија се однесуваат полојално отколку Грците и Србите, тоа можеби затоа што нашите таму се мнозинство и ние под своите нозе чувствуваме солидна морална почва. Бугарската девиза - политичка слобода - делува многу привлечно кај народот.

Јас никојпат нема да си дозволам да обвинувам за подбуцнување и доносничество такви српски државни дејци како што се С. Симиќ, Пашиќ: тие се гнасат од слични долни работи. Но второстепените агенти на српската пропаганда како резултат на својата примитивност и морална неразвиеност не се гнасат од шпионирање. Да го земеме како пример случајот со убиствата во с. Кокошине... Убиствата овде беа извршени од бугарската чета поради доносништво, меѓутоа морален виновник за овој однос (поради што минатото лето турската војска ликвидира една цела бугарска чета) беше српскиот архиерејски заменик во Куманово поп Ташко. После тоа во с. Кокошине дојде српска чета и го закла без секаква вина единствениот Бугарин во тоа село.

-Како се однесуваат српската и бугарската влада кон меѓусебните односи на Срби и Бугари во Македонија?

Крајно деморализаторски. Сепак бугарската влада таму наидува на отпор од Организацијата; се што е таму српско, е создадено и се раководи од Белград од српската влада, која во Македонија има сосема подруги цели од нашите; во тоа се наоѓа трагизмот на положбата во Македонија.

-Многу песимистичко гледиште на српско-бугарските односи во Македонија.

-Јас се уште не сум ви кажал се. Таму сега е многу, многу лошо; атмосферата е крајно противуречна и тревожна ... Се уште нашите, како и Србите се чуваат од крајности. Ние со сите сили настојуваме за меѓусебно скротување и смирување на умовите. Но... доколку Србите не ги ограничат своите невозможни амбиции, не прекинат со испраќањето на чети од Кралството, со помошта на кои со насилија, убиства и шпионирање го шират србизмот, тогаш ние тешко ќе можеме да ја спречиме катастрофата. Вие знаете дека е можно општо колење на Србите во Македонија. Во градовите, паланките и големите села бројот на сознателните Бугари е многу поголемо... Ние можеме сосема да ги истребиме Србите, но ниту ние ќе поминеме лесно во тоа безумно и бесмислено вртоломејско убивање. Во секој случај од тоа ќе добијат нашите заеднички непријатели, борбата против кои ја чини нашата цел. Без оглед на тоа, ваквото животинско истребување до крајност го деморализира и развратува народот. Ете затоа јас жарко сакам да не дојде до слична абнормална положба...

-Како може тоа да се постигне?

-Преку спогодба со Србите; тоа е можно и во прв ред зависи од српската влада... Нашите услови се состојат во следново: 1. Наш основен принцип е единствено на Внатрешната организација во Македонија: ние не можеме да дозволиме постоење на друга независна политичка организација таму. Во тој поглед македонските Срби треба да се согласат да работат заедно со нас. Во тој случај ние во Белград ќе отвориме задгранично претставништво на Организацијата за да може таа да контактира со српскиот народ.

Потем, за да не се возбудуваат националните чувства на народот, Србите треба да го ограничат реонот на својата националистичка пропаганда во границите на до Востанието постоечкото status-quo.

-Меѓутоа Србите токму затоа бараат одлагање на автономијата, за да го засилат својот елемент во Македонија.

-Тоа се за нив опасни илузии. Тие во Македонија никогаш нема да добијат повеќе од тоа што веќе го имаат; напротив, во колку продолжат да противдејствуваат побрзо ќе предизвикаат втора вртоломејска катастрофа - тогаш тие апсолутно сe ќе загубат... Јас многу ги почитувам српските државни дејатели и сакам да верувам во нивната политичка мудрост и предвидливост: како нивните, така и нашите непосредни интереси бараат едни на други да си подадеме рака за помирување и да се договориме за заедничка културна и политичка работа таму.

в. Ден бр. 391, Софија 17 јануари 1905, стр. 2

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 33>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,469 секунди.